ПРВОМАЈСКИ РУЧЕК

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ПРВОМАЈСКИ РУЧЕК

Пишување by osa on Чет Апр 30, 2015 12:45 am

eve edna preporaka za praznichen prvomajski ruchek ,prasechko pechenje 
Свечен прасечки бут
  
За подготовка на ова јадење потребни ви се следниве производи:
- 1 прасечки заден 
- 300 гр. чадена сланина
- 2 моркова
- 2 главици кромид
- 4 јаболки
- 1 јајце
- 1 главица лук
- лебни трошки
- 1 пилешка коцка за супа
- 1 лимон
- магдонос
- 2 дл. црвено вино
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е 4 часа.
На даската за сечење со остар нож бутот го засекуваме на неколку места. Го посолуваме од двете страни и го наросуваме со мелен црн пипер. Тавата за печење ја попрскуваме со масло за јадење и во неа го ставаме свинскиот бут. Чешнињата лук ги сечеме на половина по должина, а парчињата ги редиме во засеците на бутот. Потоа бутот го попрскуваме со масло за јадење.
Во тенџере налеваме 500 мл. вода и тенџерето го ставаме на оган. Потоа во водата ја ставаме пилешката коцка за супа. Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме во сад настрана. На парчињата сланина им ја отстрануваме кожата, а потоа ги сечкаме на коцки. Тенџерето со супа го тргаме од оган и го ставаме на работната маса. Потоа со црпалка од супата налеваме во тавата со прасечки бут. Тавата со бутот ја ставаме во рерна. Печеме 3 часа на температура од 200 степени. Исечканата сланина ја собираме на чинија и ја оставаме настрана.
Во тава за пржење на оган ставаме масло за јадење. Во маслото го додаваме исечканиот кромид и коцките сланина. Промешуваме и оставаме да се пржи. Во поголем длабок сад ситно рендаме кора од еден лимон. Јаболките ги сечкаме на четвртини и им ги отстрануваме семките. Потоа јаболките ги рендаме во садот на покрупната страна од рендето. Лушпата од јаболките ја оставаме настрана. Тавата со испржениот кромид и сланина ја тргаме од оган и ја ставаме на работната маса. Лукот ситно го сечкаме и го додаваме во ренданите јаболки и лимоновата кора. Магдоност ситно го сечкаме и го додаваме во истиот сад. Морковите ситно ги рендаме во садот. 
Потоа во садот со лажица решетка ја додаваме содржината од тавата. Во садот го додаваме јајцето, лебните трошки, солта и мелениот црн пипер. Се убаво промешуваме и уште еднаш додаваме лебни трошки. Повторно промешуваме. Потоа смесата ја ставаме на алуминиумска фолија и ја виткаме во ролат. Ролатот по дијагонала го ставаме во тава. Преостанатите јаболки ги сечкаме на парчиња. Потоа им ги отстрануваме семките. Парчињата јаболки ги собираме во еден сад. Ја отвораме рерната и во тавата со прасечкиот бут ги додаваме парчињата јаболки. Преливаме со црвеното вино. Повторно ја враќаме тавата во рерна и печеме уште 30- тина минути. Во тавата со ролатот налеваме вода, па и него го ставаме во рерна да се пече. Ги вадиме двете тави од рерна и ги ставаме на работната маса. Ја отвораме фолијата од ролатот, и испечениот прасечки бут го ставаме на чинија за сервирање.

Во тенџере врз кое има цедалка ги истураме сосот и парчињата јаболки. Со лажица ги гмечиме јаболките, а сосот во тенџерето го ставаме на оган да се вари. Во тава за пржење ставаме 2 лажици брашно и мешаме додека се испржи. Потоа брашното го додаваме во тенџерето на оган. Зачинуваме со мелен црн пипер и со црпалка промешуваме. Ролатот заедно со фолијата го ставаме на даската за сечење и го сечеме на парчиња. Ја отстрануваме фолијата, а парчињата ролат ги редиме на чинијата за сервирање, околу свинскиот бут. Украсуваме со гранчиња француски магдонос, помеѓу парчињата ролат. Декорацијата ја завршувамне со цвет од лушпа од домат. За крај прасечкиот бут со црпалка го преливаме со сосот од тенџерето. Од сосот ставаме и во посебен сад за прелив.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете Македонско црвено вино.
Добар апетит.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот