Пресови, соопштенија, изјави...

Страна 2 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:50 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:50 pm

Румена Бужаровска

Се срамам од УКИМ што го дозволи ова и од академската заедница што молчеше и молчи.

Фејсбук

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:50 pm

Мирјана Најчевска

Џабе сите пленуми и кампови кога се дозволи ова.
Се срамам од Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Се срамам од сите прфесори.
Се срамам од ректорот, ректорската управа и сенатот на универзитетот.
Се срамам од самата себе што не успевам да најдам начин да се справам со цепаниците неделкани кои ми ја опустошија државата.

Фејсбук

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:51 pm

Владимир Мартиновски

Дури и во 2.30 по полноќ (работна сабота заради „Денот на дрвото“) се покажува дека само еден ден во годината се сади, а сите останати денови и ноќи безмилосно се сече... Резултатите сите ги дишиме, па и тие што го поддржуваат премиерот во заминување. А што ни остава на сите? Сè помалку воздух (и во буквална и во преносна смисла), а сè повеќе долгови за лажниот сјај од стиропор.

Фејсбук

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:51 pm

Огнен Чемерски

Десантните опеρации за сечење дρвја во 2 по полноќ се пρават:

1. Затоа што наρодот ги поддρжува
2. За да не се попρечува наставниот пρоцес
3. Поρади дневната зимсκа жега со висоκи темпеρатуρи, а со цел заштита на здρавјето на ρаботниците

Фејсбук

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:51 pm

(ВИДЕО) Студенти: Се исекоа дрвја за изградба на студентскиот срам – Универзитетски згради во барок

Да се градат барокни факултети е навреда за студентите и особено е голема иронија со оглед на тоа дека барокни фасади треба да имаат токму факлутетите за информатички науки во 21 век – ова е ставот на Студентскиот пленум.

– Според наши сознанија, Сенатот никогаш не дал согласност за изградба на нови објекти во рамки на УКИМ и градењето на овие две згради е упад во универзитетската автономија, рече Орхан Сулејмани од Студентски пленум.

Кампусот кај УКИМ веќе има проблем со бројот на студенти, па уште неколку илјади студенти да се додат во две нови згради ќе ја влоши и онака лошата состојба и же уништи голем дел од зелените површини и дрвјата.

– Проблематичен е и изборот на барокниот стил, кој не се вклопува со веќе изграденото во кампусот. Сметаме дека е иронија да се гради барокна зграда за факултет за информатички науки. Самиот избор на барокот е длабока навреда на студентите кои се движечка сила во државата, вели Сулејмани.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:51 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:52 pm

Андреј Жерновски

Сечата на 47 дрвја во автономниот кампус на УКИМ, во 2 часот по полноќ, без одлука на Сенатот на универзитетот и против јасната волја на студентите, е врвот на едно самоволие.

Ме интересира, со кој боксерски удар паѓаат речиси 50 дрва за една ноќ? Може ли тој, со својот уличен речник, да објасни како е ова оправдано?

Додека „неговиот народ“ е длабоко загрижен за сосотојбата со загадувањето, додека во Македонија умираат по 1.000 луѓе годишно поради лошиот квалитет на воздухот, тој реши да исече 47 дрва за да направи барокен факултет за информатички науки! Во сабота, додека сите граѓани мора да се на работа за да го одработат, каква ли иронија, „Денот на дрвото“!

Не е ни чудо што тој се исмева со новите „паркчиња“ во Центар. За него, зеленилото нема значење, нема пари таму.

Не разбира дека во градовите, секоја педа зеленило е важна. Дека во градовите „малите паркчиња“ се всушност од големо значење. Затоа, ние ќе продолжиме со раззеленување и со правење нови паркчиња. Денес и утре садиме 90 нови дрвја и 2.800 грмушки на новото плоштатче на Партизанска, како и во паркот кај Градскиот Sид, позади Домот на градежниците. Ситница за него, но не и за нашите граѓани.

Фејсбук

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:52 pm

15 логични објаснувања зошто се исечени дрвата на УКИМ

1. Превенција на самоубиства

Што ако некој се обеси на нив? После општината ќе е виновна затоа што не направила ништо да се спречи суицидот.

2. Дрвата си го барале

Стојат таму ко глупи некои, произведуваат кислород и го оплеменуваат просторот. МИСЛИТЕ ДЕКА СТЕ ПОДОБРИ ОД МЕНЕ? СЕГА ЌЕ ВИДИТЕ ЧИЈА МАЈКА ЦРНА ВОЛНА ПРЕДЕ!

3. Службите ја тестирале опремата

На терен се испробани 42 моторни пили, но тие сè уште не можат да се одлучат која од нив е најдобра. Ќе следува уште еден тест, за брзо на непозната локација.

4. Пијана работа

Се напиле луѓето, пресекле дрва. На кој му се нема случено прв нека напише сататус.

5. Дрвата сами се исекле

Како што вели Коељо, сѐ е возможно!

6. Исечени се во името на архитектурата

Со цел да има подобар поглед кон зградите на факултетите од улица.

7. Исечени се за да има подобар поглед од факултетите на улица

Кога им е досадно на студентите да можат да следат што се случува на улица.

8. Пресечени се за да се намали опасноста од пожар

Ако нема дрва, нема што да гори. Паметно, промислено и систематски изведено.

9. Да не е досадно

Ако не беа исечени дрвата ова ќе беше уште една обична сабота. Вака е сабота со жива дебата по социјалните мрежи.

10. Да се дружат младите

Службите знаат дека после сечењето ќе следува протест на кој ќе се соберат млади лица кои ќе разменуваат идеи и ќе се дружат.

11. За зголемување на наталитетот

На тој протест може ќе се сретнат и заљубат младите кои еден ден ќе имаат 3+ деца.

12. Подобрување на економијата

После протестот многумина ќе се упатат на кафе или пиво со што кафулињата ќе инкасираат 3000 денари.

13. Изградба на градинки, училишта, патишта

Од тие 3000 денари одреден дел ќе се слее во државната каса во вид на даноци кои ќе помогнат за изградба на градинки, училишта и патишта.

14. Вработување на младите

Во тие градинки и училишта ќе мора некој да работи. Со сечењето на двата се намалува невработеноста.

15. Зошто? Затоа што можат!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:52 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:53 pm

Левица: Овие перверзии мора да престанат!

Најостро го осудуваме сечењето на дрвјата на комплексот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кое се случи ноќеска. Исечени беа 47 дрвја, за да се изградат две барокни згради, кои ќе чинат 13 милиони евра.

Наместо да се градат студентски домови, се градат баркони згради. Наместо да се садат нови дрвја, за да се намали загадувањето, се сечат постојните.

Овие перверзии мора да престанат!

Фејсбук

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:53 pm

Студенти на УКИМ: Барокните факултети се апсурд, бараме одговорност за сечата

Сечата на дрвја во кампусот на Универзитетот „Кирил и Методиј“ која се одвивала вчера по полноќ предизвика голем револт кај студентските движења кои бараат одговорност за тоа што се случувало на кампусот ноќеска. Пресечени се 47 дрвја, а во моментов просторот е ограден со цел наскоро да започне и изградбата на два брокни факултета.

-Дојдовме веднаш кога разбравме дека има сеча со цел да се спротивставиме, но поголемиот дел од дрвјата беа пресечени, нема одговор ниту за градежна дозвола, ниту дали има известување од ректоратот, што дава дополнителен сомнеж за нaстаните кои се случуваат. Ова е еден апел до академската заедница затоа што овој простор е наш заеднички, автoномен, денес ние изгубивме 47 дрвја на Универзитетот, она што би се тука градело се проекти кои се апсурдни во својата замисла и ваквиот чин на градење е тотално недемократско размислување, вели Стефан Видиков од младинската организација „Мугра“.

Младинската организација „Мугра“ и Студентскиот Пленум засега се единствените студентски движења кои алармираат за случувањата на УКИМ, додека реакција од ректоратот сè уште нема.

Според Владо Данаилов - надворешен соработник на Архитектонскиот факултет, одлуката за изградба на два барокни факултета во рамките на УКИМ е бескрупулозна, бидејќи не се земени предвид концептуалните параметри кои треба да се почитуваат.

-Самата одлука, носење на планот, целата низа на настани што довеле до овој почеток на градење е многу подло, бескрупулозно, затоа што не се земени никакви локални концептуални параметри кои треба да се почитуваат, мора да сме свесни дека изгубивме скапоцен зелен простор и важно е некој да преземе некоја одговорност, нема да дозволиме да не се соочат луѓето со одговорноста која ја сносат, вели Данаилов.

Како што претходно објави „Призма“, тендери од речиси 20 милиони евра добила градежната компанија „Бетон Штип“ за изградба и партерно уредување на Факултетот за физичко образование и спорт (ФФК) и на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Предвидено е зградите да бидат во барок стил, а автор на идејните решенија за двата факултета е Жарко Чаушевски.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:53 pm


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:53 pm

Ѓунер Исмаил - Има ли УКИМ нешто/некој што се нарекува(ше) РЕКТОР?

НИКОЈ, ама буквално НИКОЈ не се запраша:

1. Како е донесена одлуката на сенатот на УКИМ за изградба на ДВА ФАКУЛТЕТА на местото на исечените дрвја?

2. КОЈ е ИНВЕСТИТОРОТ на кој се повикува „извршителот“ Коце?

3. КОЈ, КОГА, КАКО се СОГЛАСИЛ тие два факултета да бидат во „барок стил“?

4. Дали денес, утре, или кога било ќе ги видиме професорите на УКИМ на местото на злосторот да ПРОТЕСТИРААТ, или сиот товар ќе падне врз грбот на студентите?

Има ли УКИМ нешто/некој што се нарекува(ше) РЕКТОР?

Фејсбук

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Дек 13, 2015 8:54 pm

Замир Мехмети: Што да се очекува од еден диктатор?!

Што да се очекува од еден диктатор, кој десет години бега од тв дебата?

Што да се очекува од еден диктатор, кој тајно прифаќа промена на име? (Букурешт)

Што да се очекува од еден диктатор, кој промовира нова историја? (СК 2014)

Што да се очекува од еден диктатор, кој бега од земјава кога треба да се признаe друга држава? (Косово)

Што да се очекува од еден диктатор, кој наредува затворање на медиуми? (А1, Време, Коха)

Што да се очекува од еден диктатор, кој кога договара амнестија се крие зад неговите горди послушни пратеници?

Што да се очекува од еден диктатор, во чие време има политички затвореници?

Што да се очекува од еден диктатор, кој се сили пред унија на жени на вмро?

Што да се очекува од еден диктатор кој загубил секаков контакт со реалноста?

Што да се очекува од еден диктатор, кој знаел и криел дека на партиска прослава е убиено момче?

Што да се очекува од еден диктатор кој договара и промовира секави небулозни здруженија за одбрана на татковината од сопствениот народ?

Што да се очекува од еден диктатор, кој кога е фатен жив како прислушува, за тоа обвинува странски служби?

Што да се очекува од еден диктатор,кој има луксузен мерцедес, ама нема муда да се вози со него?

Што да се очекува од еден диктатор кој се плаши од студентите?

Ништо повеќе отколку вака кукавички (навечер) да му нареди на Коце да ги масакрира дрвата!

‪#‎гитла‬

Фејсбук

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Чет Дек 17, 2015 10:07 am

Партијата што го уапси млекарот Дуле заради див коноп во неговата нива…



Партијата што го уапси млекарот Дуле заради див коноп во неговата нива, истата партија која го претставуваше по медиумите како Пабло Ескобар, партијата што го протера Кили затоа што се лекуваше од рак, партијата која ја жигосуваше марихуаната како најтешка дрога за да им наштети на политичките противници, сега истата партија сака да донесе закон во кој марихуаната е претставена како лек?

Ма, немој да ме јебеш, бре!!!

Жарко Трајаноски – Фејсбук статус

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Јан 24, 2016 11:50 pm

Димитров: Народот е пред историска одговорност и ќе го казни овој циркуз

Читам и за момент, не можам да верувам што читам. Сепак, едноставно е. Три правила за исправно читање (и пишување) на вакви “говори”:



1) Обвини го другиот за тоа што сам си го правел:

“Избори не се добиваат со сила” – “… Пиштење, вриштење че има. Види, од дваесе и четири фирми, осум казни јаки паднале …”.

“Избори не се добиваат со закани” – “… со триаголниче че гласаш, че ти го провериме ливчето, ако не гласаш че те избркаме од работа …”.

“Избори не се добиваат со измами” – “Како што знаеш имаме по пеесе души у стан од четириесе квадрата …”.

2) Секаде каде мислиш на себе си или на твојата машинерија, замени со “народот” или со “Македонија”:

“Народот на Македонија на 24 април ќе покаже чија е оваа држава”, наместо јас и мојата машинерија на 24 април ќе покажеме чија е оваа држава.

3) Исцрни ги тие од каде доаѓа опасноста, па Ванхауте (фер избори, слободни медиуми) и Катица (одговорност) спомни ги меѓу странски служби, криминалци и фалсификатори.

Народот е вистина исправен пред историска одговорност: Ќе го дозволи овој циркус или ќе го казни? Се ми се чини дека пишувачите на “храбри” говори немаат доверба во народот, затоа и сакаат избори со гласачи сенки и мистериозни списоци.

Никола Димитров
фејсбук статус

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by трендафил on Пон Јан 25, 2016 11:20 am

Дуле млекарот не беше осуден. Го ослободи судството што според вас е партијско. За жал при секоја градба мора да се исече некое дрво. Во Македонија нема пустини без дрва. Големи дрва се исекоа и кога се градеше Рамстор или кога се поплочуваше плоштадот Македонија. Со таа разлика што опозицијата тогаш беше нормална, па нормалните работи не ги прогласуваше за ненормални. Ниту некој протестираше затоа што се гради нешто. Како што сега мислите дека власта треба да се срами затоа што ќе изгради два нови факултети. Требаше ли спред вас тие да се подигнат на столбови над дрвата. Поточно речено над едното поголемо дрво, трите помали и повеќето грмушки.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Пон Јан 25, 2016 3:02 pm

Ne lazhi...Moravte da go oslobodite zatoa shto bevte dovolno glupi da mu podmetnete avtohton konop...A novite fakulteti kje gi izgradi novata vlast, koja nema polovina od parite za gradba da gi ukrade, kako shto pravite vie...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Пет Мар 04, 2016 9:08 am

General Angelov na fejsbuk...

Али, Грујо и ГДОМ



Стотина подржувачи на ДУИ повторно шират омраза. Овојпат омраза против крстот. За среќа го имаме Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) со Миленко, Шанац, Мирка, Пандов… Они сега ќе им покажат на овие иредентистите од ДУИ. Непознат човек само што ми јави дека ги забележал како чекаат во заседа во близина на крстот. Шанац маскиран во возрасна жена со шамија на главата, Миленко маскиран во вид домашно животно, Мирка маскирана во маж облечен во шатор а Пандов маскиран во насмеан идиот.

Во меѓувреме демонстрантите ја срушиле оградата а Миленко уште не командувал напад. Ја слушал Мирка како анализира дека од геостратешки аспект овој напад може да предизвика бура која ќе предизвика нарушување на односите помеѓу Америка и Русија, Франција и Германија. Шанац се правдал дека не е тој за такви насилни работи бидејки ако имал “муда“ немало да се маскира во жена. Миленко само што сакал да викне “во напад“ кога му текнало дека заборавил да ги нахрани козите. Пандов на тоа само се насмевнал додавајки дека врз основа на неговите сеопфатни анализи има време за одбрана на Македонија.

И сега повторно ќе морам јас. Да ја бранам државата од договорот на Ахмети и Грујо да ја турнат државата во меѓуетнички кофликт.

Стојанче Ангелов – Фејсбук статус

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Чет Мар 31, 2016 7:21 pm

НСДП: СЈО да покрене истрага против ВМРО-ДПМНЕ како правно лице

По објавувањето на прислушуваните разговори и првите истражни дејства преземени од страна на Специјалното јавно обвинителство(СЈО) станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ не е политичка партија, туку злосторничко здружение, вели НСДП.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by osa on Чет Мар 31, 2016 10:04 pm

Teo напиша:General Angelov na fejsbuk...

Али, Грујо и ГДОМ



Стотина подржувачи на ДУИ повторно шират омраза. Овојпат омраза против крстот. За среќа го имаме Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) со Миленко, Шанац, Мирка, Пандов… Они сега ќе им покажат на овие иредентистите од ДУИ. Непознат човек само што ми јави дека ги забележал како чекаат во заседа во близина на крстот. Шанац маскиран во возрасна жена со шамија на главата, Миленко маскиран во вид домашно животно, Мирка маскирана во маж облечен во шатор а Пандов маскиран во насмеан идиот.

Во меѓувреме демонстрантите ја срушиле оградата а Миленко уште не командувал напад. Ја слушал Мирка како анализира дека од геостратешки аспект овој напад може да предизвика бура која ќе предизвика нарушување на односите помеѓу Америка и Русија, Франција и Германија. Шанац се правдал дека не е тој за такви насилни работи бидејки ако имал “муда“ немало да се маскира во жена. Миленко само што сакал да викне “во напад“ кога му текнало дека заборавил да ги нахрани козите. Пандов на тоа само се насмевнал додавајки дека врз основа на неговите сеопфатни анализи има време за одбрана на Македонија.

И сега повторно ќе морам јас. Да ја бранам државата од договорот на Ахмети и Грујо да ја турнат државата во меѓуетнички кофликт.

Стојанче Ангелов – Фејсбук статус


bravo care .....alal da ti e ...ubavo si napishal ,samo oni se nepismeni teshko da prochitaat

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by трендафил on Пет Апр 01, 2016 11:41 am

Teo напиша:
Замир Мехмети: Што да се очекува од еден диктатор?!
Каков е тој диктатот што на секои две години излегува на избори.

Што да се очекува од еден диктатор, кој десет години бега од тв дебата?
А со кого би требало да дебатира. Мнозинството очигледно не го бара тоа од него.

Што да се очекува од еден диктатор, кој тајно прифаќа промена на име? (Букурешт)
Не беше ли водич на делегацијата во Букурешт тогаш претседателот на државата Бранко Црвенковски.

Што да се очекува од еден диктатор, кој промовира нова историја? (СК 2014)
Која е таа нова личност или настан што се одбележани во рамките на проектот Скопје 2014. Да не е еслучајно според Мехмети АЛександар Македонски Александар Грчки?

Што да се очекува од еден диктатор, кој бега од земјава кога треба да се признаe друга држава? (Косово)
Бегањето од државата на Груевски постои само како фикс идеја и желба во некои умови пореметени со парите на Сорос. Еден од нив е и Замир Мехмети.

Што да се очекува од еден диктатор, кој наредува затворање на медиуми? (А1, Време, Коха)
Да не беше Рамковски криминалец медиумите ќе си работеа и денеска. Никој не спречи никого да го плати нивниот долг и да продолжи со работа. А Нова Македонија, Вечер, Флака е влазеримит, Бирлик, Другарчр, Развигор, Наш свет беа во рамките на државниот НИП Нова Македонија.

Што да се очекува од еден диктатор, кој кога договара амнестија се крие зад неговите горди послушни пратеници?
Законот за амнестија е усвоен во 2001 година. Кога Груевски не беше лидер на партијас или премиер.

Што да се очекува од еден диктатор, во чие време има политички затвореници?
А кој е тоа политички затвореник. Љубе Бошковски ли кој е уапсен со оружје и 100 илјади евра во ташната или Рамковски кој е чудо како порано не беше затворен. Нели беше осуден и во САД за финансиска малверзација во врска со А1.

Што да се очекува од еден диктатор, кој се сили пред унија на жени на вмро?
Не знам за какво силење станува збор, односно како може еден силен политичар да се сили.

Што да се очекува од еден диктатор кој загубил секаков контакт со реалноста?
Кој загубил контакт со реалноста ќе видиме на 5-ти јуни. Немам друг коментар.

Што да се очекува од еден диктатор, кој знаел и криел дека на партиска прослава е убиено момче?
Ако мислиш на Мартин Нешовски никој ништо нема криено. Убиецот е осуден. Тоа што некој сака да го злоупотреби овој несреќен случај е сосема друга работа.

Што да се очекува од еден диктатор кој договара и промовира секави небулозни здруженија за одбрана на татковината од сопствениот народ?
Дали на Мехмети му треба психијатар или е во право ќе видиме на 5-ти јуни. немам друг коментар.

Што да се очекува од еден диктатор, кој кога е фатен жив како прислушува, за тоа обвинува странски служби?

Што да се очекува од еден диктатор,кој има луксузен мерцедес, ама нема муда да се вози со него?
Мерцедесот е набавен во него да се возат гости. Кои поради лудилото што го наметна опозицијата сега не доаѓаат иако беше нормално да не посетуваат, а претпоставувам дека по изборуите повторно ќе доаѓаат. Дали сум во право ќе видиме по 5-ти јуни.

Што да се очекува од еден диктатор кој се плаши од студентите?
ЗОшто би се плашел од студентите некој кој им гради и отвара факултети, кој им ја намали партиципацијата ...

Ништо повеќе отколку вака кукавички (навечер) да му нареди на Коце да ги масакрира дрвата!
Македонија не е пустина па да може да се изгради било кој објект без да се исече некое дрво. Дрва се сечеа и порано, само што тогашната опозиција беше нормална па не правеше драми од тоа. На пример на местото на Рамстор или на плоштадот Македонија.

‪#‎гитла
Наполно се согласувам. Гитла, но не под диктат на Мехмети и неговите партијски и НВО другари туку гитла за тој што ќе ги загуби изборите.

Фејсбук

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Пет Апр 01, 2016 11:57 am

Za malku seriozno kje ti odgovorev...No se setiv deka e prvi april...Navistina se bezobrazni tvoite...Pak terale majtap so tebe u shtab... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by трендафил on Пет Апр 01, 2016 2:34 pm

Teo напиша:Za malku seriozno kje ti odgovorev...No se setiv deka e prvi april...Navistina se bezobrazni tvoite...Pak terale majtap so tebe u shtab... Twisted Evil
Јас пак мислев дека цела година пишуваш несериозно барем денеска ќе бидеш сериозен. Добро што ме потсети да ви го честитам денот на лагата на тебе и на твоите содружници.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот