Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

НЕСОНИЦА

Go down

НЕСОНИЦА Empty НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:51

Зошто се јавува несоницата кај жените?

Според извештајот на Одделот за здравство и социјални услуги на САД, несоницата почесто се јавува кај жените отколку кај мажите. Стручните лица веруваат дека причината за тоа лежи во неколку специфични причини. Како најодговорни за оваа појава се сметаат хормоните, односно биолошките причини. Но, исто така удел за појавата на несоницата кај жените имаат и одредени причини кои се својствени само за жените и нивниот начин на живот, и во тој случај несоницата се јавува како нус појава.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:51

НЕСОНИЦА 01
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:51

Жените и мажите имаат различно ниво на естроген и прогестерон, а и тоа ниво кај жените дополнително флуктуира во текот на менструалниот циклус. Лекарите веруваат дека овие хормонални промени влијаат на спиењето.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:51

Менструалните циклуси освен што ги држат жените будни во текот на ноќта, предизвикуваат и низа пропратни менструални појави: крварење, стомачни грчеви, болки во градите, промени во расположението, а сето тоа придонесува жените потешко да заспијат или да спијат испрекинато и немирно.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:51

Жените кога се бремени, не залудно се рекло дека се во друга состојба, тогаш најчесто тешко спијат поради физичката неудобност (особено во поодминатата бременост), како и поради зголемената пореба за мокрење која го попречува сонот. Кај дел од бремените жени се јавува и т.н. синдром на немирни нозе поради хормоналните промени и ниското ниво на железо. Овој синдром, генерално се јавува кај жените два пати почесто отколку кај мажите.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:52

Кога ќе се родат децата, кај жените скоро и да завршува нормалниот тек на спиење. Но, и тогаш кога децата ќе го воспостават нормалниот ритам на спиење, мајките и понатаму се будат во текот на ноќта. Имаат т.н. мајчински уши, не спијат длабоко и цврсто, поради навиката да одговараат на детскиот плач.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:52

Кога жената се приближува кон менопаузата не и е воопшто лесно. Ноќните потења, налетите на топли бранови и вознемирувачките соништа ги чинат ноќите многу непријатни за жените. Кај жените во менопауза се зголемува и појавата на опструктивна апнеја.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:52

Доаѓаме до заклучокот дека жените во секој период од животот се изложени на најразлични фактори кои го пореметуваат сонот и предизвикуваат стрес .
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:52

Опасности од лошото спиење кај припадничките на понежниот пол

Најновите истражувања укажуваат на поврзаноста меѓу проблемите со спиењето и зголемениот ризик од срцеви заболувања и мозочни удари. Преку објективни и субјективни мерења на губитокот на сон е откриена корелација со зголемен ризик од таложење масти во крвните сасови и задебелување на ѕидовите на артериите. Директна врска помеѓу спиењето и срцевите болести не е докажана, но мерењата покажуваат дека таа врска неминовно постои. Зголемена концентрација на масти во крвта и задебелени артерии се забележани кај жени кои спиеле само пет или шест часа. Кај жените кои спиеле подолго не се забележани вакви промени. Резултатите биле исти и тогаш кога во предвид биле земени и фактори како што се расположението и задоволството.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:53

Како да си помогнете?

Квалитетниот сон е најдобриот начин повторно „да ги наполниме батериите“, но како?

Од клучно значење е усвојувањето здрави навики: легнување и будење во исто време секој ден, па дури и за време на викендите, е многу значајна рутина која воведува ред во биоритамот. Релаксирачка музика пред спиење и пригушени светла можат исто така да помогнат да ве фати дремка. Најдобро е да се избегнува попладневната дремка која може да го поремети сонот, и да се замени со некоја физичка активност која ќе помогне во подобрувањето на сонот. И она шти ни е на сите добро познато е избегнувањето кофеин и тешка храна околу 5 часа пред спиење.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:53

Но што кога овие нешта нема да помогнат?

Наш совет е алтернативното лечење во замена за фармаколошкото лекување со помош на седативи кои го навикнуваат телото на нив. Сите тие лекови, доколку се земаат долгорочно, постои опасност од навикнување и затоа не се погодни подолготрајно користење, бидејќи телото се навикнува на нивното влијание. Од тие лекови, телото при будењето наутро е успорено, а вие ќе имате мамурно чувство исто како да не сте спиеле.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:53

Добро познатиот мелатонин е хормон кој се излачува штом падне мрак и тој е заслужен за контрола на спиењето и будењето. Дајте им предност на препаратите кои го содржат во својот состав, затоа што овој хормон природно го има во нашето тело и не постојат никакви опасности за последици од навикнување.
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Luxor Пон Апр 10 2017, 12:53

И конечно е пронајден природен рецепт, природна формула благодарение на која конечно ќе поминете мирна ноќ. Капсулите Дормирин, покрај мелатонин содржат и екстракти од велеријана и маточина, и се оригинално природно решение за проблемите со спиење, бидејќи придонесуваат за полесно заспивање, го одржуваат сонот целовечерен и квалитетен се до доаѓањето на утрото. (www.dormirin.mk)

Д-р Билјана Јованоска

http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D0%B7%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%BB%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%D0%B7%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%BE-%D1%81%D0%B5-%D1%98%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%98-%D0%B6%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5
Luxor
Luxor

Број на мислења : 6591
Join date : 2016-10-02

Вратете се на почетокот Go down

НЕСОНИЦА Empty Re: НЕСОНИЦА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот