Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

2 posters

Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:07

Животот во континуиран ирационален, необјаснив и тешко излечив страв од некои предмети, места и појави не е ни малку забавен, и никако не смее да биде предмет за исмејување. Фобиите се сериозни нарушувања со кои луѓето тешко се справуваат, бројни се и не се ретки, но понекогаш толку необични и бизарни така што здрав човек воопшто не е во состојба сериозно да ги разбере.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:07

Фактот дека некој го живее животот во страв од палто, путер од кикирики или облаци, можеби на некого му делува како добра шега, меѓутоа, збор е за фобии од кои патат луѓе ширум планетава!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:07

Голем број на луѓе во светот имаат традиционални стравови. Едни панично се плашат од инсекти, други од висина, трети од летање со авион… Меѓутоа, постојат и луѓе кои панично се плашат од на прв поглед сосем споредни работи

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:08

Папафобија – Страв од папата

Иако помалку звучи како потсмевање, збор е за легитимна фобија која не вклучува само страв од поглаварот на Католичката црква, туку и од самата црква. Што е толку страшно во поглаварот на Црквата, тешко е да се каже. Ако е во прашање облеката, тогаш предмет на фобијата практично може да биде секој кардинал, а не само папата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:08

Вестифобија – Страв од облека

Светот би бил интересно место кога поголем број луѓе би пателе од оваа фобија, посебно кога тие луѓе би спаѓале во групата на млади и убаво градени. Меѓутоа, тоа важи само за земјите во која таа фобија би можела слободно да се манифестира, без страв од смрзнувања и слични непријатности.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:08

Епистемофобија – Страв од знаење

Иронично гледано, ова веројатно е најраспространета фобија на светот. Знаењето е лошо, опасно и непотребно, а според таа претпоставка, ни самата оваа фобија не треба премногу да се проучува бидејќи тоа само ги влошува работите.

А за тие кои се само мрзливи, збор е за одличен изговор за отсуствата од училиште и од предавањата, како и за лошите резултати на испитите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:08

Линонофобија – Страв од ленти

Во која мерка обична лента може да наштети на човекот да развие фобија од тој предмет? Не може бог знае како да го повреди, тешко дека со неа некој ќе се послужи да изврши некое тешко злосторство, не е, како облеката, норма на секојдневниот живот, па да поттикнува згрозување, дури ни сама по себе не изгледа страшно.

Единствено ако линонофобите знаат нешто што среќниците кои не ги мачи таа фобија не го знаат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:09

Арахибутирофобија – Страв од путер од кикирики залепен за непцето

Колку е оваа фобија честа? Тешко е да се каже, иако и еден случај е премногу! Иако чувството на залепен путер на непцето е незгодно, оваа фобија не спаѓа во потесната конкуренција на фобии кои се банални, бидејќи ова може да се избегне едноставно со избегнување на овој производ.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:09

Панофобија – Страв од се

Мислите дека сте имале лош ден бидејќи шефот ве затрупал со работа, не сте стигнале ништо да изедете, ве болела глава и уште на враќање дома ве нападнал пес? Сето тоа не е ништо во споредба со денови какви ги минуваат панофобите.

Замислете живот во непрекинат страв од се и сешто, без многу можност таа состојба да се олесни! Тешко е да се каже колку оваа фобија е честа, бидејќи панофобите се плашат од прашања, се плашат од одговори, се плашат од луѓе кои би можеле да им постават прашања…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:09

Хипопотомонстро сескуипедалиофобија – Страв од долги зборови

Поради што настанува страв од долги зборови? Од перспективи на лаик, доволно е да се помисли како таков збор е комплициран да се прочита и изговори (особено ако станува збор за јавен настап), а на тоа сигурно придонеле и досадните предавања кои многумина ги успиваше во училиштата и на факултетите, а кога на тоа ќе се додаде и се она што денес може да се види (и слушне) на телевизија…

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:09

Непофобија – Страв од облаци

Сивите и злобни облаци навистина можат да наежат и кога луѓето не се борат со овој вид на проблем. Но, постојат луѓе кои патат од непофобија, страв од облаци и им причинуваат ирационални напади на страв.

Како на себе да си помогнеме во таква ситуација? Решението можеби лежи во преселба – Велика Британија никако не е препорачлива, но Карипските острови звучат како одлично решение.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:09

Какофобија – Страв од грдотија

Имајќи ги предвид фотографиите на убавиците и убавците кои ни се смешкаат од страниците на таблоидите, женските или тинејџерските списанија, не е ни чудно дека е збор за многу честа фобија.

Грдотијата значи тешкотија во пронаоѓање на партнер, поголем труд во остварување на деловните и животните цели, изложеност на потсмев, па дури и запоставување во основно и средно училиште.

Покрај тоа, овој страв не ги заобиколува ни оние кои се во категоријата на грдите, ни оние убавите – на едните им е проблем да се носат со тоа, а вторите се грижат да не ја загубат убавината. Како тогаш да не се плашиме од грдотијата?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Гостин Чет Јан 28 2016, 21:10

Фобофобија – Страв од страв или страв од развивање на фобија

Иако звучи како лоша шега, стравот од страв, т.е. стравот од развивање на фобија навистина постои и на многумина им задава главоболки.

Експертите предупредуваат дека оваа фобија е многу честа и како и сите останати фобии, многу лошо влијае на квалитетот на животот бидејќи со себе повлекува проблем како претерано потење, тешкотии, лупање на срцето, губење здив, па дури и вистински напади на паника.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by reiter Чет Јан 28 2016, 22:04

hm,stravot e normalna pojava i kaj zdravite i kaj bolnite.Treba da se boris so stravot i sovladas istiot,loso e ako se predades na stravot.A fobijata po mene e psihicko rastrojstvo koe saka lekarska pomos i sekako borba so samiot sebe za da se oslobodis.Hipnozata dava dobri rezultati.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Voivodata Пет Јан 29 2016, 17:54

papata kak go naricate, be , premiero li e papata Wink ?

_________________
“Съединението прави силата”

Voivodata

Број на мислења : 48
Join date : 2015-12-29

Вратете се на почетокот Go down

СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА Empty Re: СТРАВ ОД СТРАВ ИЛИ СТАВ ОД ПАПАТА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот