Пресови, соопштенија, изјави...

Страна 3 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by defo on Пет Апр 01, 2016 2:49 pm

трендафил напиша:
Teo напиша:Za malku seriozno kje ti odgovorev...No se setiv deka e prvi april...Navistina se bezobrazni tvoite...Pak terale majtap so tebe u shtab... Twisted Evil
Јас пак мислев дека цела година пишуваш несериозно барем денеска ќе бидеш сериозен. Добро што ме потсети да ви го честитам денот на лагата на тебе и на твоите содружници.


Ако навредата ти е најмоќно оружје, тогаш.....дното од дамна сме го поминале........

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by трендафил on Пет Апр 01, 2016 2:57 pm

defo напиша:
трендафил напиша:
Teo напиша:Za malku seriozno kje ti odgovorev...No se setiv deka e prvi april...Navistina se bezobrazni tvoite...Pak terale majtap so tebe u shtab... Twisted Evil
Јас пак мислев дека цела година пишуваш несериозно барем денеска ќе бидеш сериозен. Добро што ме потсети да ви го честитам денот на лагата на тебе и на твоите содружници.


Ако навредата ти е најмоќно оружје, тогаш.....дното од дамна сме го поминале........
Сакаш ли да ти цитирам какви се не навреди ми се упатувани на мене на форумов, па не си реагирал. Не реагирав ниту јас затоа што мислам дека едноставно тоа би било залудно трошење на времето. Лично не те сметам за содружник на Тео во начинот на кој комуницираш на форумов.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Саб Апр 02, 2016 10:50 am

Gledash deka duri i za toa te zezaat u shtab...Ne ti kazhale deka denot na lagata prvi april , na sednica na izvrshen komitet na dpmne-uchk-ovcite ednoglasno e proglasen za den na pastirot...Kaj i da e kje ja obnovite idejata na vashiot brat po kriminal a nabrzo i po robija Subrata da mu predavate shtafeta na samoproglaseniot mesija Grujioshesku sekoj prvi april...Osven ako, kako i mionatiot pat ne ve zafati nekoe losho vreme, na primer VREME KJORKJE...Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Нед Апр 03, 2016 9:44 pm

Ванхауте: Изборите ќе бидат погреб за останките од демократијата во Македонија



Питер Ванхауте, поранешниот меѓународен посредник во политичката криза синоќа со пост на Фејсбук рече дека со „непочитување на основните демократски принципи, јасно е дека со изборите нема да се подобри демократијата, туку тоа ќе биде погреб на остатоците на она што некогаш беше една демократска држава“, коментирајќи ја актуелната криза со оставките на министрите на ДУИ.

„Една нова пресвртница за дисфункционалната демократија

Замислете, една Влада, каде што еден од коалициските партнери си поднесе оставка. Премиерот молчи. Претседателот на најголемата партија тврди дека: „Тие можат да ги пополнат отворените места кога сакаат.”

Според Договорот за Пржино, СДСМ ќе добие некои министри и заменици министри во Владата, а не целосно да учествува како коалициска партија, туку за контрола на клучните области на Владата во врска со изборите.

Заклучок: влада без ДУИ е Влада без мнозинство.

Што ќе се случи во нормален демократски систем?

Премиерот дава изјава за јавноста, признавајќи дека постои политичка криза.

Премиерот веднаш се упатува кон Парламентот и нуди Оставката на Владата или

Премиерот бара гласање на доверба за да се види дали има мнозинство во парламентот кое сѐ уште ја поддржува владата.

Фактот дека премиерот не реагира воопшто, не е нешто нормално за една демократска држава, бидејќи кризата е негова основна одговорност. Дека претседателот на партијата ја презема де-факто неговата улога, е многу загрижувачки и докажува дека земјата ја води партијата, а не Владата. Принципот на одвојување на партијата од државата не се почитува.

Во еден неодамнешен говор, претседателот на Република Македонија застана во одбрана на поимот „државен интерес“. Да, тоа е во интерес на државата – да се врати демократијата. Да, тоа е во интерес на сите граѓани да ја бранат демократијата и да се очекува дека основните демократски принципи се почитуваат од страна на политичките партии на власт.

Со ваквото непочитување на основните демократски принципи, јасно е дека со изборите нема да се подобри демократијата, туку тоа ќе биде погребот на остатоците на она што некогаш беше една демократска држава“, пишува Ванхауте.

http://plusinfo.mk/vest/64910/vanhaute-izborite-kje-bidat-pogreb-za-ostankite-od-demokratijata-vo-makedonija

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Сре Апр 06, 2016 9:59 am

Избори!? Не, фала!

Aко Социјалдемократскиот сојуз реши да излезе на изборите што за петти јуни ги форсира злосторничкото здружување на криминалната власт, тоа ќе биде како да решиле да излезе на сопствениот погреб како политички субјект.

Јас не знам дали на ” Бихаќка” се свесни дека, всушност, немаат избор: ставот на општеството ќе го одреди ставот на Социјалдемократскиот сојуз во поглед на изборите, а не обратно. Тоа е драматична промена во општествено- политичката и културна конфигурација: СДСМ и опозицијата не се повеќе фактори кои емитираат политички релевантни содржини преку кои можат да ја моделираат ориентацијата на општеството!

Го загубија историскиот ритам, новата алокацијата на авангардноста ги потиснува, не се во состојба да фатат чекор со динамиката на процесите и со потребите на луѓето. Не постои начин на кој СДСМ може да го убеди општеството дека треба да излезе на избори на петти јуни, а општеството има начини да му покаже на СДСМ колку многу ќе згреши ако реши да излезе: така што ќе го убие! Тоа важи, се разбира, и за вмро. Како политичка партија вмро е мртва организација, општеството ја уби и ја прогласи за мртва.

Тоа што опстојува е злосторничка организација за асанација на теренотот и за одбрана на криминалците! Во ситуација кога не што не се исполнети сите услови за фер и демократски избори туку се исполнети преко сите услови тие да бидат криминални и смртоносни за државата, нормално е да се заоструваат односите во политиката и во граѓанството.

Можеби не изгледа така на прв поглед но, јас мислам дека се стеснува просторот за партиските манипулации својствени за некои помирни времиња, односно во општеството се будат егзистенцијалните и принципиелни, моралните, ако сакате, пориви како последна линија на одбраната. Така кондиционираното општество изборите не ги смета за демократски институт туку за обид да се ескивира вистинскиот приоритет: борбата против криминалот, борбата за слобода и правда и за спас на државата!

Бранко Тричковски
фејсбук статус

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by defo on Сре Апр 06, 2016 11:16 am

Со една работа не се слагам, ВМРО не ја уби општеството, самата се самоуби (т.е ДПМНЕ како карцином ја изгриза однатре)

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Пон Апр 18, 2016 9:31 am



Вие што не ве интересира политика

Вие што не ве интересира политика … Политика не се само партии и избори.Политика е и здравство, школство, колкава ви е платата, ред и сигурност, мир и раат, правда во суд, зеленило и чист воздух, среќен и убав живот, имање држава и иднина. Ако се грижите за било што од ова, имате своја улога во “политиката”. Инаку, непромислената доверба во авторитетите, дека има некој што (треба да) му ја мисли, а вие не можете ништо да сторите, е совршен рецепт за колективно тонење.

Никола Димитров
фејсбук статус


http://www.libertas.mk/vie-shto-ne-ve-interesira-politika/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Вто Апр 19, 2016 10:31 am

Бужаровски ја одби наградата чијшто покровител е фикусот Хорхе

Кога сме веќе кај одговорноста на јавните личности и уметниците, горда сум што татко ми, Димитрије Бужаровски, на 29 март, уште пред претседателскиот фикус да ги аболицира криминалците, ја одби наградата „Трајко Прокопиев“ за животно дело на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) поради тоа што не се согласува со културната политика што се води во земјата и од која е дел СОКОМ. Наградите на СОКОМ, каде што годинава не се додели награда за животно дело, се доделуваа на 14 април, во рамките на Денови на македонска музика, чиј покровител е Хорхе, и чијашто официјална печатена програма почнува со негов текст. На тој 14 април се делеа награди при концертот на Македонската филхармонија, а во исто време, пред Беко со татко ми бевме дел од стампедото протестирачи кои бегаа од шок бомбите и специјалците што ја бранеа светата зграда на ВМРО.

Румена Бужаровска, Фејсбук, 17.04.16.


http://okno.mk/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Пет Апр 22, 2016 11:20 am

Демократски сојуз: Се распаѓа кулата од карти на власта

Демократскиот сојуз соопшти дека според партиските анализи, кулата од карти се распаѓа.

„Досега невидената манипулативна кампања почна да го губи здивот и станува контрапродуктивна. „Успесите“ на власта не можат да ја покријат аболицијата за корумпираните политичари, блокадата на СЈО, подготовките за изборен фалсификат (не се прочисти избирачкиот список) и пред се најавите од Европската Унија за санкции за државно политичкиот врв и државата. Не можеме да поверуваме дека големите патриоти по чиј налог се уривал станбен комплекс или се краделе пари од превозот на ученици, мирно да спијат, додека нивните подредени одат во затвор“, соопшти партијата на Павле Трајанов.

ДС го повика Ѓорге Иванов да ги поништи одлуките за аболиција и да отвори можност против политичкиот естаблишмент да се води судска постапка како за секој друг граѓанин.

„Кога „мечот“ виси над Македонија, треба да се ослободите од партиските стеги и да ја повлечете аболицијата, во спротивно оганот кој го запаливте наскоро ќе не зафати сите. Најавата за санкции, ако се реализираат тоа ќе биде смртоносен удар од " патриотите " врз Македонија, затоа откажете ги изборите и повлечете ја аболицијата. Направете и Вие нешто за народот и државата. Инаку протестите ќе продолжат и ќе бидат се помасовни, граѓаните сакаат правда и мир.“, порачуваат од ДС

http://plusinfo.mk/vest/67360/demokratski-sojuz-se-raspagja-kulata-od-karti-na-vlasta

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Пет Апр 22, 2016 11:23 am

Груевски и СЈО

Лидерот на ДПМНЕ во заминување продолжува и понатаму да глуми патриот, чесен, совесен и одговорен функционер, а притоа со помош на контролираните медиуми постојано игра на картата ,,секое чудо за три денa” и на практикување на усовршеното макевијалистичко однесување. Откако се најде засегнат со најновата истрага на СЈО под работното име ,,ТНТ” ги заборави поранешните тврдења за сечени, лепени креирани и монтирани материјали и почна со нова трагикомична беседа во која таргет е СЈО.

Вистинскиот патриот и чесен човек не коментира, туку ќе настојува својата невиност да ја докаже пред судските органи во постапка која ке биде отворена за јавноста. Повеќе е од некоректно да се коментира дека СЈО е инструмент за полички прогон на луѓе припадници на политичките партии!. Да се разбереме.

• СЈО не смее и сите ние нема да дозволиме да биде инструмент за политички прогон на луѓето припадници на политички партии, а најмалку на чесни членови на ВМРО ДПМНЕ.

• СЈО е инструмент за подеднакво гонење на СИТЕ криминалци кои сториле зло на граѓаните на оваа држава, а кои се опфатени со прислушуваните и снимени разговори. Значи и оние од ДПМНЕ, и оние од СДСМ, и оние од ДУИ и ДПА и сите оние од останатите политички партии кои дебело профитирале на грбот на сиромашниот македонски граѓанин.

• СЈО е инструмент со кој треба на виделина да излезе ВИСТИНАТА за лажните патриоти (и македонци и албанци и останати припадници на етнички заедници, кои беа или сѐ на високи или пониски државни позиции) кои цело време глумеа чесни луѓе, а притоа си ги полнеа со народни пари сопствените џепови, ги полнеа нивните сметки по разноразни банки во државите низ светот.

• СЈО е инструмент кој конечно треба да воспостави РЕД во овој невиден хаос.

• СЈО е инструмент кој треба да ја донесе толку очекуваната ПРАВДА во нашата држава. Никола, кај граѓаните не поминува повеќе оваа евтина ГЛУМА и криењето зад колективната одговорност. ВРЕМЕ е за индивидуална (кривична, материјална, политичка и морална) одговорност.

Јове Кекеновски
фејсбук статус

http://www.libertas.mk/gruevski-i-sjo/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Пет Апр 22, 2016 5:52 pm

ОДИХР: Влошена политичка клима пред избори

Набљудувачката мисија на ОБСЕ ОДИХР денеска го објави својот прелиминарен извештај пред изборите на 5 јуни во кој се нагласува дека политичката клима во земјава се влошила по 12 април, кога претседателот Ѓорге Иванов ги помилува сите обвинети лица под истрага и осомничени за вмешаност во скандалот со прислушувањето, и дека сите партии го осудиле таквиот потег. Меѓународните набљудувачи нотираат дека опозицијата најави бојкот откако беа распишани изборите затоа што не се исполнети клучните услови од Договорот од Пржино. Во извештајот се сугерира и дека задоцнетите измени во Изборниот законик може негативно да влијаат.

http://www.libertas.mk/odihr-vloshena-politichka-klima-pred-izbori/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Саб Апр 23, 2016 4:18 pm

Повторено барањето од САД за укинување на амнестијата.

САД го поттикнуваат претседателот Иванов да ја поништи одлуката

Американскиот Стејт департмент повторно се огласи за настаните во Македонија

На денешниот брифинг во американскиот Стејт департмент, на барање на Гласот на Америка да ги коментира настаните во Македонија од последниве денови, Елизабет Трудо одговори:

“Ние и ЕУ јасно ја искажавме загриженоста  за важноста на  кредибилни избори во Македонија. Времето е кратко. Многу преостанува да се направи. Силно го поттикнуваме претседателот Иванов да ја поништи  неговата одлука и да му дозволи на Специјалното обвинителство и на судовите да ја вршат својата работа“.

http://mk.voanews.com/content/article/3298953.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Hamad bim Khalifa on Нед Апр 24, 2016 7:31 am

Ima Horhoni da go primi do jajca! Ama posle ke mu protestirat so novi baranja! Edno od niv ke bide debeliot guzonja gol da sheta okolu fontanata u centar so gerber u gz!!!..... ako saka da ne mu protestira narodot.
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by defo on Нед Апр 24, 2016 9:39 pm

СДСМ обелоденува-Семејството на Претседателот Ѓорге Иванов има бизниси и фирма во Панама

Семејството на Претседателот Ѓорге Иванов има бизниси и фирма во Панама која по откривањето на скандалот со перење пари во панамски фирма истата е затворена, обелодени денеска СДСМ

Партијата прашува што кеире смејетсвото Иванови и презентир адокументи од централен регистар во кој пишува дека фирмата била основана 2009 година со влог капитал од над 300 000 денари. Регистрирана е со ограничена одговорност а сосопственост е со фирма од панама регистрирана на улица 53 во Панама сити. Сопственик на фирмата според документте е Делфино травел сао дооел со основачки влог од 152 000 денари. Во графата дејност на фирмата е заведена како услуги на туристички агенции. Според документит формата се занимавала со посредување , застапување странски фирми, организација саеми и изложби, реекспорт, шпедиција , транспорт, лизинг.

Од кабинетот на Иванов одговорија.

Сметаме дека обидот преку лаги и манипулации да се престави семејството на ПРМ Иванов како дел од криминална банда е крајно недолично и неодговорно однесување на една политичка партија. Ја повикуваме партијата СДСМ веднаш да го објави секој трансфер на пари преку таа фирма и да ги соопшти сите кои биле вклучени во било што на таа фирма која патем е основана во Скопје и никогаш не проработела. Во спротивно господинот Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд кабинет на Претседателот Ѓорге Иванов.

Додека Претседателот е зафатен со консултации како да ги укине аболициите за политичарите кои тоа го побараа , пишува писма до затворениците на кои им вели дека нема можност групно да ги помилува. Минатата седмица скопска адвокатска канцеларија поднесе до кабинетот на Иванов барања за помилување на над 2000 затвореници но од таму им било одговорено дека секој затвореник поединечно мора да даде полномошно адвокатите да го затапуваат. Токму тоа најверојатно ќе биде причина Иванов да ги одбие помилувањата и овие барања за помилување да бидат вратени како и оние за жените од затворот Идризово.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by osa on Нед Апр 24, 2016 9:46 pm

defo напиша:СДСМ обелоденува-Семејството на Претседателот Ѓорге Иванов има бизниси и фирма во Панама

Семејството на Претседателот Ѓорге Иванов има бизниси и фирма во Панама која по откривањето на скандалот со перење пари во панамски фирма истата е затворена, обелодени денеска СДСМ

Партијата прашува што кеире смејетсвото Иванови и презентир адокументи од централен регистар во кој пишува дека фирмата била основана 2009 година со влог капитал од над 300 000 денари. Регистрирана е со ограничена одговорност а сосопственост е со фирма од панама регистрирана на улица 53 во Панама сити. Сопственик на фирмата според документте е Делфино травел сао дооел со основачки влог од 152 000 денари. Во графата дејност на фирмата е заведена како услуги на туристички агенции. Според документит формата се занимавала со посредување , застапување странски фирми, организација саеми и изложби, реекспорт, шпедиција , транспорт, лизинг.

Од кабинетот на Иванов одговорија.

Сметаме дека обидот преку лаги и манипулации да се престави семејството на ПРМ Иванов како дел од криминална банда е крајно недолично и неодговорно однесување на една политичка партија. Ја повикуваме партијата СДСМ веднаш да го објави секој трансфер на пари преку таа фирма и да ги соопшти сите кои биле вклучени во било што на таа фирма која патем е основана во Скопје и никогаш не проработела. Во спротивно господинот Шилегов ќе мора своите тврдења да ги докаже на суд  кабинет на Претседателот Ѓорге Иванов.

Додека Претседателот е зафатен со консултации како да ги укине аболициите за политичарите кои тоа го побараа , пишува писма до затворениците на кои им вели дека нема можност групно да ги помилува. Минатата седмица скопска адвокатска канцеларија поднесе до кабинетот на Иванов барања за помилување на над 2000 затвореници но од таму им било одговорено дека секој затвореник поединечно мора да даде полномошно адвокатите да го затапуваат. Токму тоа најверојатно ќе биде причина Иванов да ги одбие помилувањата и овие барања за помилување да бидат вратени како и оние за жените од затворот Идризово.  

a dali znaesh deka vo "najnoviot zakon za pomiluvanje moze sam sebe da se pomiluva ? ova ne e gaf ....ova go objasnuvashe pravnichkata arifi pred izvesno vreme beshe gostinka na tv telma i vo tv 24 vesti ....glupo e da ,no kako veli dzole funkcionira ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Hamad bim Khalifa on Нед Апр 24, 2016 10:11 pm

Ki si go pomiluva alatot na nadareniot cimer vo Idrizi beg! Twisted Evil
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by defo on Нед Апр 24, 2016 11:31 pm

osa напиша:
a dali znaesh deka vo "najnoviot zakon za pomiluvanje moze sam sebe da se pomiluva ? ova ne e gaf ....ova go objasnuvashe pravnichkata arifi pred izvesno vreme beshe gostinka na tv telma i vo tv 24 vesti ....glupo e da ,no kako veli dzole funkcionira ...
Ако е така.....тогаш имаме сериозен проблем, и тоа многу сериозен проблем.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Вто Мај 31, 2016 9:38 am

Пречек

Почитувани пријатели, имаме на располагање неколку опции:
1. Да му го собориме авионот со ракета земја-воздух.
2. Да ја минираме аеродромската писта.
3. Да ја затрупаме пистата за контејнери, балвани, споменици и сл.
4. Стотина подебели граѓани да легнат на пистата и на тој начин го оневозможат авионот да слета.
5. Наш човек да се облече во униформата на неговиот возач, да го пречека на аеродромот и правец Демир Хисар. Кога ќе забележи дека тоа не е патот за Водно, возачот ќе ја сврти главата и благо, преку рамото ќе му рече: „да, и јас не сум вашиот возач, а и ти не си претседател, стоко!“

Бранко Тричковски, Фејсбук, 29.05.16.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by defo on Вто Јун 07, 2016 10:40 pm

За Нешкоски заработив отказ, а Кежаровски затвор за Младенов!

Текстот е објавен на осми мај 2015 година во неделникот „Фокус“ во бројот 1022

Моника Јовановска е новинарката која прва ја објави веста за убиството на Мартин Нешкоски, но што е уште поважно таа беше сведок на неговата погибија. Во интервју за „Фокус“ зборува за тоа низ што минала тие неколку дена по објавата на веста и за отказот што го добила во „Нетпрес“. Јовановска открива дека има уште најмалку двајца полицајци кои точно знаеле што се случило, но за нивната одговорност никој не зборува.

Разговарала
Јадранка КОСТОВА

ФОКУС: Беше сведок на убиството Мартин ама беше и новинар кој прв ја објави веста дека на на плоштадот во Скопје брутално беше претепано младо момче? Што виде тогаш?

ЈОВАНОВСКА: Да, се случи на некои 5 метри од мене, убаво видов како трчаше Мартин, а Игор Спасов го брка. Детето се сопна…

ФОКУС: Од каде трчаа?

ЈОВАНОВСКА: Видов како трчаат, веројатно од правецот на бината, јас не знам што се случувало на бината, но видов дека Спасов го бркаше….

Имаше еден кабел, детето се сопна, падна на двете раце, се сврте накај Спасов и му викаше „те молам, не ме тепај“… Спасов му дојде во непосредна близина, почна да го удира со нога во пределот на главата, па во слабината и детето изгуби свест. Можеби не сакаше да го убие, нормално, меѓутоа сакаше да го заплаши и изгледа употреби премногу сила…

Кога виде дека детето веќе нема свест, го зеде и го седна на клупа. Некои луѓе од „Баскер фест“ беа во близина и сакаа да помогнат… Но, двајца неуниформирани ликови , кои, кога ги кренаа рацете видов дека носат значки, не дозволија никој да пристапи.

Спасов, како што реков, го крена Мартин на клупа, го седна и се обиде да го освестува со вода од штандот на „Форнети“, но детето не даваше знаци на живот.

ФОКУС: Имаше тројца полицајци во тој момент, значи…

ЈОВАНОВСКА: Да, да, еден од нив кој беше со проседа коса му даде знак на Спасов да го тргне настрана Мартин. Тогаш еден полицаец го фати за едната рака, друг за другата, еден за ногата, и едната нога му се влечеше, брутално го влечеа.

НЕ ХРАБРОСТ , ТУКУ ЧОВЕЧНОСТ

ФОКУС: Што направи следно?

ЈОВАНОВСКА: Утредента се јавив на работа во „Нетпрес“, ме пратија во МВР да земам изјава од Јанкулоска како минале изборите. Пред тоа на Фејсбук напишав статус дека „срамота, на плоштадот во Скопје брутално беше претепано младо момче“.

Заврши пресот, јас прашав дали имаат информација дека е претепано младо момче. Јанкулоска рече , „а од каде тие дезинформации“? Јас реков дека тоа не се дезинформации, дека јас самата видов што се случи, на што Јанкулоска ми рече, „може да дадеш изјава, да го пријавиш случајот“.

Се вратив во редакцијата и на Фејсбук видов дека едно девојче искоментирало „детето што го тепаа е мртво“.

ФОКУС: Како ја прими таа вест?

ЈОВАНОВСКА: Не може на тоа да останеш рамнодушен. Тоа не е храброст, тоа е човечност. Јас не бев ни свесна можеби, колку е тоа опасно. Видовте што му се случи на Кежаровски кој истражуваше за смртта на Младенов. Можеби имав среќа што не ме познаваат, и самите во разговорите велат која е таа првпат ја гледам, всушност јас сум „талентот“ за кој зборуваат.

ФОКУС: Немаше проблем од уредникот да се објави веста?

ЈОВАНОВСКА: Не, му реков дека јас бев сведок на тоа. „Нетпрес“ во тоа време важеше за независен медиум, но работите се сменија. Уредникот Дејан Николовски беше заинтересиран за веста, рејтингот на „Нетпрес“ се крена со објавувањето на таа вест. Беше професионално направена, имав сведоци, немаше потреба јас да сведочам, уредникот ми рече дека не е добро за медиумот јас да бидам и автор на веста и сведок. Ја објавивме веста. Прво велевме дека станува збор за Даниел од Ѓорче, се повикувавме на една девојка што го тврдеше тоа.

ФОКУС: Само една вест?

ЈОВАНОВСКА: Не, не, станува збор за неколку вести. Подоцна беа тргнати од страната на „Нетпрес“, но јас имав направено принт скрин каде што се гледа дел од веста.

Објавивме дека Спасов е дел од специјалната единица „Тигри“, а објавив и текст дека треба и други лица да одговараат за убиството затоа што тие двајцата полицајци во цивил спречија пружање помош.

Потоа одев на пресовите на Котевски, а тој ме игнорираше, одговараше дека сум немала поим од новинарство, тој бил новинар, дека сум морала да се консултирам со МВР.

УБИЕНА ЖЕЛБА ЗА НОВИНАРСТВО

ФОКУС: По колку време доби отказ од „Нетпрес“?

ЈОВАНОВСКА: По една недела. Јас работев за 8.000 денари по цели денови, не бев ни пријавена, останував од утро до вечер, известував за протестите, се враќав во редакцијата и на крајот ме избркаа, се чувствував дека светот ми се срушил.

ФОКУС: Со кое образложение?

ЈОВАНОВСКА: Дека се расипала бравата на вратата, смешно. Јас се враќав од протестите за Мартин и сакав во редакција да ги објавам вестите, дома немав интернет, и дојдов… Кога си заминував се обидував да отворам, но никако не можев. Се чудев што е работата. Во тој момент на вратата се појавија Дејан и директорката, јас се израдував, велам јас сум, вратата е заглавена. Тие рекоа дека комшиите пријавиле дека имало крадци. Во рок од две минути отворија, ја одглавија вратата, рекоа дека ова што се случило е непростливо, дека вака не смее. Останав зачудена, велам зошто? Тоа беше нелогично објаснување.

Утредента пак се видов со уредникот, ми рече, „тоа е тоа“. Ми останаа и должни 3.000 денари, само 5.000 ми платија, бев изиритирана и на Фејсбук им напишав дали планираат да ми ги вратат парите, а Дејан во приватна порака ми напиша дека ќе се потрудел во ниту еден медиум да не најдам работа. Не дека тој се потруди, но јас повеќе немав желба за новинарство, иако толку многу го сакав.

ФОКУС: Ти ја убија желбата за новинарство?

ЈОВАНОВСКА: Да, сега работам нешто што нема допирна точка со новинарство.

ФОКУС: Те потресе тоа што го слушна во бомбите?

ЈОВАНОВСКА: Прво ме навреди, затоа што така високи државни функционери не смеат да навредат личност што сакала да обелодени убиство. Треба да се благодарни за тоа. Имаше и уште една случка. Главен инспектор за крвни деликти почна да ми се јавува во непристојно време, ме викаше на вечера, да ми се заблагодарел за соработката со МВР. А јас ги носев сведоците до полициската станица Беко, ги чекав, ги враќав.

ФОКУС: Во нормална демократска држава, веројатно ќе беше наградена за твојата новинарска упорност за истражување на смртта на Мартин.

ЈОВАНОВСКА: Така е, ама јас во Македонија добив отказ.







Колку само грдо звучи, просто да не веруваш. Во какво општество живееме кога за грст мочани евра можеме да скриеме убиство. Мизерија.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by defo on Сре Јун 22, 2016 9:57 pm

Председателот Ѓорѓе Иванов организираше прес конференција, еве ја на следниов линк:


Говоров ко Миленко да му го пишувал, со примеси од Мирка и лекторирање од Латас.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Пон Aвг 08, 2016 7:00 pm

Промашени апели

Апелирам до сите граѓани, во овие тешки мигови, да се воздржат од било какви препукувања по социјалните мрежи, јавно жигосување и барање виновници.“

А, зошто да не се препукуваме по социјалните мрежи, зошто јавно да не жигосуваме и зошто да не ги бараме виновниците, господине Заев!?



Ние сме тешко болно општество кое кога во вакви околности ќе престане да ги прави овие работи за кои вие апелирате да не ги прави, ќе испрати јасна порака дека, во меѓувреме, починало.

Јас ја разбирам благородната инспирација во вашиот апел, дури можам да кажам дека навистина можеме да се воздржиме од барање на виновници за катастрофата, особено затоа што ние многу убаво ги знаеме тие виновници па нема што да ги бараме во смисла да ги утврдуваме туку само во смисла да ги фатиме за врат, ги знаеме и како институции и како позиции и како политики и како идеолгии, а ги знаеме и по име.

Тие работи нема да го отклонат нашето внимание од страдањата на луѓето и од помошта што треба да им се пружи, што, според моето видување е во основата на вашата благородна порака, обратно, ќе ги засилат низ страста со калта што со своите политики и карактери и примитивности ни ја донесоа во домовите, да им ги наполниме џебовите и да ги фрлиме во првата подлабока вода!

Бранко Тричковски – Фејсбук статус

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Саб Сеп 17, 2016 12:55 pm

Ова не се избори за делење функции, туку за симнување на началниците!

Петрит Сарачини ● во 17:35 16 септември 2016

Без оглед дали сакаме тоа да го признаеме или не, Македонија е далеку од вистински услови за фер и демократски избори. На 11-ти декември, сите ние повторно ќе се соочиме со изборната машинерија и касапница на началниците. Затоа, додека трае ова политичко затишје пред изборната бура, Младичот со кристалната топка би сакал да повтори неколку пораки за сите оние ќе бидат дел од изборниот натпревар, особено за оние, коишто ќе ги бараат гласовите на граѓаните кои сакаат да ја видат Македонија – демократска и слободна.

Прво: ова не се избори за мандати и функции, ова се избори за симнување од власт на началниците, на недемократската власт на МВРО, ДУИ и другите нивни сателити, вклучително и оние кои се демек, опозиционери, а (ќе) работат за началниците.

Второ: стратегијата на демократските сили, без оглед на етничката, верската, идеолошката или било која друга припадност треба да биде: а) окрупнување; б) победа на избори; в) заеднички потоа, да се зафатат за декриминализација, департизација на државниот апарат, итни легислативни реформи за реституција на човековите права и правната држава; г) апсење на криминалците и правични судски процеси; д) организирање на фер и демократски избори, да речеме по две години, кога, по враќање на општеството во „нормала“, ќе можеме да дискутираме и избираме меѓу идеологии, програми, проекти и слични демократски „финоќи“.

Трето и најбитно: секој кој во овој животен, „да-се-биде-или-не“ натпревар на Македонија за опстанок во лигата на демократските нации ќе одигра поинаку, е веројатно политички дилетант или намерно прави штета. Трето нема. Фрагментацијата на демократските сили, за жал, ќе им даде „пас“ на началниците, иако видно ослабени, сепак, да останат во игра, да продолжат да учествуваат во кроењето на нашите судбини и да нé чинат уште повеќе во секој аспект од животот со нивните гадости.

Играта е почната. Како и во модерниот фудбал, нема да победи оној тим кој има подобри жонглери и „солисти“, туку оној што ќе биде поподготвен стратешки, физички и психички, тимот што ќе одигра тимски. Набрзо ќе видиме – кој и како ќе се покаже.

http://plusinfo.mk/mislenje/1881/ova-ne-se-izbori-za-delenje-funkcii-tuku-za-simnuvanje-na-nacalnicite

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by defo on Пон Сеп 19, 2016 8:31 pm

Дали Никола Груевски е готов?


Дали Никола Груевски е готов? Минатата недела пристигнаа првите два Обвинителни предлози од СЈО.
Првото за уништување на документација поврзана со прислушкувањето, а второто за шамарите во Општина Центар. Многумина реагираа дека ова се „ситни дела“ за кои ќе одговараат само „ситните риби“. Пропагандистите, мегафоните и „кликачите“ на ВМРО-ДПМНЕ го поставија и прашањето зошто Катица Јанева нема поднесено обвиненија за Шарената Револуција.

Воопшто не ми е јасен делот со „ситните риби“. Зарем Груевски, Јанакиески и Грујовски се „ситни риби“? Не. Тоа се водачот и првите луѓе во злосторничкото здружение кое десет години владее со нашата држава. Владеат со нашите пари и судбини.

Што се однесува до ситните дела, да се сетиме дека дури и Ал Капоне не отиде во затвор за убиства, корупција и рекетирање, туку беше осуден за затајување данок. Ако целава ситуација со Груевски ја гледаме низ кривично-правен и криминалистички аспект, тогаш сите институции, врз кои злосторничкото здружение има контрола, не се ништо друго освен средства за подготвување, извршување и прикривање на кривични дела. Сите полицајци кои партиската книшка ја ставаат пред значката, сите судии и обвинители од „тефтерчето на Горде“, и сите новинари на кои „Бате Саше“ им порачува куртон-вести, сите тие се соучесници и дел од структурата на злосторничкото здружение.

Не може во таа ситуација да има соодветна истрага на нивните криминали. Посебно на тешките кривични дела. Не може никој да ги истражува случаите како што се Мартин Нешкоски, „Монструм“, Плацовите на Водно и сл. Посебно ако се земе предвид „самоубиството“ на еден од сведоците на СЈО, Коста Крпач. Мислам дека злосторничкото здружение кое во моментов е на власт нема никогаш да дозволи да се усвои потребната легислатива за заштита на сведоци.

Нема никогаш да дозволи истрагите на СЈО да бидат без опструкции од судовите, без пропаганда на „Шител“ и останатите партиски мегафони, без постојани притисоци и закани, па дури и насилство врз сведоците и соработниците во истрагите. Поради тоа, многу паметен чекор е да се почне од делата кои не се засноваат на изјави од сведоци или соработка со државните или општинските институции. Дури и ако тоа се помали дела. Иако, казната од 6 месеци до 5 години затвор која е предвидена за чл. 386, ст.3 (Насилство извршено од извршено во група од две или повеќе лица или насилството е извршено над повеќе граѓани или сторителот телесно повредил друг) воопшто не е мала.

Правдата, посебно онаа за организираниот криминал никогаш не е брза. Ако е брза, тогаш е и површна. Кога гониме криминална група која е толку добро организирана и вгнездена во сите институции како онаа на Груевски, од клучно значење е прво да го срушиме митот на недопирливост. Митот дека никој не му може ништо. Макар било и со полесно дело. Тогаш, многу повеќе луѓе ќе се охрабрат да сведочат. Груевски нема да може да влијае врз сведоците и постапките толку лесно. Ешалоните од криминалци под него ќе се подзамислат. Ќе си речат – „штом стигнаа до него, можат и до мене“. И дури тогаш, големата палата на малиот диктатор ќе почне да се распаѓа како кула од карти. НЕ, Никола Груевски се уште не е готов! Ама, за прв пат после толку години, ние сме на добар пат.

p.s. Делот зошто СЈО нема покренато обвиненија за Шарената Револуција заслужува посебен текст, во некоја наредна прилика

Павле Богоевски
Фејсбук статус

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Гостин on Вто Сеп 20, 2016 6:04 pm

Alooo komunjari vie ste gotovi, a Gruevski ke bidde premier po izborite na 11 dekemvri.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by defo on Вто Сеп 20, 2016 8:44 pm


defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Пресови, соопштенија, изјави...

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 3 of 5 Previous  1, 2, 3, 4, 5  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот