Pregovori

Страна 3 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Pregovori

Пишување by defo on Пон Јун 22, 2015 2:33 pm

Абе убаво ако е така....ама да не биде амнестиран...тогаш со парите (автоматски и моќ) што ги има ке праи глупости.........а им дава право на некои наредни власти исто да си играат кур ташак.........ко тој што си игра....

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Гостин on Пон Јун 22, 2015 5:29 pm

Доколку ова е точно, пастирот не само што ќе биде амнестиран, туку нема да може да се изврши и дегрујовизацијата. Слободно можат да го прогласат и овој договор за палома хартија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Гостин on Пон Јун 22, 2015 5:38 pm

Nishto od dogovorot...

Засега нема приближување на позициите, ниту договор за преодната влада

Како што вели нашиот извор, досега немало контакти за доближување на ставовите, а позицијата на СДСМ останува иста, односно повлекување на Груевски од премиерската позиција најмалку шест месеци пред изборите закажани за април 2016 година.

Од таму ги отфрлаат шпекулациите за таканаречените министри супервајзори со врзани потписи како начин за функционирање на преодната влада.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by defo on Пон Јун 22, 2015 5:44 pm

Да Тео точно...инаку мак борба е од Охриѓанецот Сашо Мајмун прљав играч..јас ко заден мајмун наседнав на неговите глупости........

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by трендафил on Вто Јун 23, 2015 10:47 am

Изборите во суштина немаат никаква врска со владата затоа што ги спроведува ДИК. Иначе ниту МВР, ниту судовите ниту било која друга институција се нема мешано во изборниот процес спротивно на законите. Со изборите никаква врска нема ни пописот. Чесни избори може да има и без изборен список. Да потсетам дека по минатите избори со недели одевме со ишкртани прст, па секој знаеше кој излегол на гласање.
Кога сме кај враќањето на украдените пари, сметате ли дека Заев не треба да ги врати украдените 8,5 милиони евра во врска со Глобал. Затоа што неговиот сопартиец Црвенковски го амнестираше за случајот. Иначе очигледно е дека сдсмовците и соросоидите не бараат чесни избори, туку избори на кои тие по секоја цена би победиле. И ако мнозинството од гласачите не ги сака. Веројатно најдобро решение за вас е тие што не гласаат за СДСМ да седат дома и да гледаат телевизија. Како што вршевте демократски притисок на референдумот за територијалната поделба. Во времето кога во Македонија божем имаше демократија. Кога се вработуваше по еден од секое семејство, нели? И кога на лековите се плаќаше ДДВ од 18%, наместо претходните и сегашни 5%.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Гостин on Вто Јун 23, 2015 12:35 pm

Колку повеќе лажеш Трендафиле, толку повеќе грешки правиш. Па вчера се повикуваше на извештаите од ЕУ и комисијата на Прибе. Е па баш во тој извештај Трендафиле, јасно пишува дека власта ги фалсификувала изборите. И сега верувам, јасно ти е дека понапред би верувал на ЕУ извештајот, во кој ти вчера се колнеше, отколку на платеник од интернет армијата на дпмне, кој, судејки по должината на постовите е платен по збор.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by tmoro on Вто Јун 23, 2015 2:57 pm

defo напиша:Да Тео точно...инаку мак борба е од Охриѓанецот Сашо Мајмун прљав играч..јас ко заден мајмун наседнав на неговите глупости........

Добро не знаеше дека тој е жива превара?Јас го крстив Мајмун.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Јун 23, 2015 3:21 pm

Ak ve slushnat samo prilepcani, ke ve daijt na sud! Twisted Evil
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by tmoro on Вто Јун 23, 2015 10:08 pm

defo,кај ми се изгуби напиши нешто за бизнисите со Мајмунот (местење плочки или др)

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by трендафил on Сре Јун 24, 2015 10:07 am

mumley напиша:Колку повеќе лажеш Трендафиле, толку повеќе грешки правиш. Па вчера се повикуваше на извештаите од ЕУ и комисијата на Прибе. Е па баш во тој извештај Трендафиле, јасно пишува дека власта ги фалсификувала изборите. И сега верувам, јасно ти е дека понапред би верувал на ЕУ извештајот, во кој ти вчера се колнеше, отколку на платеник од интернет армијата на дпмне, кој, судејки по должината на постовите е платен по збор.
Никаде во извештајот не се спомнува фалсификат на изборите. Се спомнуваат некои недостатоци. И на Прибе очигледно не му е јасно на принмер дека во бирачкиот список се внесени сите државјани на Македонија. И тие што се иселени во странство. Не само жителите, одосно тие што живеат во нашата држава. И известувачот на ЕУ ја критикува ДИК затоа што нема сторено ништо ниту за одстранување на сомнежите окулу списокот, ниту за одстранување на другите сомнежи окулу изборите. Иначе извештајот во делот за изборите почнува со зборовите, цитирам: „Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во финалниот извештај за Претседателските и Парламентарните избори во 2014 година констатираше дека тие беа ефикасно спроведени, вклучувајќи и го и изборниот ден.“ Иначе сите недоследности сигурно не се ефектуирани со разлика од 200 илјади гласа, туку мноооооооогу помалку. Со напомена дека и опозицијата има обиди за купување на гласови. Дека на претпоследните избори имаше подршка од криминалното здружение на Перо Наков бб (а1 и а2 телевизија, и весниците Време, Шпиц и Коха е ре) па нешто тоа не им донесе успех на изборите. Да не потсетуван на 2006 година кога тогашната опозиција ВМРО имаше подршка само од телевизија Сител и неделникот Фокус, а во 1998 година од ниту еден медиум, а ги доби изборите. Тоа што на крив СДСМ и влакната му пречат е друга работа.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Гостин on Сре Јун 24, 2015 10:23 am

Извештај на Прибе. Делот за изборите. Трендафиле, на секоја лага и се кратки нозете.

Избори

Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во финалниот извештај за Претседателските и Парламентарните избори во 2014 година констатираше дека тие беа ефикасно спроведени, вклучувајќи и го и изборниот ден.

Сепак, во извештајот исто така беа констатирани неколку недостатоци споредбено со принципите содржани во документот од Копенхаген од 1990 година и останатите меѓународни обврски за спроведување на демократски избори. Некои од набљудувачите покажаа загриженост за несоодветното раздвојување помеѓу државата и партиските активности, обвинувања за заплашување на гласачите, непотполност на избирачкиот список, индиректна контрола на владејачката партија врз медиумите поради државната доминација во рекламниот маркетинг, неуспехот на медиумите да направат разлика помеѓу покривањето на државните функционери во нивните ангажмани како министри и кандидати, допринесоа кон поткопување на линијата помеѓу државата и партијата, и мнозинството од мониторираните медиуми беа широко склони кон владејачката партија и нејзиниот претседателски кандидат и воглавно негативни кон кандидатот на најголемата опозициска партија.

Неодамнешните објави ги потврдија претходните претпоставки за изборни нерегуларности. Седмата и осмата објава на 6-ти  март и на 10-ти март 2015 година, содржеа наводи со дискусија за манипулација со Избирачкиот список, купување на гласачи, заплашување на гласачите, вклучувајќи и закани кон државните службеници и спречување на гласачите да ги дадат своите гласови.

За претседателските избори беа регистрирани 1,779 572 гласачи и 1,780,128 за предвремените парламентарни изброи. Согласно со проценките на Државниот завод за статистика на Македонија[28] вкупната популацијата е 2.065,769 луѓе (до крајот на 2013 година). ОБСЕ и претходно искажа загрижување од појавата за зголемување на Избирачкиот список споредено со вкупната популација[29].
Избирачкиот законик беше детално изменуван во линија на забелешките на ОДИХР за успешни избори.
Составот на Државната изборна комисија, нејзиниот мандат и функции се регулирани во Избирачкиот законик. Членовите се избираат на 4 години и професионалната служба мора да биде втемелена во Државната изборна комисија како би се исполниле професионалните-административнитеи организациски технички обврски на комисијата. Комисијата е обврзана да ја штити законитоста на подготовките и спроведувањето на изборите во согласност со Избирачкиот законик и консеквентно на тоа гласачкото тело очекува таа да биде гаранција за слободни и фер избори.
Без обѕир на моќта и мандатот, Државната изборна комисија не започна процедури за  да се утврди дали скорешните откритија имплицираат/подразбираат/ содржат грубо кршење на Избирачкиот законик и начелото на законитост. Комисијата изгледа е внатрешно поделена за ова прашање и поделбата се рамни со политичката припадност како рефлексија на Парламентот, без обѕир на фактот дека од секој индивидуален член се бара да ги исполни обврските на својата служба независно, во добра вера и одговорно во согласност со надлежностите коишто се детерминирани во Избирачкиот законик. Државна изборна комисија мора да работи за интересите на електоратот а не на политичките партии.
Член на Комисијата ја информираше групата дека причината заради којашто не е покрената истрага од страна на комисијата за грубото кршење на Избирачкиот законик е бидејќи судството не го побарало тоа од комисијата. За групата несфатливо е како независно тело со експлицитен мандат да ја штити законитоста на изборите, согласно тоа и Уставот, со моќ да иницира судења, кога се базирани врз сомневања дека имало грубо кршење на одредбите од Избирачкиот законик, едноставно заклучува дека не може да преземе никаква акција во однос на откритијата.  Избирачкиот законик не ја спречува Комисијата да го направи тоа. Од друга страна, Комисијата би требало да ги толкува своите законски овластувања со цел да го заштити електоратот. Групата исто така забележа дека Јавниот обвинител ја информираше групата дека неговата истрага не ја спречува Државната изборна комисија да покрене своја истрага.
Групата конечно забележува дека Комисијата од многу соговорници е сметана за исполитизирана и неспособна да делува независно достојна да ги избегне политичките влијанија од сите партии. Ова и штети на Комисијата и ќе резултира со опаѓање на довербата на јавноста и на крајот од денот тоа прави да биде невозможно да се спроведе достојни изборни процеси.

http://lokalno.mk/integralno-celiot-izveshtaj-na-rajnhard-pribe-za-kriminalot-korupcijata-i-prislushuvanjeto-na-vlasta/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Гостин on Сре Јун 24, 2015 10:29 am

Bravo za SDSM...Nema za shto da se pregovara se dodeka Grujoshesku ne si zamine...

Алсат-М: СДСМ одбива да се сретне со ван Хоуте, нема разговори без договор за преодна Влада

Опозициската СДСМ ја бојкотирала вчерашната координативна средба со посредништво на белгискиот експерт Питер ван Хоуте, на која присуствувале претставници на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА, објави телевизијата Алсат-М.

Дипломатските извори на кои се повика Алсат-М ја потврдиле информацијата, додека од СДСМ, партијата која отсуствувала од координативната средба, ниту ги коментираат ниту ги негираат ваквите информации.

И покрај што од партијата на Заев не даваат објаснување за причините за оваа одлука, се претпоставува дека СДСМ не сака да даде легитимитет на договорот од 2 јуни без претходно да се постигне договор за организацијата на владата што ќе ги подготви следните избори.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by трендафил on Сре Јун 24, 2015 10:51 am

Ако добро разбирам опозицијата поставува ултиматуми, а не преговара. Иако е очигледно дека зад тој ултиматум стои сама, односно нема демократска подршка.
Што се однесува до изборите, добро е што е цитиран целосниот извештај на Прибе. И од него се гледа дека, цитирам повторно изборите „беа ефикасно спроведени, вклучувајќи и го и изборниот ден.“ И дека, цитирам, „сепак, во извештајот исто така беа констатирани неколку недостатоци“. После се наредени тие неколку недостатоци поради кои не ја гледате генералната оценка. Иако повеќе мислам дека не сакате да ја видите. Недај Боже ако навистина не ја гледате. Значи оценката на изборите е дека не се за 10, но дека нема сомнеж дека испитот е положен. Можеме да дискутираме само окулу тоа со која оценка помеѓу 6 и 9. Иако ниту една од наведените забелешки не се појавува прв пат. За разлика од некои претходни избори, на пример кога Црвенковски во Липково доби скоро 100% од гласовите на претседателските избори, сега нема забелешки за полнење кутии, односно за кражба на денот на изборите. Што е напредок, а не уназадување.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Гостин on Сре Јун 24, 2015 10:56 am

Trendafile, kje ti odgovoram so edna kolumna na Branko Trichkovski...I chovekot e potpolno vo pravo...So zloto ne se pregovara...Zloto se otstranuva od koren...Za nikogash povekje da ne se pojavi...

Не можете да преговарате со еболата!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by трендафил on Сре Јун 24, 2015 12:00 pm

Се согласувам наполно. Но овде дискутираме за тоа што е тоа зло. И очигледно не се согласуваме. Во демократско општество одлучува мнозинството. А што е мнозинство гледаме на избори. На лидерската четворка изгледа дека резултатот е 3:1. Со тоа што еден е СДСМ.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Гостин on Сре Јун 24, 2015 12:27 pm

Зло е Трендафиле кога вие дпмне-овците ќе се здружите со албанските терористи продавајки го и македонскиот народ и македонската држава, само за да останете на власт.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Јун 24, 2015 12:50 pm

Mozam da go zamislam Trendo- vraten vo 1935 god i roden kako Germanec!
Gordo stoi na paradata na nivniot kancelar, so desnata raka pod agol od 45< , vo levata zname so crna svastika na crvena osnova i pogled zamisleno zagledan vo dalecina, t.e kon tribinata na firerot!
p.s. Vo megjuvreme crnata svastikata e smeneta so zolto lavce!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by трендафил on Чет Јун 25, 2015 7:27 pm

Кога би бил во 1935та година Германец, сигурно би бил лоиквидиран. Затоа што би се борел за почитување на народната волја од изборите. Хитлер еднаш победил на избори, а потоа владеел без избори, Како и сите диктатури. Така и СДСМ владееше во Македонија од 1944 до 1990 година. Тогаш на власт ве донесе Тито, сега се крстите во Сорос. Што се однесува до т.н. лидерски средби, тоа е според волјата на опозицијата. ВМРО цело време инсистира на одлучување во институциите на системот. Пред се во Собранието. Иначе договорот на 2 јуни е донесен едногласно. 4:0. Сега СДСМ се обидува да не го почитува договореното. Затоа што Сорос така изгледа му нареди на Заев. Демократски, нели?

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by osa on Пет Јун 26, 2015 12:03 am

трендафил напиша:Ако добро разбирам опозицијата поставува ултиматуми, а не преговара. Иако е очигледно дека зад тој ултиматум стои сама, односно нема демократска подршка.
Што се однесува до изборите, добро е што е цитиран целосниот извештај на Прибе. И од него се гледа дека, цитирам повторно изборите „беа ефикасно спроведени, вклучувајќи и го и изборниот ден.“ И дека, цитирам,  „сепак, во извештајот исто така беа констатирани неколку недостатоци“. После се наредени тие неколку недостатоци поради кои не ја гледате генералната оценка. Иако повеќе мислам дека не сакате да ја видите. Недај Боже ако навистина не ја гледате. Значи оценката на изборите е дека не се за 10, но дека нема сомнеж дека испитот е положен. Можеме да дискутираме само окулу тоа со која оценка помеѓу 6 и 9. Иако ниту една од наведените забелешки не се појавува прв пат. За разлика од некои претходни избори, на пример кога Црвенковски во Липково доби скоро 100% од гласовите на претседателските избори, сега нема забелешки за полнење кутии, односно за кражба на денот на изборите. Што е напредок, а не уназадување.

i jas ke se raduvam koga TI ke pochnesh da razbirash dobro ...do togash uzivaj ,ich nema da te chitam

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by трендафил on Пет Јун 26, 2015 10:02 am

Штом не си психички спремен да читаш мислења што не се поклопуваат со твоето, ме радува што ќе престанеш да ме читаш. Претпоставувам дека и ова не го читаш па ќе продолжам да те озборувам пред другите. Еден модератор би требало да се радува кога на форумот има различни мислења, односно кога не владее едноумие. Целта на форумите е токму судир на мислења, а не самозадоволување, да не кажам онанија, на една, во случајов, политичко-НВОсоросоистичка опција.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by osa on Пет Јун 26, 2015 10:37 am

a koj kaza deka ne ti se raduvam shto pishuvash ... no toa neznachi deka moram jas da te chitam i da ti odgovaram ..jas nema da te chitam i da ti repliciram poshto znam deka nema da gi navredish chlenovite na forumot a i moderatorite .....
sepak neznachi deka pishuvash pametno i tochno ,no toa ke ostavam drugite od forumot da ti doobjasnat ....
p.s. ushte da si viknesh i drugi drugarchinja ,na primer andrej ,novache i slichni ,ushte poveke ke vi se izraduvam i ne samo kako moderator tuku i kako sopstvenik na forumot ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Hamad bim Khalifa on Пет Јун 26, 2015 11:53 am

трендафил напиша:Штом не си психички спремен да читаш мислења што не се поклопуваат со твоето, ме радува што ќе престанеш да ме читаш. Претпоставувам дека и ова не го читаш па ќе продолжам да те озборувам пред другите. Еден модератор би требало да се радува кога на форумот има различни мислења, односно кога не владее едноумие. Целта на форумите е токму судир на мислења, а не самозадоволување, да не кажам онанија, на една, во случајов, политичко-НВОсоросоистичка опција.

Koga sme kaj samoonadenje -neznam dali si zapoznat ama zenata sto se zapalila bila clen na DPMNE!?!?!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by трендафил on Пет Јун 26, 2015 1:56 pm

Треба ли сега да очекуваме протести од соросоидите и сдсмовците како тие за Мартин, Бог да го прости. Кои ќе ги има изгледа се` додека постои СДСМ и додека Сорос ќе има платеници во Македонија.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Гостин on Пет Јун 26, 2015 6:13 pm

А што мислиш ти Трендафиле? Дека луѓето во Македонија може да бидат доведени од страна на власта до состојба да се самозапалуваат , а тоа никој да не го загрижува, затоа што по некој случај се членови на дпмне? Дека со тоа што станале членови на партијата душата си ја продале на ѓаволот и дека пастирот може да прави со нив што сака? И дека сега кога тој паѓа, може од вас, неговите следбеници да бара да паднете заедно со него. Како што Џим Џонс бараше од неговите следбеници да испијат отров? Фледаш ли до каде стигнавте Трендафиле. Ви препорачувам итно да барате професионална помош.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by osa on Пет Јун 26, 2015 6:51 pm

javna poraka do Zaev i opozicijata pred prestojnite pregovori :
nikako da ne prifaka ultimatum da ne se pushtaat bombite i da ne prifati grujo da ostane na chelo na vladata ...

sodrzinite od bombite se vistinata za makedonija ,tie mora da se pushtaat za narodot da ja doznae CELATA VISTINA za vladeenjeto na ovaa vlast ...so samoto pushtanje na bombite glasachite se odluchuvaat da ne glasaat za vlasta ....dokolku ne gi slushaat bombite seushte ke mislat deka ovaa vlast e super ..

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Pregovori

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот