Интервјуа и колумни

Страна 22 of 24 Previous  1 ... 12 ... 21, 22, 23, 24  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo on Пет Мар 10, 2017 9:40 pm

СВЕЖИ ГРОБОВИ

1 Кога ги тепаа нoвинарите по улици и ги плукаа по кафеани, може некој и ќе си речеше: „Е добро де, новинари се“. И си гледаа сеир. Ама, овие бранителите на криминалот на власта почнаа и по дома да им одат на политички неистомисленици. Црните тројки придружени од дваесетина други му тропнаа на врата на пратеникот на СДСМ од Прилеп Хари Локвенец. Да му донеле покана да им се придружи на митингот за заедничка Македонија каде што се протестира против двојазичност.

Почнаа и со прозивки на социјалните мрежи. Комшиите ќе те терале да ставиш знаме. Да се обележиш. Да се знаело дека си со нив. Утре ќе ти речат: „Извини комшија, ти зошто не носиш црвено и жолто? Ти не си за заедничка Македонија како нас? Или, „комшија кај си ти да ставиш знаме на терасата? Нели си Македонец?“

Кое е тоа патриотско чувство да браниш криминал што со свои уши си го слушнал во прислушуваните разговори? Од кои патриотски причини се прават глуви? Прво криминалците ја грабнаа државата. А сега и боите на знамето ги грабнаа за да си го одбранат криминалот.

Така што, тие што сега одат по домовите на неистомислениците да се закануваат и да бараат предавници, сетики утре и самите ќе бидат прогласени за предавници. И тоа од своите. Од истите тие што сега ги користат како топовско место за одбрана на украдените народни пари.

Штом веќе сте тргнале така по куќи дома непоканети да влегувате, ич да не се секирате. Утре и вам ќе ви тропнат црни тројки на врата. И тоа вашите ќе ви ги испратат.

2 А Али Ахмети ужива во тоа што ѝ го прави на Македонија. И на Македонците и на Албанците. Два месеци е главна ѕвезда што ја чекаме да каже што изанализирал во 3 саат, па на полноќ, па утре, па централното претседателство, па тој сам, па меѓународните пријатели, па после пак тој сам, па сите заедно…  Сака да си остане со Груевски, ама го тераат да се раздели. А јасно ни е дека не сака. Тешко му оди раскинувањето. Оти ако сакаше да се раздели, тоа одамна ќе го направеше. Тој ни прави претстави од Мала Речица, а неговите министри и директори, па дури и потпретседател на Влада има, уште си седат во Владата на Емил Димитриев, која и натаму владее без никаква контрола оти нема собрание. По 8 години заедничко владеење и три месеци по завршување на изборите.

Ахмети најмногу му помага на ВМРО-ДПМНЕ да јакне на терен со национализам. Тој тоа свесно го прави. Не е до двојазичноста. Национализмот ќе стане единствениот  јазик на кој ќе се раскусуруваме.

Малку ли им се гробниците на загинатите Албанци низ западна Македонија од 2001 година? И малку ли се спомениците на загинатите Македонци низ цела Македонија од 2001 година? Свежи ли гробови ни требаат?

Толку ли сме будали да се испотепаме меѓу себе само за Груевски да не оди во затвор? А богами и Ахмети и неговите. Децата на тие што ги браните и на тие што држат националистички говори сигурно нема да гинат. Тие се веќе обезбедени во странство. Со вашите пари.

3 Долг е списокот на сите странски дипломати и меѓународни фактори што се разочарале од Ѓорге Иванов и побарале или советувале тој да ја повлече одлуката за недавање на мандатот на тој што обезбедил мнозинство во Собранието. Само уште Путин од Русија и Маја од дома не му кажале да ја смени одлуката.

Убаво е што сите испратиле повици, сугестии и барања до Иванов. Ама не слушнав што ќе направат ако тој не ја смени одлуката. Нели игра опасна игра? Нели постои опасност да го запали регионот?  Не чувме дека за да ја прекинат оваа опасна игра странците ќе преземат некаква акција. Дека на елитата од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе им ги замрзнат имотите и сметките во странство. Дека ќе ги стават на црни листи. Дека на децата што им студираат во западните земји ќе им ги повлечат визите за престој.

Не е дека немаат причина тоа да го направат. Оти нивната комисија, комисијата на Прибе од ЕУ кажа дека станува збор за криминално – корумпирана власт. А и тие секој ден апелираат  дека националистичкото хушкање води кон меѓуетнички конфликт што ќе доведе до геополитички конфликт.

Цело време му порачуваат на Иванов дека не треба да си игра со оган. А го остават и него и Груевски и Ахмети да си играат со кибритчињата.

4 Бесмисленоста на одбраната на Македонија од двојазичноста се виде и во тоа што и Крушево  се побунило против двојазичност. Тројазичното Крушево. Во кое што Власите зборат македонски, Албанците зборат влашки, а Македонците зборат албански. Тројазичното Крушево, што уште од првиот Илинден 1903 имало граѓанска свест и почит за различностите, во 2017 година во она што бранителите на  криминалот бесрамно го викаат „четврт Илинден“ , се бунат против различности.

5 Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски, кој до пред само две недели викаше дека некои самонаречени новинари правеле театар од новите распореди на судиите смислени да се избегнат предметите на СЈО, сега ги моли граѓаните „да имаат разбирање“ оти во судот имало „несекојдневна ситуација“. Ем новиот распоред на судии не важи, ем в.д. претседателката Тања Михајлова си даде оставка, ем судот во кој доаѓаат предметите на СЈО нема претседател.

За што да имаат разбирање граѓаните? За корумпираното судство на кое му даваме плата?

Единствено разбирање ќе имаме ако Зоран Караџовски си даде оставка. Затоа што тоа што тој го нарекува „несекојдневна ситуација“ во превод значи „хаос“. И тој за тоа е лично одговорен.

6  Тоа што Груевски уште на почетокот на владеењето го почна како нетолеранција кон секаква различност, сега истиот тој Груевски го прерасна во омраза против секаква различност.

И сега, откако се открија бранителите на злото и откако се направи попис со слика и прилика на сите што поддржуваат криминалци, како ли ќе се помириме? Како ли ќе живееме заедно со тие што исплукаа сè што не е македонско и сè што е македонско ама не е по нивниот терк на  македонштината? И како да заборавиме дека ги пуштија тројките да ги тепаат сите што не мислат како нив?  Како ќе им одиме на претстава, на концерт, на натпревар на тие луѓе што потикнуваат насилство?

Изгледа дека се во право тие што велат дека нема излез од ова срање. Или дека единствениот излез е на некој граничен премин. Со карта во еден правец.

Да ги оставиме бранителите на криминалот сами да си уживаат во загадениот воздух. Во загадената средина со загадени души. Нека си се задушуваат во сопствената омраза. Да си бараат правда кај Зврлевски и Караџовски. Да се лекуваат во здравството на Никола Тодоров.  Да ги оставиме слободно нивната власт да им ги краде парите. Нека ги прислушуваат. Нека ги бележат со крукчиња дали биле на митинг или не. Нека се плашат од смс пораки со кои им се закануваат дека ќе ги избркаат од работа. Нека им кажуваат како да заокружат кога ќе гласаат. Нека му се воодушевуваат на Путин. И нека му бидат благодарни на Ердоган кога ќе им подарува водени топови за одбрана на демократијата.

Нека си уживаат баш во таа Македонија што сега ја бранат. И што се спремни со разорна омраза да ги сотрат сите оние што не ја сакаат баш ваквата држава. Украдената, корумпираната и силуваната Македонија.

7 Единствената добра причина да се остане тука е затоа што ова е моја држава. И од дома никој нема да ме избрка. А ако сепак ме присилат да си го напуштам домот, тогаш ниту Македонија ќе ми биде важна, ниту за македонскиот јазик ќе ми биде гајле. А богами, ниту за тие што ќе останат да го бранат Груевски од правдата.

Единствено што можам да им ветам е дека од дијспората секогаш ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ. За дур се живи да им биде исто волку убаво.

http://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/svezhi-grobovi/
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Саб Мар 11, 2017 9:23 pm

1. За волја на вистината многу е полесно да се монтира тонска снимка отколку видео. Без разлика дали се работи за таа во кабинетот на Груевски кога Заев се обидува да го уцени премиерот и да ја преземе власта или кога бара едно евро од квадрат да се уплати кај Вицето. Патем секој е невин додека не му се докаже вината, а такво нешто нема иако Груевски не бега од судењето за единственото обвинение против него, дека е виновен за штета од стотина евра на оградата и прозорецот во општина Центар.
2. Повторно не се спомнува Заев кој не побара да се повлече амнестијата за Глобал. Криминал проценет на 8 милиона евра.
3. Само политичарите и амбасадорите од списокот на ЦИА вршат притисок врз Иванов кој е самостоен во носењето на одлуки. Никој друг.
4. Во Крушево нема двојазични пари ниту задолжително учење на ниту еден друг јазик освен македонскиот. Нема ни казни од 5 илјади евра ако некој не знае некој од другите два јазика кои се употребуваат.
5. Претседателот на судскиот совет не може да ги напаѓа судиите без докази, како што тоа го прават новинарите.
6. Од разбирање на различност СДСМ и Сорос палеа и опогануваа споменици. Дури и тој на АСНОМ. Да не зборувам за повеќекратните напади врз Радио слободна Македонија и дневникот Република.
7. Повторно не се спомнува амнестираниот криминалец Заев и неговите нови дела и избегнувањето на закажаните судски рочишта со разни изговори.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by OPOZICIONER on Саб Мар 11, 2017 10:06 pm

so montirano koga Antonio sam si prizna deka bombite se tocni
avatar
OPOZICIONER

Број на мислења : 256
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo on Нед Апр 09, 2017 11:20 am

Процедурално: последното обраќање на осудените на смрт!



Eден од убијците на семејството Клатар во Гарден сити, Канзас, САД, во придружба на официјални лица на законот, со бавен чекор се качува на платформата за бесење. Долу е мала и одбрана публика: претставници на државата, на градот, на правосудството, новинари… Му ја ставаат јамката и го прашуваат има ли нешто да каже. Тој вели: сакав нешто да кажам, но, да ме убиете не можам да се сетам!

Неверојатна реплика: дали заробен во неиздржливиот страв, навистина заборавил што сака да каже или го протерал од себе стравот, па во феноменален стил се заебава и со смртта и со законот?!

Веднаш по таа изјава под нозете на монструмот се отвора дупката, тој пропаѓа, се мандали малку во неправилни осмици, па за момент се стресува пред конечно да се смири!

Ова е една од последните сцени во филмот “Капоти”, во кој улогата на познатиот американски писател ја игра бравурозниот Сејмур Хофман. Филмот се темели на вистински настан за кој Капоти пишувал за “Њујоркер” уште додека се одвивала целата драма околу откривањето и процесуирањето на убијците.

Се сетив на оваа сцена додека на фејсбуков ги листав информациите од таканареченото собрание на Република Македонија. Таму имаме една партија и еден лидер, една власт, осудени на смрт, монструми персонифицирани во Грујо, Илче, Антонио, Трајко и во нивното вмродпмне злосторничко здружување и ја имаме преостанатата нормалност која ги прашува, не за тиранската платформа, туку на платформата за бесење, имаат ли нешто за последно да изјават, а тие велат: да, имаме, процедурално, и почнуваат да јадат говна, цел ден, една година, сто години. Во меѓувреме умира македонскиот Капоти, умира нивниот џелат, умира публиката, умира државата, умираат и тие. Затоа што предвидувајки го тажниот крај на својата злосторничка мисија, свесно не ставиле во законот колку може да трае последното обраќање на осудените на смрт.

Се надевам дека еден ден ќе се сними филм за последните денови на вмровските злосторници. Може тоа да биде класична драма, како во филмот ” Капоти”, а може да биде и некаков монтипајтонски или бенињиевски формат.

За разлика од злосторниците од Канзас, убијците на македнската фамилија од два милиона души, на општеството, на државата, на нацијата, не заборавиле што имаат да кажат: уште кога се качуваа кон врвовите на власта и на моќта, тие знаеја што треба да кажат на собраниската платформа за бесење. Нивната идеја беше и е дека парчето од Македонија што нема да успеат да го умрат низ пљачките и другите злодела, ќе го умираат со своето последно гомнојадење, пред и тие да отидат во вечните ловишта.

Но, сметките им се погрешни.

И во смртта покажуваат отсуство на стил и достоинство.

Говорам за политичка смрт, се разбира, макар што знам дека големото мнозинство граѓани-жртви би ја поздравиле и физичката смрт на монструмите.

И неподнослив вишок на патетика.

Со лигавењето без преседан тие не ја убиваат само Македонија туку и македонската претстава за себе, митот го убиваат. Јане Сандански знаел дека ќе го убијат, но не отишол во кориата да се крие, не барал процедурално, не барал реплика, туку заминал да јава пред цевките на убијците затоа што сватил дека неговата кауза е неостварлива. Јане не бил Илче, ниту бил Грујче, Јане бил маж, борец за слобода и совршенство со маани, да не заборавиме.

Второ, Европа се возбудува за македонското прашање на европски начин, не на вмровски начин, односно, се возбудува на категоричен противмровски начин, тие, ги откриваат своите некогашни симпатии како монструми кои мора да се симнат од политичката карта на континентот како што темпирана бомба се симнува од станицата во метрото на кој и да е европски град.

Тоа се пораките од Европскиот парламент, од Европската комисија, од комплетната континентална политика и, дури, би рекол, цивилизација.

Јас мислам дека дури и Рамче и молерот Ацо, ќе почнат да се сомневаат дека биле заведени и заебани. Како што почнуваат да сфаќаат младите луѓе во Србија, во Будимпешта или во Белорусија и во Русија.

Дури и Трамп почна да се ослободува, односно го ослободуваат од идиотите.

Диктаторството и популизмот се пред историски пораз.

На бранот на категоричната европска осуда на злосторниците, на бранот на европското будење против диктаторите и лудаците во власта, на бранот на свеста што се пробива и во карпите на тврдокорните будали, Македонија ќе ги оддува своите лудаци на буништето на историјата, елегантно, грациозно и со стил, без насилство, верувам, тие се тртка околу која е стисната јамката на деемце конецот на нашите мајки и на светот и треба само да почекаме дивото месо да се исуши!

Нивната позиција е инфантилна.

Тие се осудени на смрт и без нова влада и без СЈО!

Тие си се самите на себе и обвинети и осудени и обвинители и судии и егзекутори!

Се разбира, не треба да ги исклучиме и најцрните сценарија на кои предупредува професорот Унковски во своето драматично обраќање на Фејсбук, но јас мислам дека парадата на моторизираната бригада на вмродпмне, треба да ја третираме како фолклорен блеф, дури и ако не е! Стоката може да се радикализира, но нема хемија за да се генерализира. Тоа е така логично. Ние ја имаме таа хемија. Нормалноста ја има таа хемија. На ширењето на таа култура мора да се градат стратегиите на последните операции за ослободување на земјата. Не преку ширење на страв и паника, на резигнација, сега кога сме пред целта. Подршка за Заев!?

Оф корс! Баш би сакал да го видам Рамче како и се обраќа на нацијата од собраниската говорница во директен пренос на Шител: ниа решихме да успостајме државен пуќ, аска см шеф на пучо, бе, шо ва ебам!

П.С.

“Да не губиме нерви: или мирен трансфер на власта или нека им е!”

Вели професорот Малевски!

Понеже, тие не се за мирен трансфер на власта, нам ни останува да се помириме: нека им е!

За кој кур да губиме нерви!

Тоа не е гандизан, тоа не е ниту будизам, тоа не е ниту груевизам, ниту колишевизам, тоа е, можеби, политички антидарвинизам, мина во шините на цивилизацијата, неверојатна антихумана позиција, со ваков став кромањонците воопшто не би излегле од пештерите, Македонија никохаш не би била одржавена, многу ми е жал за професорот!

Јас ја почитувам идејата да нема жртви, тоа е претпоставувам водилката на професорот, но алтернативата не е отсуство на жртви, туку многу жртви, комплет жртви, ситуација во која сите сме жртви!

Мирен трансфер, да, но никогаш ” нека им е”, зашто тоа е против мирниот трансфер на власта.

И уште нешто

Повеќе од две третини од 15-годишниците во Македонија се функционално неписмени во читање, математика и природни науки. Додека според запишаните деца во основно и средно образование, земјава е најлоша во регионот исклучувајќи ги Босна и Херцеговина и Косово, за кои нема актуелни податоци.

Тоа се генерации оформени во лабораторијата на вмровското зло!

Невработеноста и функционалната неписменост кај младите го лимитираат македонскиот раст, вели Светска банка.

Ја гледате ли вие оваа платформа, скотови, мајку ви ебам, вмрокретенска!

И на крај:

Утрово во 6.30 му јавив на Трамп за уште три локации од кои се испуштаат нервни отрови против недолжното население: едната е на ритчето Водно, втората е на плоштадот ВМРО, од говњарската шампита од бел мермер, а третата е во таканареченото собрание на Република Македонија.

Човекот ми рече дека ќе види дали има слободни томахавки.

Тоа е, браќа и сестри, јас ви препорачувам да ги избегнувате наведените адреси затоа што имам инсајдерски информации дека томахавките за Македонија веќе се безецирани!

Бранко Тричковски
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by luxor on Нед Апр 09, 2017 9:21 pm

Послушајте, идиоти!

Она што го стори владиката Петар на чествувањето на годишнината од смртта на војводата Методија Патчев, драги мои верници, агностици и атеисти, е повеќе од скандал. Ова е паравоено хушкање и разгорување на омраза. Затоа, колку и да се обидува владиката „патриот“ да ни ги затне ушите и да ни ги покрие очите, тоа мора да го слушнеме и да го видиме.

Јасно е на кого мисли Петар кога ги колне „проклетите шпиони“ и кога пее „жими крст и кандило“ и „жими крв македонска“. Со најдобра волја, би го сфатиле некако песнопоецот како патриот, заборавајќи ги неговите воинствени изјави, да не пееше во придружба на членови на здружението „Тодор Александров“, кои неодамна, заедно со останатите „патриотски“ здруженија, најавија дека се подготвени дури и насилно да го одбранат „националниот идентитет“.

Нема дилеми, драги мои верници, агностици и атеисти, владиката Петар и оваа багра која е никулец на паравојска, за „проклети шпиони“ ги смета оние 700.000 граѓани на оваа земја кои гласавме против криминалниот режим на Груевски. Тие ја бараат нашата крв. И секако, нема дилеми дека нив ги поддржува и врвот на МПЦ, која беневолентно го игнорираше и овој настан, како и воинствената реторика на дел од своите владици, пред сите на Агатангел и на Петар.

Затоа, нема зошто веќе да се штедиме себеси, кога тие не нè штедат нас. Нема веќе зошто да избираме зборови, кога тие веќе отворено зборуваат за насилство и за крв. И затоа, сакам во наше име, во името на сите што гласавме за промени, на овие изроди да им порачам:

Послушајте, идиоти едни! Вие не сте верници и немате ништо заедничко со Бога, бидејќи Бог не е насилник. Вие не сте патриоти, туку битанги! Вие браните криминал, а не национален идентитет! Можеби ќе добиете шанса да земете нечија крв, кукавички бездруго, како ќосевски хиени. Но, нема да добиете шанса да поведете битка, бидејќи светот ќе ги казни вашите водачи, а народот во Македонија ќе се напати од санкции и од овој безизлез во кој го втурнавте.

И за тоа ќе одговарате! Секој според заслугите. Јасно?

http://plusinfo.mk/mislenje/2645/poslushajte-idioti
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa on Нед Мај 07, 2017 1:45 am

Нема друго: Капитулација!
Како сакате кажете, но фасцинантен е начинот на кој г. полицаец Митко Чавков се вивна во стратосферата на оние што прилично доживотно ќе заглават во македонските затвори. Не знам каков му е аранжманот со Мијалков и Груевски, не сум сигурен за компензациските компоненти на тој облигативен договор за дело, но сигурен сум дека барем еден од нив ќе отслужи некоја година помалку од него. Па, тогаш, колку треба да си глупав за да (не) ги правиш работите што тој (не) ги направи?

Поради мојава проклето колоритна новинарска професија, како и поради нашава проклето црно-бела македонска понова историја, се изнагледав разни македонски, балкански и небалкански полицајци во животот и можам да ве известам дека меѓу нив имало и некои од најинтелигентните луѓе што сум ги сретнал – но, овој Чавков Митко не ми делува како таков. Една операција не спроведе како што треба, човек да се посомнева дали, всушност, не работи (и) за „другата страна“; ама, велам, за тоа би требало квалитет на интелигенција што не можам да ја детектирам кај овој „долгогодишен професионалец“ (цитирано според Н. Груевски).


ПУСТИ САТЕЛИТИ!

Според моите, пак, сигурни келнерски информации – а во доверливоста на таа информативна мрежа вложувам силни напојници повеќе децении наназад! – за време на онаа вечер на најтажните и најопасни случувања во македонското Собрание од 1938 г., кога е изградена таа зграда, г. Чавков, до нешто пред 20 часот, седел во една скопска кафеана со оперативниот врв на Бирото за јавна безбедност. Не е важно што се јадело и што се пиело таа вечер, како и за тоа на што се наздравувало, додека дивеењата во Собранието го достигнуваа својот крвав врв – она што е важно е дека, ако моите информации, велам, се точни, г. Чавков морал да ги држи сите полициски „команданти“ на иста маса за да може непосредно и ефикасно да го контролира нивното однесување, како би спречил некој од нив, случајно, многу случајно, есктремно случајно да не преземе нешто што им е во опис на нивните професионални и законски обврски, а можеби и во некоја преживеана клетка во совеста. Мобилните телефони се извадиле на маса и стоеле на увид дури и кога некој ќе заминел на мочање, а обезбедувањето добило наредба никој да не се качува и да не ги вознемирува на горниот кат на кафеаната каде што заседавал овој кризен полициски штаб на вооруженото крило на Фамилијата.

Чавков тврди дека никој таа вечер не го информирал за случувањата во Собранието, додека не му се јавил Груевски од Виена – по сателитските телефони набавени од еден од најголемите сојузници на САД коишто, нели, телефониве, апсолутно никој не може да ги прислушува, оти се на сателит, високо над Земјата – да го праша до кај е работата со одвивањето на целиот план и какво миривче сака да му купи од фри-шопот на виенскиот аеродром. Бидејќи, во еден момент, Центарот за комуникации на партијата-мафија проценил дека, од пропагандна гледна точка, директниот пренос од собранискиот масакр почнува да работи против нив во широката македонска и меѓународна јавност, како и дека планот за воведување вонредна состојба пропаѓа како резултат на (ужасно предвидливото) предавство на Иванов, тие дале мислење дека не е лошо полицискиве началници да си ги мрднат дебелите безбедносни газови од кафеанскиот астал и да воведат некаков ред во центарот на Скопје, да уништат колку што е можно повеќе докази, пред работите да добијат навистина неповратно трагични димензии и по нив, самите.
Другото е историја. На пробивот на кривичната стратосфера на Чавков и друштвото.


ПОЛИТИЧКИ ХОСТЕСИ

Пред следната фаза на посипување со пепел, многумина интелигенти од под шинелот на Груевски се прашуваат каде згрешија? Списокот е огромен и трае со години, но за да ја разберете последната фаза од нивниот комплетен (и преплатен со пари и крв!) дебакл, дозволете да ви го цитирам Џон МекКејн, еден од највлијателните американски сенатори, републиканец и бивш претседателски кандидат, од дел од неговиот текст објавен само еден ден пред крвавите настани во македонското Собрание:
„По две светски војни, САД се обврзаа кон зачувување на целовитоста, слободата и мирот во Европа. Го сторивме тоа бидејќи една генерација државници препозна дека американското водство е клучно за постигнување мир и просперитет во Европа, којашто беше и сѐ уште е национален безбедносен интерес на САД. Низ изминатите седум децении, донесовме одлуки и поднесовме жртви да си останеме на таа обврска: низ цела Европа за време на Студената војна, во Босна и на Косово во деведесеттите, и денеска меѓу државите на источното крило на НАТО. Повторно мораме да бидеме подготвени да ја одбраниме таа обврска во Југоисточна Европа, бидејќи историските лекции се јасни: ако го игнорираме тој регион, тоа е на наша штета.“

Според тоа, ја разбирате ли големината на глупоста кога некоја хостеса од Сител, во име и за сметка на Груевски, ќе го праша Хојт Ли кој го овластил да помогне во решавањето на македонската криза? А, бе, абдали, погледајте ги клучните зборови од погорната изјава: „национален безбедносен интерес на САД“, „Југоисточна Европа“, „ако го игнорираме“ и „на наша штета“. Е, па, вие продолжете да ги слушате Мирка, Васко и Латас како со години ви ги објаснуваат српските теории за заговор на Балканот, па ќе се видиме пак за десетина години.


ХЕ-ХЕ-ХЕ-ХА-ХА-ХА


Сега тежиштето на кризата е преселено во центарот на мафијата. Сардисани од сите страни, како Берлин во мај 1945-та, пролетната приказна што Рајх-канцеларијата штотуку им ја продава на партиските членови и на масата заблудени и исплашени поддржувачи и клиенти на распаднатиот режим е следна: добро, навистина, и оваа битка мизерно ја загубивме, но бидете без грижа, партијата – тие себе уште се доживуваат како партија! – организациски и финансиски ќе се престрои и ќе ја превземе улогата на силна опозиција, а и нашите православни сојузници, кај и да е, само што не стигнале! „Нашите луѓе во ДУИ – им вели Груевски од бункерот под хаупт-квартирот во центарот на Скопје – нѐ уверуваат дека новата влада на Заев нема да трае ни до декември, а до тогаш, под моето потврдено премудро водство, ќе ги задржиме улиците со протести и ќе ја блокираме работата на државата на секое ниво, во секоја канцеларија, од писарниците до министерските кабинети, ќе бараме плати и субвенции, ќе ја браниме правната и социјалната држава и ќе правиме диверзии, субверзии и перверзии додека не ги принудиме предавниците од СДС на вонредни избори кон крајот на годинава! И, не се секирајте, Хорхе ќе го аболира секого кој ќе се осуди за нашите злодела, а и НАТО само што не се распаднало! А потоа, како и до сега, од партиските клиентелистички магацини, бесплатно пак ќе обезбедуваме за сите вас од пелени до надгробни споменици...“

Хе-хе-хе, ха-ха-ха, хе-хе-хе, ха-ха-ха... И уште малку: хе-хе-хе, ха-ха-ха... И уште малкуцка: хе-хе-хе...
Тоа е. Што да се прави. Претпоставувам дека патриотската комитска музика во лифтовите на партиската палата на ДПМНЕ си продолжува да си свири кога ќе се отворат и ќе се затворат вратите од кревалото, баш како што оркестарот на Титаник продолжи да свири додека палубата не стана неподносливо стрмна и лизгава...


КАКО НИШТО ДА НЕ БИЛО?!?!


Правењето сметка без крчмар отсекогаш бил омилен спорт во македонската политика. Очигледно, Фамилијата си мисли дека малку ќе го зачетка правот од рамената и дека ќе си продолжи на политичкава сцена во Македонија како ништо да не било! Па, и во сосема нормални околности кога ќе загубиш власт работите не изгледаат баш така розово, а не кога си поразен после ваков упорен и долготраен обид за потпалување на Трета светска војна на кој бевме изложени.

Слушам, на Иванов идната недела нема да му биде дозволено да го даде мандатот на Заев во својата резиденција на Водно, туку ќе го потпише примопредавањето во еден напуштен вагон пригодно паркиран на слеп колосек на некоја ранжирна станица накај Кучевишка Бара. Памтите: безусловната капитулација на Милошевиќ беше потпишана под шатор на ледина кај Куманово, а не во претседателската палата во Белград. Таа симболика има историска важност, баш како и снимките од раскрвавените глави во Македонското собрание. Затоа, нешто ми говори дека голем дел од злосторниците на Фамилијата, на чело со двајцата први роднини, нема да ги уживаат долго плодовите на својата епохална пљачка на Македонија...


http://plusinfo.mk/mislenje/2748/nema-drugo-kapitulacija

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Нед Мај 07, 2017 7:17 pm

Ако добро го разбирам колумнистот платеник на Џорџ Сорос, нелегално избраниот претседател на Собранието истакна знаме на Република Албанија затоа што вие од СДСМ мислите дека ВМРО крадело. Овие две работи немаат никаква врска. Јасно е дека единствен што имаше штета од настаните во Собранието е ВМРО-ДПМНЕ. а нај повеќе полза меѓународната банда што се претставува како меѓународна заедница. Ако некој сакаше да убие некој од пратениците ќе влезеше во Собранието со оружје и ќе прогласеше некаква власт. Такво нешто немаше. Во секој случај не значи дека ако Заев добил ќотек, дека треба претседателот на Собранието да ги води седниците на странски јазик или дека треба во својот кабинет да истакне странско знаме или дека во македонскиот парламент треба да се пее странска химна или дека треба да нема локални избори до есен или на неодредено време. Додека меѓународната банда не успее да ги фалсификува и локалните избори како што направи со парламентарните.


_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by osa on Нед Мај 07, 2017 11:39 pm

трендафил напиша:Ако добро го разбирам колумнистот платеник на Џорџ Сорос, нелегално избраниот претседател на Собранието истакна знаме на Република Албанија затоа што вие од СДСМ мислите дека ВМРО крадело. Овие две работи немаат никаква врска. Јасно е дека единствен што имаше штета од настаните во Собранието е ВМРО-ДПМНЕ. а нај повеќе полза меѓународната банда што се претставува како меѓународна заедница. Ако некој сакаше да убие некој од пратениците ќе влезеше во Собранието со оружје и ќе прогласеше некаква власт. Такво нешто немаше. Во секој случај не значи дека ако Заев добил ќотек, дека треба претседателот на Собранието да ги води седниците на странски јазик или дека треба во својот кабинет да истакне странско знаме или дека во македонскиот парламент треба да се пее странска химна или дека треба да нема локални избори до есен или на неодредено време. Додека меѓународната банда не успее да ги фалсификува и локалните избори како што направи со парламентарните.

stopati ti povtoriv ,ne deka SDSM misli deka dpmne kradelo ,tuku dpmne sam si kazuva kolku kradelo i toa e snimeno vo bombite ....sam veli gujo da ne e mnogu 8 procenti poshto e golema suma ....sega razbirash ,on veli sam ,ne SDSM ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by TRAJCHE on Нед Мај 07, 2017 11:47 pm

koga go slushna da gi vodi sednicite na stranski
avatar
TRAJCHE

Број на мислења : 104
Join date : 2016-11-20

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Пон Мај 08, 2017 2:39 pm

По нелегалниот избор т.н. претседател на Собранието, иначе амнестиран за дезертирање од АРМ и тероризам во 2001 година, т.н. поздравен говор го одржа на албански јазик без превод. И без директен пренос. И без избројани гласови. И без многу други работи предвидени со Уставот, законите и деловодникот на Собранието. Признавам дека на таа т.н. седница учествуваа само албанските партии, односно СДС?, ДУИ без двојца пратеници и еден пратеник од ДПА. Што е вкупно 60.
За тие 8% од криминалните бомби, дали се работи за тоа да се бара толку попуст на цената. помалку да се плати од буџетот или дали се работи за корупција, треба да одговори СЈО. До сега, на крајот на мандатот обвинителството на меѓународната банда што се самонарекува меѓународна заедница, со тоа и ваше обвинителство како домашни предавници колку што гледам нема обвинение, што значи дека се работело веројатно за барање попуст. Во случајот на Заев јасно се гледа дека на 1 евро за општината бара 200%. 1 евро по квадрат или 100% за себе и дополнителни 100% за владиката Наум. Интересна комбинација што наводно треба да воведе почитување на правото. Почна со т.н. претседател на Собрание амнестиран криминалец за дезертирање и тероризам, треба да продолжи со амнестиран криминалец премиер. Ниту Џафери ниту Заев немаат побарано повлекување на амнестиите. Од актуелното ВМРО никој не е под амнестија. Ниту избегнува судење со закажување на средба со некој дипломат секогаш кога е закажано рочиште на судот како што прави Заев.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Kalinda on Пон Мај 08, 2017 8:18 pm

Лесное да направиш
хаос,
тешко е да создадеш
вредност
avatar
Kalinda

Број на мислења : 436
Join date : 2015-02-28

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Сре Мај 10, 2017 2:59 pm

Петнаесет члена делегација на Конгресот на САД е веќе во регионот за да испита дали некои амбасадори на САД уште ја водат идиотската политика на Обама и Џорџ Сорос со поддршка на левичарските партии. Акцентот е ставен на Еди Рама и Албанија, но и на Македонија и Босна и Херцеговина.

The American Spectator

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by luxor on Пет Јун 02, 2017 6:55 pm

ЌОСЕТО ПРЕД ИДРИЗОВО

Зоран Заев по секоја пуштена бомба изјавуваше: “Да не дозволиме ова зло да се повтори”. Е па нека памети што рекол

1 Толку ли имаат последици од ударите по глава новиве министри од СДСМ, па на чело со Заев со цел ум отидоа да се сликаат со Ѓорге Иванов? Само новиот министер за здравство Арбен Таравари како невролог знае дека таквиот потег е последица на траума.

Отидоа да глумат нормалност кај човекот што сакаше во затвор да ги стави тие што ќе останеа живи на 27 април. Кај човекот што вечерта, додека уште траеше организираниот напад на Собранието, не само што не ги осуди насилниците, туку ни ронка сочувство за повредените не покажа. Уште и ги обвини дека сами си ја барале белјата. И најдрско побара лидерска средба, иако двајца од лидерите беа со скршени глави, а за едниот од нив насилниците, богами, и се радуваа дека е мртов.

Убаво е тоа што новата власт почитува институции. Ама, да не мешаме почитување институција со почитување на човекот што ја претставува таа институција. А Ѓорге Иванов е инструментот на злото што ја киднапираше институцијата за двапати да го заштити криминалот.

2 Ова е исто како кога Груевски и неговите пратеници си глумат нормалност во ненормалноста.  Демек, мирно предавање на власта. А новата власт уште со лузни на главите.

Новите министри отидоа и се сликаа во кичестите кабинети сто пати преплатени со наши пари и на фотелјите купени со којзнае какви сомнителни јавни набавки.  Насмеани, позираа пред камери во зградите што вмровската власт ги нагрди и ги понижи и живите и мртвите автори. Сакајќи да бидат пристојни при примопредавањето на функциите, испуштија прилика да потсетат  на злоделата што власта на Груевски ја направи дури и кон архитектурата и уметноста.

И пак ќе повторам. Убаво е дека новата влада сака да покаже оти почитува институции. Тоа од неа и го очекуваме. Ама инситуциите се киднапирани од криминална елита.  И со глумењето нормалност се поддржува неодговорноста за тоа киднапирање. И со глумењето нормалност му  се помага на ВМРО-ДПМНЕ да глуми жртва.

Новата власт не смее да заборави што ни се случуваше. Затоа што ние не сакаме да заборавиме. Оти, ако заборавиме на груевизмот, пак ќе ни се случи Груевски.

Не станува збор за реваншизам. Напротив. Реваншизам ќе има ако продолжиме да се правиме нормални и не се соочиме со одговорноста и секој не си ја добие заслужената казна. Стварно. Нема правда. Нема мир.

3 Едноставно, после 27 април не сакаме да глумиме нормалност во ненормална држава. Море – не дека не сакаме. Не смееме да си дозволиме да глумиме нормалност.

Впрочем, ние многу лесно заборавивме дека и на 24 декември, 2012 година вмровската власт како партали ги исфрли од Собрание не само пратениците од опозицијата, туку и новинарите. И тоа ВМРО-ДПМНЕ го направи во име на нормалност.

И по сета таа атмосфера на вмровска нормалност, сега Груевски и неговата елита глумат дека се жртви. Што не е ништо ново. Оти Груевски 11 години беше на власт и секогаш глумеше дека е жртва. Те Бранко му беше крив, те странски служби му ја разнебитувале државата, те новинарите му поставувале многу прашања, те жолти комбиња му шетаа, те Сорос му роварел, те амбасадори му се мешале во работата…

Може СДСМ да прифати да им глуми нормалност и да им дава значење на неговите приказни дека ВМРО-ДПМНЕ е жртва, ама не смее да се заборави дека на 27 април се случи насилство во кое учествуваа вмровски пратеници. И дека вмровското обвинителство насилниците ги ослободи, а инспираторите и помагачите уште не ги ни истражува.

И сега што? Новата власт ќе глуми нормалност, ќе разговарале, ќе се помирувале и ќе се прават фини со некој што крв ги гледал и тргнал да ги убива. А старата власт ни „Извини!“ не им кажа.

4 Ако веќе новиве сакаат да воспостават нормална процедура на владеење, тогаш дај барем нека направат еден симболилен чекор на отстранување на споменикот на крвникот Ќосето од пред зградите на судовите. Нека организираат едно свечено демонтирање на Ќосето. Ама не ноќе, како што подмолно вмровската власт ги редеше спомениците оти се срамеше јавно да покаже колку пари ни украле за нив. Туку дење, и тоа во викенд, кога ќе можат да дојдат да се радуваат и тие што не се повикани со смс по партиски список.

И после да го пренесат Ќосето сосе сите ками, ножеви и пиштоли пред затворот Идризово. Оти таму му е местото. Да го гледаат тие што ќе завршат в затвор. И да бидат среќни дека ги стигнала вистинската правда како во цивилизирана држава. А не правдата на Ќосето.

5 Го слушаме Груевски сега како се жали, затоа што очаен дедо што вмровскиот здравствен систем му го убил внучето посегнал по правдата на Ќосето што ја величаше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Којзнае, можеби на дедото на Тамара поттикнувачки делувале вестите за условните казни на разбојниците  што  беа пратени да ги убијат Зоран Заев и Зијадин Села. За кои, сега загрижениот Груевски, рече дека „да сакале да го убијат, ќе го убиеле“.

Медиумите и невладините организации правеле хистерија против ВМРО-ДПМНЕ. Молам? Ова го кажува Груевски. Истиот Груевски кој 11 години создаваше и правеше хајки против сите неистомисленици. И не престанува со хушкање.

Кој го подели општеството  вдолж и попреку по сите основи? По нации и по вера. По политичка припадност.  По сексуална припадност. По многудетни и бездетни фамилии. По венчани и невенчани. По патриоти и предавници. Синдикати и контра синдикати. Лекари против лекари. Протести и контрапротести. Наставници против наставници. Студентски  пленум и контра пленум. Родители и контрародители. Црна револуција контра Шарена револуција.  Јавна администрација против приватен сектор…

Да се разбереме. Нема оправдание за насилство. Но, не може насилството на дедото на Тамара да се цени на различен начин од насилството и неказнивоста што ги хранеше Груевски цели 11 години. Впрочем, обвинителството на Зврлевски трета година не кажува до каде е истрагата за смртта на Тамара.

Кого чувме дека нарачуваше со динамит да се руши објект на политички противник? Да не ја тупиме многу. Каде имаше пиштење и вриштење? Кој се закануваше со фрлање по ендеци „сосе жената, сосе децата“. Кој рецитираше поезија за ноќ на долгите ножеви? Кој 11 години бегаше од јавни дуели, ама секогаш одеше на емисии на кои водителите поттикнуваа говор на омраза?  Со надгробни плочи ќе ги поклопуваа неистомислениците. Се закануваа дека на барут ќе мириса Собранито. Кој даваше краток курс по право дека два три шамари, ама јаки не се се кривично дело?  Кој му порачуваше на Заев дека ако бил жив Гоце ќе му го прател Ќосето да расчисти со него?

И конечно, ги слушнавме баш Никола Тодоров со Гордана Јанкулоска, како таа му објаснува дека за нивните  што пукале на избори, ќе глумеле дека божем пукале со гасен пиштол, за да не одат во затвор, па ќе средат да добијат прекршочни пријави…

6 Новиот премиер Зоран Заев е единствениот премиер во независна Македонија што за функцијата се избори пролевајќи ја сопствената крв.

Сега, откако ја доби битката и навистина успеа со пенкало да смени режим, сакам да му го повторам она што му го кажав пред две години. На 16 мај, 2015 година, ден пред пред големиот митинг во Скопје на 17 мај го напишав следново:

РЕСЕТИРАЊЕ

Зоран Заев по секоја пуштена бомба изјавува: “Да не дозволиме ова зло да се повтори”. Е па нека памети што рекол. И нека си ја има на ум таа реченица на утрешниот протест. Да не се занесе многу, ако излезе многу народ. Оти ова не се протести за да дојде СДСМ на власт. Како што не се ни протести против ВМРО-ДПМНЕ. Ова се протести, затоа што ни е збоктисано од тоа некој што ќе добие мнозинство, постојано да се правда: “Тие така правеа, па и јас така ќе правам”. И да знае Заев дека ако се собере многу народ, тоа не се гласови за СДСМ. Тоа се гласови на сите што се против тие што мислат дека еднаш кога ќе се изгласани, ќе можат да прават што сакаат. А притоа не смееш ни да се пожалиш. Оти одбиваат да сослушаат ако сакаш нешто и да им кажеш. Зошто? Затоа што им се може. Оти нè контролираат по список. По семејства, по згради, по општини… Сè е во тефтерчето влезено. Па дури и кои демонстранти веднаш се судат за насилни протести од пред една недела, а кои не можат да се најдат и по две години истрага.
На крајот на краиштата, ова се протести за ресетирање. Да се покаже дека тоа што мислиме поинаку не нè прави непријатели. Ова се протести за да станеме пак пријатели. Кој сака лево, кој сака десно, кој кај сака нека оди… Ама пак да си се почитуваме. Па може и пак ќе си се засакаме.

Денеска, сакам да му го порачам само уште ова: Тие што се кабает да се извинат. Тие што нарачувале злосторства и краделе да си одговараат. И – да ги вратат парите.

http://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/koseto-pred-idrizovo/
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Пет Јун 02, 2017 11:07 pm

Ќе ја коментирам само првата точка од писанието на платеникот на Џорџ Сорос. Министерот за здравство не беше кај нашиот Претседател од две причини. Една е затоа што поради обид за атентат врз неговиот претходник не беше извршено примопредавање на функцијата, а вториот е поради солидарност со Никола Тодоров. Очигледно е дека авторот сака да каже дека уште верува во подметнувањата што со помош на меѓународната банда со седиште во Брисел ги правеа домашните предавници во обид да се инсталира, во моментов успешен обид за инсталирање на вазалска власт. Ако се исполни желбата на Михајловски сите од ВМРО-ДПМНЕ да бидат испратени во Идризово, ќе се роди ново ВМРО кое кога ќе влезе во Собранието нема повеќе да излезе од него. Па веројатно тоа е причината што Заев молчи. А катастрофално проектираните во поглед на губење енергија објекти како што беше зградата на владата, Стоковната куќа, ГТЦ мораа да добијат нови изолациони фасади. Тоа што некој има фобија од неокласицизмот кој лаиците го нарекуваат барок е проблем од друга природа.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Пон Јун 05, 2017 5:13 pm

Деташирани депонии на Дрисла


Фрау ,,мадам“ Ангела Меркел веднаш по ЕУ-НАТО журките со Доналд Трамп во Брисел и на Сицилија, очигледно незадоволна од исходот, објави дека, за жал, Европа веќе не можела да се потпира на САД и затоа ќе мора да си ја земе судбината во свои раце.
Прво на што помислив кога ја слушнав е дека ,,лидерката“ на ЕУ и на Германија и верна вазалка од Прв ред на дип стејт Вашингтон и центар на радикалниот либерал-фашистички тероризам, влегува во кривина со над двесте км на саат, а без кочница. Дури ни Латас не го може тоа, иако е докажан експерт. Дали заради минхенските кригли од два литра, дали заради есенските избори, важно дека како политичарка која претставува сериозна држава, ги шокира сите колеги подопашници, марионети и лиглиња од банана плантажите (тие погрешно ги викаат држави ем европски) што ги стекнаа како воен плен САД по Втората светска војна. Оти сите топтан завршија како ебана или политички коректно кажано, поразена страна поради квислиншките им влади. Не знам како ја прими веста Цветин Чилиманов со кого лани почнавме јавна полемика по прашањето на слободата што на светот му ја донел Вашингтон, во кој правец еволуира, ама убаво се сеќавам дека јас му тврдев со докази дека американското лидерство значи исклучиво колонизација и окупација и затоа евроатлантскиот партнерај е најобичен политичко-профитерски куплерај во кој сакаат да учествуваат само тие кои се чувствуваат удобно во робовска кожа, а сон за слободата им е што повеќе да личат на својот господар на кој му служат. И сега ви се молам, оваа мистријава од Берлин, во име на целиот континент вели ќе си ја земеле својата судбина во свои раце. Може бе, зошто да не може! Само кога п-тиииит-а ќе рече куку. Не зборам само за старите и новите американски бази кои од 2013 година никнаа како печурки ширум Европа заради страв од вонпланетарна руска инвазија. Мислата ми е на десантното истоварување на американски трупи и оружје, најголемо по времето на Хитлер миротворецот. Или, што би рекол покојниот Милошевиќ: ,,Судбина? Мало морген сега!“ Сакам да кажам вие веќе не сте господари на својата судбина. Сега сте жртви на карма за с` што правевте до сега. Доаѓа време на наплата. Доналд Трамп ви кажа убаво и на човечки јазик, а богами и со прецизен говор на телото дека му должите на газдата на банана плантажите, пардон, државите, за ѓубриво, за семенски материјал, за запрашување и прскање и се некои такви трошоци. Сега бате ќе гледаме и цвичење и квичење оти трговецот Трамп им вели всушност, ќе ве препуштам на самите себе, па ќе видите брзо „пошто боранија у пролеќе“. Што значи тоа, ајде па јас да ви дешифрирам. Kаква судбина ќе си земе во свои раце овој ексклузивен клуб на раздрндани држави кој нема капацитет за самоодбрана. Освен Велика Британија. Генерали и останатото армиско ,,особље“ не се војска. И кога имаш оружје, ако немаш борци, мотивација и патриотизам, немаш ни одбрана, ни напад. Е, ама од толку самобендисан цинизам со кој ги затрувте своите поствоени генерации, сега ќе ве дотолчи ,,мудроста“ дека за идеали гинеле будали. Затоа ви е начкрабана судбината. И лошо ви се пише. Ќе ви ја испише интелигентниот Трамп или некој како него, а по него, оти светот веќе не е оној што го знаевте. На пример, сериозната политичарка Меркел која служеше како черга на американскиот империјализам си ја зијани Германија на комар. Прво со Трансатлантскиот договор за пљачкање на ресурсите на државите жртви на банкарски грабеж, па со преземањето на монструмот Монсанто од страна на Баер и со разобличувањето на шашмата и колосална светска измама на светски радикални терористи од рангот на Сорос за климатските промени предизивкани божем од човекот. Падна и Парискиот договор.
Е, тука ве чекам бе, гулапчиња. Нели премудриот ви македонски народ ве советуваше низ вековите да не летате како слепци по бумбар, оти кај и да е, ќе ве слета на гомно? И го послушавте ли макар еднаш гласот на умниот? Јок! Пошто слушате команди на далечинско и редовно атериравте меко на смрдливо гомно, сега што правиме? Дада ви Ангела ќе си ја зема својата судбина во свои раце. Вие што линија ќе следите, баш ме интересира оти судбината на Македонија и Македонците четврт век ја проигрувате на комар прогласувајќи ги евроатланските буљаши за наша единствена судбина. Демек тие имаат право да си кројат ем своја судбина, ем на сите оние на кои им го имаат меракот, а нашата ја пишуваат сетики некои евроатлански муфљузи. И немала алтернатива!?
Значи, веднаш да кажам. Има и не само една. Но, за да ги видите ви треба слободен и функционален, ајде да кажам и креативен ум. Такво нешто во моментов во политичката ,,заедница“ или, алтернативно новоговорски, во ексклузивното клупче на балкански лидери нема. Доминираат курсисти од кумровачки тип. Ние, некурсистите ги викавме ваквите бутици перални за мозок преку индоктринација. Со помош на таа лабораторија за производство на човечки шут, со помош на тие лабораториски произведени лидери, ЦИА успешно ја уништи СФРЈ. Сега драги мои се намножија лабораториите. А богами и курсистите за идни лидери. Ги гледам, ги среќавам повремено и ги жалам. Знам колку ќе им вредат ,,дипломите“ во блиска иднина. На пример, познавате ли денес некој од СДС што ќе ви каже дека бил ,,кумровачки курсист“? Па не знаете, нормално, оти овој политички моден ,,ајтом“ денес е демоде и се крие во најтемното ќоше на биографијата. Сега уште се во мода ,,школите“ курсевите на Аденауер, па на Ван дер Штул, Ван Хојте, Сорос и слични ,,великани“. Еве, Меркел ни најави време во Европа кога ќе се прави голем политички ресет. С` за што ги тренираа до сега курсистиве, ќе мора да заборават. А потоа, откако ќе поминат болен период на детоксификација, допрва преку ментална терапија ќе мора да научат самостојно да мислат, да донесуваат и судови и одлуки, па да научат да говорат на човечки јазик и да ја видат реалноста без помош на стимуланси. Е тогаш ќе може да се каже дека минале низ тешка и болна транзиција и слетале на солидна земја.
Ова секако не ги опфаќа психопатите и социопатите од калибарот на Фрчкоски, ниту ,,политичари“ црпнати од вукоебини за посебни потреби кои се наброени во доктрината на ЦИА уште во 1953 година и во која на сочен јазик е набројано какви квалитети треба да има потенцијалниот курсист или регрут. Да не должам. Предност имаат расипаните, глупавите, црпнатите, алчните, безморалните, безсовесните. Сакаш- нејќеш, мора да стигнеш до тестирање, ем екстерно и кога е за знаење и кога е за гангстерај. Освен во ,,дис бјутифул кантри“ која сега е окупирана од подрумски и курсистички одгледан политичко- интелектуален шљам кој тешко базди на нова тура евроатлански фашизам. Ем неписмен кој има уплав од јавно оценување и стандардизирање. Бањати се, а смрдат на трупла во распад. Реата што сега го загадува воздухот и животната средина во Македонија, ја прави етикетата вмровски народ со валкани нозе и влакна во носот, како добро скоцкана реклама за природен француски парфем кој е поскапоцен од било каков хемисколабораториски бучкуруш а ла сезон. Од тие соображенија, јас не ги признавам ни Собранието, ни Владата, ни СЈО ни сите други квази институции запоседнати од окупаторот. Ги сметам за деташирани депонии на Дрисла за опасен по здравје отпад. Од таков отпад не се ослободувате на обични демократски избори или со медицински маски со кои се штитите од банален смог. Сега уште нема видлив македонски Диего Дутерте. Но ќе се појави многу брзо. И не само еден. Оти нацијата е нападната од мутиран ебола вирус кој го шират глутница штакори. Штом на курсистиве брзо им проаѓа времето, и овде ќе излезат од мода малодушните лидери со зајачко срце или расипаните лидери со тенко бабуле.
За земањето на својата судбина во свои раце беше зборот. За ,,лидерката“ Ангела Меркел беше зборот. Е баш сега на оваа тема сакам да ги чујам менталните проблесоци на Ѓорѓе Иванов, Никола Груевски, Антонио Милошоски и Никола Поповски. Уште ли сме кај тоа дека немаме друга алтернатива освен својата судбина да ја препуштиме на ЕУ и НАТО оти сме делеле исти фашистичко-терористички вредности?
Намерно не го ставам во ист пакет оној пучистичко-силеџиски џган од СДС, УЧK и Бали комбтар, Фрле и Геро со ВМРО-ДПМНЕ ,,лидерите“ курсисти. Оти тие се главно жртви на политичко-идеолошка фатаморгана во услови на светски хаос. Што не ги оправдува или ослободува од директна одговорност за преведување на државата Македонија во дивоградба преку грабеж и тоа додека се власт. Слушнавте нели кој е газда, а кој извршител на микро-примерок во медиумскиот простор. И како функционира нетитканото лажно новинарство. Сорос дава пари, а Фрле ги оплодува преку корифејот на медиумските бројлери. Терористот Фрле му дава команда на самоубиецот Геро да се саморазнесе со албански експлозив над Македонија, по хоризонтала, а овој беспоговорно прифаќа. ИСИЛ гомна да јаде бе! Е тоа е новост за мене. Јас мислев дека ,,терористи“ по традиција имала само во ВМРО во 19 и 20 век. А ваму видиш, радикален тероризам да ти бил суштина на СДС идеологијата за 20 и 21 век. Лево? Од ова подесно, здравје! Значи затоа го бранеа терористичкиот џган вкопан во ,,Диво насеље“ масакрот во Смиљковци, Вејце и Kарпалак, акцијата во Бродец, а ја напаѓаа државата. Дечливе се браќа по политичка религија со ИСИЛ. А зашто Меркелка и компанија ги доведоа на власт со пуч, јасно ни е и кои се оние во Брисел и ширум Европа.Тие се креаторите на ИСИЛ и воедно негови водачи. Нивните рожби го испотепаа домицилното зомбизирано население. ,,Бомбичево“ на ју тјуб не ме изненади оти им го знам ,,сношајот“ од почеток. И едниот и другиот така се регрутирани и исповрзани ко свински црева. Но ќе ја чекам ,,професионалната“ сеирија за хоризонталното ширење на албанскиот јазик како и за шарлатанската ,,експертска“ ем правна подлога на тоа дека се што не е јасно запишано како незаконско во рамковниот Устав полн со маскирани дупки, било дозволено. Ова дечки ако не сте знаеле е алатка на панаѓурски шатри дигнати во провизорни вукоебини да глумат правна држава. А Фрле е специјалист токму за тоа. Се вика опциско (слободно) толкување на законот и Уставот. ,,Мож да буде ал не мора да значи“ кому иде. Се додека не тропне на врата кармата што си ја заработил. Виѓавам дека на тој план на ова динамично дуо лошо му се пишува. Трамп во Брисел не го спомна членот 5 за солидарност на членките во војна или напад, ЕУ и онака нема врска со солидарност од било кој вид, па овие балкански тутурутки како Фрчкоски што веруваат во моќта на чадорите произведени во атлантската оаза, ги чека големо изненадување. Ќе ги прегази шлепер како жаби на автопат со шест ленти. Штета е само што тие лично нема ни да видат и да дознаат што ги снашло. Ама нека им е за утеха дека конечно ќе бидат корисно општо место, односно, морална поука за нацијата која наумиле да ја уништат и обездомат. Јас пак се надевам дека Грците конечно ќе ни откријат за колку примен поткуп и за кои свињарии е уценет Љубомир Д.Ф. што е зачин во секоја сплетка против Македонија.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo on Пон Јун 05, 2017 9:33 pm

Pochituvan Trendafile bidejki ne si stavil link bi te zamolil da mi odgovorish dali ovaa kolumna ja pishuva onaa ludata pijana baba, poraneshen del od enterierot na kabinetot na Branko Crvenkovski i segashna devojka na onoj kuchkarot kozar???
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Вто Јун 06, 2017 7:35 pm

Наместо тоа ќе те научам сам да пребаруваш. Во некој пребарувач, Гугл, Јаху, Бинг или друг ќе направиш копи пејст или ќе го напишеш името на темата, Деташирани депонии на Дрисла или некој друг карактеристичен текст и ќе го добиеш резултатот.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by luxor on Вто Јун 06, 2017 8:55 pm

трендафил напиша:Наместо тоа ќе те научам сам да пребаруваш. Во некој пребарувач, Гугл, Јаху, Бинг или друг ќе направиш копи пејст или ќе го напишеш името на темата, Деташирани депонии на Дрисла или некој друг карактеристичен текст и ќе го добиеш резултатот.

При постирање содржини преземени од други медиуми задолжително е поставување на линк кон изворот. Во спротивно постираната содржина ќе биде избришана.
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by PRVOBOREC on Вто Јун 06, 2017 9:06 pm

Освен ако небањатата цвечка не е со глава и брада дедо Мирко.

PRVOBOREC

Број на мислења : 125
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by defo on Вто Јун 06, 2017 9:29 pm

Го гледате Заев, на МРТВ. Алал му вера. Браво. Секоја чест. Шо да кажам. Поминал добра обука.

defo

Број на мислења : 1926
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by luxor on Саб Јун 17, 2017 6:10 pm

Брилијантна колумна на Сашо Ордановски.

Заев како Јеховин сведок

Ако денот по утрото се познава, долго очекуваните промени во Македонија ќе се одвиваат развлечено и бавно. Како на фарма за полжави. Кадровските пополнувања на вторите и на третите ешалони на власта се заглавени во меѓупартиските пазарења, во самата СДСМ има повеќе гладни усти од оние во Бијафра, а разноразните што се затечени по многубројните позиции и канцеларии на администрацијата на Фамилијата, не знаеш дали со лопати да ги ринеш или ќе треба да се ангажира и тешка механизација.

Наскоро илјадниците функционери на стариот режим – поточно, околу три илјади шефчиња, заменици, помошници, директорчиња, раководители и разни други аѓутанти – ќе се разбегаат на заслужени (и платени) годишни одмори по патриотските плажи низ Грција, потоа ќе земат некоја недела боледувања, па до септември не ќе можеш ни физички да ги пронајдеш за да им го врачиш решението за разрешување!

Не можев да проверам – Заев не ми крева телефон – но „добро упатени извори“ ми велат дека само во кабинетот на Груевски имало, ни помалку ни повеќе, туку 86 ангажирани советници! Нам ни треба ново Министерство за изгубени синови и ќерки, бидејќи стотици мајки ќе треба да си ги најдат своите одамна исчезнати чеда нагнетени по коридорите, оставите и подрумите на македонските државни институции. Нормално дека внатрешноста на Владата изгледа како кичерајски ол-инклузив турски хотел во Бодрум, бидејќи општата атмосфера упатува на тоа дека Груевски раководел со една голема национална туристичка агенција за одмор, забава, рекреација и корупција, со милиони фрлени на гастрономија, патувања и луксуз, со аранжмани плаќани на 120 рати од еврообврзниците со кои ја задолжи Македонија.

ПАПАГАЛИ?

А министриве на Заев, белки уплашени за социјалниот и политичкиот мир во државата, како папагали повторуваат никако да немало тревожење, дека никој нема да се брка од работа, бидејќи СДСМ има намера да продолжи државната служба да ја третира како социјално биро за вдомување, превоспитување и згрижување на илјадници непотребни административци платени од нашиот данок, во држава во која просекот на платите во јавната администрација е повисок од просекот на платите во приватното стопанство!

Нема ден самиот Заев два-три пати да не повика на помирување, како да станал премиер на локална заедница на Јеховини сведоци! Не знам, можеби сум само јас и мојата ограничена интелигенција во прашање, но не разбрав дека кога се пропагираше „Живот за сите“ се мислело на „Живот за сите на државна сметка“?!

Во меѓувреме, разбравме и дека ни осомничените и обвинетите од СЈО немало да се приведуваат на распит со принуда, туку ќе се канеле на разговори, па кој се појави арно, а кој не се појави, пак ќе му испратат покана; па, ако и така не се појави, пак арно. Мој совет би бил, со поканите, да пратат и понадици – локум и 100 грама кафе, на пример – за повиканите да не се усплахираат; оти, ете, Миле Јанакиески, како што самиот изјави, бил обвинет само поради еден ставен параф на некоја хартија, па се чувствува измалтретиран и неправедно јавно посрамотен, навреден, а можеби ќе побара и бесплатна правна помош од Хелсиншкиот комитет затоа што во „полициската држава на СДСМ“ му се загрозуваат човековите права.

Во право ли е Груевски кога им вели на своите да не се грижат, бидејќи брзо пак ќе се врателе на власт? Секако само тој ги знае шифрите на петте комбинации за заклучување на тешката челична врата од кабинетот каде што дишел чист оксиген со мирис на јасмин, болно осамен во својата долгогодишна семоќ.

ЕСЕНТА ДОАЃА

Значи, со вакво почетно толерирање на продолженото удопствие на бандитите, Заев ризикува да се претвори во „пожарникарот Сем“, кој, наскоро, беспомошно ќе трча од криза до криза, обидувајќи се да ги изгаси пожарите што партиските пиромани од Фамилијата ќе му ги палат секојдневно: штрајк ваму, протести таму; денес ќе ја блокираме говорницата во парламентот, утре ќе шириме паника за поскапување на лебот, задутре ќе испровоцираме некоја тепачка, а кај и да е ќе стигне есен и ќе се промовира новата хистерија поради „промена на името“, таман за локалните избори.

Во една таква проширена лежерна, речиси покајничка атмосфера од страна на СДСМ, на затворањето на „Дневник“, на пример, во јавноста скоро да се гледа како на голема медиумска трагедија (ќе останеле луѓе без работа!), а не како на повод за голема прослава поради згаснување на најодвратното и професионално најдолното пропагандно оружје на мафијата... Изгласувањето (8:1) на недоверба на Зврлевски од Советот на обвинители поради неизвршување на неговата работа се третира како нормална демократска процедура, а не како основ барем да се најави покренување кривичен прогон против овој господин поради основано сомневање за опструкција на целиот обвинителски систем и поткопување на целиот правен систем во државата... Кумашинот Жарко Луковски си заминува од Телеком со, претпоставувам, подарок златен часовник за верна и профитна служба, а не со соопштение од Владата дека ќе следат истраги за неговата лична вмешаност во овозможувањето на скандалот со илјадниците прислушувани од долгиот список клиенти на компанијата со која тој долга низа години раководел... Откако Канал 5 со премолчена согласност на демократската јавност и партијата на Заев преку ноќ се прешалта на страната на демократијата и „само вистината“, претпоставувам дека и кај Латас ќе се наредат сите од СДСМ и од Шарената револуција за да му гостуваат во некаква постфактуална емисија кога тој ќе реши дека е време за спасување на сопствената и на кожите на Ѕинговци?... Нема белки и милосрдната сестра Чавков да се испрати во пензија со постројување на почесна полициска гарда?!... Ги побарал ли официјално министерот Никола Димитров, при успешната посета на Атина, доказите од Грција за вмешаноста на „Актор“ во огромниот корупциски скандал во Македонија за што таму е поведена истражно-судска постапка?... И така натаму.

ВИДЛИВА ПРАВДА

Суштината на победата на силите за промени во Македонија лежи во определбата на мнозинството граѓани оваа држава институционално и правно конечно да профункционира. Да, разбираме дека е тоа процес за кој ќе бидат потребни долги години и разбираме дека оваа влада има мало и кршливо мнозинство во кое секое накашлување може да биде симптом не на настинка, туку на запаление на белите дробови. Но, од важната изборна победа нема ништо да биде ако се започне со срамежлив, ан-шанте помирлив однос кон бившата владејачка структура која ја врати демократијата, правната држава и правдата во Македонија во Камената доба. ДПМНЕ е политички поразена – и таа, политички, мора да се третира како губитничка страна, со јасна и непријатна артикулација на потрагата за правда и со директна и груба закана за секое продолжување на нестабилноста, дотолку повеќе што во последните денови од власта тие нѐ доведоа на чекор од големо крвопролевање.

Оти, по неколку месеци и онака сите ќе мислат дека Заев е виновен за сѐ и дека за време на Груевски се живеело подобро. Да, на Груевски му е завршена политичката кариера, но за да се расчисти со груевизмот треба да се престане со прикаските за епско „национално помирување“ и за христијанско вртење образ за дополнителни шлаканици. Јехова одамна не беше навратил овде, а и повторно да се појави, пак ќе го распнат само ако им се даде прилика.



Објавено во „Слободен печат“
avatar
luxor

Број на мислења : 3225
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Саб Јун 17, 2017 6:33 pm

СО добар дел од колумната можам да се согласам доколку не се работи за манипулација, туку за вистина. Почнувајќи од тоа дека СДСМ победило на изборите. Победи по изборите. Се сложувам и дека тешко ќе оди договарањето помеѓу партиите од коалицијата затоа што се работи за вештачки создадено мнозинство, под притисок на странци. Тешко ми е да очекувам и дека амнестирани криминалци, Заев за Глобал, Али Ахмети за тероризам и командна одговорност за злосторствата на УЧК во друштво со човек што не станува на македонската химна можат да направат позитивни промени. Посебно кога и Заев и Ахмети се под сериозни обвинувања, првиот за по едно евро кај Вицето и изнудување на уште едно евро за црквата, вториот за 2,5 милиона поткуп од Маѓар Телеком (за што има правосилна пресуда во САД).
За жал токму СДСМ ја промовираше во живо тезата дека за доаѓање на власт е дозволено се, од лажење на наводно украдени избори во 2014 година, до опоганување на институции и споменици, па сега тоа може да му се врати како бумеранг. Всушност ниту едно од наводните обвинувања со бомбите до сега не е докажано, а СЈО нема ниту една снимка со јачина на видеото (кое патем е и легално, направено со судско одобрување) на кое тој бара по едно евро и вели дека тоа и други го правеле. Во секој случај што и да се слуѓи, се надевам дека ќе се случи на избори, што би рекле демократски. Кој да биде власт мислам дека на следните избори ќе одлучи народот, а не ,меѓународната банда што се претставува како меѓународна заедница. Се надевам и дека во НАТО и ЕУ ќе дојдат на власт чесни луѓе и дека повеќе нема да бидат тоа што се во моментов и дека работите ќе се смират не само во Македонија, туку и во Украина и други земји ширум светот.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo on Чет Јун 22, 2017 8:43 pm

Само демократически, никако поинаку!

Смешни се вмровскиве лузери. Кога ги читам нивните идиотски соопштенија и кога ги слушам нивните глупави изјави, солзи ми течат од смеа... Го слушнавте ли Трајко Вељаноски, на пример?

Човекот бара „увид“ во тоа „што има прифатено Заев“ во Софија. Бара да ја дознае содржината на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, што наскоро ќе се потпише. Бара СДС (така ВМРО-ДПМНЕ сега ја ословува владејачката партија, без она „М“ за Македонија) да консултирала историчари. Трајко и „македонскиот народ“ се жалат дека биле „загрижени“ од она што се случило во Софија.

Да биде смешката поголема, СДСМ сериозно, во име на СДС, одговара на прозивката и објаснува дека владејачката партија е транспарентна. Затоа сакам сериозно да ја опоменам Бихаќка во врска со оваа комендија.

Прво, на Трајкота треба да му се каже дека е обичен пучист, човекот што инспирираше и дозволи насилство врз пратениците во Собранието. Тоа му го одзема кредибилитетот да поставува какви било прашања до кого било.

Второ, на ВМРО-ДПМНЕ треба да му се каже дека не го претставува мнозинството од народот во оваа земја, а „македонскиот народ“ на кој се повикува оваа партија е, всушност, онаа неколкуилјадна багра што на 27 април се обиде да изврши пуч и да го спречи легалниот трансфер на власта. Народ во вистинска смисла на зборот се граѓаните на Република Македонија, од кои најголемиот дел се изјаснија за промени и сега очекуваат реформи и резултати.

Трето, СДСМ не треба да одговара во име на непостојната партија СДС, бидејќи со тоа ги навредува своите членови, од кои поголемиот дел се Македонци. Експертско мислење за ова прашање да се побара од Талат Џафери.

И четврто, на ВМРО-ДПМНЕ треба да му се каже дека оваа партија не е „увидна екипа“ и дека нема право да врши увид на што било, освен на она што ѝ е дозволено со законот и со практиките на добро владеење.

Согласно со точката четири, ВМРО-ДПМНЕ може да добие увид во деталите за разговорите Заев – Борисов со внимателно читање на вестите и анализите во весниците и во другите медиуми, како и сите други граѓани.

Што се однесува до бараниот увид во содржината на договорот за добрососедство, ВМРО-ДПМНЕ треба да се информира дека овој договор, како и сите други, ќе влезе во собраниска процедура на ратификација, при што пратениците од оваа партија ќе имаат можност да извршат увид, да дебатираат и да гласаат.

А до тогаш, лузери - гитла! Демократически е така.
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Сре Јун 28, 2017 2:55 pm

Не знам која будала ја напишала оваа колумна затоа што не е наведено, но ќе помисли човек дека СДСМ има којзнае колкаво мнозинство, па може да се занемарат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. А кога е ВМРО на власт треба да има консензус и за прашања за кои во Собранието има 2/3 мнозинство и лидерски средби на кои гласот на Груевски и Мендух Тачи е еднаков.
Секој човек, и да не е пратеник има право да ја праша владата што ќе посака. Дали ќе добие одговор или не е друго прашање битно ѕа следните избори.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo on Сре Jул 05, 2017 1:27 am

На Груевски и на Мијалков мора да им се определи притвор

Според Законот за кривична постапка (член 184):

(1) Ако постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело, притвор против тоа лице може да се определи ако:

1) се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство;

2) постои основан страв дека ќе ги уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците, соучесниците или прикривачите и

3) особени околности го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното
дело, или ќе го доврши обиденото кривично дело или дека ќе стори кривично дело со кое се заканува.

(2) Притвор задолжително се определува кога постои основано сомнение дека лицето сторило кривично дело за кое може да се изрече казна доживотен затвор.

(3) Во случајот од точка 1 став 1 на овој член притворот што е определен само поради тоа што не може да се утврди идентитетот на лицето, трае додека овој идентитет не се утврди. Во случајот од точка 2 став 1 на овој член притворот ќе се укине штом ќе се обезбедат доказите поради кои е определен притворот.

Во случајот на Груевски и Мијалков се исполнети два од бараните услови: постои опасност од бегство и постои основан страв дека ќе ги уништат трагите на кривичното дело односно дека ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоци, соучесници или прикривачи.

Груевски отворено и директно повикува на насилство, употребува говор на омраза и се заканува од позиција на вистинска или претпоставена моќ. Мијалков најверојатно тоа го прави поскриено, но не и помалку моќно.

Значи, на двајца моќни луѓе, кои имаат огромно богатство, кои имаат поддржувачи во државните органи и посебно во судот, полицијата и јавното обвинителство, и кои најверојатно имаат врски и со дел од подземјето во Република Македонија, мора да им се определи притвор. И на ниту една организација за човекови права и на ниту еден бранител за човекови права нема да му падне на крај памет да застане зад одлуката на судиите и да го поддржи неизрекувањето на мерката за притвор.

И на ниту еден правник кој има елементарно знаење од правото нема да му падне на памет да ги споредува оспорувањето на притворот на новинарот Кежаровски или демонстрантот Савески и ситуацијата на барање притвор за моќници кои се дел од онаа група луѓе во светот заради кои се формирани меѓународни судови затоа што националните судови не успеваат да се изборат со проблемот на неказнивост.

Во случајов станува збор или за големо незнаење, или за голема глупост или за безобразно замајување на јавноста со цел да се изедначат криминалците од голем калибар со обичните граѓани прекршиѕели на законите.

До последен здив ќе се борам бабата гатачка и оној крадецот на ќебапчиња да не завршат ни во притвор ни во затвор. И до последен здив ќе се борам криминалците како Груевски и Мијалков да завршат и во притвор и во затвор.

Кој не ја разбира разликата навистина треба да си ја скине дипломата од правниот факултет.

Мирјана Најчевска – Фејсбук статус
avatar
Teo

Број на мислења : 3215
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 22 of 24 Previous  1 ... 12 ... 21, 22, 23, 24  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот