Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Вкусно и здраво - БАНАНА

2 posters

Go down

Вкусно  и здраво - БАНАНА Empty Вкусно и здраво - БАНАНА

Пишување by osa Пон Јан 19 2015, 13:10

Многумина знаат ,но има и некој што незнаат колку е вкусна и здрава бананата ....
еве што велат другите

Бананите се хранливо овошје кое влегува во улогата на чувар на нашето здравје. Богато со витамини, минерали и растителни влакна, ова жолто тропско овошје освен сладок вкус нуди и многу бенефиции.

Банани
Вкусна ужина од само 100 калории, природен начин за разубавување на кожата, лек за мачнини и запек, извор на енергија... бананите се достапно овошје кое буквално можете да го носите насекаде затоа што е лесно за консумација. Но, знаете ли дека и лушпата на бананата не е за фрлање, бидејќи крие свои позитивни страни? Еве некои од најпопуларните придобивки од егзотичната банана:

СОЈУЗНИК ПРОТИВ АКНИ

Испасираната банана, но и самата внатрешност на лушпата, можат да делуваат како природен антибиотик, а се борат и со воспаленијата.

За да ги искористите бананите во борбата против акните, навечер, откако ќе ја исчистите кожата на лицето, нежно протријте ги акните со внатрешноста на лушпа од банана. Измијте го лицето со млака вода следното утро.

ЛЕК ЗА ПОДУЕНОСТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПМС

Калиумот којшто го има во изобилство во бананите го спречува задржувањето на течности во телото, што е својствено за ПМС (предменструален синдром).

Дополнително, бананата ќе ви даде енергија и ќе ве држи сити подолго време, па ќе заборавите на желбата да се „полните“ со нездрава храна.

НАМАЛЕНО ЧЕШАЊЕ ПРИ УБОД ОД КОМАРЕЦ

Не ја фрлајте лушпата од бананата во лето, бидејќи може да ви го намали иритирачкото чешање предизвикано од убод од комарец.

Едноставно протријте го местото на убодот со внатрешноста на лушпа од банана. Така ќе го намалите зацрвенувањето, но и ќе исчезне потребата за чешање.

ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД БРАДАВИЦИ

Непријатните израстоци по кожата наречени брадавици во некои случаи може да исчезнат со третман со банана.

Отсечете мало делче од внатрешната страна на лушпа од банана и поставете го врз брадавицата. Залепете го со фластер. Отстранете го следното утро. Повторувајте го ова секој ден додека брадавицата не исчезне.

БАНАНА + ВОДА = ЛЕК ПРОТИВ МАМУРЛАК

Претеравте со алкохолот? Пред да си легнете, изедете барем една банана и напијте се 1-2 чаши вода. Мамурлакот најчесто е резултат на дехидратација, а со комбинацијата банана + вода ќе успеете да се изборите против неа.

За време на пијанство луѓето уринираат повеќе од обично и губат многу течности и калиум, а бананата е богата со калиум. Ова овошје го одржува и балансот на електролити во телото, кој може да се наруши поради повраќање и често мокрење.

СПРЕЧУВАЊЕ НА МАЧНИНИ ПРИ ПАТУВАЊЕ

Патувањето е една од вашите најнеомилени активности поради појавата на неподнослива мачнина? Пред да тргнете на пат, изедете една банана.

Бананите се одличен извор на енергија, а исто така го намалуваат интензитетот на нагоните за повраќање.

НАМАЛЕН РИЗИК ОД МОЗОЧЕН УДАР

Консумирањето на три банани дневно го намалува ризикот од мозочен удар со 21%, покажало истражување кое следело 250.000 лица во период од 30 години.

Главниот „виновник“ за тоа е калиумот, којшто го намалува крвниот притисок, кој од своја страна е главен предизвикувач на мозочниот удар.

„ГОРИВО“ ПРЕД ВЕЖБАЊЕ

Планирате добро да се испотите во фитнес салата? Изедете една банана. Таа ќе делува како „гориво“ за вашите мускули, а и ќе ви даде енергија за да си ја зголемите издржливоста.

Комбинирајте ја бананата со путер од кикирики за да добиете идеална ужина од јаглехидрати и протеини.

ЗДРАВ ДИГЕСТИВЕН СИСТЕМ

Бананите се ваш пријател и при запек и при дијареја. Природните растителни влакна кои ги има во бананите помагаат за одржување на здрав дигестивен тракт.

ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ ПСОРИЈАЗА

Еднаш или двапати дневно протријте го делот од кожата засегнат од псоријаза со внатрешноста на лушпа од зрела банана.

Бананата помага за хидратација на кожата и намалување на црвенилото, но и на чешањето. За неколку дена би требало да има видливи резултати.

МАСКА ЗА МЕКА КОЖА БЕЗ БРЧКИ

Бананите можат да ви послужат и за разубавување, затоа што ја навлажнуваат и омекнуваат кожата.

Маска 1: Испасирајте една банана и додајте една жолчка од јајце. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја 15-тина минути.

Маска 2: Испасирајте една банана и додајте ¼ шолја јогурт (или кисело млеко) и 2 лажички мед. Нанесете ја на лицето и вратот и оставете ја 20 минути.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16510
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вкусно  и здраво - БАНАНА Empty Re: Вкусно и здраво - БАНАНА

Пишување by Фири Чет Јан 22 2015, 17:40

Бананите ги берат ептем зелени па зреjат во корабите (бродовите) . И jас ги обичам ама не сум сосема сигурен дека воопште имат некакви витамини и слично. Барем тиjа по магазините (продавниците) .

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
Фири
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Вратете се на почетокот Go down

Вкусно  и здраво - БАНАНА Empty Re: Вкусно и здраво - БАНАНА

Пишување by Гостин Пон Мар 30 2015, 18:42

Ajde da nauchite koi banani da gi koristite...Вкусно  и здраво - БАНАНА Happy-smiley17


Вкусно  и здраво - БАНАНА 2jb9no2

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вкусно  и здраво - БАНАНА Empty Re: Вкусно и здраво - БАНАНА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот