Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by Гостин on Сре Сеп 16, 2015 12:32 pm

Ne mozheme da bideme sigurni deka nepismenite novinari na Shitel, koi ne go znaat svojot majchin jazik, ja prenele vesta verodostojno, pa makar i od ruskite mediumi... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by трендафил on Сре Сеп 16, 2015 1:36 pm

АКо беше сигурен дека македонските полицајци кога беа нападнати од џихадистите во мај во Куманово убивале деца, или дека имало пукање во Арачиново и тетовско, како што објавуваа медиумите на кои им веруваш, не знам зошто си се фатил за една пропуштена и една погрешно напишана буква кај тие што ги сметаш за непријатели. Затоа што не живеат во твојот свет туку во реалниот.


_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2710
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by Гостин on Сре Сеп 16, 2015 2:39 pm

A zoshto ovie drugite nemaat "една пропуштена и една погрешно напишана буква"...Mozhebi zatoa shto se Makedonci i go znaat svojot majchin jazik??? Za razlika od srbite koi vo shitel rabotat za grcite ... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by Гостин on Чет Сеп 24, 2015 5:35 pm

Не е сето новинарство за микаде. Понекогаш успеваат да направат понекоја добра анализа. Со исклучителна помош на цитати од Тричко.

„Бомбите“ влегоа во Собранието и ја разнесоа самоувереноста на власта



Однесувањето, гестикулациите, одговорите, односно неодговорите на поставени прашања што ги даваше Никола Груевски, а и другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната седница за собраниски прашања зборуваат за големата нервоза во партијата на власт, како и за тоа дека не им е пријатно во сопствената кожа и во пратеничките клупи, кога ги слушаат разговорите од „бомбите“, коментира јавноста.


Тричковски: Мораме да го спасиме Груевски

„Мораме да го спасиме, лекарската фела пропушти да ја спаси Македонија од него, но сега има шанса него да го спаси од Македонија: потребна е неодложна дијагноза и јасни препораки и директиви за постапување во такви ситуации“, пишува на својот фејсбук профил колумнистот Бранко Тричковски.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by Hamad bim Khalifa on Чет Сеп 24, 2015 6:23 pm



Prashanje -Kade se krijata razlikite na dvete pogorni sliki ?
Odgovor - Razliki NEMA! Twisted Evil
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by Гостин on Чет Сеп 24, 2015 6:24 pm

Kalifu, izgleda site diktatori izgledaat isto koga kje im dojde krajot... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by Гостин on Нед Ное 29, 2015 6:07 pm

I eve mal dokaz kakvo navistina e makedonskoto novinarstvo...Pomegju ostanatite i onie koi se profiliraat kako proopoziciski...Se raboti za "Dokaz" na Marjan Stamenkovski...Koj patem e nominiran za sajt na godinata...Znaejki koj deli i dobiva nagradi vo drzhavata se prashuvam dali go izede kjotekot od politichki ili nekoi sosema drugi prichini...



Tolku lagi, besramnost i moronshtina retko se gledaat na edno mesto...Iskluchok e se razbira centarot za lagi i manipulacii na dpmne-ovcite...Inaku registrirani se vo Makedonija i podlezhat na site makedonski zakoni...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by defo on Нед Ное 29, 2015 7:06 pm

Јас од дамна одредени таканаречени опозициски новинари не ги читам....нешто за кое со кејф плакам(цела моја фамилија) е Мактел

defo

Број на мислења : 1865
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by Гостин on Нед Ное 29, 2015 7:21 pm

Togash kje ima i shto da gledash...Posebno ako navistina uspee da nosi gosti kako Frchko vo emisijata...

Саше Политико од понеделник започнува со нова емисија

Eмисијата „Политико“ нов проект на Саше Ивановски – Политико, стартува во понеделник, 20 часот. Прв гостин ќе биде професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by Гостин on Чет Дек 03, 2015 9:37 am

Najnovo otkritie na novinarite od ЕКИПА...

Juzhna Amerika e planeta na koja ima dva juzhnoamerikanski kontinenti...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by chargerburnout on Чет Дек 03, 2015 12:08 pm

ne znam dali ste slusnale za Striscia la Notizia vo Italia i Fiks Fare vo Albanija? tie se primer za istrazuvacko novinarstvo
avatar
chargerburnout

Број на мислења : 89
Join date : 2015-12-01

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by Гостин on Сре Мар 23, 2016 10:04 am

ТВ ВЕСТИ: Медиуми во канџите на политиката!

На провладините телевизии ништо ново. Политички маркетинг на власта, оркестрирана пресметка со неистомислениците и цензура се појавите кои во текот на февруари се нотирани во Извештајот од следењето на медиумските содржини, кој го подготвува Институтот за комуникациски студии. На МТВ1, Сител, Канал 5 и Алфа голем дел од информативните емисии се одвојува за некритичко презентирање на проектите на Владата, а редовно се следат и секојдневните активности на Никола Груевски иако тој веќе не е премиер.

„Во вестите некритички се презентира само позитивна слика за работењето на власта. Новинарството ја губи функцијата на чувар на јавниот интерес и неутрален и дистанциран критичар: наместо да го штити интересот на граѓаните тоа се претвора во информативна пропаганда на партијата на власт.“

При тоа најголем дел од „фалбаџиските“ прилози биле посветени на проектот „Купи куќа за млади“, како и на отворањето нови работни места во странските инвестиции. Од друга страна, на истите телевизии, активностите на опозицијата или не се пренесуваат или се пренесуваат во крајно негативна конотација.

„Одлуката Заев да биде гостин на Сител телевизија беше најпарадигматичен настан за овој феномен, бидејќи во вестите на Сител се води најжестока анти-кампања против опозицијата и нејзините претставници. Од начинот на кој беше водено интервјуто можеше јасно да се види дека се работи за поинаква стратегија, која има за цел само да создаде лажна слика за отвореноста на овие медиуми кон опозициските претставници, а всушност има намера да ги дискредитира и демонизира пред јавноста.“

Исто така, констатитрана е и оркестрирана медиумска пресметка со неистомислениците, чии главни „жртви“ во текот на февруари биле Специјалното обвинителство и обвинителката Катица Јанева, како и белгискиот посредник во преговорите, Питер Ванхауте.

ЈАНЕВА – ГЛАВНА МЕТА НА ПРОВЛАДИНИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ

Доколку се разгледува деталниот извештај посветен на секоја од телевизиите посебно, главна констатација е дека провладините (МТВ1, Сител, Канал 5 и Алфа) оркестрирано ги фалат власта и лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, а нивна главна мета е специјалната обвинителка Катица Јанева.

МТВ 1
Во мониторираниот период најголем дел од прилозите на јавниот сервис се однесуваат на владините проекти при што во сите преовладува позитивен став и фаворизирачки однос кон владејачката ВМРО ДПМНЕ. Присутен е и прикриен политички маркетинг, но за разлика од претходниот период демонизирачкиот став кон опозициската СДСМ е со намален интензитет и за нивните настапи се известува главно неутрално. На МТВ 1 се емитувани 33 обраќања на лидери на партии, од кои 14 на Никола Груевски, а 10 на Зоран Заев.

СИТЕЛ

Централните вести на Сител имаат силен пропагандистички тон кога се извесутва за проектите на Владата, а од друга страна демонизирачки тон во содржините посветени на опозицијата и на Специјалното јавно обвинителство. Голем дел од прилозите во февруари се посветени токму на работата на оваа институција при што се користат лични дисквалификации и ставови единствено на експерти етаблирани како поддржувачи на власта. Примери: „Експерти: Постапките на СЈО имаат само политичка функција“,“Курир: Јанева во обид да му помогне на Заев да не излезе на избори“,„СЈО не е независна институција, туку партсики орган на СДСМ и соросоидите бидејќи нејзините постапки и пресови, акции и активности ги нарачуваат, а потоа и најавуваат од СДСМ а потоа и медиумите од кампот на Сорос“.

ТЕЛМА

Прилозите објавени на оваа телевизија се главно известувачки, со
јасно повикување на извор, додека аналитичките прилози содржат неутрална, аргументирана критика. Во дел од прилозите е констатирано користење само на еден извор. Сепак, анализите на актуелните политички теми во државата генерално се избалансирани без нагласено пропагирање или демонизирање одредена политичка партија.

АЛСАТ М (вести на албански јазик)

На Алсат М „екстатично се пренесуваат првите конкретни чекори на
Специјалното обвинителство (12 февруари: „Јанева удира. Се пишуваат обвиненијата за “бомбите“. Горде и Миле во “Титаникот“ на Јанева).“ Голем дел од информативниот простор во вестите е за темите кои третираат прашања од интерес на албанската етничка заедница, како што се поставувањето споменик на УЧК во Скопје, за употребата на албанскиот јазик, за новиот универзитет.

АЛФА ТВ

Телевизија Алфа најмногу внимание (81 прилог) им посвети на новите мерки и проекти на Владата и локалните институции раководени од ВМРО-ДПМНЕ, со позитивна и фаворизирачка содржина. Примери: „ВМРО ДПМНЕ во изминатите 2 месеци најави над 30 нови мерки и проекти за младите.“, „Нови автопати, нови експресни патишта, градежната експанзија во Источна Македонија ќе достигне над 430 милиони евра“. Од друга страна жестоко и демонизирачки се критикуваат СЈО Катица Јанева и европскиот посредник Питер Ванхауте. Примери: „Мачкарот се предомисли!? Вчера беше крајниот рок, но контроверзниот белгиски љубител на мачки се предомисли и преговорите за медиумите продолжија и денеска“,Специјалната јавна обвинителка се` уште е без реакција на изјавите на Зоран Заев кој практично потврди дека со Јанева имаат заеднички план за делување“.

КАНАЛ 5

Во вестите на Канал 5 е забележан негативен и напаѓачки однос во дел прилози за Специјалното обвинителство, силно фаворизирачки во прилозите за активностите на Владта и на ВМРО-ДПМНЕ, како и неутрален кон позитивен однос во голем дел прилози за СДСМ. Присутни се коментари со цел да се фаворизира власта, а демонизира опозицијата: „Една благородна идеја, преточена во владин проект, Социјалдемократите ја претворија во политичка пресметка и блокада, без издржана аргументација, која ја покриваат со бучност“. И на оваа телевизија Катица Јанева е главна „мета“. Примери: „Специјалната обвинителка Катица Јанева работи непрофесионално и незаконски, велат експертите.“, „По политичкиот настап на Јанева експертската јавност излезе со став дека СЈО одработува политичка агенда на СДСМ и дека Јанева е диригирана од странски фактори и опозицискиот лидер Зоран Заев.“

ТОП ТЕМИ: ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА, КРИВИЧНИТЕ НА СЈО, КРСТОТ ВО БУТЕЛ, ИНЦИЈАТИВАТА ДО УСТАВЕН

Политичката криза и дилемите околу предврмените парламентарни избори и натаму се најактуелна тема, на која во февруари и биле посветени вкупно 616 прилози. При тоа, на Сител, Канал 5, Алфа и МТВ 1 гласно се пропагираат ставовите на владејачката ВМРО ДПМНЕ дека изборите мора да се одржат на 24 април, додека на Телма, Алсат М, 24 Вести и ТВ 21 се пренесуваат спротивставени ставови и се презентираат различни сценарија во однос на ова прашање.

По 12 февруари, приматот најексплоатирана тема го презема, прес конференцијата на Специјалното јавно обвинителство, на која оваа институција ги објави првите кривични пријави. За само една недела се емитувани 183 прилози. Кај провладините телевизии е констатиран негативен однос кон работата на СЈО и обвинителката Јанева, со констатации од типот: Ефектот од Титаник, на кој заплови специјалната обвинителка Катица Јанева во јавноста е негативен, и далеку од очекувањата на Зоран Заев“ (Алфа, 14 февруари), „Случајот Титаник освен што даде негативен ефект во јавноста, неговото реализирање е и далеку од очекувањата на Зоран Заев“ (Канал 5, 14 февруари), „Многу барања има СДСМ до Јанева, да им го расчисти патот до избори па може и да победат: да се укине ВМРО-ДПМНЕ“, (Сител, 13 февруари).

За оваа тема, Телма и 24 Вести известувале избалансирано, непристрасно, аналитички и со пренесување на сите реакции.
Во периодот од 20 – 26 февруари најмногу односно 116 прилози се посветени на иницијативата до Уставниот суд, со која се бараше на Претседателот на државата да му се дозволи да помилува и лица осудени за изборни нерегуларности. При тоа, забележани се значителни разлики во аголот на известувањето. Алсат М и 24 Вести потенцираат дека ова се случува во време кога е започната постапка против високи фунцкионери на ВМРО ДПМНЕ. Сител, Канал 5 и Алфа, од друга страна, ја обвинуваат СДСМ дека во 2009 година имала спротивен став од актуелниот, при што сите три телевизии емитуваат иста изјава од тогашната пратеничка Цветанка Иванова.

Во последната седмица од набљудуваниот период (27 февруари – 4 март) убедливо најзастапена содржина е поставувањето камен темелник за крст во општина Бутел, со вкупно 162 прилози. Најмногу простор за оваа тема одвоиле ТВ 21 и Алсат М, потоа Телма и 24 Вести, додека МТВ1, Сител, Канал 5 и Алфа имале релативно мал број прилози.

ПРЕКРШУВАЊА НА ЗАКОНОТ И НА ЕТИЧКИТЕ СТАНДАРДИ

Истражувачкиот тим од Институтот за комуникациски студии забележал и кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Кодексот на новинарите, како и два случаи на говор на омраза.
Јавниот сервис односно МТВ1 во континуитет го крши членот 110 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој се однесува на тоа да „не застапува и да не заштитува ставови или интереси на одредена политичка партија, … а програмите кои ги создава и емитува да бидат заштитени од влијание на власта, политички организации или други центри на економска и политичка моќ.“

Од друга страна, трите приватни телевизии Сител, Канал 5 и Алфа постојано ги прекршуваат основните законски начела кои се однесуваат на „објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања“ и за „самостојност, независност и одговорност на уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика“.

Четирите провладини телевизии во повеќе наврати го прекршуваат и Кодексот на новинарите на Македонија.
Во емисиите на Миленко Неделковски и на Васко Ефтов, кои се емитуваат на Канал 5, водителите користеле говор на омраза. Во првиот случај, во емисијата од 12 февруари, е присутен имплицитен говор на омраза против ЛГБТ заедницата, што е повреда на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за заштита од дискриминација. Во вториот случај, емисијата „Во Центар“ од 15 февруари изобилува со стереотипи врз етничка основа и демонизирање на Албанците.

Третиот Извештај од следењето на медиумските содржини се однесува на периодот од 6 февруари до 4 март 2016 година. Анализирани се 11 програми на вести и 38 изданија на 11 различни актуелно информативни емисии на јавниот сервис (МТВ1 и МТВ2) и на 7 приватни телевизии (Сител, Канал 5, Алфа, Телма, Алсат М, 24 вести и ТВ21).
М.Т.

http://faktor.mk/2016/03/23/tv-vesti-mediumi-vo-kandhite-na-politikata/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Какво е всушност македонското новинарсвто кое го формира јавното мнение во Македонија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот