Бранко Црвенковски

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Бранко Црвенковски

Пишување by reiter on Пон Апр 20, 2015 2:40 pm

да отвориме тема за Бранко Црвенковски,

Бранко Црвенковски: На Заев му честитам на храброста и му давам целосна поддршка напиша:



Писмено обраќање до јавноста на поранешниот претседател на Pепублика Mакедонија, Бранко Црвенковски: напиша:

Кога пред две години решив да се повлечам од лидерската позиција во СДСМ, донесов и одлука за мое целосно повлекување од јавноста. Во изминатиов период се изнаслушав разни шпекулации и измислици на што се должи мојата доброволна самоизолација. Од тоа дека сум тешко болен па до тоа дека сум изложен на сериозни уцени и закани. Од тоа дека ми е повредена суетата па до тоа дека не ми е грижа ниту за народот ниту за државата. Па еве конечно да одговорам на овие лажни конструкции. Фала му на Господ, здравјето ми е добро. Никој ниту имал, ниту има со што и за што да ме уценува. Што се однесува до заканите, тие во мојот случај предизвикуваат сосема спротивен ефект, само поголем мотив и желба за борба. На македонската јавна сцена има многу суетни личности но нив ќе ги препознаете, не по нивното молчење туку по тоа што ја користат секоја прилика за медиумско присуство, без разлика дали имаат или не нешто паметно да соопштат. А за тоа дали и колку сум загрижен за состојбите во државата оставам сами да заклучите врз основа на она што ќе го соопштам во овој текст. Кои беа вистинските причини за мојот двегодишен молк 1.Не сакав на било каков начин да и дадам можност на власта да ја продолжи повеќегодишната, примитивна и црна кампања поврзана со мене и против новото раководство на СДСМ. 2.Новоизбраното раководство на СДСМ се определи за програмски и кадровски дисконтинуитет. Дали тоа беше паметно или не покажа и ќе покаже времето. Но тоа беше легитимна одлука на новото лидерство и заслужуваше фер шанса и доволен временски период за реализација на новиот концепт. 3.Како лидер на СДСМ, а посебно после настаните од „црниот понеделник“ на 24ти декември 2012 година се залагав за целосно делегитимирање на власта, за активен и континуиран „отпор“, за перманентни протестни собири и маршови, за разни облици на граѓанска непослушност и за бојкот на локалните избори. За таквите мои намери бев жестоко напаѓан и обвинуван од страна на власта што беше сосема разбирливо и очекувано. Но она што беше неочекувано беа критиките и оспорувањата кои доаѓаа од одредени опозициони кругови дека тој концепт е погрешен па дури и резултат на некои мои лични мотиви за задржување на лидерската позиција во партијата. Се заговараше „конструктивен политички дијалог“ со власта, битка преку институциите на системот, учество на изборите… Сфатив дека во тој момент моите аргументи не се доволни да обезбедам единство на опозиционата сцена и дека само времето ќе ја потврди или демантира исправноста на овој мој пристап и концепт. Поминаа две години. Се надевам дека денес работите им се многу појасни на сите. Кој е мојот став за состојбите во Република Македонија Со Република Македонија владее еден тоталитарен, криминоген и корумпиран режим за кој не постои ниту устав ниту закон. Режим кој целосно, прво ги партизираше, а потоа и приватизираше сите институции на државата. Режим кој ги злоупотребува сите финансиски ресурси на земјата не за доброто на народот туку за една единствена цел-како да се задржи власта и да се полнат приватните сметки во странските банки. Тоа е една структура од исфрустрирани ликови за кој човечкиот живот не вреди ниту 5 пари, кои зацрнија цели семејства и кои од Македонија направија земја на политички затвореници. Кој живее на кредит умира на рати, а оваа власт неколкукратно ја задолжи земјата и тоа за забегани и коруптивни проекти со што ја уништија перспективата на овој народ. Со овој и ваков режим Македонија нема никаква, а камоли Европска иднина. Уверен сум дека на секој барем малку подобро информиран човек со здрав разум, а камоли на припадниците на т.н. политичка, интелектуална и бизнис елита сето ова им беше јасно и познато и пред т.н „бомби“ на Заев. Сосема друго прашање е што многумина заради лична калкулација решија да затвораат очи пред реалноста обидувајќи се на разни начини да ја релативизираат и на тој начин да ја смируваат сопствената совест. На Зоран Заев му честитам на храброста и му ја давам целосната моја поддршка за тоа што преку „Вистината за Македонија“ на најдиректен начин ги соочи сите со катастрофалната реалност во која живееме. Сега барем нема место за ничии изговори и оправдувања дека не знаел што се случува. Сега кога им е на сите јасно предочено кои и какви ликови одлучуваат за нашите судбини и иднината на нашите деца повеќе простор за незаинтересирани или неопределени едноставно нема. -или слобода или тиранија! -или демократија или диктатура! -или правна или криминална држава! -или Македонија или тие! Но да не се залажуваме. Осознавањето на вистината за карактерот на овој режим не е доволно тој режим да падне. Јасно е дека тие се подготвени да направат се за да ја задржат власта. Клучното прашање е што сме спремни да направиме ние? Ваков бескрупулозен режим не се руши само со прес конфренции и лајкови на фејсбук. Ваква тоталитарна власт која ги контролира сите институции, ги злоупотребува народните пари и ги уредува најмоќните медиуми во земјата не може да биде поразена нту од поединци ниту од опозициони партии. ВАКВА ДИКТАТУРА МОЖЕ ДА БИДЕ ПОРАЗЕНА САМО ОД НАРОД И СО НАРОД! Но за да се случи тоа претходно мора да се направат неколку неопходни чекори. 1.Да се ослободиме од илузијата дека по обелоденување на „бомбите“ Груевски и камарилата самите ќе си поднесат оставки и со наведнати глави ќе си заминат. Детски наивно е да се очекува од вакви луѓе после се што направија да покажат било какво чувство на одговорност. 2.Погрешно е и за крајната цел апсолутно штетно да се подгреваат лажни надежи дека меѓународната заедница со некакво „робусно“ присуство ќе изврши силен притисок на Груевски сам да се повлече и да овозможи формирање на преодна влада. Тоа едноставно нема да се случи. Ниту Брисел и Вашингтон се подготвени на тој начин да настапат, а ниту на Груевски му е битно каков е нивниот став. Тој во себе одамна има расчистено со евро-атлантската иднина на Македонија. 3.Приказните кои се шират во одредени опозициони кругови дека промената на власта само што не се случила па уште и се лицитира кој на чело на кое министерство или институција ќе дојде се погубни. Или искрено и чесно оваа битка ќе се дефинира како битка пред се и над се за интересите за народот и државата или ако биде препознаена како борба за задоволување на нечии клиентелистички потреби ќе биде изгубена пред и да почне. По расчистувањето со овие илузии и дилеми „отпорот“ или како ли веќе ќе се вика мора да се обнови и да се организираат масовни и континуирани протести. Тие протести треба да бидат мирни и ненасилни но со својата масовност и упорност да го делегитимираат и натераат на отстапки режимот на Груевски. Оваа историска македонска драма ќе мора да заврши на избори, но во психолошки смисол победникот на тие избори треба да биде познат уште пред нивното распишување. И тоа никако не смее да биде Груевски! ДAЛИ НАШИОТ НАРОД ЌЕ ГО ПРИФАТИ И ПОДДРЖИ ОВОЈ КОНЦЕПТ? ДАЛИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА УЛИЦИТЕ И ПЛОШТАДИТЕ? Во оваа прилика сакам да ги отфрлам како апсолутни глупости тезите од типот: „ние македонците не сме такви, во нашиот менталитет не е да се бунтуваме и да протестираме“. Тврдам, и не да мислам туку знам дека нашиот народ не е ниту помалку храбар, ниту помалку слободољубив и правдољубив од било кој друг во регионот или пошироко. Знае овој наш народ многу добро што е правилно, а што погрешно, што е правда а што неправда, за што вреди а за што не да се бори и ризикува. Не е клучното прашање дали тој ќе ја поддржи и ќе учествува во оваа битка. Решавачки ќе биде кој, за какви идеи и со кој кредибилитет ќе го повика во таа борба. На Македонија во битката против овој злосторнички и тоталитарен режим и е потребно едно широко народно движење, еден сеопфатен опозиционен демократски фронт кој во себе ќе ги вклучи буквално сите кои можат и сакаат да дадат свој придонес. Мојот СДСМ во овој процес ќе има повторно, како и многу пати во минатото една исклучително одговорна но во исто време и комплексна задача. Од една страна како најголема и најдобро организирана опозициона партија да биде главниот двигател во сите овие активности и во исто време заради општото добро и историската улога да ја демонополизира опозиционата сцена во земјата. Притоа за да може СДСМ да биде главниот стожер на обединување мора прво да се обедини себе си. Сите меѓусебни етикетирања и дискредитирања мора веднаш да запрат. Целта е една и единствена. Одговорноста за тоа е на секој поединец но најмногу на раководството кое мора да ја најде формулата за обединување. Од лично искуство знам дека тоа е тешка и макотрпна но во исто време и суштинска и неопходна работа. На лидерството во партијата му посакувам многу храброст и уште повеќе мудрост во реализацијата на оваа задача. Еве, ова е стратегијата во која верував пред две години и во која уште повеќе верувам денес и на чија реализација до колку до нејзе дојде целосно се ставам на располагање. Подготвен сум на ист начин како и на 24ти декември 2012 година заедно со син ми да бидам во првите редови! И искрено се надевам дека сите „душегрижници“ кои во изминатиов период ме прозиваа „каде е Бранко“, ќе бидат заедно со своите најблиски во мојата близина. Ладата, симболот на „отпорот“ е во одлична состојба, редовно одржувана и на време регистрирана. Сосема на крај. Денес е 20ти април. Ја користам оваа прилика на сите мои сопартијци да им го честитам роденденот на СДСМ и да им посакам многу среќа и успех во работата! напиша:

http://www.dokaz.mk/branko-tsrvenkovski-na-zaev-mu-chestitam-na-hrabrosta-i-mu-davam-tselosna-poddrshka/

Би сакал во овој стил и Љубчо да се обрати....

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by tmoro on Пон Апр 20, 2015 2:50 pm

reiter напиша:да отвориме тема за Бранко Црвенковски,









http://www.dokaz.mk/branko-tsrvenkovski-na-zaev-mu-chestitam-na-hrabrosta-i-mu-davam-tselosna-poddrshka/

Би сакал во овој стил и Љубчо да се обрати....

Бране останува NUMBER ONE.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Фири4 on Пон Апр 20, 2015 3:24 pm

Ти бе ,нали беше любчовист што си се загрижил за Бранко комунярот? Smile

Фири4

Број на мислења : 5
Join date : 2015-04-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by tmoro on Пон Апр 20, 2015 3:37 pm

Фири4 напиша:Ти бе ,нали беше любчовист што си се загрижил за Бранко комунярот? Smile

Никогаш јас не сум бил ВРХОВИСТ-ЉУБЧОВИСТ ,отсекогаш сум бил социјалдемократ

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Hamad bim Khalifa on Пон Апр 20, 2015 4:03 pm

tmoro напиша:
Фири4 напиша:Ти бе ,нали беше любчовист што си се загрижил за Бранко комунярот? Smile

Никогаш јас не сум бил ВРХОВИСТ-ЉУБЧОВИСТ ,отсекогаш сум бил социјалдемократ

Ocekuvaj odgovor od Firi5 ili eventualno firi6,7... Evil or Very Mad
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by tmoro on Пон Апр 20, 2015 4:33 pm

Hamad bim Khalifa напиша:
tmoro напиша:
Фири4 напиша:Ти бе ,нали беше любчовист што си се загрижил за Бранко комунярот? Smile

Никогаш јас не сум бил ВРХОВИСТ-ЉУБЧОВИСТ ,отсекогаш сум бил социјалдемократ

Ocekuvaj odgovor od Firi5 ili eventualno firi6,7... Evil or Very Mad

ХАХА ,,,,Фири е како IPHONE до шестка стигнал,наесен седми

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Hamad bim Khalifa on Пон Апр 20, 2015 4:50 pm

Mislam deka ne e do Firi!?
Ako site ostanati clenovi mozat da zapazat izvesen nivo na pishuvanje i odnesuvanje, bez razlika dali so nekogo se soglasuvame ili ne, moze i izvesniot Firi. Ako vekje ne moze da se vozdrzi, togash ne mu e mestoto tuka. Epten tolerancija ... so sto ja zasluzil???
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by tmoro on Пон Апр 20, 2015 5:04 pm

Hamad bim Khalifa напиша:Mislam deka ne e do Firi!?
Ako site ostanati clenovi mozat da zapazat izvesen nivo na pishuvanje i odnesuvanje, bez razlika dali so nekogo se soglasuvame ili ne, moze i izvesniot Firi. Ako vekje ne moze da se vozdrzi, togash ne mu e mestoto tuka. Epten tolerancija ... so sto ja zasluzil???

Не можит Фири да издржит на еден форум од секаде го банираат.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Гостин on Пон Апр 20, 2015 9:29 pm

Konechno se javi Brane...Mu trebashe dosta...I toa posle prozivkite vo javnosta,sekako i prozivkite na forumot" melnica "...Ne velam deka ne treba da e lut, so ogled na sluchuvanjata od zimata 2012 i proletta 2013, no ovde i sega ne se reshava sudbinata na rakovodstvoto na edna partija, nitu sudbinata na celata taa partija...Vo ovoj moment se reshava sudbinata na nacijata i drzhavata...Kako poraneshen pretsedatel na drzhavata, rebashe ushte porano da zaboravi na poraneshnite nesoglasuvanja so sopartijcite, i aktivno da uchestvuva ushte od pochetok vo delegitimiranjeto na rezhimot...Sepak, podobro nekogash otkolku nikogash...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by osa on Пон Апр 20, 2015 10:30 pm

...sekako prozivkata od nashiot forum "Melnica" ...
moze da zaklucham deka tokmu ti Teo beshe toj  shto go prozva Branko da se proiznese za "bombite "
zaslugata za pojavuvanjeto na Brane vo javnosta e i tvoja ,megu ostanatite !

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by tmoro on Пон Апр 20, 2015 10:50 pm

Teo напиша:Konechno se javi Brane...Mu trebashe dosta...I toa posle prozivkite vo javnosta,sekako i prozivkite na forumot" melnica "...Ne velam deka ne treba da e lut, so ogled na sluchuvanjata od zimata 2012 i proletta 2013, no ovde i sega ne se reshava sudbinata na rakovodstvoto na edna partija, nitu sudbinata na celata taa partija...Vo ovoj moment se reshava sudbinata na nacijata i drzhavata...Kako poraneshen pretsedatel na drzhavata, rebashe ushte porano da zaboravi na poraneshnite nesoglasuvanja so sopartijcite, i aktivno da uchestvuva ushte od pochetok vo delegitimiranjeto na rezhimot...Sepak, podobro nekogash otkolku nikogash...

Тој ја читаше Воденица ,не е чудно понекогаш да читат и тука.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by defo on Пон Апр 20, 2015 11:29 pm

Бранко....се јави, иако му требаше долго време, сепак се јави. Макар мислам дека е најдобро да остане на јавување, бидејки ако се замеша може само да зезне работа.

defo

Број на мислења : 1926
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Фири5 on Сре Апр 22, 2015 7:37 pm

Фири4 напиша:Ти бе ,нали беше любчовист што си се загрижил за Бранко комунярот? Smile
Oва беше за ройтер

Фири5

Број на мислења : 1
Join date : 2015-04-22

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by osa on Сре Апр 22, 2015 7:42 pm

e ova da go zalish .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Апр 22, 2015 7:46 pm

osa напиша:e ova da go zalish .....
Ne se sakaldisuvaj Osa...... prsni malku od toa pipsot !!!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by osa on Сре Апр 22, 2015 7:50 pm

Hamad bim Khalifa напиша:
osa напиша:e ova da go zalish .....
Ne se sakaldisuvaj Osa...... prsni malku od toa pipsot !!!
i bez da kazesh ,prsnato e Kalifu !
p.s. zoshto taka mi se obrakash deka se sakaldisuvam?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Апр 22, 2015 7:55 pm

Pa kako kaza..."da go zalish" ke pomisli covek deka stvarno e za zalenje! Abe zgazi go zhahorot na lice mesto - majku mu bubasvapsku dosadnu! Stenica dosadna nevidena..... koj istresok go napravil, bolje da si go isekol...
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by osa on Сре Апр 22, 2015 7:59 pm

e za vakvu smo "kavu" prichali ...i namesto razbiranje ,nie dobivme  osuda ...sega site ke "trpime "ha ha ha ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Апр 22, 2015 8:22 pm

Dobro e dobro....ne se zalime a i ne trpime. Ovaka vekje moze: iskoci li bubasvabata na svetlo - shlap .... da mu iskoci to beloto! Twisted Evil
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Бранко Црвенковски

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот