Интервјуа и колумни

Страна 23 of 24 Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Сре Jул 05, 2017 4:05 pm

Тешко ми е да поверувам дека идниот премиер ќе бега од државата. За мерката притвор важна е и тежината на доказите што ги има поднесено обвинителството. Најчевска би го осудила Груевски и без судење, а амнестираниот криминалец Зоран Заев би го амнестирала повторно.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by PRVOBOREC on Сре Jул 05, 2017 4:25 pm

Оди у жолтата куќа да ти ја аплоудираат МП тројката небањат, твојот пастир е само иден затвореник.

PRVOBOREC

Број на мислења : 125
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Bosonoga on Сре Jул 05, 2017 4:31 pm

lelee samo glup do nemajkade moze da misli deka grujo bilo koga poveke ke bide premier
avatar
Bosonoga

Број на мислења : 141
Join date : 2017-03-15

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Сре Jул 05, 2017 5:22 pm

Вие изгледа мислие дека како диктаторот од минатото, Тито, и Зоран Заев ќе биде доживотен лидер на државата. И да грешам не знам зошто со толкава омраза, ајде да не кажам примитивизам, реагирате на мојата „грешка“.
Јас не сум психијатар, па бидејќи изгледа вие сте, одговорете ми дали е нормален тој што гласал за СДСМ поради укинувањето на радиодифузната такса, а сега не е лут затоа што оваа и другите партии од власта гласаа против овој закон. Или тој што гласал против ВМРО поради задолжување на државата, а не му пречи тоа што сегашната власт се задолжува со 20,25 евра на секунда, 1225 евра на час или вкупно преку 60 милиона евра од доаѓањето на власт.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by PRVOBOREC on Сре Jул 05, 2017 7:45 pm

Пошто си лоботомиран ај да те потсетам оти вие бевте тие што се чукаа у гради дека вечно ќе владеат.

PRVOBOREC

Број на мислења : 125
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Сре Jул 05, 2017 10:08 pm

Пошто сум нели според тебе лоботомиран не очекуваш ваљда дека се сеќавам каде сум го напишал тоа на форумов. Ако ти не си лоботомиран исто како мене, дај ми линк каде сум напишал дека ВМРО, не јас, вечно ќе владее.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by luxor on Пет Jул 21, 2017 10:39 pm

ПРИБЕ ПУШИ ЛИ?

1 Многу ми е криво што судијката ја смени судницата во Апелациониот суд во Скопје, каде што деновиве се редат речиси сите покрупни ѕверки од минатата влада на чело со поранешниот премиер Никола Груевски. Некако ми недостига позадината од распуканиот ѕид, пред кој многу важни фаци се бранат да не заминат во притвор и молат да им бидат вратени пасошите, колнејќи се дека нема да избегаат од земјата.

Ех што убава слика беше таа. Не знаеш дали да го викаш „ѕидот на плачот“, оти нели Македонија е библиска земја и само таков израз им доликува на народните месии што СЈО ги обвини дека 11 години нè краделе, нè мамеле и нè малтретирале. Или, пак „ѕидот на срамот“, оти пред него се редат политичари на кои некогаш сме им верувале, а се покажало дека нè изневериле. Или, „ѕидот на груевизмот“, оти ја отсликува реалноста на наследството што ни го остави неговото владеење. Напукнат ѕид на судот, а силна тврдина за одбрана на неговата власт. Година и пол не е премиер и уште владее.

Ај што владее, туку го убедува судот дека не само што нема намера да бега, туку има намера да се врати на власт. Најтрагично е што неговата закана треба сериозно да се сфати. Опасноста Груевски да се врати на власт уште не е надмината.

2 Додека ги гледам ревносните извршители на неговите криминални замисли како се редат пред оној распуканиот ѕид што стана симбол на нивното владеење, се прашувам што ли си мислат сега кога им се остварија предвидувањата? Оти, не е дека не знаеле што прават. Всушност, тие најдобро си знаат што правеле.

Ја слушнавме Гордана Јанкулоска во еден од прислушуваните разговори како му се жали на Зоран Ставрески: „А бе, ние сите ќе завршиме во затвор вака како што сме тргнале“.

Тоа беа најискрените муабети што ги чувме. Ама затворите останаа нереновирани.

3 По што се гледа дека судот работи како ВМРО-ДПМНЕ да не е на власт? По ништо. Судот уште си работи според тефтерчето на Гоца. Два дена патуваше одлуката за притворите на соработниците на Сашо Мијалков од Апелациониот до Кривичниот суд. По 10 метри дневно, оти меѓу двете згради има 20 метра.

Кога го шетаа Заев со лисици за „Глобал“, не го носеа дома да чека Врховниот суд да му ја уважи жалбата. Томче Кежаровски кога го приведуваа, уште и снимки на телевизиите им делеа да се пофалат како го влечат од дома. За Љубе Бошковски, пак, ич да не збориме. За него чувме како го апсеа. И како сакаа да скријат дека му ставале пиштол во уста. И како договараа медиумска промоција на легнувањето на плочникот и ставањето лисици покрај подвижниот тоалет. Оние од патарините од „Змиско око“ повеќе од година дена што одлежаа во притвор, само на одлуката на Врховен суд чекаа. И докторите од „Метастаза“. И оние со артефактите од „Фаланга 1 и 2“. Истото судство беше и тогаш. Не е сменето.

Или, можете ли да си замислите каде ли до сега ќе ги баравме со потерници оние од Диво насеље, ако за да влезат во притвор се чекаше одлука на Врховниот суд.

А сега, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се жали дека тоа што морал еднаш неделно да се потпишува во судот дека не е избеган било политичка деградација.

А тепањето на Радмила Шеќеринска и обидот за убиство на Зоран Заев и Зијадин Села во Собранието на 27 април не беше политичка деградација. Или влечењето и насилното исфрлање на повредени и бремени пратенички на 24 декември 2012. И тоа не беше политичка деградација.

А физичките насилства? А затварањата на неистомислениците? А нарачаните напади за новинарите? А медиумските хајки? А инспекциите за пиштење и вриштење? Тоа систематско труење на јавноста цели 11 години не беше политичка деградација, нели? Уништија цели фамилии, уништија бизниси…

Море, уништија човечки капитал. Тие што вредеа избегаа, тие што останаа гледаат да фатат државна работа. Луѓето сами се одродија и бугарски пасоши земаа за да бараат подобар живот. Со презирот и омразата што ја сееја кон секаква стручност, направија интелектуален геноцид. И тоа не е политичка деградација. Тоа е човечка деградација.

Впрочем, да сакаа да го деградираат Груевски, ќе го деградираа.

4 Многу ме интересира дали премиерот Зоран Заев повеќе од две години си ја држеше главата во торба, и неговата и на целото семејство, за првиот закон за кој се бара да се донесе по итна постапка да биде измената на законот за пушење? Кај му текнаа вакви реформски потези? Ова мора да е „тројката“ од реформскиот план „3-6-9“.

Смената на Зврлевски не е толку итна, како што е пушењето. Може, евентуално, министерството на Роберт Поповски да е поитно за екипирање од пушењето.

Групата пратеници што бара измени на законот образложува дека причина е што претходната власт казнувала некои угостители и за пушење на тераса, а други не ги казнувала и за пушење во самиот локал и дека немало совесни инспектори.

Што ти е вмровска логика. Ако не можеш да го спроведеш законот, не ги казнуваш инспекторите, туку го менуваш законот. Истото важи и за кафеанџиите. Ако не можеш да ја спречиш узурпацијата на јавните површини со најлони, ја легализираш узурпацијата со цврста градба.

Со истата вмровска логика се дава и статистиката. Креирана за пригодата. Памтите како одговараше Коце Трајановски кога се фалеше дека во Скопје има зголемен број туристи. На прашањето: „Колку?“, одговараше со: „Па, многу“. Така и реформскиве пратеници за пушењето. Статистиката вели дека има зголемен број пушачи и намален промет од кафеани, ама не кажуваат ни која статистика, ни каде, ни кој мерел…

Па уште и ја шират дебатата за реформите. Регулирањето на пушењето немало да застане тука. Туку во терасите под најлони што ќе станат ѕидани, ќе имало и стандарди за вентилација. Ха, ха, хааа… Кој вентилира тераса?

А бе, какви стандарди? Овие пушачките реформатори како да не живеат во Македонија. Па самите викаат дека не биле совесни инспекторите. Тие не можат загадувачите на воздухот да ги откријат, луфтирањето на терасите ќе го контролираат.

Туку, Прибе, пуши ли?

http://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/pribe-pushi-li/
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Саб Jул 22, 2017 1:38 pm

Мислам дека на Прибе му го пушат. Патем во неговиот извештај нема ниту збор за кршењето на нашите човекови прва, односно правото на самоидентификација и само именување на државата.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo on Саб Jул 22, 2017 1:48 pm

Spored toa kako se razvivaat rabotite pochituvan Trendafile na kraj tvoite kje  go ispushat...

Судии од скопскиот кривичен суд, сепак, на средба со Прибе!
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Вто Aвг 01, 2017 10:44 pm

ИЛИНДЕН ПОД ФАШИСТИЧКА ОКУПАЦИЈА

Како подготовка на овогодишното чествување на македонскиот државен и национален празник Илинден, во окупирана Македонија втрча американска војска (триста хуманоидни парчиња со едно чудо оружје и транспорт) за со војничка цокула на теренот, како впрочем секој ѕвер, да ја означи „својата“ територија. Таа е секогаш туѓа, грабната, присвоена од некој што има тапија врз неа. Нормално, тоа го знае секој окупатор. Затоа и има потреба да ја покаже својата сила пред домородниот сопственик, во случајов македонскиот народ.
Ваквите паради со радост ги следат нивните домицилни слуги, контрактори. Тоа се суштества без личен идентитет и човечки доблести како што се чест и достоинство. Јас ги викам шкопеници или евнуси. Таквите се секогаш слуги на оној што ги шкопел. Тие се самозалажуваат дека се политичка, црковна или интелектуална елита. Шкопеникот го мрази нормалниот народ, кој ги има сите одлики на родот на кој му припаѓа. Сите делови на телото му се на број и функционални, а мозокот му е слободен и во кондиција. Кога се гледа во огледало, си го гледа и ликот и душата и срцето. На себе ги препознава и цртите и карактериситиките на своите предци во континуитет. Го познава секој слој од кожата секоја своја маана. Шкопените ја немаат таа предност. Затоа, наместо да си признаат дека се фалични, си градат затворен свет во кој сите без мандало се сметаат за авангарда со агенда да го сотрат нормалното човештво така што ќе го обезличат, односно, ќе го втераат во нивната фарма на евнуси, кастрати.
Прво да констатирам дека пред цел македонски народ и пред цел свет нашиве кобајаги политичари се разгологазија неповратно. Грди и валкани се до тука бидува! Лажеа дека работат за Македонија и македонскиот народ. Работеле против неа и нас. Безбедносниот и институционалниот вакуум дадоа кротко да ни го пополнат американски и европски штакори, плус добрососедски агресори и негатори. Дозволија војската и полицијата, судството, економијата, здравството, образованието да ни ги раководат дегенерици, муфљузи, шламот, мафијата. Доживеавме две приватизации, која од која погадна.
Мене сега ме интересираат две работи: Зошто воопшто уште постои т.н. Шеф на државата и зошто уште дреме во претседателската палата и претседателската резиденција безидентитетен човек кога веќе нема работа за него. Нема држава и народ за да ги претставува, а агендата за пополнување на безбедносиот вакуум ја исполни. Имаме 300 американски маринци и снајперисти и никаква македонска армија. Имаме неспособни генерали како послуга на американските. „Волци“ и „Тигри“ во платенички окупаторски мисии, ама без срце да си го бранат домот и татковината. Тамам за двомилионска Македонија. Што работи уставниот суд и каков устав штити? Чии се тие уставни судии? Чија војска е АРМ? За што служи и кому служи? Чија е македонската полиција и полицајци? Синодот на МПЦ кого претставува? За кого бијат камбаниве бе сега, а? Постојат ли воопшто македонски политички партии? Кој воопшто членува во нив? Зошто не се во илегала или не повикаа на борба? Од кого и за што ќе бараат гласови, ако воопшто им даде шлакнатиот Бејли? Или ќе си штанцаат и полнат кутии на фингирани избори? За домашни слуги на окупаторот ли ние ќе плаќаме давачки? Ако Македонија не е под окупација, за кој андрак Скопје во пресрет на Илинден е под полициска опсада? Што кажува тоа?
Просто, кажува дека окупаторот и неговите домашни шкопени слуги умираат од страв од народот кој не е под нивна контрола. Така е од кога е светот и векот. Стравот на слабаците се манифестира со парада на насилството. Кукавицата се крие зад насилникот и насилството. Убавото во сето ова е што и тие и ние го знаеме крајот. Секоја окупација има рок на траење и завршува со борба за слобода со однапред познат резултат. Победа на окупираниот и поробениот. Бежанија на окупаторот и слугите му. Патем, оној кастрат од Грузија, Шаакашвили, го испудија од САД, сега му го одзедоа државјанството и украинските црпковци. Шаакашвили стана штакор мигрант, кој бара нов господар што ќе го најми. Отпад кој не е погоден за рециклажа! Оваа е судбината и на неговите колеги од „Виши“ групировката на Црпко и Рада.
Лани на 2-ри август ја одгледавме „ладната проба“ на овогодишново илинденско празнување. МРТВ за првпат немаше директен пренос од свеченостите на светите за Македонецот места. Немаше бесплатни автобуси за собирање на публика. Оти, отчетот на врвните политички функционери беше срамен по дејство, па секој со малку достоинство и самопочит не сакаше да е присутен на фингерајка. И тие тоа добро го знаеа. Само си мислеа дека народот тоа ако не го гледа, нема да го знае. Шкопени шутраци!
Годинава, по фотографирањето на американската окупаторска војска пред триумфалната капија, по одржаната смотра на припадниците на бившата АРМ пред квислингот Радмила Шеќеринска и шефот на евнусите, нашиот Чембрлен, Црпко Заев, во отсуство на делегитимизираниот врховен командант (забравам му името), а во нападно ем вулгарно присуство на манијакот и наци-самодржец Џес Бејли, очекуваме во Крушево, на Мечкин камен и во Свети Спас, протоколарно јавно мочање врз илинденските светилишта од страна на вандалите: Учката и балист Џафери ќе блуе на Мечкин камен, Вулгарот (изворно име на денешниве словенизирани Бугари по племето Вулгари кое како придружба слугинска освојуваше и пљачкаше со Монголите, Татарите и Османлиите) и фашист Бојко Борисов со муртинскиот безр’бетен кастрат Црпко и дворот на шарените СДС трансџендери ќе му аплаудираат, а фирерот „ас сакинг“ Бејли ќе ги гледа од високо.
По рамковниот, мајскиот, пржинскиот, великоалбанскиот и бугарскиот договор, тој може да каже како Клинтонка: ДОЈДОВ ГИ КАСТРИРАВ, УБИЕНИ СЕ.
Ние, народот на Македонија, Македонците пред се’, се срамиме од домашните соработници на евроатланскиот фашистичко – цијашки окупатор. Долговите што ги прават сега во наше име, преку окупираните институции и секакво насилие, не ги признаваме и ќе ги наплатиме со дебели казненни камати. Иако, цела идна генерација по нас ќе треба да ги чисти и дератизира испоганетите паметници и деградираната македонска земја натопена со крвта на генерации, жртвата ќе биде неопходна. Оти лајнари ни го уништија кредибилитетот, не направија народ за мајтап, ни го испоганија образот. Нема да им заборавиме и простиме! Никогаш! А, ќе одиме на избори за уставотворно Собрание! Запаметете, оти тоа ќе ни биде приоритет агенда. Македонци! Не чека асиметрична борба со домашни штакори и странски окупатор! Бидете рационални, сконцентрирани, прибрани и решителни! Ние ги знаеме нив, а тие не не’ познаваат нас (тука се крие стратегијата и тактиките).

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by хан Ацо on Сре Aвг 02, 2017 7:03 am

Рапорт од Софија: Метропола прекрасна

Од 10 таксисти кои нè возеа во Софија во текот на 24 часа, ниту еден немаше појма за договорот со Македонија, ете колку сме им ние битни на Бугарите!!!

ЗНАЧИ - ГИ БОЛИ ТАСЕ!!!

Една келнерка, кога ѝ кажавме дека сме Македонци, ни рече - А КАКО Е ВО БЕЛГРАД?!

Значи, они не ни знаат каде е Македонија и што се тоа Македонци, сè што е север од граница за нив е ЈУГОСЛАВИЈА БРАТЕ МИЛИ!!!

Значи, си живеат живот европски, си шетаат пудлици и булдози, во текот на еден ден видовме едно 10.000 кучиња, што на плоштад, што по парковите, што на главната улица Витоша... Во Скопје за цела година не сум видел толку пудлици и булдози колку што видов за еден ден во Софија, што значи дека браќата Бугари добро се опариле, за да чуваш такво куче ти требаат по 500 денари дневно за храна, време, ветеринари, разни играчки, огрлици и триста курци и палци...

Улици, паркови, згради, све најново, имаат чичка ново метро со мармер кој сија, мислам дека е направено сега, во последниве 5-6 години, имаат најнови тролејбуси плаво-жути, тазе распаковани, народот дотеран, среден, кафичите светски, цените доста пристапни, крцаат со народ, значи си живеат они убав живот, нови трговски центри во амерички стил со надворешна илуминација и стакло, а не како кај нас што се, како кутии пластични безлични тие малку што ги имаме...

Град мегаломански богат, метропола прекрасна која може да се носи и со Лондон и со Њујорк. Поентата ми е дека не сме им ние потребни на Бугарите, им чуе нив за нас, туку ние имаме потреба од нив за да се закачиме на нивниот воз кој шиба кон цивилизацијата, а ние испаднавме во 19-ти век!

https://okno.mk/node/65728
avatar
хан Ацо

Број на мислења : 780
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Сре Aвг 02, 2017 4:01 pm

Зошто тогаш младите Бугари бегаат во западноевропските земји.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by хан Ацо on Сре Aвг 02, 2017 4:09 pm

За повеќе пари.Секогаш некаде е по добро.
avatar
хан Ацо

Број на мислења : 780
Join date : 2015-01-14
Местолокација : България

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Нед Aвг 13, 2017 7:50 pm

Антимакедонизмот и урбаните сељачишта

Држава со ваква младина не треба да се плаши за својата иднина. Така беседеше Јосип Броз. Ама ете, порасна таа негова младина и попат растури цела држава во крвава граѓанска војна, па стана вазалска колонија покажувајќи го својот робовски менталитет подготвен да даде задник на оние што даваат повеќе грантови. Тука, во Македонија, истата таа порасната младина е на добар пат да ја растури и оваа држава, па дојдени сме во ситуација да не ни се сигурни ни сегашност, ни минато, а камоли иднина. Најтрагикомични од сите, се оние што до вчера хистерично се пенавеа дека се менувала историјата со ставање споменици низ градот, а сега како последни глуперди напукани со грантови наместо мозочни клетки, мораат да се лигават и поддржуваат создавање комисии меѓу две држави за менување на истата таа историја. Ама па не можеш да сториш ништо кога станува збор за полупроизводи што некој ги убедил дека се урбана елита и авангарда, која, внимавајте добро, роботски се активира на копче кога тоа од нив го бара меијнстрим-политиката. И наеднаш, заради сите овие немислечки суштества, во гроб се превртува сета некогашна вистинска авангарда низ светот.

А што се случи деновиве, додека јас инаетливо се држев на страна од сите телевизори и социјални мрежи за барем кусо време да си ги држам умот и срцето ослободени од отров и политичка моронштина? Токму како што многумина тврдевме, во процедура влезе антиуставен закон за јазици чија цел е федерализација и уништување на македонската држава, полицијата од режимска се ребрендира во демократска, па во духот на западната цивилизација почна да апси луѓе што протестираат против војна, мајки пентареа деца по американски тенкови, веројатно сонувајќи еден ден нивните чеда да пораснат како војници во некоја окупирана земја среде којзнае чија пустина за да им се вратат дома без половина глава и две нозе, ама па и дознавме дека пратениците ни се мртви уморни од седење во удобни фотелји, притискање копчиња и земање 1.500 евра плата. Во право се луѓето, од седење во толку меки фотелји при што притискаш толку тврди копчиња, на полпат меѓу газот и показалецот се создава болка во ’рбетот што те тера толку да се свиткаш што стануваш неподнослива глетка за некој што те набљудува отстрана. А да, освен овие будалаштини ни се случи среде Скопје фудбалскиот Суперкуп на оној нели, непотребен и грд стадион на кој ќе му се срушеше доградената трибина и јас навистина не знам зошто нашава слободоумна власт сè уште не го викнала шпанскиот амбасадор за да го искара оти нивната национална телевизија ни руши добрососедски односи и евроатлантска иднина.

Што, не знаете? Уште никој не им фрлил некој грант на Соросовине шаренковци напикани по владини кабинети, да кренат глас против деструктивната шпанска телевизија? Шпанците јавија дека слетале во Македонија на аеродромот „Александар Велики“, се возеле по автопатот Александар Македонски за да го гледаат нивниот Реал Мадрид на арената Филип Македонски. Па каде се да залелекаат и да се разбеснат бирократскине креатури од ЕУ, военине профитери и лудаци од НАТО и „дип стејтот“ на САД? На толку труд и кеш за да се уништи македонскиот континуитет и идентитет, види сега ова, некакви си шпански спортски коментатори, вака да ја оплескаат работата? Под итно да се отпуштат тие безобразни коментатори оти на прогресивната цивилизирана западна антимакедонска политика сигурно може да ѝ зазвучат како оној забеган Путин, кој мртов ладен рече дека писменоста во половина Европа дошла од македонската земја со што така брутално ги навреди Бугарите, ама и се дрзна да спроведе македонска агресија врз Македонија. Срамота, па за што ги плаќаме сите оние поети и твитерџии напикани по владини кабинети, кај се да крикнат што шпанскана телевизија шири неприфатлива и антиевропска македонска пропаганда?

Ај што Шпанциве ја оплескаа, ама па македонсково оро на почеток од Суперкупот! Како не ти е срам ФФМ, тамам сите антимакедонски расположени прогресивци ве благословија што забранивте внесување македонски знамиња, бидуваше ли вака да ја промашите со орово? И како сега се чувствува нежното срце на Бујар Османи? Јас лично очекував Артан Груби да влета на терен со шипка во рака и како што му доликува на вистински маж да искрши неколку глави на играорки, ама изгледа човекот беше затечен од ненајавеното оро ко да е неочекувано појавен дрон со знаме на кое се вее јасно изразена демократска потреба за одземање туѓи територии. Но, ако Груби беше затечен и не успеа да истепа барем една жена во носија што провоцира, тука беа нашите урбани сељачишта од социјалните мрежи. Спремно и активирано, од нивните малограѓански мозочиња излета добропозната омраза спрема македонските традиционални и културни вредности, па се запенавија против седумосминскиот такт, опинците и носиите, да си помисли човек дека нивните баби и дедовци дошле директно од иднината, море излегле од „Неоромансерот“, на Вилијам Гибсон. Така ви е тоа кога покондирана тиква што на себе има ставено маска на не знам каква интелектуална величина затоа што успеала да склопи реченица од 140 карактери, првпат ќе одгледа некој голем спортски настан, па е затечен од фактот дека вообичаено земјата-домаќин се претставува со нешто традиционално и се чуди зошто наместо она чудно оро, не му текна на никој да ги донесе, што знам(?), „Фемен“, на пример или симболична геј-парадичка со што ќе се додадеше троа корисен активизам на еден спортски натпревар.

За крај, прочитав дека професорот Атанас Вангелов му се лути на министерот Алаѓозовски дека овој ќе двоел пари за промоција на албанистиката, ама не и за македонистиката. Оттука сакам да го поздравам професорот, да му посакам долг и успешен живот во кој сигурно ќе има да каже нешто кога двете комисии за усогласување на историјата ќе го усогласат Симеон Радев како личност што двете држави заедно ќе ја чествуваат, па може ќе има чест заедно со Каракачанов да се поклони на гробот на ресенчанецот, потписник на Букурешкиот договор за парчосување и укинување на Македонија.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?tittle=Антимакедонизмот-и-урбаните-сељачишта&id=dba672c2-2035-43a1-9ae3-6718692b4b65

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo on Нед Aвг 13, 2017 9:11 pm

Eve i Rusjakov, kako slep za stap, isto kako tebe se fatil prvo za shto drugo ako ne za drugarot Tito...Zavisnici od diktatori, ete toa ste vie vro-dpne-ofcite...
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Пон Aвг 14, 2017 2:30 pm

Веројатно јас и Александар мислиме дека Тито е последниот диктатор на овие простори кој наредувал што да се прави во Македонија од надвор. Вие мислите изгледа дека сега тоа го прави некој друг од Брисел или Вашингтон.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo on Пон Aвг 14, 2017 7:44 pm

Verojatno?!?!?! Ama ne e isklucheno vie vro-dpne-ofcite da ste zavisnici od diktatori pa zatoa mu se pikavte u shupak na vashiot pator...
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Dino on Саб Aвг 19, 2017 2:25 pm

Ako se glupi kritikite ke gi sfakaat kako neprijatelstvo, a ako se pametni SDSM ke sfatat deka najgolemite konstruktivni kriticari se i najgolemite nivni prijateli.

Не ги повторувајте грешките на ВМРО!

Како се залауфа покудата по глупостите кои ги направи власта на Груевски, така се множат и приликите и новата власт да ги направи истите грешки. Се распламтува незадоволството, негодувањето од кадровските решенија на новата власт. Луѓе без бекграунд, со едвај некакво или никакво искуство стануваат главни во области кои се важни и можат да влијаат на текот на ветените промени и тие да се претворат во своја спротивност.

Заев ветуваше интегрирање во власта и одлучувањето на граѓанскиот, цивилниот дел на општеството, но тоа не беше разбрано дека ќе се прави од тепка, повторно со луѓе без професионален или личен бекграунд. Едноставно се гледа дека некои цврсти критериуми нема, систем исто така, оправдување уште помалку.

И ВМРО го правеше истото и од тоа произлегоа сите нивни глупости и зла. Ставаа за министри луѓе без биографија, пилиштари во буквална смисла на зборот. Но, тоа беа верни и исполнителни партиски трчкала. Тоа беше доволно за квалификација во највисоките достаги на власта. Е токму тие, под идејното водство на Груевски, ги направија сите глупости. Зашеметени од вртоглавото качување, мислеа дека можат сè и така направија. Плеснаа на земја како последни дрипци.

Мора да имате слух за она што ви го кажуваат оние кои ве подржуваат во напорите да ги измените работите на подобро. Па и оние кои по ваш вкус можеби се и премногу критични. Немате оправдувања за грешки. Имавте доволно време да се подготвите. Најмалку две години. За тоа време можевте да исцртате критериуми, да забележите луѓе кои знаат, можат и се доволно храбри да ги направат промените. Имавте голем избор. Тоа од вас се очекуваше. Така тоа се прави ако (и кога) имате искрени намери. Младоста е ефективкана кога како репер и контрола го има искуството. (Нека ви биде водилка, еден обичен пример, широкото одобрување за Бранка Костиќ за шеф на филхармонијата, а неодобрувањето на некои други решенија.)

Ми доаѓа на ум една мисла, одамна изречена. а која вели: Секогаш бидете љубезни со луѓето на патот за нагоре, затоа што истите ќе ги среќавате кога ќе се симнувате надолу.

http://plusinfo.mk/mislenje/3227/ne-gi-povtoruvajte-greshkite-na-vmro

Dino

Број на мислења : 115
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Саб Aвг 19, 2017 9:04 pm

Олеснителна околност за ВМРО беше што водеше војна за нашите човекови права, односно правото на сопствен идентитет на македонскиот народ и правото сами да си ја именуваме својата држава. Во војна многу демократски правила не важат. СДСМ го нема тој проблем затоа што се реши на виткање на кичма, односно за капитулација по двете прашања. Па нејасно е зошто поставува средношколец од градежна струка како директор на Танец. Таква глупост ВМРО нема направено никогаш.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Teo on Нед Aвг 20, 2017 5:11 pm

Vodeshe vojna za vashite chovekovi prava?!?!?! Pa mozhebi si vo pravo...Dpne-ofca krade milioni, ne go sudat, ama za 150 kjebapi obichen chovek gnie vo Idrizovo 3 godini...Shleperi shvercuvana roba vnesuvaat dpne-ofcite vo drzhavata nikoj ne gi dopira, chovekot prodaval maruli na zeleno pazarche go zatvorivte...Gazevte lugje na peshachki premini...Ubivavte, kradevte i lazhevte i nikoj nishto ne vi mozheshe pokraj vashata diktatorska vlast i svarovski sudstvo dodeka ostanatite gragjani za sitni prestapi gi kaznuvavte nemilosrdno, gi apsevte, im mestevte sluchai i nevini so godini gi drzhevte vo zatvor...Jasno e deka borbata na Grujoshesku za vashite prava da bidete i ostanete nekazneti kriminalci e olesnitelna okolnost ama samo vo vashite bolni mozoci...Za ostatokot od nacijata zaradi taa borba da grabite i ubivate nekazneto kje si odlezhi dosta dolgo vo Idrizovo...Sose ostanatite od familijata...
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Пет Сеп 08, 2017 9:31 pm

Америка откри што е тоа тероризам и кои се терористи

Ете, и тоа го дочекавме. Прво некои европски морепловци финансирани од тогашните
големи империи ја открија Америка. Потоа Америка го откри светот и реши да си го
направи своја игрална, па така, разиграна, тргна да си прави човечиња кои ќе ги
тренира да бидат терористи, па ќе ги вооружува и с‘ска каде сака, колку сака и како
сака. Бидејќи сама плански ги произведуваше во ЦИА и нејзините погони, прогласи
светски монопол на производството и извозот на секаков вид тероризам, нормално
единствена на палнетава немаше дефиниција за тоа што е тероризам. Главно каде цел
свет знаеше кои се и што се терористите, Вашингтон и Американците гледаа борци за
демократија, човекови права, држ-ме-мајко-се-испосрав човекољупци, правдољупци,
мирољупци. Нема врска што ,,љупциве,, и активисти отпораши редовно во името на
љубовта колеа, палеа, измачуваа, резбареа, сиулуваа, рушеа, демек тероризира невин
свет. Така беше до пред некој саат кога Доналд Трамп по седум месеци дозна што е тоа
тероризам и кои се адресите кои ги исполнуваат условите да бидат именувани за
терористи.

Значи, што да ви расправам бе! Кога прочитав а богами и слушнав лично од Трамп кој
се е опфатен со првата американска државна дефиниција за тероризам, ми дојдоа слози
радосници на очи. Отиде курбан и Сорос и Срџа Поповиќ, УСАИД со се ЦИА, дип стејт
и Антифа и ККК, па Блек лајф метер, десен сектор – лево маде, пуси заедниците и се
некои такви зомби производи заедно со Ал каеда, Ал нусра, Исил и други дркотини.
Само солзиве не ми капеа од радост за Америка. Плачев од радост за овде, кај нас во
Македонија и добрососедска ни грчка, бугарска, српска ем косовско –албанска ни
околина. А таман им тргна бе со Бејли и Хојт Ји. И бившиот директор на ЦИА. Во
Македонија и буквално се разгаќија, а ете кај се ближи саатот Америте да ги гаѓаат, да
бараат од државите да ги апсат и судат новопрогласените терористи. Посебно се
израдував што акцентот новиот Вашингтон го става на леваците, активистите на
Сорос и неговите Усаид филијали. На списокот што го спомна Трамп се грчките
соросови дружини финансирани и од Германската влада и левичарските партии кои
лани јуришаа на македонската граница среде произведената мигранска криза, дебело
помогнати од македонаските соросоидно леви терористи – активисти. Турските таксим
револуционери и евроатлантисти, украинските Џо Бајден и Вики Нуланд ,,слободњаци
– западњаци,,, дури и хумористите од Шарли Абдо се тука. Тие, новите терористи се
мислеа за борци за демократија, за правда со војна, па го славеа украинското сценарио
за слобода и просперитет, а види каква карма ги начека. Е баш имаат курата среќа.
Изгледа Куманово ќе им се деси. Оние терористите од УЧК од времето кога збунета
Америка не знаеше што е борец за слобода а што терорист, ординарни убијци,
мафијаши и психопати ги претвори во борци со книга во рака, па за слобода и
човекови права. Такви нашминкани и накитени, ни ги трупна во државните
институции. На таквите Македонија им плаќа рекет и ден денес.

Таквите Никола Груевски со народните пратеници под закана ,,мораше,, да ги прифати за партнери во
влада и да ги амнестира за сторени злосторства кои не застаруваат. Таквите со Зоран
Заев во спонзорирана ѓоа револуција, ја растурија државата и ја направија
терористичко дувло. За нив и крвавата ,,БОНБОНА БИЗНИС,, Радмила, македонска
верзија на дона Имелда Маркос, за Мирослав Грчев, за дегенот Љубомир Фрчкоски,
шупците Бранко Геровски, Сашо Ордановски, пролупаниот Бранко Тричковски и
останати сега веќе и од официјален Вашингтон препознаени како терористи, следи
обратен циклус: Почнаа како добри момци од цивилизираниот запад, а ќе завршат како
терорисит за кои ќе се распишуваат меѓународни потерници. Важно и утешно за нив
што ќе бидат ОСВЕТЛЕНИ РЕФЛЕКТОРСКИ како ,,УНАТЕД,,. Сакам да кажам де
онаа пуста надеж за политичко емигрирање во Бриесел, Лондсон, Париз, Берлин или
САД со бабачко сметки и багаж, некако се стенчи. А бидејќи што САД прави, ЕУ и
НАТО следат, баш ќе видам каде ќе се склањаат. Знам дека мнозина го меркаат
слободарско ем бесцаринско Дубаи.

Ете, таму тукушто ја здрапа и вториот тајландски екс премиер(ка), ама некако брате тесно местово, а терористи во движење едно чудо на сите континенти. Ете, вистинска бежанија влдее и на Филипини каде се одвива најголемата генералка што ја има видено постмодерниов свет. Откако се откри дека
семејството Маркос здиплило речиси илјада милјарди долари во златни прачки и дека
златото го чуваат европски банки и трезори како Белгија, Британија, Франција и др.
Откако беа откриени речиси сите лаборатории за производство и извоз на дрога на
нарко картелот ЦИА, па по укебаната бродска пратка тешка 1 милјарда долари,
откриена и уништена најголемата фабрика за емфетамин во близина на Манила со
спакувано производство тешко 5 милјарди долари. Паѓаат еден по еден сенатори,
конгресмени, градоначалници, судии и други типчиња. До таму стигна работава што
западниве евроцијашки мобстери почнаа да се закнуваат со Советот за безбесдност и
некакви резолуции и казненни мерки. Доцна е дечки! Фронтов за борба со тероризмот
се окрупни со сега директно нападнатата Америка. И таа дозна што е тоа тероризам.
Оти и ЦИА и Сорос им се дома. Белким конечно набрзо ќе разбере и кој и зошто толку
долго ја напаѓа Венецуела и ќе почне слободно, без холивудска индоктринација да
разликува што е тоа идеолошака и политичка левица а што цијашки и соросоиден
мафијашки фингерај. Светот го дрмна снажен земјотрес. Афтершоковите како бранови
ќе стигнат насекаде, па и во Македонија. И пази сега, карма! Јас и Дарко сме на суд со
дечкиве кои се посочени како терористи леваци во списокот на групи кои потпаѓаат под
дефиницијата за тероризам. Нивниот случај за оркестрираните мигрантски напади кон
македонската граница се посебно посочени како пример. А тие не тужат за нарушена
чеаст и углед зашто сме им ги објавувале адресите, идентитетот. Ќе ни бараат оштета,
бе! Еј мори мајко моја мила! Чувствувам некако дека ќе биде вистинска калакурница и
процесот и пресудите и крајниот ,,ауткам,,.

http://www.dudinka.org/%D0%B2%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0-21/

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Dino on Нед Сеп 10, 2017 7:02 pm

Kaj go najde toa plasiloto vrtigaz so go vrti tamu od kaj so e toplo, de Branko, de Grujo sea bogznae na kade.

Dino

Број на мислења : 115
Join date : 2016-11-30

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Нед Сеп 10, 2017 10:50 pm

И ти ли им веруваш само на кучињата на Џорџ Сорос. Не го оспорувам твоето право на кој колумнист ќе му веруваш, а на кој не, но очекував дека барем некој ќе напише нешто и за содржината на колумната.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by трендафил on Пон Сеп 11, 2017 11:26 am

Еве уште една колумна од Мирка.

Предизборен јуриш на „сифилистичари“ против Македонците


Имам едно прашање од категоријата ,,некои прашања не заслужуваат одговор,, . Вo
Македонија во октомври ќе се одржат локални избори организирани и изведени од
американската амбасада преку кои, по извршениот преврат со насилие (закани и уцени)
и капитулација на државните институции, окупаторот ќе треба да го завладее реалниот
македонски терен. Познато е дека Македонија веќе не е држава, туку окупирана
територија со која управува амбасадор на подземна држава. Тоа е непобитен факт
запишан во ,,трговскиот регистар,, на ЕУ уште во 1998 година, веднаш по изборната
победа на ВМРО-ДПМНЕ. Во тој регистар РМ гангстерски е спуштена од рангот на
држави во категоријата територии, заедно со Палестина, Суб Сахара, Антарктик и
некои пацифички безимени островчиња кои служат за експерименти.

Како таква, со инсталираната квислиншка влада, оди на локални избори на кои квислинзите
(дијагностициран збир од сматоци и секакво дегенерирано политичко ѓубре) на
жителите Македонци им ,,ветуваат,, населби за мигранти и емигранти. Секој нормален
човек ова ќе го нарече самоубиствен политички потег за оние кои имаат намера легално
да победат на било какви избори. Особено што планот со емигрантските населби
кажува дека Црпко Заев и неговата дружина непогрешиво ги пикираат доминантно
македонските општини. Но, бидејќи евнусите Црпко и Радмила не се платени за да
мислат, туку да спроведуваат наредби, јасно е што планира Бејли, робовладетелот.

Има две цели: Да го накурчи македонското гласачко тело до толку за да реагира драстично.
Оти, во оваа операција за населување мигранти, чудо едно, не е се опфатени и
општините во кои Албанците под странски притисок станаа мнозинство по пат на
промена на општинските граници. Како драстично? Па така што ќе излезе на избори
што би било нормално во нормални услови, ама тоа значи дека нема да биде ептен
масовно, оти сега се уште постои голем антагонизам меѓу населението по партиска
припадност што на узурпаторот му помага да ги полни избирачките кутии со
фалсификувани и увезени фантомски гласови. Жерновски своевремено ги именуваше
како контингенти гласови. Во ненормални услови во кои сме, нормално би било
народот како суверен на Македонија, силно да ги бојкотира изборите и ниту еден
Македонец да не излезе на овие избори за кои однапред се знае дека уставно и правно
ќе бидат нелегитимни, оти ниту една државна институција не е слободна. Или да излезе
речиси стопроцентно на гласачките места, така, да фалсификаторот да не може да
пушти ниту едно лажно ливче, а да мора да спреми претходно два милиони полни
кутии со фалс гласови. Што е невозможна операција дури и за гангстерите на ЦИА па
дури и за Тито Петковски. Значи, зошто го прави ова со мигрантските населби
,,стратегот,, Бејли токму сега?

Ја викам логиката на помош, мислејќи со бејлиевиот исчашен предаторски мозок. Ако
мнозинството ги бојкотира изборите кои се организираат од окупаторска власт, во
услови на целосна цензура и узурпирани државни институции и државни функционери
кои се во заложништво од цијашки терористи, на гангстеров од Кале ќе му биде ептен
тешко да полни празни кутии на видливо за голо око отсуство на реални гласачи
запишани во избирачките списоци. Не се плаши Бејли од Македонците и македонските
политчки партии, не се плаши од судовите, ДИК и избирачките одбори, па ни од
набљудувачите МОСТ и ОБСЕ или ,,медиумите,, кои се под негова команда. Се плаши
од неевро-атланските анонимни набљудувачи кои ќе го опсервираат и документираат со
снимки македонскиот терен. Секоја ваква јавна бламажа, ќе го репне по грбот токму
Бејли и ќе го офира на отворена светска сцена цијашкиот калифат воспоставен во
земјава. Голем е влогот. Затоа момчево смета на македонската опозиција која
пржински ,,наивно,, ќе учествува на наместени избори и со тоа, преку македонските
гласачи ќе им даде легитимност на фалсификуваните изборни резиултати.

Ситуацијата е да бираме меѓу змија и магаре. Колку што знам од пракса, Македонецот ќе го избере
најлошото. Излезноста нема да биде голема или најголема како израз на гнев и протест,
ниту ќе има стоотстотен бојкот за да му отежне на Бејли. Ќе биде ,,стандардно глупав,,
избор што нема да и помогне на опозицијата, а нема да му отежне ни на Бејли. Ќе може
Грингово од Кале да си ги полни кутиите со контингенти фантоми, тамам колку што му
треба и нема да боде никому очи. Пошто Македонија е цијашка прчија, да немате
сомнение оти и двете операции ,,бај д бук,, ќе бидат применети на овие и на секои
други избори што ќе ги организира Бејли. МОСТ, нормално како и ОБСЕ, ќе ги
набљудуваат со заврзани очи, затнати уши и залепени усти. За тоа постојат и за тоа се
платени како средно богати бизнисмени (што би рекол легендарниот среднобогат
бизнисмен Љ. Георгиевски). Според мене, за примена на ваквите гангстерски тактики,
ВМРО-ДПМНЕ и другите пајтон партии ќе сносат дел од одговорноста што си ја
нагрбачија во Пржино. Исто како и ДИК и судовите.

Имам и едно прашање на кое очекувам одговор од квислинзите и соросоидите кои себе
се сметаат за демократи цивилизатори. Тоа гласи: Дали сте по идеологија ендемски
прогресивно- демократски антимакедонски расисти и нацисти? Ако не сте, како ќе го
објасните со аргументи вашето хистерично и оркестрирано лаење против правото на
глас и гласањето на Македонците од Пустец на неколку претходни избори, наспроти
правото на глас на мигрантите што ќе ги сместите во Македонија и ќе ги направите
експрес македонски државјани? Зошто галамевте против давањето македонско
државјанство на Македонците од Пустец, а немате ништо против експрес државјанства
за свежо вселени мигранти од Азија и Африка? Зошто не ви пречат тие, а ви пречат
видливо и дури отворено ги повикавте Македонците од Егејска Македонија да се
вратат од кај што дошле, иако беа натерани на егзодус со напалм бомби и во
испровоцирана граѓанска војна? Како тоа штедро се борите за правата на мигранти и
емигранти од други континенти, а немате трошка почит, човештина за вашите
сонародници и нивните основни права кои ги кршите и игнорирате и во Македонија и
надвор од нејзините граници? Затоа ве прашувам, со што ќе оспорите дека сте
антимакедонски нацисти и расисти? Не можете! Па, си мислам дека е време ние
Македонците сами да си ставиме на рака знак на обелелжување како Евреите под
хитрлерова управа. Колку за да направиме видлива ,,расна,, разлика помеѓу
македонските нео нацифашисти како генерал Тошо Атанасовски, Бранко Црвенковски,
Љубомир Фрчкоски, Мирослав Грчев, Мирјана Најчевска, Јани Макрадули и Бранко
Тричковски и жртвите на таквиот специфичен елитистички ,,лев,, фашизам кој почна
со истакнување на физички карактеристики и културо хигиенски навики или
,,традиции,,.

Знаете, идеологот на овој автодеструктивен или ендемски политички
конструкт, Љубомир Фрчкоски, кој таквите Македонци ги опиша како луѓе со влакна
во носот и валкани нозе на кои не треба да им се дозволи да се мешаат во политика.
Ако приметувате, нема никаква разлика во вокабуларот со оној на Кју клукс клановците
кон црните и жолтите, односно, кафеавите и на германските нацисти кон Евреите,
Словените и Циганите. Само едните се класика а овој ,,нашиов,, е постмодерен нацист.
Во сево ова многу ме интересира стручното мислељње на социолози, психолози и
психијатри.

Дилемата ми е, ако секој жив вид има вграден механизам за рано предупредување и самозаштита од уништување предизвикано од внатре како дегенеративен процес или од надвор, како опасност од друг вид, можно ли е само Македонците како дел од човечкиот вид да се автодеструктивни дегенерици кои немаат имунолошка одбрана и не развиваат антитела кои ќе го елиминираат злоќудниот рак
(дегенот Фрле е токму тоа) во рана фаза. Кај секоја заедница на пчелите (социјално
организирани инсекти) структурирана од создателот , се подразбира дека секоја
заразена или смртно-болна припадничка на кошницата (државата) сама се отстранува
од колективитетот (народот) за да не го загрози неговиот опстанок. Инстинктивно, што
е инсектски еквивалент за човечките ,,уставно, односно, законски,, категории. Во
македонскиов случај, нашата чумосана пчела нема таков инстинкт или свест за самата
да се отстрани од колкетивитетот што го пизми до коска, туку го напаѓа кога
колективитетот уште нема поставено ни дијагноза, не знае зошто се појавува и цути кај
одреден вид популација која очигледно има проблеми со себе. Дали не се чувствува
удобно во своето тело, во сопствената кожа, или е во длабок конфликт со своето
подсвесно ЈАС, па сопствената омраза кон себе си, ја тренсферира во напад на целиот
колективитет, со надеж дека ако исчезне заедницата, ќе се излечи смртно болната
индивидуа? Сакам да слушнам експертски мислења. Оти Фрле и другарите му
истомисленици ми личат на фрустрирани заразени од СИДА или сифилистичари кои
тргнуваат во агресивен мултиплексен полов напад на што повеќе луѓе со намера да ги казнат за нивната болест.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by luxor on Пон Сеп 11, 2017 3:56 pm

Освен ти не верувам дека некој друг ги чита фантазиите на Мирка.
avatar
luxor

Број на мислења : 3186
Join date : 2016-10-02

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Интервјуа и колумни

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 23 of 24 Previous  1 ... 13 ... 22, 23, 24  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот