Интервјуа и колумни

Страна 6 of 24 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 15 ... 24  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Пет Апр 17, 2015 10:03 am

сакале да признаеме или не,народот живее во беда,неизвесна иднина и лажен патриотизам.Каква логика би станало во ред кога стомакот ти тропа,се трудиш максимално да сработиш но со мизерна плата да врзеш крај со крај и подмиреш месечните трошкови е невозможно,секој гледа да земе бг пасош и иднината да ја гради надвор од Македонија...Нема место за логика.Логика може во овој момент секој да бара што е добро ситуиран и ова помине без поголеми турбуленции како би си го заштитил она што го створил од украденото,намерно реков украдено затоа што никој со нормален труд во Македонија не спечалил.
Колумната на кабранов е чист погодок.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Фири1 on Пет Апр 17, 2015 10:24 am

Е ти шо збориш бе, состойбата я знаеме и токму поради тоа колку побргу и со помали турбуленции се реши се толку подобро. Ама нели видиш шо се случува, Заев сака да ги беси тие сакат да го апсат, единиот ке натера симпатизерите на опозицията, другите ке натерат тврдото ядро и тие дека се ставиле на работа и шо мислиш ке се случи освен судири, ке се намеси Миялков со полицията и ке стане можно найголемата турбуленция шо не е во никаква корист на една бедна мизерна држава при тоа федерална, може да се очекуват и етнички судири.Инаку лажниот патриотизам да не почнал од груйо? Србоюгокомунярите ке се борат за вистината за Македония разбираш ли истите тие дека со терор и децения пропаганда му смения идентитет и го полупосрбия? Голема каша ем смешно ем трагикомично SmileКако сложиме и спорот за името што е уште поголема глупост оти нема нормален надвор од пропагандата внатре во Македония дека да не верува дека името е грчко и вие немате ништо општо со античките македонци и плескавицата е тотална. На бугарски се вели манджа со грозге Smile

Фири1

Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Фири1 on Пет Апр 17, 2015 10:44 am

Всушност Заев не можам да му го одречам се обиде да убеди криминалецот да си оди со добро. Дури беше криво разбран од мнозинството луге (кои нема да се лажеме се претежно глупи и лесно се манипулират) како пазрлук за фотели.Но найинтересното е дека никой незнае шо ке се случи.Дали Груйчо ке иде на се или ништо (сукоби) или ке измисли некой потег со предивремени избори? Кай нас ништо интересно не се случува, кай вас е многу поинтересно, следим с интерес и найвеке максимално одстранено оти вие добро знаете дека за яничари нема како да ми е гайле Smile

Фири1

Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Пет Апр 17, 2015 10:56 am

не ја гледај од едната страна...ако од едната страна стое мијалков и полиција не значи дека и полицијата ќе биде сурова према народот па ќе го тепа-убива народот како стока.Верувај дека во еден момент на силна ескалација - полицијата ќе го положи оружјето.И полицајците и мијалков имаат тело и душа како и сите други.И тие се плашат.Што мислиш дека народот со голи раце ли ќе излезе?Ако има жртви што мислиш грујо и мијалков како ќе размислуваат во тој момент - ќе бидат ниту на небо ниту на земја а со тоа ептен ќе им биде јасно дека нивниот животен крај ќе биде и полош од чаушеску.Барем во Македонија има оружје колку што сакаш.Во немири никој не е сигурен за животот па ако сака и цар да е никој не гарантира за личната безбедноста.Нема потреба од ПЛАШЕЊЕ дека ќе дојде до кој знае колку лоша ситуација..Плашењето му ОДГОВАРА само на Грујо и ФАМИЛИЈТА и сите кои бараат амнестија или било какво друго решение да би груевски останал на власт и така се прикрие криминалот на власта и оние кои грабале 24 години.
Етнички судири?Не би рекол.Иако можни се и такви планови за спас на груевски.Мислам дека народот е доста сконцентриран и знае каде треба да мава и кој го држи во заложништво.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Фири1 on Пет Апр 17, 2015 11:06 am

Значи што да ти кажам , мислам дека манипулираните од Шител,Канал 5 и Алфа и вработените од фамилията се повеке од опозиционерите кои би излегле на улица така да дури без да се намеси полицията тие ке претрпат пораз. Колко до оружието биди сигурен дека е во пати поеке кай Миялков и дпмне, имат дури водни топови Smile Бе воопште много интересна ситуация никако не се знае шо ке стане Smile

Фири1

Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Пет Апр 17, 2015 11:14 am

Фири1 напиша:Значи што да ти кажам , мислам дека манипулираните од Шител,Канал 5 и Алфа и вработените од фамилията се повеке од опозиционерите кои би излегле на улица така да дури без да се намеси полицията тие ке претрпат пораз. Колко до оружието биди сигурен дека е во пати поеке кай Миялков и дпмне, имат дури водни топови Smile Бе воопште много интересна ситуация никако не се знае шо ке стане Smile
кога ќе згрми многу сегашни јунаци(ГДОМ и останата багра кои се криеа 2001,а сега се големи патриоти) ќе се скријат и избегат у најмалото дупче од кај што испаднале...да знаеш дека е така...ти кажав кога ќе ескалира до крајност полицијата ќе го положи оружјето пред народот..е тогаш нека му ја мислат грујо и другите....

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Фири1 on Пет Апр 17, 2015 11:29 am

Яс не мислам дека агитката на Вардар кои се контролират од ДПМНЕ ке избегаSmile Поскоро ке избегат од нив нормалните луге кои се пак имат деца и не се херои да мрият по глупио сукоби Smile

Фири1

Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин on Пет Апр 17, 2015 11:31 am

Kje se borat tokmu zatoa shto imaat deca...Za nivnata idnina... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Фири1 on Пет Апр 17, 2015 11:42 am

Ке видиме, яс не сум роднина на баба Ванга да знам шо ке се случи.Ама май и вие не сте Smile

Фири1

Број на мислења : 283
Join date : 2015-04-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин on Пет Апр 17, 2015 7:46 pm

Зар и ти, сине Бранко?

Црвенковски ништо не мора и не треба да прави заради СДСМ, бидејќи не е во прашање судбината на партијата. Во прашање е судбината на Македонија и сериозната загрозеност за нејзината интеграциска перспектива. Ако тоа не го загрижува поранешниот шеф на државата, ако не му создава потреба и порив да се вклучи со свои ставови во јавната дебата, тогаш – што би можело да го зaгрижи?

http://lokalno.mk/zar-i-ti-sine-branko/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=zar-i-ti-sine-branko

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by tmoro on Пет Апр 17, 2015 8:12 pm

luxor напиша:Зар и ти, сине Бранко?

Црвенковски ништо не мора и не треба да прави заради СДСМ, бидејќи не е во прашање судбината на партијата. Во прашање е судбината на Македонија и сериозната загрозеност за нејзината интеграциска перспектива. Ако тоа не го загрижува поранешниот шеф на државата, ако не му создава потреба и порив да се вклучи со свои ставови во јавната дебата, тогаш – што би можело да го зaгрижи?

http://lokalno.mk/zar-i-ti-sine-branko/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=zar-i-ti-sine-branko

Бранко е мозокот на екипата за рушење на оваа диктаторска влада,немат потреба да се појавуват заедно со бомбите.Тој е 1000 чекори пред НЕБАЊАНИТЕ.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Пон Апр 20, 2015 11:49 am

Едно чудо прашања за Груевски напиша:

[img][/img]
Сашо Ордановски

Со оглед на развојот на настаните во државава, имам неколку прашања, всушност едно чудо прашања, за г. Груевски. Знам, го злоупотребувам просторов со содржина која повеќе би ја личело за на прес-конференција или би била посоодветна за интервју со Груевски, ама такви нешта во Македонија нема за оние што би прашале нешто што е вон „скриптата“ на г. Протоѓер, експертот за спроведување избори во Охрид. Значи, може? Добро... Еве, вака: Господине премиер, зошто неделава во Скопје се сретнавте со високи претставници на американската администрација, кога наоколу тврдите – преку целата своја пропагандна „ергела“, каде вие по неколку пати во годината давате обемни премиерски интервјуа и друг вид полноќни беседи – дека САД е земјата што со својата, кон нас, непријателски настроена тајна служба стои зад прислушувањата во аферата „Пуч“ и го користи „предавникот“ Зоран Заев за уништување на Македонија? Можете ли да ми објасните дали оваа средба со американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји, треба да ја сфатиме како ваше привремено лицемерие и желба американските претставници лично, „очи во очи“ да ги презирате; дали станува збор за некој вешт политички маневар што допрва ќе треба да видиме како ќе се развива; или е во прашање пропуст на вашата служба за протокол која, без ваше знаење, ви ставила во дневниот распоред средба со непријатели на нашата татковина од земјата чиј државјанин е и Сорос? Следно, дали се прислушува и средбата на г. Брајан Ји со лидерот на македонската опозиција Зоран Заев? Ако се прислушува, од кого се прислушува? Ако не се прислушува, зошто не се прислушува? (Овде се воздржувам да ве прашам дали сте ја снимале со специјални истражни мерки вашата средба со Ји, за да не испаднам ептен непристоен...) Или мислите дека и со Американците ќе поминете како со другар ви Орбан: во истиот зимски период во 2013 година кога во Скопје беа уапсени дваесетина осомничени во аферата „Шпион“, подоцна повеќемина од нив и осудени на многугодишни казни робија за шпионажа во корист на Унгарија, вашиот претседател Ѓорге Иванов на Виктор Орбан му го врачи највисокиот орден на државава „8 Септември“, „за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Унгарија, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија“? Значи, врвниот шеф на унгарските тајни служби, г. Виктор Орбан, нѐ шпионирал, додека истовремено унгарскиот премиер, г. Виктор Орбан, ги развивал и ги зацврстувал пријателските односи со нас, и тоа под привременото име Фајром?! Дали ова значи дека е во подготовка сличен орден и за Обама, бидејќи овде неколкумина веќе се во притвор, а еден е и осуден, за шпионажа во корист на ЦИА и на Заев, како што разгласуваат вашите пропагандни трабанти? (Ова не е прашање, туку констатација: јас сум сигурен дека Обама едвај чека да добие покана од Иванов и да седне во својот авион за и тој да го прими орденот „8 Септември“, за развивање и зацврстување пријателски односи со нас, под уставното име Република Македонија.) А ЗА „УЧК“ РАЗГОВАРАВТЕ ЛИ? Добро, а со оглед на специјалниот договор за воена и политичка соработка што вие го потпишавте со претседателот Буш пред некоја година, разговаравте ли со Американциве за бомбардирањето на Владата – не мислам на политичката „канонада“ од Заев, туку на ракетирањата на овие од „УЧК“? Ги прашавте ли „спонзорите на УЧК“ какви нишански справи употребуваат терористиве за да не можат онолкав бел, осветлен дворец да погодат, а и кога претходните двапати го погаѓаа, ни едно стакло не искршија!? Им предложивте ли братучед ви Мијалков да им посредува кај Израелците за набавка на подобри нишански справи, а ако се умни и донација би добиле, на повеќе рати, уплатена во странска банка, со посредништво на приватна фирма што тие ќе ја одберат? Да не им го понудивте Криволак на Американците за тренирање на „УЧК“ за гаѓање бели згради? Па, ако тие нѐ прислушувале, а вие љубезно си молчите, зошто и нивниве „ракетари“ да не ги тренираме на Криволак? Да ве прашам, а знаете ли дали некој од вашите министри во изминативе неколку недели веќе побарал политички азил или имигрантска виза за преселба во Америка? Што мислите, со оглед на компликуваните правно-политички околности во кои ја доведовте Македонија, дали ваквите барања се одбиваат или се прифаќаат од страна на САД во пропишаните услови за тоа? Уште би ве прашал и дали знаете на кои македонски државјани во догледна иднина ќе биде објавено дека им се замрзнуваат имотите и банкарските сметки во САД? Разговаравте ли, како што е ред, „зад затворени врати“, со вашите американски гости за списокот? Или ова прашање се одлага за следната посета, на малку повисоко (и погрубо) ниво, на една друга американска делегација која, ако не се одвиваат работите според очекувањата, ќе ја посети Македонија кон средината на мај? Всушност, баш ме интересира, колку посетители од САД мислите дека е неопходно да дојдат во Скопје за да ви укажат на правните и политичките последици од делувањето на вашата фамилија? Кажете, слободно: уште две делегации; уште седум; уште триесет и девет делегации? Впрочем, можеби е поважно да ми одговорите зошто со своите долгогодишни однесувања ни го урнисавте државниот и институционалниот суверенитет до таа мера за да мора странски делегации и посредници да ни ја спасуваат државата? А СО БУГАРИТЕ СТЕ СЕ ЧУЛЕ ЛИ? Можеби и нешто друго си мислите: дека Македонија, тивко и никој да не ве види, како кокошкари што крадат ноќум, ќе ја однесете економско-политички и ментално на Исток, кај Путин, па пред да ве „фатат“, работата веќе ќе биде завршена? А не ли ви е паметно да ги прашате другарчињата во Софија како поминаа тие не така одамна кога се обидоа Бугарија да ја „прошверцуваат“ кон Исток, наспроти нејзиното членство во ЕУ и во НАТО и наспроти желбите на мнозинството нејзини граѓани? Или паметот само ви е во банкарските сметки, во процентите и во специјалните „финансиски и здравствени зони“? И, во овој контекст, би ве прашал зошто мислите дека со секое доаѓање и заминување на ВМРО од власт во државава, последиците врз нашите стратегиски и геополитички ориентации се толку големи, што со години не можеме да се рехабилитираме на меѓународната сцена? До кога идеолошките и политичките шизми во вашето историско движење и во денешнава ваша партија треба да бидат траума за прозападната, проевропска ориентација на големото мнозинство други граѓани на Македонија? Впрочем, да ве прашам, па и што ако јавно кажете дека Заев е поврзан со Американците во прислушувањето на Македонија? Ако имате докази за тоа, зошто да не им ги „плеснеме“ в лице на Јенките? Што не им кажете дека тоа белото комбе со антените за прислушување што правело крш низ базните станици на мобилните оператори во центарот на Скопје им е паркирано во подрумите на нивната амбасада на Кале или дека знаете оти веќе заминало преку подземните тунели од амбасадата кон Косово? Или целата приказна, сепак, нема врска со Американците? Или има? Или нема? Па, тогаш, да ве прашам, дали сте се чуле со Зврлевски деновиве? Бидејќи, како што е познато, „камењата од блиску доаѓаат“, па не мислите ли дека е, сепак, најдобро, за секој случај, да се „паркирате“ во чекалницата кај обвинителот, за непотребно да не се изненадувате во неделите што следуваат? Нема белки оваа работа, можеби најважната во вашиот досегашен живот, да ја препуштите Гордана Јанкуловска да ви ја средува, жената која и самата не знае кај ѝ е главата и кој пат да го фати?! ПРЕДВИДЛИВА ТРАЕКТОРИЈА Сите политички манипулации на Груевски се веќе потполно проѕирни. „Митологијата“ на тие политики беше базирана врз недопирливоста на моралниот лик на водачот: чесен, работлив, со верба во Бога, семеен, почитуван и дома и надвор, кому народот му е поважен и од сопственото здравје. Таа внимателно градена пропагандна слика веќе сосема е распадната. Ниту е чесен, ниту е почитуван, работливоста може да му се мери само во однос на злобата и алчноста, а излегува дека парите и имотот му се поважни и од сопствениот народ. Како што коректно преогнозиравме пред повеќе недели, кризата во Македонија се развива по предвидлива траекторија: нејзиното ескалирање со првите дваесетина јавни презентации на прислушуваните разговори политички сосема го разнишаа и го делегитимираа режимот на Никола Груевски. Во првата половина на мај ќе треба да следуваат јавни собирања за на демократски начин граѓаните да побараат демисија на режимот – масовноста на тие собири ќе биде аргумент сам за себе. Потоа ќе започнат сериозни преговори за привремената управувачка структура која ќе добие политички мандат за подолготрајна подготовка на наредните, фер и демократски, избори. Секое ирационално и патолошко однесување на власта во овој период само ќе го забрза нивниот пад и ќе ја отежне ситуацијата во која ќе се најдат по падот. Процесот на делегитимирање на корумпираните, автократски режими има челична логика: тоа што на почетокот може со потсмев да го отфрлат како „непристоен предлог“, веќе за само неколку недели или месеци ќе им се чини како недостижно пожелна варијанта за спас на тоа што може да го спасат (најчесто сопствената глава). А до наредните избори се надевам дека на многу од поставените прашања ќе добиеме и некакви одговори...
(Објавено во „Слободен печат“) напиша:

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Апр 22, 2015 9:31 pm

Dobro bre narode gledajte na 24 vesti sto se slucuva ?!?!?!?!?
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa on Сре Апр 22, 2015 9:39 pm

shto ?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11958
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Апр 22, 2015 9:45 pm

Pa gledaj .... Mircev (sovetnikot na horhe) probuva da obori svetski rekord u glupost, a Mishko, Albert M i ovoj amsterdamecov.... go podjebavaat na angro... DNO I CIRKUS se vo edno!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa on Сре Апр 22, 2015 10:01 pm

kakov "profil" mu naprai na martincho ,vauuu !! 
ama dzabe ,gleash i Stojanche veli da se uapsat za da ne vlijaat na svedocite  i da ne gi sokrijat dokazite !? ama nishto od toa !!!!!
i neli se prvi megu ednakvite ?!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11958
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Саб Апр 25, 2015 6:01 pm

од денешната радио емисија стадион на канал77 со гостин Бабамовски...вреди да се погледа...слушнете само на почетокот од емисијата какво и која количина на оружје имало на караулата која имала 5 граничара од кој едниот на самиот ден на напад на караулата бил ОДСУТЕН...


_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Сре Апр 29, 2015 6:46 pm

ШОКАНТНА АНАЛИЗА НА ПОРАНЕШЕН МАЈОР НА АРМ: АРМ ЌЕ СЕ ВМЕША ВО МАЈСКИТЕ ПРОТЕСТИ НА ОПОЗИЦИЈАТА напиша:
АРМ ја решава Мајската борба но не и победникот Тешката политичка состојба во Р.Македонија ми дава за право да го констатирам дека Мајската борба која ќе се води во Македонија ќе ја решава Армијата на Р.Македонија а ова тврдење ќе го поткрепам со следниве факти”: Само навидум изгледа дека Армијата на Република Македонија не инволвирана во политичката состојба . Молчењето на врховниот командат е директно одобрување на криминалните активности на владата предводена од Фамилијата Груевски . При секој протест на студентите , средношколците дури и невладини организации врховниот командат издава наредби на неговите бизнис генерали да ја покажат борбената готовност на специјалните едниници, но нема писмени наредби него само усмени за да нема никаков траг . Не е точно дека специјалните едници не биле ангажирани за време на протестите пред македонската радио телевизија кога јавна тајна е дека дел од специјалните едници но во полициски униформи беа во втор борбен ешалон прет МРТ . Сценариото со гранатирање на владата на Р.Македонија , нападот на Караулата Гошинце И други слични инциденти се направени од военото крило на ДПМНЕ полицијата и бизнис генералите на АРМ . Се следат сите пензионирани генерали персонално нивните активности како и нивните фамилии исто така без пишана наредба да нема никаков траг . За што молчат бизнис генералите на АРМ, а и голем број на полковници кои се врзани не со меници туку со унапредување , ветени чинови, докторати, студиски патувања и ветени дестинации по светот како воени и други представници на Р. Македонија Моралот во АРМ е паднат на најниско ниво а голем број на офицери се понижуваат до таа мерка Што секој ден им се вели ако не ви се бендисува заминете си . Каде ке биде АРМ во епската борба за Македонија па сосема е јасно дека подготовките веќе се одвиваат ,од тоа набавка на полициски униформи за специјалните едници ,за време на протестите на должнот и дежурства ке се поставуваат само лојални на партијата ДПМНЕ тоест на военото крило , се проверуваат спискови и тефтери по хоризонтала и по вертикала . СЕ проучува сценарио каде да се постават специјалните едници во случај на напад на владата, во случај на напад на собранието се одредуваат згради каде ке има поставено и снајперски гнезда така да навистина бизнис генералите си ја сфатиле задачата сериозно . Во подгревањето на атмосферата ке се оди до таму Што не само Гошинце него ако не се постигне целта ќе има и други слични и пожестоки инциденти така да Р.Македонија се доведе на работ на мег’у етнички судир и воведување на вонредна состојба каде власта ке си остане да ја спасува државата а криминалот ке се остави на страна . Ке се оди со инфилтрација на радикални и милитантни добронаоружани сили на Мајските народноослободителни протести да се прикажат како насилно руШење на режимот и пак воведување на вонредна состојба. Конечно генералите се вовлечени на сила а некои И доброволно во фамилијарниот театар на Груевски каде се помалку има глумци и се помалку ке има драми така да и нивните работни места како глумци от типот на представата во Гошинце скоро ќе се укинат . Никој од бизнис генералите на АРМ не кажа ни збор за лошата драма во Гошинце барем нека кажат која драма е следна поШто учествуваат во подготовките и во изборот на глумците. Господо бизнис Генерали АРМ не е само на вас АРМ е повеке од тоа таа е на сите граѓани на Република Македонија застанете до вашите пензионирани колеги кои се одважија и проговорија не е белки на мајските протести да вперите оружје на своите колеги од пред некој ден нели со некои од нив сте делеле и војнички соби И војнички Шатори нели се тоа спомени повеке од Штитењето на една криминална врхуШка. Се надевам дека свеста на бизнис генералите ке проработи до мајската борба и че се стават во одбрана на честа, демократија ,професионалноста а нивните веШтини ке ги покажуваат во одбрана на татковината за кои народот ги плаќа верувајте нема потреба Македонија да се брани од македонските граѓани . И за крај пошто многу од вас ве победував на спортските терени и тоа добро го знаете знам дека ја добивата мајската борба но не и победата за демокраска и слободна Македонија ,Македонија на еднакви градѓани . Магистер Душан Андовски поранешен мајор . напиша:

http://www.dokaz.mk/shokantna-analiza-na-poraneshen-major-na-arm-arm-ke-se-vmesha-vo-majskite-protesti-na-opozitsijata/

така наречените БИЗНИС генерали или блиски до власта добро ја познаваат војничката доктрина доколку застанат во одбрана на криминалот и против народот како и последиците од тоа.Што ако нивната ГЕНЕРАЛСКА команда биде одбиена од пониските по ранг и им стават лисици?

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by reiter on Чет Апр 30, 2015 10:10 am

Шекеринска: А кога Груевски сакал да прима лоши вести? напиша:


Пораките за „оставки“ се многу јасни и доаѓаат од различни меѓународни адреси, но владините „рецептори“ глумат дека се глуви за тоа, вели во разговор за Дојче веле, заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ДВ: Гледано „од надвор“, се добива впечаток дека ЕУ досега млако реагираше на политичката криза во Македонија. Го делите ли и вие тој впечаток „од внатре“, со оглед дека сте учесник во преговарачкиот тим на СДСМ во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ во Брисел? -ЕУ е по дефиниција бавна и претпазлива, бидејќи говори во име на 27 земји-членки, кои по многу прашања имаат различни приоритети и ставови. Не е лесно да се дојде до заедничка позиција, особено ако истата треба да биде прецизна и директна. Затоа беше потребно извесно време за ЕУ да го договори курсот и пораките. Но, дојде до промена и таа е веќе видлива. Последните заклучоци на Советот на министри на ЕУ се јасни и недвосмислени: сите земји-членки изразија „длабока загриженост за влошената состојба во земјата“ и тоа за многу конкретни прашања: владеење на правото, основните права и слободата на медиумите. И тоа не беше се: сите членки на ЕУ побараа да се истражи содржината на разговорите т.е. „обвинувањата за можните злоупотреби кои се објавуваат“. Пораката на ЕУ до власта на ВМРО-ДПМНЕ е дека молк и забошотување на доказите за сериозни злоупотреби врзани со корупција, изборните грабежи и диктатот врз судството - веќе не се опција. ДВ: Германската амбасадорка во Скопје, Кристине Алтхаузер, многу децидно ја изрази нејзината, но и „иритираноста“ на западните набљудувачи, од фактот дека Владата ништо не презема во време кога се неопходни политички оставки како предуслов за независна судска истрага и за евроатлантската перспектива на Македонија. Во иста насока беа и изјавите и од европскиот и американскиот амбасадор. Зошто „рецепторите“ на власта се неподготвени за прием на овие пораки, кои не се личен став на амбасадори, туку акцентирање на политичките стандарди на ЕУ? -А кога Груевски сакал да прима лоши вести? Пораките за „оставки“ се многу јасни и гласни и почнаа да доаѓаат од различни меѓународни адреси. Двајца амбасадори порачаа дека прашањето на преодна влада не е баук и треба да се разгледа. Сите повторија дека мора да има независна истрага и одговорност за злоупотребите. Врхушката на „Илинденска“ ги слуша овие пораки, како и оние понепријатните кои се даваат зад затворени врати, но таа е во операција на чување на фотелјите по секоја цена. Кога тоа е во прашање, владините „рецептори“ секогаш глумат дека се глуви. Главната операција која активно ја спроведуваат е како да ја направат глува македонската јавност. [Зоран Заев и Радмила Шекеринска] Зоран Заев и Радмила Шекеринска ДВ: Кога еден европски амбасадор (Алтхауер - н.з.) ќе рече: „Нашето западно верување дека државните интереси треба да бидат поважни од партиските интереси изгледаат наивно во однос на политичката култура овде. Трагично е да се види дека сите недостатоци наведени во последните извештаи на Европската комисија според објавените разговори се покажаа како точни“, дали тоа и де факто навестува дека Македонија ќе ја изгуби препораката доколку власта брзо не покаже минимум сопствена одговорност за сегашните состојби? -Што покажува оваа изјава? Прво, дека никој нема дилеми дека објавените телефонски разговори се точни и автентични. Тоа значи дека смешната приказна на власта за „лепени и монтирани разговори“ не поминува веќе никаде. Второ, дека злоупотребата не се однесува на ситници, туку на клучните демократски и европски вредности т.е Копенхашките критериуми. И точно е дека токму тие прашања се одлучувачки за Македонија да ја задржи препораката. Тие вредности и таа препорака ги загрози Груевски. И трето, изјавата на германската амбасадорка покажува дека сериозните владини злоупотреби беа видени и забележани дури и пред да се објават снимките. Снимките беа шокантни, бидејќи потврдија дека злоупотребата е систем, а не исклучок и дека рибата смрди од главата. Имаше луѓе и во македонската и во меѓународната јавност кои го амнестираа Груевски од одговорност за видливите проблеми во Македонија. Мислеа дека се бори против тоа, но и дека губи од „мангупите во сопствените редови“. Сметаа дека сака цврсто да ја држи власта, но дека не го интересираат пари или други лични интереси. Тој мит падна во вода на најдраматичен можен начин. Да, токму Груевски стои зад монструозните шеми за лична одмазда и приватизација на институциите. Да, тој е иницијаторот на најбизарните изборни кражби: не се срамел од Пустец (како што некои велеа), туку го смислил и надградил. И да, тој е човекот кој стои зад најкрупните корупциски зделки: 15 милиони провизија за само еден инфраструктурен проект, 15 илјади квадрати за лични плацови на Водно, шифрирани фирми и нешифрирани проценти... Човекот кој апсеше за 100 евра, изгледа веќе инкасирал 100 милиони евра. ДВ: Што ако сознанијата за бројни незаконитости и злоупотреби презентирани преку „бомбите“ и натаму не предизвикаат ниту навестување за политичка одговорност кај власта? Кој ќе биде пресвртниот момент, по кој неодговорноста на власта веќе нема да биде толерирана ни од опозицијата, ни од граѓаните? - Кога нема одговорност во институциите, народот ќе побара одговорност на улиците. напиша:
http://www.dw.de/%D1%88%D0%B5%D0%BA%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0-%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B3%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%B0%D0%BA%D0%B0%D0%BB-%D0%B4%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B0-%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B8/a-18420038?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Гостин on Нед Мај 03, 2015 7:39 pm

Слушам го славите 1-ви Мај, а каде ви се фабриките?!

За жал кој и да ја направил фотографијава ја допре вистината, а таа, таа вистината е како шило, боде, боде и ќе излезе како што излегува секојдневно…



Јоже не беше либерал-демократ а уште помалку десничар но од една аграрна држава создаде економски див, го напаѓаат дека бил диктатор но за разлика од денешните балкански политичари чии што возачи имаат милиони а за фамилиите и да не говорам, неговото семејство живее 35 години по неговата смрт нормално со истите социо економски проблеми како и останатите просечни семејства во поранешната сојузна држава…
Тогаш како 10 годишно дете како и сите Вас останатите се сеќавам дека дома имавме горди родители посветени на семејството негувајќи ги човековите вредности на еднаквост и солидарност, горд народ и возвишени нации без разлика кој на која и да припаѓавме а ние децата се радувавме на спортските достигнувања на нашите тимови и екипи… Улиците беа преполни со народ во 6 часот наутро кога се одеше за на работа а градскиот пазар се празнеше во 15 часот кога река народ се враќаше од на работа.
Тогаш фабрики кои што вредат 200 милиони Евра не се распродаваа за по 2 милиони, тогаш во ФЗЦ Куманово се правеа и цевки и профили со композиции но имаше и раководство и синдикат и горд работнички глас, денеска едвај крај со крај се составува но никој не крева глас кога тоа што сте го создавале целиот свој работен век некој ќе ви го украде пред нос како навидум се да е добро. Дали?
За жал далеку сме од добро, единката не е среќна кога е сама, ние сме колективни битија и цело е кога има се.
Политичкиве елити кои го водеа регионов последниве 25 години уште не можат да го распродадат тоа што беше создадено во тој период а да не зборуваме за изградба на нешто ново.
Денеска живееме во градови исполнети со фабрики духови, се што се продаде и распродаде во мојот град сеуште зјае, пропаѓа или пак се реиздава, Житомел Куманово, Диер, 1ви Мај, Тутунски комбинат, Агрокуманово, Текстилпромет, Ангроснабдител, Биброк, Киро Фетак, Кен, Искра, Чик, Полет, ЗИК и многу агро задруги, со нив пропаднаа многу брендови а воедно и исчезнаа работниците. Наеднаш се претворивме во општество на себични и самобендисани луѓе, држава во која што брат со брата незборува поради политика, комшија на комшија добарден не кажува на улица а единствено солидарноста ни остана при изработка на ајвар кога се лупат пиперките кој што во последно време вредните домаќинки во продавница го купуваат. Денеска Турски гаќи и чорапи носиме а Кинески кондури во Пеко купуваме.
Се прашувам што луѓе бев(ме)ТЕ кога ваков колапс се создаде, што нации и вери бевме кога оваа го дозволивме?
Денеска се создаде општество на модерни робови, општество со невидени класни разлики, држава на модерни робови, работникот во Азија го наплаќа својот труд повеќе од нас, за правата и условите и да не говорам, ги имаме на хартија и задолжителен инспекциски (арачлиски) надзор за политички неподобните, синдикатите неми и послушни.
Тогаш имавме милиција и кога некој ќе се степаше во градот сите зборуваа со месеци а денеска имаме полиција која освен на режимот си служи на самата себе бидејќи најголем дел однив имаат дополнителна дејност “приватен бизнис” (час и чест на вистинските професионалци), се пука, граба, гази и краде на секој чекор…
Тогаш неможеше ни исток а ни запад да не дестабилизира а денеска некој си командант со пушка во рака си прави што сака а никој освен фб псевдонимот не му го знае но затоа касарните на ангро се распродадоа, воените магацини и складишта исто така а домовите и репрезентативните објекти од ЈНА се веќе вклопени во идните урбанистички решенија на градежната мафија…
Оваа е само еден дел од НАШЕТО секојдневие но ние денеска го преживуваме оваа, нашите деца исто така, но имаме обврска кон нашите внуци да го промениме оваа.
Дали можеме? ДА
Ние можеме кога сакаме, единствено треба да се свестиме до каде стасавме со нашата пасивност, да кажеме ДОСТА БЕШЕ и да се одважиме, да ја оставиме политичката, етничката, верската и социоекономската припадност по страна и да му ставиме крај на режимот и на сите идни кои што нема да работат по националниот концепт за реален развој.
Богат народ, стабилна држава, среќно семејство, просперитетна иднина…
Среќен 1ви Мај почитувани граѓани…
Ти благодарам Маршале…

Максим Димитриевски – член на извршен одбор на СДСМ

http://narodenglas.com/%D1%81%D0%BB%D1%83%D1%88%D0%B0%D0%BC-%D0%B3%D0%BE-%D1%81%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-1-%D0%B2%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%98-%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%B4%D0%B5-%D0%B2%D0%B8-%D1%81%D0%B5-%D1%84%D0%B0/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by tmoro on Пон Мај 04, 2015 11:34 pm

На Телма е поканет Бранко ,,,,,Жане Лупевска му вика во твое време 200 000 илјади ја изгубија работата,,,,,,Ох Жане ,Жане само презимето тие е фино ,немаш грам мозок,да ти се прднам во умот.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Мај 05, 2015 6:57 am

tmoro напиша:На Телма е поканет Бранко ,,,,,Жане Лупевска му вика во твое време 200 000 илјади ја изгубија работата,,,,,,Ох Жане ,Жане само презимето тие е фино ,немаш грам мозок,да ти се прднам во умот.
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Hamad bim Khalifa on Пет Мај 08, 2015 9:43 pm

Smradot liglana od DOM ni drzi govor kako treba da se postapuva so rezhimov!?!?!?
(Na 24 analiza)
Kjuti mori kokoshko - pokrij se! Ti smrdi od usta beter od cmarot! Gnasa...
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa on Пет Мај 08, 2015 9:50 pm

pa zar ja gledash ? ostaj bre toa degenericite ! ubavo vikash CELI DEVET GODINI I BESHE SUPER I NE UBEDUVASHE KOLKU NI E UBAVO <a sega ke ne ubeduva deka SVATILA OTI OVAA POLITIKA BILA GRESHNA ...abe da se ispovratish ...

da te prasham u koja bomba go vikaat Johan kopile ako znaesh da mi kazesh ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11958
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Arhimed on Саб Мај 09, 2015 12:18 am

tmoro напиша:На Телма е поканет Бранко ,,,,,Жане Лупевска му вика во твое време 200 000 илјади ја изгубија работата...
Не беше вина на Бранко што фабриките беа воглавно државни, превработени и ниско продуктивни.
Вината му беше што не направи фер систем на приватизација и услови да дојдат странски инвестиции да ги вработат отпуштените.

Arhimed

Број на мислења : 82
Join date : 2015-03-22

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 24 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 15 ... 24  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот