Red se redat

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Red se redat

Пишување by Гостин on Нед Апр 19, 2015 9:09 am

Pochna raspadot na DUI...Eden po eden onie so pochista pozadina si podnesuvaat ostavki...Najverojatno, so toa se distanciraat od segashnoto rakovodstvo na DUI, koe posle bombite na Zaev kje mora da zamine...I se razbira otvaraat prostor za borba za liderstvoto na partijata...Na Alji mu se nisha liderskata pozicija, a on seushte ne znae shto da napravi...Strancite seushte ne mu izdale naredba...Istoto se sluchuva i vo taborot na Dzaferi...Toj vekje go izgubi legitimitetot na lider na DPA, a samata DPA go izgubi legitimitetot kaj albancite kako nivna opoziciona partija...Sela ja ima pramokjta vo partijata, i Tachi se odrzhuva samo so pomosh na grupata kriminalci okolu nego, i partiziranoto sudstvo, koe e na negova strana...Zatoa shto on, e veren do grob na bratuchedot...

Заменик министерот за одбрана даде оставка поради несогласувања со ДУИ

Заменик министерот за одбрана од ДУИ, Арбен Лабеништа, даде оставка поради поради незадоволство од начинот на којшто функционира партијата во време на политичка криза, пренесуваат македонските медиуми на албански јазик.

-Нецивилизирани луѓе, неедуцирана демократија, недостатокот на етички и морални капацитети создава хаос, искористување, обесхрабрување, талог кој ќе ги покрие нашите напори за нашиот национален и општествен живот во иднина,пишува Лабеништа во своето објаснување на мотивот за оставката којашто до министерството за одбрана и официјално ќе биде доставена во понеделник.

http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=21706

Уште една оставка во ДУИ – Хазби Лика се повлекол од функцијата генерален секретар на партијата

По денешната оставка од фунцијата заменик министер за одбрана на Арбен Лабеништа од ДУИ вечерва и генералниот секретар на ДУИ, Хазби Лика ја напуштил партиската функција.

Оваа информацијa ја обелоден аналитичарот Арсим Зеколи на својот фејсбук профил. Причината за оставката на Лика според извори од ДУИ е што одлучил да го следи ставот на членството и со овој потег да се дистанцира од раководството што сеуште седело во владата на Груевски.

– Со овој чин – вели изворот на Либертас – Лика сакал јавно да го искаже неговиот протест за молкот што го продолжува ДУИ околу објавувањето на содржините на бомбите што ги објавува опозицијата и да се солидаризира со членството и симпатизерите на ДУИ кои бараат напуштање на владата на Груевски.

Извори од ДУИ за Либертас велат дека еможно оставки во партијата да поднесат и Рафиз Алити, Ружди Љата и пратеникот од Студеничани, ЌафА

Претходно и заменик министерот Лабеништа на фејсбук соопшти дека ја напушта функцијата и не сака да биде во влада со луѓе кои употребуваат погрдни зборови за албанците.

http://libertas.mk/%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5-%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B4%D1%83%D0%B8-%D1%85%D0%B0%D0%B7%D0%B1%D0%B8-%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0-%D1%81%D0%B5/

I kratko potsetuvanje...

Тачи загуби, Зијадин Села е новиот претседател на ДПА

Под мотото „По патот на Арбен Џафери“, Движењето за реформи во ДПА, на последниот Конгрес го избра градоначалникот на Струга Зијадин Села за свој нов лидер.

Од делегатите, за Села да ја раководи ДПА гласале 617 делегати, од кои еден против, а седуммина воздржани.

Села рече дека најпрво ќе се обрати до, како што го нарече Мендух Тачи, поранешниот претседател на партијата, за да ги врати печатите.

http://slobodenprostor.com/?p=6410

Ako na seto ova gi dodademe takanarechenata "Amsterdamska trojka" i "Forumot na slobodoumni patrioti", mozheme da zakluchime deka poleka no sigurno, razornata mokj na bombite poleka go razoruvaat tkivoto na vlasta...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Red se redat

Пишување by Гостин on Нед Апр 19, 2015 1:03 pm

Ushte eden od DUI zastana vo redot...

Трета оставка во ДУИ од Шефик Дураку

Шефик Дураку, заменик-претседател на огранокот на ДУИ, денеска јавно ја објави својата оставка од партиските функции во ДУИ, пренесува албанскиот портал Журнал.

„Ја најавив пред членовите на огранокот и партиските органи мојата оставка од позицијата заменик-претседател на ДУИ во Арачиново, но денес сакам да ја потврдам за јавноста, да го изразам незадоволството на организацијата на ДУИ, воопшто, а особено на функционирање на ниво на ограноци. Јас како активист од основањето на ДУИ јавно го изразувам разочарувањето и незадоволството не од политиките и програмите на ДУИ, туку од начинот на партиската организација и создавање различни групи и кланови. И понатаму сум активист на политичката ориентација достојна на ДУИ, но не и во служба на кланови“, напиша Дураку.

http://plusinfo.mk/vest/22692/treta-ostavka-vo-dui-od-shefik-duraku

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Red se redat

Пишување by tmoro on Нед Апр 19, 2015 5:42 pm

Да не е некоја игра,да се префрлит топката на друга страна?

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Red se redat

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот