Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Kako ne gledaat

2 posters

Go down

Kako ne gledaat Empty Kako ne gledaat

Пишување by Гостин Пет Aвг 12 2016, 20:37

"The National Interest" objavi kolumna od Aleksandar Klap...Za Makedonija i sluchuvanjata vo nea...

Kako ne gledaat 2n055ph

http://nationalinterest.org/feature/the-most-paranoid-country-europe-17305

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Kako ne gledaat Empty Re: Kako ne gledaat

Пишување by Гостин Пет Aвг 12 2016, 20:40

Za da ne se machi Trendafil i ostanatite dpmne-uchk-ofci koi go chitaat forumot, go postiram i kompletniot prevod...

Најпараноичната земја во Европа

Република Македонија веројатно е најконфузната земја во Европа. Кога ќе ја преминете границата, преку СМС ве информираат дека сте влегле во „лулката на цивилизацијата“. Билбордите наредени на главните патишта се пркосни: „Ова е Македонија!“

Kako ne gledaat Mkd-278220

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Kako ne gledaat Empty Re: Kako ne gledaat

Пишување by Гостин Пет Aвг 12 2016, 20:41

Тоа е единствениот дел од Југославија што не претрпе големо крвопролевање, вели новинарот Александер Клап на порталот Нешнел интерест. Текстот на Клап го пренесуваме во целост:

Тоа е, исто така, единствената земја во Европа, освен Романија, каде што на секое етничко малцинство му е загарантирана застапеност во парламентот. А сепак Македонија не е успешна приказна, туку е приказна за тоа како една земја со големина на Вермонт успеа да заглави од една катастрофа во друга.

Во 1992 година нејзината економија беше уништена од ембарго од Грција на југ и блокадата предводена од ОН кон Србија на север. Три години подоцна, претседателот Киро Глигоров за малку ќе беше убиен од страна на луѓе што сè уште се на слобода. Потоа, во 1999 година, 360.000 бегалци, една петтина од населението во Македонија, се симнаа во земјата од Косово. Во 2001 година етничките Албанци од „Ослободителната национална армија“ почнаа да тропаат по востаничките тапани, а во 2004 година претседателот Борис Трајковски загина во авионска несреќа на денот кога апликацијата на земјата за влегување во ЕУ беше предадена во Даблин.

Повеќето македонски соседи ја третираат како земја-отпадник. Србија ги смета Македонците за „Јужни Срби“, а Скопје за седиште на отпадничка патријаршија. Бугарија има чуден став дека Македонија е држава, но не и нација. Но најголемиот критичар отсекогаш била Грција, која тврди дека „Македонија“ веќе е името на една грчка провинција и дека Македонија може да добие меѓународно признавање само со некое несмасно, комплицирано име: „Поранешна Југословенска Република Македонија“; „Словенска Македонија“; „Вардарска Македонија“. Атина е целосно одговорна за одбивањето Македонија да влезе во ЕУ и НАТО - институции во кои Македонија беше квалификувана да влезе уште пред една деценија. Грчкото вето на приемот на Македонија технички го прекршува билатералниот договор од 1995 година што ѝ овозможува на Македонија да влезе во меѓународните институции како „Поранешна Југословенска Република Македонија“, сè додека Македонија не ја „провоцира“ Грција - договор според кој Македонија го смени своето прво национално знаме, како и неколку називи на својата валута со цел да покаже дека нема намера да ја присвојува културата на „грчката Македонија“. „Веќе се навикнавме на впечатокот дека сме некој вид закана“, ми рече во Скопје Никола Попоски, македонскиот министер за надворешни работи. „Се навикнавме на речиси тридеценискиот нефер-третман. Просечниот Македонец живее со таа реалност. Тој ќе биде многу изненаден ако, во кој било контекст, добие фер-третман.“

Kako ne gledaat Mkd-278221

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Kako ne gledaat Empty Re: Kako ne gledaat

Пишување by Гостин Пет Aвг 12 2016, 20:41

Никола Груевски, потомок на Егејците, словенското малцинство во Грција, ја презеде контролата врз земјата во 2006 година. По Граѓанската војна во Грција 1946-1949, Надежда Груја, вдовица на партизан убиен на грчко-албанскиот фронт, побегнала од своето северногрчко село со своите три деца, меѓу кои и таткото на Груевски, Тало. Таа се населила во Југославија и го променила презимето на семејството во „Груевски“. Роден во 1970 година, Никола пораснал со желбата да биде филмски глумец. Тој се одлучил за банкарството по неуспешниот обид во професионалниот бокс. За време на приватизацијата во 1990-тите, тој влезе во политиката, но едната рака ја држеше во телекомуникациите и градежништвото; тој беше еден од првите приватни поединци што тргуваа на скопската берза кога таа се отвори во 1996 година. Од 1998 до 2002 година тој беше министер за финансии во владата на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО-ДПМНЕ).

Во април го гледав Груевски на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Тој беше во својство на приватно лице; во јуни минатата година, под притисок од ЕУ, Груевски се повлече од власта во екот на огромен скандал со прислушување, кој ја втурна Македонија во политички хаос што трае повеќе од една година.

Ми изгледаше како прилично кловновски тип на човек - балкански политичар преполн со моќ чиј извор, географијата, тој погрешно си го припишал на сопствените способности. Неговата мала фигура потскокнуваше по подиумот додека фалангата медиуми одобрени од државата се буткаа со рацете кренати во воздух. Што мисли тој за бегалската криза? Македонија ја брани ЕУ од самата ЕУ. А зошто ЕУ сака да го принуди да ја напушти власта? Тоа е трик на НАТО за да ја поткопа Македонија. Дали тој е загрижен во врска со изгледите дека ќе ги изгуби изборите? Не, опозицијата е финансирана од Фондациите отворено општество на Џорџ Сорос. Груевски говореше спокојно и без некој голем напор да убедува. Од негов аспект, тоа едноставно беше баналната вистина.

Во 2003 година Груевски стана лидер на ВМРО-ДПМНЕ. „Тој беше само технократ. Мирен, незаинтересиран за историјата или политиката“, ми рече основачот на партијата, поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски. До времето кога Груевски стана премиер по три години, Георгиевски и старата југословенска генерација во рамките на ВМРО-ДПМНЕ беа избркани. Груевски донесе Македонци од дијаспората, кои знаеја како се градат основите на пазарната економија. Министерството за странски инвестиции отиде кај Веле Самак, поранешен извршен директор на Мајкрософт од Сиетл, и кај Глигор Ташковиќ, поранешен менаџер на нафтовод од Бугарија. Информатичката технологија отиде кај Иво Ивановски, поранешен менаџер на компанијата Плексиглас во Охајо. Непосредно околу Груевски се наоѓа мал круг на советници, низ Македонија познати како Фамилијата. Неговиот кум, Зоран Ставрески, шестгодишен ветеран во Светската банка, ја водеше македонската економија. Неговиот братучед, Сашо Мијалков, консултант за безбедност, кој наводно надгледувал лавиринт од криминални претпријатија во Република Чешка во текот на 1990-тите години, беше неговиот шеф за шпионажа. Никој го нема обвинето Груевски дека не им дава функции на кланот и на пријателите.

Kako ne gledaat Mkd-278223

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Kako ne gledaat Empty Re: Kako ne gledaat

Пишување by Гостин Пет Aвг 12 2016, 20:42

За Груевски 2008 година беше annus horribilis. Финансиската криза ги запре моторите на неговата економска агенда - главно странските инвестиции. Уште поважно, Грците ставија вето на влегувањето на Македонија во НАТО. Овој потег ја шокираше администрацијата на Џорџ Буш, исто колку што го шокираше и Груевски, младиот технократ што ја заложи својата политичка иднина за да ја доведе Македонија во Западот. Откако пристапот до меѓународната заедница му беше забранет на неопределено време, резонирањето на Груевски се промени. Цели две години тој ги туркаше реформите со цел да им се приклучи на западните институции, кои во крајна линија само би ја намалиле неговата лична моќ; сега тој се сврте кон проширување на сопствената политичка моќ со отфрлање на квалификациите на Македонија да влезе во западните институции.

Тој се наклони кон политиката на идентитетот. Ова беше чудна одлука во една земја во која еден од тројца Македонци се идентификува како етнички Албанец, а другите две третини немаат поим што всушност значи да се идентификуваш како Македонец. Но Груевски оваа свитливост ја виде како шанса. Тој ги упати Македонците да се сројат кон едно дрско ново минато: не антиотоманизмот од деветнаесеттиот век што го наметна ВМРО-ДПМНЕ во 1990-тите, ниту антифашистичката митологија на југословенската Македонија, ниту пак словенскиот православен идентитет, туку грчкиот кралски идентитет. Во Скопје беа донесени странски археолози за да трагаат по директно потекло на Македонците од Александар Велики. Беше поканета делегација од едно село во Пакистан што наводно им било дом на предците на неговата војска. Скопскиот аеродром и автопатот што води кон Грција беа преименувани во „Александар Македонски“. Националниот фудбалски стадион беше прекрстен во „Арена Филип Втори“. Македонската црква почна да објавува радиоемисии во кои Македонија беше нарекувана „најстарата нација на Земјата“. Правејќи го сето ова, Груевски ги смени условите на дебатата. Една работа беше Македонија да се нарекува себеси „Македонија“; сосема друга работа беше Македонија трескавично да ја граба круната на тримилениумската хеленска цивилизација.

Kako ne gledaat Mkd-278222

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Kako ne gledaat Empty Re: Kako ne gledaat

Пишување by Гостин Пет Aвг 12 2016, 20:43

Груевски сега имаше разгневена жртва што пред својот претежно проевропски електорат може да ја обвинува за одбиеното пристапување. Очајните плати, ограничениот увоз, ограничените права за патување: за сето тоа се криви грчките политичари. И додека историски ова во голем дел беше точно, новата политика на Груевски наречена антиквизација, ги претвори дваесет и петте години параноја на Македонија во однос на своето место во меѓународната заедница - во самоисполнувачка закана. Внатрешно, без никаков мотив да напредува во дведецениските непрекинати демократски реформи, Груевски целосно ги размонтира. Неговиот кабинет за производствена политика се сврте кон сценската политика. Антивладините медиуми беше замолчени преку толку неверојатна низа затворски казни што за шест години Македонија на Светскиот индекс за слобода од 34-тото падна на 118-тото место - веднаш над Авганистан, а значително под која било друга европска земја. Политичката опозиција беше уништена со серија атентати и понижувачки апсења, од кои голем број беа емитувани во ударните термини на државната телевизија.

Последните осум години од владеењето на Груевски беа мешаница од контрадикторни политики. Неолибералот што се истакна со приватизациска платформа го преполни јавниот сектор стабилно хранет со евтини странски кредити. Еден од тројца Македонци сега работи во јавната администрација, која беше безмилосно колонизирана од ВМРО-ДПМНЕ; од универзитетските факултети преку судството па до полициските сили, продолжувањето на јавните договори зависи од лојалноста кон Груевски на изборите.

Во речиси секое македонско село може да забележите зграда во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ украсена со партискиот симбол разрикан лав; во Македонија има повеќе партиски канцеларии отколку болници. Реформистот што вети дека ќе го искорени градежничкиот рекет го институционализираше перењето државни пари од невиден размер. Кога аналитичарите во Скопје ги замолив да ми ја објаснат состојбата на финансиите на Македонија, тие не можеа; партиските финансии на ВМРО-ДПМНЕ и БДП-то на Македонија се длабоко испреплетени. Во Вашингтон партијата троши 1,7 милиони долари годишно за лобирање фирми што ги туркаат партиските интереси за кои таа инсистира дека се во согласност со македонските интереси. Околу 5 милијарди евра - половина од македонското БДП - наводно се излеани од Македонија на офшор-сметки откако Груевски дојде на власт. Неговиот следбеник Ѓорге Иванов ги негира откритијата во Панама пејперс што го поврзуваат со офшор-сметки.

Денес постојат три столба на моќ во Република Македонија: државата, ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Разликата меѓу нив три полека се топеше во текот на последната деценија. Секој што протестира против Груевски или одбива да гласа за ВМРО-ДПМНЕ не може да биде вистински Македонец; тие по дефиниција се петтоколонаши на оние што заговараат против Македонија однадвор - широка категорија заговорници што се движат од Грција преку Црвениот крст па до ЦИА. Според светогледот на Груевски, овие групи се во сојуз против него. Социјалдемократската опозиција? „Предавничка структура што работи против националните интереси на Република Македонија.“ НАТО? „Северноатлантска терористичка организација.“ Америка? Фронт за албанските интереси. ЕУ? Среќно ги прифаќа грчките уцени. Русија? Фасцинирана од Србите.

Цврстата државна контрола врз медиумите убеди голем број Македонци во оваа слика. „Груевски знае како да контролира една модерна нација-држава подобро од што Милошевиќ некогаш знаел“, ми рече Љубомир Фрчкоски, еден од тројцата луѓе што го напишаа македонскиот Устав од 1991 година. „Неговиот авторитаризам е технократски, често sui generis. Тој знае работи што Путин не ги знае.“ Кон крајот на 2010 година, Мијалков почна да му дава на Груевски дневни брифинзи за опозицијата. Заедно тие ја имплементираа најголемата програма за незаконски надзор спроведена во Европа по распадот на Штази. Во текот на четири години, телефоните на најмалку дваесет илјади одбрани Македонци - плус, на шест амбасадори и најмалку еден американски функционер - биле прислушувани. Во својата никсоновска глад за надзор, администрацијата на Груевски се снимила и самата себе. Во мај минатата година Зоран Заев, лидерот на социјалдемократската опозиција, ги објави записниците од 675.000 снимени разговори - низ цела Македонија познати како бомби, тврдејќи дека ги добил снимките од антивладин „свиркач“. Груевски вели дека некоја странска сила му ги предала на Заев, кој кратко време откако ги објави снимките беше обвинет за обид за државен удар. Заев ми кажа дека верува дека уште најмалку два милиони разговори сè уште се во сопственост на Груевски. Оние што беа објавени ја открија, во прецизни детали, длабочината на корупцијата и непотизмот, а да не зборуваме за прикривањето убиство и полициска бруталност, извршени од апаратчиците на ВМРО-ДПМНЕ. Македонците ќе излезат на избори оваа есен за да одлучат за судбината на Груевски.

Kako ne gledaat Mkd-278226

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Kako ne gledaat Empty Re: Kako ne gledaat

Пишување by Гостин Пет Aвг 12 2016, 20:43

А сепак тешкотијата со одземањето на моќта на Груевски преку избори е во тоа што македонската демократија е скроена да го одржува него на власт. ВМРО-ДПМНЕ разви сложен систем на организиран превоз на гласачите во областите каде што се мачи да добие мнозинство. Како излезено од перото на Гогољ: од 480.000-те Македонци што гласаат за Груевски, околу сто илјади не се живи, тие се т.н. фантомски гласачи. Етничките Македонци од албанската граница на денот на изборите се носат во Скопје и им се даваат лични карти издадени од владата со адреси во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ. „Мора да бидеме внимателни, бидејќи нè набљудуваат. Се плашам дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа може да почне да лае“, му вели министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на Груевски на една од снимките. „Мислам, не може да имаш 40 нови луѓе во село со население од пет.“ Граѓанскиот отпор кон владеењето на Груевски беше целосен неуспех. Антивладини протести? Груевски веднаш го исклучува интернетот и со автобуси носи контрадемонстранти од целата земја, кои обично се стимулираат со бесплатен сладолед. Странски НВО? Формиран е цел еден паралелен свет од КВАНВО-и („квазиНВО“) финансиран од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да им се спротивстави на наодите на секое НВО. Мрежата од блогови и јутјуб-канали против Груевски работени и пишувани од дома? Армија од интернет-тролови финансирани од ВМРО-ДПМНЕ напаѓаат со коментари преполни со владина пропаганда.

„Копнееме по влада како онаа во Босна“, изјави еден ЕУ-функционер во 2011 година, алудирајќи на режимот на Груевски. Речиси сите претседатели на НВО што ги сретнав во Скопје сметаат дека на Груевски му било дозволено да ја уништи кревката псевдодемократија за да обезбеди наводен бастион на стабилноста во срцето на Балканот за возврат. Повеќето од овие лидери на НВОи додаваат дека Брисел, во својот очај да покаже дека прави нешто за начинот на спроведување на демократските реформи, честопати не прави ништо. Во последните десет години, политичките извештаи беа искривувани за да се покаже дека демократијата во Македонија функционира. Веќе во април 2014 година европските набљудувачи тврдеа дека изборниот процес на Македонија - оној што функционира со околу сто илјади лажни гласачи - е „ефикасно спроведен“. Ова сега ја стави ЕУ во непријатна позиција да се обидува да ги поправи работите преку истите државни апарати што ги контролира самиот Груевски - главно, со гонење на Груевски преку судството, во кое четири петтини од членовите му се лојални на ВМРО-ДПМНЕ. Откако ја избра стабилноста пред демократијата во Македонија, денес ЕУ го нема ни едното ни другото. Груевски, кој е во редовна комуникација со Реџеп Таип Ердоган и Виктор Орбан, го усоврши планот за тоа како да создаде нелиберална демократија со помали, балкански размери. Србинот Александар Вучиќ е еден од луѓето што ги следат стапките на Груевски. Поопасен лик е Милорад Додик, босански Србин од Бања Лука и автор на претстојниот референдум во Република Српска, кој речиси сигурно ќе предизвика аспирации кон Голема Србија и ќе фрли голем дел од Балканскиот Полуостров во политички раздор.

Kako ne gledaat Mkd-278225

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Kako ne gledaat Empty Re: Kako ne gledaat

Пишување by Гостин Пет Aвг 12 2016, 20:44

Речиси насекаде на Западен Балкан уредувањето на постјугословенскиот простор (НАТО ќе обезбеди сигурност, ЕУ ќе поведе демократски реформи) беше прекинато поради неможноста ЕУ успешно да ја примени политиката морков-и-стап врз локалните политички елити.

Пред петнаесет години, сепак, Македонија беше првиот голем успех на интервенциите на ЕУ. Во февруари 2001 година Ослободителната национална армија (ОНА), тешко вооружена сила со околу шест илјади косовски ветерани, џихадисти и шверцери на дрога и на оружје, за малку ќе ја почнеше „Петтата војна на балканската сукцесија“ со Македонија. Некои борци на ОНА сакаа Голема Албанија; повеќето само сакаа еднаква застапеност во македонското општество, во кое имаа минимален удел во јавните работи. А сепак, во рок од шест месеци, командантот на ОНА, Али Ахмети, некогаш марксист-ленинист со стабилно место на црната листа на ЦИА, ги расформира своите герилци, се симна од подножјето на Шара и ја поби старата поговорка дека Албанецот никогаш не го предава своето оружје. За тоа беше одговорен Охридскиот договор посредуван од ЕУ. Само со формален чин на бунтување Ахмети за половина година обезбеди повеќе политички права за албанската заедница во Македонија отколку што тие добија во текот на цела деценија парламентарни политики.

Лекцијата не ја заборави ниту една од страните - најмалку тврдокорниот националист Груевски, кој сега владее во коалиција со никој друг туку со самиот командант Ахмети. „Денес, Ахмети врши полоши злосторства против албанската заедница од кој било Македонец што некогаш можел да врши“, ми рече Георгиевски, премиерот што ја изведе шестмесечната војна против Ахмети во 2001 година.

Најфасцинантното постигнување на Груевски е тоа што го изврте Охридскиот договор, воспоставувајќи две паралелни општества наместо да интегрира две рамноправни општества. Во Македонија денес, словенските Македонци и Албанците имаат ограничена интеракција. Тие живеат на спротивните брегови на реката Вардар. Ретко присуствуваат на протестите на другите. Секој од нив е претставен од политички елити што се сосема исти по корумпираноста и непотизмот. Груевски е неоспорно помоќен од Ахмети; но и само преку еднократниот бунт во ридовите овој успеа да воведе контрола врз околу петстотините илјади Албанци на кои не им требаа прислушуваните материјали на Заев за да ја осознаат длабочината на вмровскиот расизам кон нивната заедница. („А да направиме војна со Албанците?“, му вели на снимките еден ВМРО-министер на друг. „Ако треба да покажеме кој е посилен, ќе ги здробиме за еден час“, одговара другиов.)

Денес во Македонија, политичките елити и во словенската и во албанската заедница ги користат етничките тензии за да го одвлечат вниманието од укажувањето на корупцијата. Највпечатлив пример за ова е она што се случи на Денот на Европа во мај минатата година, додека масовните протести против прислушувањето од Груевски го парализираа центарот на Скопје. Четириесет километри североисточно од главниот град, во градот Куманово влегоа косовски вооружени лица, наводно по наредба од шефовите на албанската мафија. Во исто време (етнички словенска) национална полиција беше испратена од Скопје во Куманово за да спроведе чистка на некоја локална наркобанда. Двете групи се судрија; следуваше улична борба; дваесет и две лица загинаа. Во моментов се одржува судење, иако одбраната тврдеше дека кратко време по судирот четиримина од преживеаните вооружени лица биле убиени во околната полициска станица за да бидат спречени да сведочат против државата. Фотографите што ги сретнав што отишле во Куманово кратко време по пукањето, рекоа дека нивните мемориски картички биле конфискувани од полицијата. Речиси веднаш Груевски излезе на државната телевизија со тврдења дека пак се случува бунт за Голема Албанија, уште една 2001 година, оваа поттикната од „учесници од неколку земји, некои и на Блискиот Исток, што укажува на нивното големо искуство во герилски борби“. Но повеќето слободоумни поединци што ги сретнав во Македонија, и етнички Словени и Албанци, беа убедени дека Куманово - најкрвавиот насилен инцидент на Балканот во една деценија - може да е само заедничко дело на Груевски и Ахмети.

Кулминација на нестабилната мешавина од параноја и хипернационализам на Груевски е нешто што се нарекува „Скопје 2014“, градежен проект со олимписки размери, во кој беше урнат комунистичкиот центар на Скопје и заменет со безмилосен кичерајски класичен тематски парк. Тој е театрално провокативен. Стотици бронзени и глинени статуи на музи и хелинистички кралеви и византиски светци беа поставени на десетици нови мостови, музеи, владини згради, фонтани и пиратски бродови. Некои од нив имаат звучници од кои трештат Вагнер и Џон Вилијамс; други ги следат минувачите со мали камери; ретко кој ги отсликува етничките Албанци. Огромна статуа му е посветена на Александар Велики, кого го дои и го гушка Олимпија, мајка му. Некои Македонци го користат како доказ дека „Скопје 2014“ има фројдовски поттекст: Груевски, кој, наводно, ги слуша политичките совети на својата мајка, копнее да ја реплицира својата загубена татковина. Во најмала рака, тој се обидува да покаже дека ако Македонија не може да стане членка на ЕУ, таа ќе стане самата ЕУ. Прошетајте низ Скопје денес и ќе најдете гипсени реконструкции на Триумфалната капија, Лондонското око, Шпанските скали, Пантеон и Бранденбуршката порта. (Има и раскошна репродукција на Белата куќа, изработена од водоотпорен гипс помешан со мали парчиња стакло, поради што изгледа како зградата да трепери кога ќе се вклучи ноќе.)

Прислушуваните материјали открија дека главниот дизајнер на „Скопје 2014“ е, се разбира, самиот Груевски. „Барокот е една работа, класицизмот е друго“, му попува тој на еден министер во една од снимките. „Зградиве што ги видовме кога бевме во Вашингтон беа класицизам, а столбовите што ќе ги имаме во Уставниот суд, тие се барок“. Речиси три години по крајниот рок, „Скопје 2014“ кога ќе заврши ќе го чини просечниот Македонец двомесечна плата. Тој му носи огромни провизии на ВМРО. Договорите за градежните работи им беа доделени на лица блиски до главната партија. Груевски го искористи субјективитетот на уметноста за да се збогати. „Поентата на уметноста е во тоа што не може да ѝ се стави цена“, ми рече една студентска активистка по име Ивана на антивладиниот митинг во мај. „Градењето на нацијата е вашата алатка за перење пари!“, пишуваше на нејзиниот плакат. „ВМРО може да ѝ наплати на државата 2 милиони евра за фонтана од 500 илјади евра и разликата да си ја стави в џеб.“ Прислушуваните материјали открија дека Груевски обично зема 5 проценти од мито во градежните проекти, па неговиот профит од „Скопје 2014“ би бил околу 50 милиони евра.

Quo vadis, Македонијо? Во текот на последните десет години, донесувањето одлуки и приходите на државата станаа неверојатно централизирани во Скопје. Неколку километри на север и на запад, ридиштата на етничките Албанци содржат многу повеќе од криминалот и патиштата што државата никогаш не се потрудила да ги асфалтира; нивните даночни пари наместо таму одат во главниот град, чија екстравагантна архитектура треба да направи тие да се чувствуваат како странци во сопствената земја. Многумина од Албанците што ги сретнав - не само селани, туку и активисти, новинари и професори по градовите како Тетово и Гостивар - тивко се сеќаваат на 2001 година, кога можеле да ја уништат Македонија. До 2025 година албанското население се очекува да го надмине македонското. Којзнае што ќе се случува таму.

На меѓународната сцена денес Македонија навистина е изолирана. Симпатиите во однос на прашањето за името, кои дваесет години генерално беа на страната на Скопје, сега несомнено се вртат кон Атина. За да се врати ова во рикверц ќе треба да се преуреди центарот на Скопје, дури и додека изградбата на „Скопје 2014“ сè уште е во тек; има Македонци што отворено зборуваат за тоа. Што се однесува на ЕУ, Брисел чудно се исклучи откако го принуди Груевски да ја напушти власта во јуни минатата година: додека илјадниците демонстранти продолжуваат да маршираат во Скопје молејќи ја ЕУ да им помогне да го поправат демократскиот систем што Груевски го уништи, добиваат само тапи изјави за потребата на Македонците сами да си ги средуваат своите кризи. Некои граѓански активисти со кои се сретнав за ова ги обвинуваат бегалската криза и „аргументот за стабилност“. Зошто инаку на Груевски би му било дозволено во последнава година да ја раководи државата како обичен граѓанин? Други, пак, сметаат дека ЕУ ја загубила политичката волја да биде негувателка на земја чии финансии наскоро ќе бидат како тие на Грција. Во јули Брисел нагло повлече 30 милиони евра што претходно беа наменети за реформирање на министерствата за правда и јавните финансии на Република Македонија. Ова не изгледаше толку како критика кон македонските политички елити колку како одбивање на десетиците илјади Македонци што ја гледаат ЕУ како единствено решение за нивната криза.

Сепак, најсилниот знак за местото на Македонија во светот денес веројатно е Владимир Путин, кој не покажа интерес дури ни за некаква ситна пропагандна победа со поттикнувањето на Македонија да се сврти кон Евроазиската царинска унија. Додека Молдавија котира високо во напорите за заговори и трикови од страна на Москва, за Македонија одамна е решено дека не вреди за маката.

Александар Клап е новинар што живее во Киев. Неговите дела се појавуваат во Балканист и во литературниот додаток на Тајмс.

http://www.mkd.mk/kolumni/najparanoichnata-zemja-vo-evropa

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Kako ne gledaat Empty Re: Kako ne gledaat

Пишување by трендафил Саб Aвг 13 2016, 21:31

Ајде ќе ги коментирам за почеток само очигледните лаги и будалаштини во коментарот. Ниту ненормалните во Македонија повеќе не зборуваат за 100 илјади фантомски гласачи. Бројката што се спомнува е под 40 илјади, но меѓу нив има и такви што сигурно не гласале за ВМРО и што сигурно не се фантоми. Мирјана Најчевска на пример.
Што да коментирам за, цитирам: „ Ова беше чудна одлука во една земја во која еден од тројца Македонци се идентификува како етнички Албанец, а другите две третини немаат поим што всушност значи да се идентификуваш како Македонец. “ Според мене, со напомена дека не сум психијатар па можеби грешам, само многу луд човек може да тврди дека една третина од граѓаните во Македонија се етнички Албанци, а дека Македонците не знаат што е тоа Македонец. А уште побудала е Македонец кој верува во такво нешто.
Еве и други цитати во кои се гледа расистичкиот однос кон нас Македонците од страна на авторот на памфлетот.
Во исто време (етнички словенска) национална полиција беше испратена од Скопје во Куманово за да спроведе чистка на некоја локална наркобанда
Но повеќето слободоумни поединци што ги сретнав во Македонија, и етнички Словени и Албанци.
Претпоставувам дека темава е отворена со намера да се прикаже какви будалаштини се пишуваат против Македонија во светот. Од идиоти што негираат дека сме Македонци и сакаат да не претстават како неиндентификувани Словени. Нешто што го финансира Џорџ Сорос, очигледно не само во Македонија туку и во странство. На СДСМ треба да му биде јасно дека додека не се откачи од ваквите идиоти нема да победи на избори. Затоа што Македонците сакаат да бидат само Македонци. Не етнички Словени. Авторот иначе го игнорира постоењето и на други етнички заедници во Македонија, на Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и други.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11182
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Kako ne gledaat Empty Re: Kako ne gledaat

Пишување by Kalinda Нед Aвг 14 2016, 16:20

Трендафил секоја чест
Уживам да те читам.
Продолжи понатаму
со пишувањето,
не запирај
Kalinda
Kalinda

Број на мислења : 494
Join date : 2015-02-28

Вратете се на почетокот Go down

Kako ne gledaat Empty Re: Kako ne gledaat

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот