Referendum

Страна 1 of 6 1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Referendum

Пишување by Гостин on Нед Апр 05, 2015 11:08 am

Zapochna kampanjata za referendumot vo Centar...Dali vlasta kje dobie ushte edna shlakanica od centarci...

Започнува камапањата „Излези за ГТЦ!“



Во понеделник во 20 часот во паркот „Жена – Борец” официјално започнува камапањата „Излези за ГТЦ!“ во организација на иницијативата „Го Сакам ГТЦ“.

На овој прв собир со граѓаните активистите на „Го сакам ГТЦ“ ќе ги повикаат граѓаните на Центар да гласаат за задржување на автентичноста на симболот на Скопје на претстојниот референдум во Општина Центар.

На настанот ќе говорат архитекти и активисти, а ќе има и богата музичка програма од музичари – поддржувачи: Ана Костовска и Симон Киселички, The John, Џака Накот, Бон Праскиза и Donplaya и други.

Успехот на првиот локален референдум во Македонија од една страна ќе заштити културно наследство и гордост на Скопје, а од друга, ќе отвори пат за многу други низ останатите општини. Референдумот е најавтентична форма на директна демократија која што нашироко се користи во развиените земји.

Во случајов, тоа прашање е задржувањето на автентичниот изглед на ГТЦ и граѓаните на Општина Центар на 26 април, недела, ќе можат да се изјаснат „за” или „против”.

Референдумот е обврзувачки за локалните и државните власти и неговиот успех е условен од излезноста (+50%). Затоа, „ГоСакам ГТЦ“ повикува на масовност и сплотеност меѓу граѓаните за што поголем одзив.

Иницијаторите во наредните 20 дена ќе делат флаери, одржуваат средби со граѓани, ќе организираат многу настани низ Општина Центар и ГТЦ, за да ги мотивираат граѓаните да излезат и да се изјаснат за сочувуњето на автентичните изглед и дух на гордоста на Скопје.

Центарци ќе гласаат на истите гласачки места како и на последните избори, а избирачкиот список може да се провери во просториите на општината или http://izbirackispisok.gov.mk/

http://plusinfo.mk/vest/21086/zapocnuva-kamapanjata-izlezi-za-gtc

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Hamad bim Khalifa on Нед Апр 05, 2015 11:25 am

Dali ke izleze na referendum i taze gragjaninot na Pustec - Horhe, so svoite 50.000 covecinja-sogragjani ?
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Нед Апр 05, 2015 11:31 am

I da izleze, dzabe kje im bide...Ako centarci i ovoj pat izlezat kako na lokalnite, dpmne-ovcite kje ja popijat shamarchinata... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Hamad bim Khalifa on Нед Апр 05, 2015 11:37 am

Ovoj put ne samo SHAMARCINA! Ovoj put ke izedat KJOTEK (vo brojki mislev) kako nikogash do sega. A vistinskiot kjotek sledi za nekoja nedela dve!

p.s. Bash da vidime kolku centarci-pustencani ke dojdat ?!?!? Twisted Evil
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by tmoro on Нед Апр 05, 2015 11:47 am

Hamad bim Khalifa напиша:Ovoj put ne samo SHAMARCINA! Ovoj put ke izedat KJOTEK (vo brojki mislev) kako nikogash do sega. A vistinskiot kjotek sledi za nekoja nedela dve!

p.s. Bash da vidime kolku centarci-pustencani ke dojdat ?!?!? Twisted Evil

Имаше многу Мангупчиња од Аеродром што гласаа по неколку пати во Центар.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Нед Апр 05, 2015 12:05 pm

Kje bide odlichno da uspee referendumot...Toa kje bide ushte edna shajka vo kovchegot na pastirot... Twisted Evil Twisted Evil

Жерновски - Власта не се бори за нов мандат, туку за главата

Имаме работа со луѓе, коишто се спремни буквално сè да направат за да останат на власт. Тие не мислат да дадат оставка, затоа што не се борат за уште еден мандат, тие се борат за својата глава, вели градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Жерновски, кон крајот на април центарци ќе гласаат на референдум за изгледот на ГТЦ. Стравувате ли дека може да се случи нов Пустец?

Не, не може да се случи нов Пустец или не би требало да се случи нов Пустец, бидејќи ценам дека паметот им дошол, особено по објавување на снимките. Но, и да се случи Пустец и два Пустеца да се случат, граѓаните ќе излезат. Од оние анкети што ги направивме, се очекува поголема излезност дури и од локалните и од парламентарните избори, така што не се сомневам во успешноста на референдумот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Сре Апр 08, 2015 5:28 pm

Centarci gi cheka ushte edna teshka bitka za demokratija...

Рилкоски смета дека на списокот за Центар уште има по 40-50 гласачи во еден стан



-Можам да ви кажам дека сигурно ги има, меѓутоа ќе го почекаме званично да ни стаса избирачкиот список и тогаш званично ќе кажеме дека ги има.

Вака претседателот на Државната Изборна Комисија (ДИК) – Никола Рилкоски одговори на новинарско прашање дали на списокот на гласачи во Центар, кои ги чека референдум сè уште има по 40 – 50 станари во еден ист стан.

Државната Изборна Комисија денеска го усвои Упатството за спроведување на референдумот за ГТЦ, кој ќе се одржи на 26. април. На овој датум Центарци ќе се изјаснат на прашањето „Дали сте за тоа да се задржи сегашниот изглед на фасадата на Градскиот Трговски Центар во Скопје?“, а идејата доаѓа од Иницијативата за спас на објектот ГТЦ, за кого е најавена барокна реконструкција.

Од Државната Изборна Комисија велат дека досега бројот на запишани избирачи изнесува 43 461, но официјалната бројка ќе се знае по јавниот увид кој треба да се случи деновиве.

Рилкоски смета дека ако претседателот на Општинската изборна комисија во Центар не си поднесе оставка до следната седница на Државната изборна комисија, претседателот на ДИК ќе покрене постапка за негово разрешување од функцијата.

-По она што можевме да го чуеме, барем според моето лично мислење, овој човек барем од морален аспект нема кредибилитет да биде претседател на изборна комисија - вели Рилковски.

Референдумот во општина Центар ќе го спроведат избирачките одбори кои беа одбрани за време на изборите и на кои мандатот сè уште им трае.

Дали ваква одлука е во ред или не е единствената дилема околу која членовите на ДИК имаат спротивставени мислења, но сепак едногласно го усвоија Упатството за спроведување на референдумот.

-Решението на ДИК беше референдумот да го спроведе Избирачкиот одбор во состав од тројца членови избрани од Општинската изборна комисија на веќе постојните, само од редот на јавните службеници и вработени во администрацијата на општина Центар. Мислам дека решението е правично, законито, од причина што и да вршеле нов избор, повторно изборот ќе треба да биде од редот на јавни државни службеници, изјави Бедредин Ибраими – член на ДИК.

Според Виолета Дума, член на ДИК, за референдумот треба да се состави нов избирачки одбор чија намена ќе биде само за референдум на локално или државно ниво.

-Лично сметам дека не може да се игнорира Законот за референдум кој се уште е во сила и да не се анализира членот и ставовите кај што точно е наведено кој и кога ги бира избирачките одбори. Сметам дека треба да се изберат нови членови, само за референдумот, бидејќи по законот нивното траење е само за намената за референдум на локално ниво или референдум на државно ниво. Од тие причини ќе гласам за, бидејќи сметам дека сработени се другите глави од упатството за референдумот, меѓутоа моето мислење само по однос за избирање на нови членови на Одборот го држам уште, посочи Дума.

За време на референдумот, првпат во Република Македонија нема да се обележуваат граѓаните со мастило или УВ ламба. Според членовите на ДИК ова е еден демократски исчекор кој и во иднина би требало да се применува.

http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=21497

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Чет Апр 09, 2015 11:56 am

Pochna kampanjata za GTC...

Жерновски: Следниот референдум во Центар ќе биде за Водно

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ги покани жителите на Водно на 26 април да излезат на референдум на избирачките места на кои гласаат за сите избори и да се изјаснат дали се за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.

- Идната година повторно ќе одвоиме средства од буџетот на општината за организирање на референдум на локално ниво. Следниот референдум на општина Центар ќе биде за Водно. Со него, ќе ја ограничиме висината на Водно, за да не може ниту една власт да го узурпира просторот - рече Жерновски.



Жерновски најави дека идниот месец продолжува акцијата на општина Центар – “Цел Центар на Точак“, која се покажа како успешна минатата година. Секој заинтересиран кој сака да вози нов велосипед, ќе биде субвенциониран од општината.

Градоначалникот и општинските служби, на средбата на која присуствуваа стотина граѓани, како и советниците од општината, информираа за наредните планови, за изградбата и реконструкцијата на неколку улици кои што се во надлежност на општина Центар.

Проблеми, но и идеи и планови за подобрување на паркирањето во овој дел на Центар, општината е отворена за граѓаните кои веќе договорија средби со надлежните околу ДУП-овите, легализацијата на објектите, состојбите со канализациите, зеленилото и хигиената.

http://plusinfo.mk/vest/21591/-galerija-zernovski-sledniot-referendum-vo-centar-kje-bide-za-vodno

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Чет Апр 09, 2015 12:00 pm

Студентите денеска ќе предаваат во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“



Во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, денес со почеток во 18 часот студентите од архитектонскиот факултет во Скопје ќе одржат прошетка и предавање низ ГТЦ. Секој заинтересиран граѓанин кој сака да дознае повеќе за културните и архитектонските вредности на објектот, неговиот историјат, можат слободно да го проследат предавањето.

Преку прошетка и демонстрација на автентични фотографии и други материјали, студентите ќе го доловат духот и значењето на Градскиот Трговски Центар додека пак преку интерактивна презентација ќе ја аргументираат важноста од зачувување на автентичноста на неговиот изглед, велат организаторите на кампањата.

Прошетката ќе започне на платото во ГТЦ од страната на Жена Парк.

Изградбата на ГТЦ e започната на 1 мај 1969. На 29 ноември 1972 е завршен централниот дел, а свеченото отворање се случило во 1973 година.

За ГТЦ бил распишан меѓународен конкурс на кој идејното решение било второнаградено меѓу 23-те труда. Автор на објектот е наградениот архитект и професор Живко Поповски.

А граѓаните на општина Центар ќе гласаат на референдум закажан на 26 април да одговорат на прашањето: „Дали сте за зачувување на автентичниот изглед на фасадата на ГТЦ?“, со цел објектот да не се барокизира како што е предвидено со проектот Скопје 2014.

Референдумското изјаснување ќе трае од 07:00 часот наутро па се до 19:00 попладне а право да гласа има секој жител на оваа скопска општина што е впишан во избирачкиот список.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Чет Апр 09, 2015 5:00 pm

Отворени девет информативни штандови за референдум за ГТЦ

Во центарот на Скопје, на повеќе локации се поставени 9 штандови, од кои 1 е централен, на кои активисти на иницијативата “Го сакам ГТЦ“ ќе ги информираат граѓаните за референдумот кој што ќе се одржи на 26-ти април.



Граѓаните ќе добијат информации за тоа каков е текот на постапката и гласањето, како и за значењето за заштита на автентичниот изглед на Градскиот Трговски Центар.

Центарци ќе гласаат на 78 избирачки места, на оние истите на кои што гласаат за локални, парламентарни или претседателски избори.

Избирачките места ќе бидат отворени на 26-ти април од 07:00 до 19:00 часот.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Сре Апр 15, 2015 7:50 pm

Форум за ГТЦ утре во паркот Жена-борец



Граѓанската иницијатива „Го сакам ГТЦ“ утре во 19 часот во паркот Жена-борец кај споменикот на Славко Јаневски организира форум на кој ќе се зборува за културните, општествените и архитектонските вредности на Градскиот трговски центар и потребата тој да биде зачуван во неговиот автентичен изглед.

Овој јавен настан е дел од кампањата „Излези за ГТЦ“ која има цел да ги мотивира граѓаните во Општина Центар да излезат на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 26-ти април и на кој граѓаните на Општина Центар ќе одлучуваат за изгледот на ГТЦ.

Свое излагање на Форумот ќе имаат: Даница Павловска архитект, Панда Зографска архитект, Донка Барџиева Трајковска историчарка на уметност, Драган Поповски карикатурист, Јовица Ивановски поет, Софија Гошева жителка на Центар.

Форумот ќе биде од отворен карактер и на него можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.

ГТЦ Форум е eден од серијата настани во склоп на референдумот за заштита на Градскиот трговски центар од предлог проектот за нова фасада и негова доградба со која целосно би се уништила архитектурата на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро.

Седумдесет отсто од објектот на ГТЦ е јавен простор. Тој, архитектонски претставува „реплика“ на агора/форум, која ги канализира, и физички ги опслужува општествените потреби на граѓаните на Скопје во последните четири децении. Во таа смисла, ГТЦ Форум претставува надоврзување на основната функција на овој објект како јавен простор. ГТЦ Форум е гласот за спас на овој модернистички објект, симбол на слободата на движење и поврзување на спротивности на градот Скопје.
ГТЦ Форум повикува на слободниот глас на граѓаните за спас на ГТЦ, за спас на правото на јавниот простор, за правото на град!

http://plusinfo.mk/vest/22241/forum-za-gtc-utre-vo-parkot-zena-borec

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Пет Апр 17, 2015 10:15 pm

ГАЛЕРИЈА Корзото пред ГТЦ врие од народ

Несекојдневен настан вечерва се случува пред платото на ГТЦ, возобновено е некогашното скопско корзо, иако само за една вечер.

Корзото почна во 20 часот на платото кон паркот „Жена борец“ и ќе трае до 23 часот.

И атмосферата вечерва е несекојденвна, а голем број центарци, но и други граѓани одлучија да се прошетат по корзото пред платото на ГТЦ и да го одбранат од идејата да биде облечен во барок.

Овој настан е дел од кампањата „Излези за ГТЦ“ која има цел да ги мотивира граѓаните во Општина Центар да излезат на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 26 април и на кој граѓаните на Општина Центар ќе одлучуваат за изгледот на ГТЦ.







http://plusinfo.mk/vest/22535/galerija-korzoto-pred-gtc-vrie-od-narod

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Нед Апр 19, 2015 11:27 am

(ВИДЕО) Дебата – Зошто треба да го одбраниме ГТЦ?

На 17 април 2015 година (петок), со почеток во 19 часот, во ГЕМ клубот во Стара чаршија, се одржа дебата на тема „Зошто треба да го одбраниме ГТЦ?“ во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Говорници на дебатата беа Никола Наумоски од Плоштад Слобода, Никола Гелевски од Окно и Дејан Ивановски од Асоцијација на архитекти на Македонија, а модератор Искра Гешоска од Контрапункт.

Дебатата ги отвори прашањата и понуди одговори за неопходноста од реализирањето на правото на град. Се зборуваше за тоа како неотуѓивото право на град се остварува и кои се можностите и мотивите за учество во неговата меморија, сегашност и иднина.За ГТЦ како архитектонски, но и како урбанистички проект кој треба да одговара меѓу другото и на потребата за естетика на урбаниот простор.

Се анализиравше постоењето на ГТЦ како нераскинлив дел од идентитетот на градот и на неговото градителско, историско и културно наследство.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Сре Апр 22, 2015 1:13 am

Валкана кампања против референдумот за ГТЦ

Лажни архитекти ги убедувале центарци дека референдумот за ГТЦ е невалиден и нелигитимен, алармираат од Општина Центар.

Од таму велат дека голем број граѓани на Центар пријавиле дека биле посетувани од активисти кои лажно се претставувале дека се членови на невладино здружение на архитекти и ги лажеле граѓаните дека референдумот во недела е откажан.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Сре Апр 22, 2015 11:11 pm

(ВИДЕО) СДСМ Центар: Докази како ВМРО-ДПМНЕ ги лаже и манипулира центарци за ГТЦ

Општинската организација на СДСМ-Центар, реагира на се почестите притисоци, закани и манипулации со кои се служи ВМРО-ДПМНЕ за опструирање на референдумот на ГТЦ на 26-ти април.



„МВРО-ВМРО, предводено од Гордана Јанкулоска, освен што не ги повлече уфрлените гласачи од Пустец и од други места во избирачкиот список во Центар, повторно продолжува со притисоци врз активистите за ГТЦ.



Граѓаните не информираат дека секоја вечер, полициски Алфи, заедно со членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, уништуваат рекламен материјал за ГТЦ . Исто така тие го уништуваат и приватниот имот на граѓаните шкртајќи по ѕидовите и фасадите“, велат од СДСМ Центар.



„Најголемиот револт кај центарци го предизвикуваат активистките на Унијата на жени, предводена од пратеничката Даниела Рангелова, кои одат од врата на врата и лажно се претставуваат дека се архитекти од фантомска организација и им кажуваат дека, наводно, во недела, нема да се одржи референдумот за ГТЦ. Најтрагично од се е што лажни архитетки, не се од Центар, туку од Прилеп, Велес, Куманово, Гази Баба и од Бутел.

Една од тие наводни архитектки, е Билјана Цветковска, вработена во ОУ „Димитар Миладинов“ како хигиеничарка.

Од месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Дебар Маало, вчера излегоа 4 активистки од Унијата на жени, кои претходно одеа на терен како лажни архитектки, агитирајќи против ГТЦ и со возило ОПЕЛ Астра, со скопски регистарски таблички, заминале во населбите Автокоманда,Гази Баба“, соопштуваат од СДСМ Центар.

Општинската организација на СДСМ-Центар уште еднаш апелира до жителите на Центар да не подлегнуваат на овие груби лаги и да излезе на 26. април и да гласаат за ГТЦ.

http://grid.mk/read/news/510112255/9920044/sdsm-centar-dokazi-kako-vmro-dpmne-gi-lazhe-i-manipulira-centarci-za-gtc

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Hamad bim Khalifa on Чет Апр 23, 2015 7:41 am

Dobro bre lugje, sto im e na ovie od DPBNE? Od koja psihijatriska ustanova se izbegani?
... Do koga ke pravat majmuni od sebe i ostanatite?
Abe ako vi zasvonat na vrata ili gi sretnete na ulica - SLIKAJTE GI! Ova ne Rusija pa da se skrijat u Sibir! Vo zadnata dupka u Makedonija da se butnat za 24 sata ke bidat najdeni!!!!
SAMO NEKA TERAAT!!! Da se iscisti polesno Makedonija od korovot sto se rasposlal! Evil or Very Mad
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Чет Апр 23, 2015 7:41 pm

ЛДП: Гласот „ЗА“ ГТЦ е и глас против владиното лудило на трошење народни пари

Либерелно-демократската партија ги повикува граѓаните на Општина Центар во недела, на 26 април, да излезат и да гласаат на референдумот „За зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ“.

Во оваа хаотична и драматична ситуација во која се наоѓа Македонија, ЛДП ги охрабруваме сите жители на Општина Центар, без оглед на нивната политичка определба, да гласаат ЗА референдумот, бидејќи тој е впрочем и глас против владиното лудило на трошењето народни пари за лични цели.

ЛДП, го охрабрува и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, без разлика на исходот од референдумот, за кој силно веруваме дека ќе биде позитивен, да продолжи со битката за ГТЦ, во овие вонредни услови во кои се наоѓа државата. Во оваа битка само целта е важна.

ЛДП како партија смета дека не постојат реални услови за оддржување на референдумот поради нарушената легитимност на целиот изборен процес. Покрај целосно узурпираните институции, кои служат за остварување на лични цели на врхушката на власт, главен проблем на ГТЦ е неговиот статус, не е прогласен за споменик на културата. Националниот конзерваторски центар одговори негативно и на последниот обид за негова итна валоризација. Тоа е уште една потврда на веќе познатата и трагична ситуација на суштинската нелегитимност на надлежните институции во Р.Македонија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by трендафил on Чет Апр 23, 2015 7:42 pm

Интересно е што тие што се бунат кога државата финасира кампања за здрава храна или нешто друго од општ интерес, сега молчат кога општината со општински пари, и пари на граѓаните што немаат барокна фобија ја финасира кампањата против промена на фасадата на трговски центар. Кој патем не е во општинска сопственост. Што ќе се случи ако помине овој референду, а потоа градот организира друг со обратно прашање, па и тој помине?
Реално, за жал, кај нас доколку противниците на референдумот седат дома и гледаат телевизија, многу е тешко да се достигне цензусот од 50%. Бројка во која влегуваат и иселените во странство. Добро е што државната власт, тука повеќе мислам на ВМРО, затоа што ДУИ подржуваше бојкот на референдумот за општински граници, не повикува на бојкот.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Чет Апр 23, 2015 7:45 pm

По тој за ГТЦ ќе се одржи референдум и за паркинзите во Центар



Соопштение на ЈП Паркинзи на општина Центар:

Во изминатите неколку недели директорот на Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“, Саша Богдановиќ оствари бројни средби со граѓани на кои се дискутираше за плановите и проблемите со јавните паркиралишта. Како најголем проблем се посочуваше тоа што со станбените улици што се наоѓаат на територијата на општина Центар стопанисува ЈП Градски паркинг – Скопје. Бидејќи овој спор трае веќе подолго време, ние, од ЈП ПОЦ покренавме многу иницијативи за решавање на истиот, но за жал, сеуште немаме одговор од надлежните институции.

Ве известуваме дека по завршувањето на првиот референдум за зачувување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар, што ќе се одржи во недела на 26 април, ЈП „Паркинзи на општина Центар“ планира да покрене иницијатива за втор референдум преку кој претпријатието ќе излезе со барање сите јавни паркиралишта на сервисните и станбените улици, што се наоѓаат на територијата на општина Центар, да бидат управувани од ЈП „Паркинзи на општина Центар“.

http://libertas.mk/%D0%BF%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D1%98-%D0%B7%D0%B0-%D0%B3%D1%82%D1%86-%D1%9C%D0%B5-%D1%81%D0%B5-%D0%BE%D0%B4%D1%80%D0%B6%D0%B8-%D1%80%D0%B5%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D1%83%D0%BC-%D0%B8-%D0%B7/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Чет Апр 23, 2015 7:47 pm

Трендафиле, ќе има уште еден референдум. Не знам зошто се буниш, нели народот треба да ја каже својата волја.

Голем концерт и гушкање на ГТЦ вечерва во 20 часот пред неделниот референдум

За вечерва, со почеток во 20:00 часот, граѓанската иницијатива „Го Сакам ГТЦ“ најавува голем концерт и гушкање на ГТЦ со кој практично ќе заврши широката граѓанска кампања  „Излези за ГТЦ“ по повод референдумот за изгледот на градскиот трговски центар кој ќе се одржи в недела.

http://libertas.mk/%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D1%80%D1%82-%D0%B8-%D0%B3%D1%83%D1%88%D0%BA%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D1%82%D1%86-%D0%B2%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B2%D0%B0/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ref 22

Пишување by Hamad bim Khalifa on Нед Апр 26, 2015 8:23 am

Dobro utro! Ajde centarci budenje! Na vas padna "slamkata" da gi pocnete izbornite pobedi i slobodi!!!! Srekjnoooooo
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Гостин on Нед Апр 26, 2015 10:12 am

Neverojatno...Posle site dokazi, posle sramnoto r4azgoluvanje na rezhimot pred celata domashna i megjunarodna javnost, ludiloto prodolzhuva...Toa e dokaz deka imame rabota so klika koja vekje go izgubila kontaktot so realnosta...

Референдум за ГТЦ: РЕГИСТРИРАНИ ПРВИТЕ СЛУЧАИ НА НЕРЕГУЛАРНОСТИ

Извештај во 08:45 часот

ЦИВИЛ веќе ја распореди првата смена набљудувачи на Референдумот за ГТЦ утринава. Во текот на ноќта имаше јавувања од граѓан(к)и на дежурниот телефон 075 565 830 и по социјалните мрежи.

На улица Народен фронт бр. 19 и на уште две адреси на улица Коста Шашов во населбата Капиштец, општина Центар, лифтовите намерно се расипани, според сведочењата на граѓан(к)ите. Плакатите од кампањата на Референдумот за ГТЦ се кинеа и во текот на минатата ноќ. И пред седиштето на ЦИВИЛ, плакатите на кампањата беа скинати и фрлени пред влезот.

Во гласачкото место број 2809 на ул. Народен Фронт бр. 21, Избирачкиот одбор откина осум гласачки ливчиња сосе делот кој треба да остане во кочанот.

Веќе почнаа проблемите и притисоците врз нашите набљудувачи. На гласачкото место број 2850 во ОУ „Гоце Делчев“ (поранаешно „Ленин“), на нашата набљудувачка ѝ е одземено овластувањето од ЦИВИЛ, под образложението: „Мораме да имаме нешто“. Ова е незаконско однесување на Избирачкиот одбор и ја повикуваме Општинската изборна комисија да интервенира во овој и другите случаи на нерегуларности при спроведување на Референдумот за ГТЦ.

ЦИВИЛ го набљудува Референдумот за ГТЦ со над 100 набљудувачи, од кои 79 се акредитирани во ОИК. Ги повикуваме граѓанките и граѓаните да пријават нерегуларностите на телефоните 02/5209 176 или 075 565 830.

http://civil.org.mk/rfrndum-za-gtz-rjegistrirani-prvitje-slutchai-na-njerjegularnosti/?lang=mk

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Hamad bim Khalifa on Нед Апр 26, 2015 12:42 pm

Ovie samo so bezbol palki i, doagja pamet! Si go baraat Caushesku - i najverojatno ke go dobijat!!!! Evil or Very Mad
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by kiBik on Нед Апр 26, 2015 1:40 pm

Centar na SDSM beshe?
avatar
kiBik

Број на мислења : 2521
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by ЧеГиВара on Нед Апр 26, 2015 3:17 pm

Ја нема да искачам.
Не сум задоволен од Жерновски, а него го избраа за "фронтмен" на референдумов.
Јок брате, прво нека ги среди проблемите у Центар, па после нека бара од мене да гласам за нешто. Вака не му верувам само затоа што е против ВМРО. И ја сум против ВМРО али Жерновски....ЈОК!

ЧеГиВара

Број на мислења : 67
Join date : 2015-04-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Referendum

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 6 1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот