МЕКИЦИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

МЕКИЦИ

Пишување by osa on Саб Мај 16, 2015 10:41 am

Верувам дека повекето од домакинките се за викендот дома ,па затоа еве еден убав рецепт за појадок ,верувам дека сите ги сакате мекиците




Состојки

250мл млеко
250мл млака вода
1 свеж квасец
3 јајца
3 лажици зејтин
1 лажичка пециво
1 лажичка сол
500-600мл зејтин за пржење
1 кг брашно

Квасецот се става во млаката вода да стаса. Се додава и 1 лажица шеќер и 2 лажици брашно.
Одкако ќе стаса се замесува меко тесто со јајцата, брашното, млекото и зејтинот. Тестото убаво се меси додека се добие мазно тесто .
Повлечете со рака од тестото и ако не се кине или двои тогаш е добро. Вака подготвеното тесто оставете го да стасаува околу 40 минути (се разбира тоа зависи од температурата во просторијата, ако е потопло времето се скратува)
Стасаното тесто се премесува и се остава да одмори, да стаса уште еднаш.
Во подлабока тава се истура зејтинот и се става да се загрее. Од тестото со намрсени раце се откинуваат топчиња кои се развлекуваат на рака и се пржат.
Вака подготвените мекици се служат со сирење, а може и со мармалад.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: МЕКИЦИ

Пишување by Гостин on Вто Фед 14, 2017 4:49 pm

Како за два сосема различни народи единиот антички другиот татарски и ова го имаме каj нас вероJатно пренесено од  онова каjче шо веслаше во охридското езеро.На мене наj ми се допагjа со мед или со сиренjе а наj наj со слатко од смокви.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот