ПИПЕРКИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ПИПЕРКИ

Пишување by Гостин on Нед Мар 29, 2015 1:30 pm

ПИПЕРКИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ

Потребно:

5 пиперки
1 јајце
200 г кравјо сирење
1 домат
малку масло

Приготвување: пиперките испечете ги, излупете ги и извадете им ги дршките. Сирењето изгмечете го со виљушка и додадете го во изматеното јајце. Со смесата наполнете ги пиперките и затворете ги со доматот исечен на парчиња. Тавчето намастете го и во него распоредете ги пиперките, па печете ги во загреана рерна.



http://www.vest.mk/?ItemID=8E4E8BD4D30C6E41A7E6ECC6D6D168EF

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПИПЕРКИ

Пишување by Гостин on Пет Окт 02, 2015 9:32 am

ПИПЕРКИ СО КАЈМАК И СО СИРЕЊЕ

состојки:
10 месести црвени пиперки
250 г сирење
200 г кајмак, павлака
3 јајца, сол и масло

подготовка:

Пиперките измијте ги добро и отстранете ги дршките и семето. Сирењето издробете го и додадете ги кајмакот и јајцата, промешајте и посолете по желба. Со оваа смеса наполнете ги пиперките и наредете ги во подмачкана тава. Со остатокот од смесата и додаток од малку павлака прелејте ги и печете на средна температура од 180 степени околу 30 минути. Се сервираат топли како главно јадење или како додаток на други јадења.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот