ПАЛАЧИНКИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ПАЛАЧИНКИ

Пишување by osa on Вто Апр 21, 2015 8:15 pm

500 ml mleko 
2 jajca 
300 gr brashno .
sol (niz prsti ,mnogu malku )
zejtin dve supeni lazici 
se se mesha so mikser ,
se przat na malku zejtin ,po edna kutlacha !
se filuvaat po zelba (euro krem ,marmalad ,med i orevi i slichno) 


dobar apetit !

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:23 pm

Подгответе: Тесто за совршени палачинки

Наутро за појадок или навечер како лесна вечера со малку џем или Нутела, банани, бисквити или шлаг, палачинките се совршен оброк во секоја комбинација.

Сите ги прават на различен начин. Некои ги сакаат потенки, други подебели, некои посни без јајца и млеко, други пак, ги сакаат полни и квалитетни.

Ако сакате да го погодите точниот рецепт за совршените палачинки, следете ја оваа постапка.

Состојки:

2 јајца
4 шолји брашно
½ литри млеко
100 ml кисела вода
1 прстофат сол
1 лажичка шеќер
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:23 pm

Подготовка:

Изматете ги јајцата, додајте им сол, шеќер и млеко. Додајте брашно и матете додека не ги стопите грутките кои се прават во тестото.

Ова главно зависи од брашното, но треба да добиете многу густа смеса за палачинки.

Додајте ја киселата вода и промешајте.

Оставете ја смесата да отстои 20-ина минути, а потоа печете ги палачинките на силен оган.

Наполнете ги со омилениот вкус и уживајте!

http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/25850-podgotvete-testo-za-sovrseni-palacinki
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:24 pm

Палачинки - мојот основен рецепт

Состојки
1 јајце
1/2 лажичка шеќер
1/4 лажичка сол
10-12 лажици брашно
100 мл газирана вода
150 мл млеко
малку масло за јадење
и уште...
нелеплива тава за пржење

avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:25 pm

Ова е рецептот за палачинки кој јас го користам, а го наследив од мајка ми. Основниот рецепт е со едно јајце на кое одат 10 до 12 лажици брашно, а отприлика толку палачинки и ќе излезат на крајот.
Значи... Колку лажици брашно, толку палачинки.

Во подлабок сад ставете го јајцето со зачините и изматете го со жица или миксер. Како ви е полесно. Потоа постепено додавајте го брашното и разредувајте со течностите. Може да користите и само млеко, така се палачинките помеки. Мене ми се поубави кога се од мешавина од газирана вода и млеко. Треба да добиете густина како не многу густ јогурт.
Потоа оставете го тестото да одмори најмалку половина час на собна температура или подолго во фрижидер, но најмногу 24 часа.
Откако ќе отстои тестото проверете ја густината бидејќи брашното набабрува и веројатно ќе треба малку да го разредите. Потоа ставете малку масло, измешајте и пржењето може да почне.
Тавата загрејте ја на речиси најсилна температура. Јас ги пржам на 7,5 или 8 од 9. Ставете со кутлача од тестото и убаво распоредете го по целата површина на тавата. Внимавајте колку тесто ќе ставите, палачинките треба да бидат тенки. Откако ќе добијат боја од едната страна, превртете и пржете уште многу кусо време.
Ова е неутрално тесто, па палачинките може да се филуваат и со солен и со благ фил. По желба може да додадете ванила, стопено чоколадо (за чоколадни палачинки), рум, растопен путер...

Пријатен апетит!


https://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D1%98%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:26 pm

Американски палачинки

Кој не сака палачинки? Палачинките се одлични за појадок или за десерт во кој било период од денот. Неограничен е бројот на комбинации за сервирање, а нивниот вкус лесно можете да го менувате во однос на вашите желби.

Американските палачинки се разликуваат од палачинките кои сме навикнати да ги обожаваме уште од детството, но токму поради тоа се и поинтересни. Помали се и имаат сунѓереста структура која потсетува на пандишпан, па носат едно поинакво доживување на трпезата.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:27 pm

СОСТОЈКИ
1 шолја брашно
2 големи лажици шеќер
2 мали лажички прашок за пециво
½ мала лажичка сол
1 шолја млеко
1 големо јајце
2 големи лажици растопен путер или масло за јадење
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:27 pm

ПОДГОТОВКА

Во длабок сад пресејте го брашното со сито и додајте ги шеќерот, солта и пецивото. Промешајте.
Во друг сад изматете го јајцето, но не премногу. Додајте ги млекото и растопениот путер и промешајте.
Претурете ја смесата со течни состојки во садот со суви состојки. Нежно мешајте за да се соединат, но не матете. Не се загрижувајте ако во смесата има мали грутчиња.
Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење или путер.
Со помош на кутлача ставете од густата смеса во тавчето. Налевајте во едно место и смесата ќе се распореди така што ќе заземе кружна форма (со дијаметар околу 10cm). Печете ги палачинките додека не добијат златно-кафеава боја (околу 2 и пол минути). Потоа превртете ги на другата страна. Се добиваат 10-15 палачинки, во зависност од големината.
Палачинките се редат по неколку една над друга и се прелеваат со мед, јаворов сируп, карамел прелив или чоколаден прелив, или пак се премачкуваат со џем, а се сервираат и со овошје како боровинки, јагоди, малини, банани и сл.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:27 pm

ДОПОЛНИТЕЛНИ СОВЕТИ

За да ги зачувате палачинките топли, загрејте ја рерната на ниска температура и во неа поставете тава обложена со хартија. Како што ќе ги правите палачинките, така редете ги во тавата.
Доколку сакате тестото да има неутрален вкус, односно да можете да направите и солени палачинки, ставете само една мала лажичка шеќер.

http://www.femina.mk/%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8/%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B0/%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B8
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:29 pm

avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:33 pm



avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by luxor on Саб Дек 24, 2016 12:35 pm

Рецепт: Унгарски палачинки

Потребно е:
6 јајца
200 мл млеко
400 гр брашно
изрендана кора од 1 портокал
1 ванилин шеќер
100 гр мелени или ситно сецкани ореви
1 лажиче какао
50 гр шеќер
2 лажици масло

Подготовка:
– Одвоите ги белките од жолчките. Белките изматете ги во густ шлаг и оставете го на страна.

– Во друг сад изматете ги жолчките, додадете ги млекото, кората од портокал и ванилиниот шеќер и повторно изматете. Потоа полека додадете ги изматените белки и маслото и измешајте со дрвена лажица. Садот оставете го на страна.

– Загрејте ја тавата и само првиот пат сипете неколку капки масло во тавата. Со црпалка земајте од смесата за палачинки и сипете во тавата. Секоја палачинка пржете ја само од едната страна, не ја превртувајте од другата.

– Ставете ја на чинија и посипете ја со какао и малку шеќер. Кога ќе ја испржите и втората ставете ја над првата и посипете ја со мелени или ситно сецкани ореви и шеќер. Истата постапка повторувајте ја со сите испржени палачинки. Последната палачинка ставете ја најодозгора со ипржената страна од горе.

– Послужете ги топли. Можете пред да ги послужите да ги прелиете со некој овошен или јаворов сируп.

http://www.libertas.mk/retsept-ungarski-palachinki-2/
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by Teo on Сре Дек 28, 2016 10:49 am

Зошто не ви успеваат палачинките



Понекогаш палачинките не ви успеваат, а гршките за тоа се кријат во следново:
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by Teo on Сре Дек 28, 2016 10:50 am

Изборот на брашно

Најдобро е да избереме повеќенаменско брашно и тогаш мислиме дека нема да погрешиме. Но, Huffington Post пишува дека славниот американски шеф Алтон Брун препорачува да го измешате со брашно за печење колачи. Тој тврди дека поради тоа смесата ќе биде многу подобра.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by Teo on Сре Дек 28, 2016 10:50 am

Мерка на состојките

Доколку сакте одлични палачинки не можете да користите неопределени мерки. Потребно е да ги измерите сите состојки и да се придржувате кон рецептот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by Teo on Сре Дек 28, 2016 10:50 am

Подготовка на смесата

Многу е полесно да ја подготвите смесата веднаш пред печењто бидејќи таа нема да биде иста доколку отстои. Исто така многу е важно смесата да не ја матите предолго.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by Teo on Сре Дек 28, 2016 10:50 am

Масло

Научени сме маслото да го ставаме директно во тавата, но експертите велат дека тоа не паметно. Причината за тоа е што понекогаш тавата може да биде нерамна па маслото да се собере на едно место и палачинките да почнат да се лепат. Наместо тоа, целата површина намачкајте ја со помош на хартија.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by Teo on Сре Дек 28, 2016 10:51 am

Температурата на печење

Тавата треба да биде загреана, но доколкунпретерате палачинките ќе се залепат и нам да нараснат. Најдобро изберете средно силен оган и тогаш ќе бидете сигурни дека палачинката нема да изгори.

http://mama365.mk/%D0%B7%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B5-%D0%B2%D0%B8-%D1%83%D1%81%D0%BF%D0%B5%D0%B2%D0%B0%D0%B0%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5/
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by Гостин on Вто Фед 14, 2017 4:58 pm

добре бе нема ли барем нешто посебно баре по име и без тоа ми пагjа чувството дека знам странски jaзик сега учим учим за "соседите" и шо научив? Се си го имам дома па и исто се нарекува!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПАЛАЧИНКИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот