Корисни совети за подобро здравје

Страна 2 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Нед Фед 14, 2016 10:33 pm

Mnogu smesno nema sto.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Пон Фед 15, 2016 6:50 pm

Уникатна мешавина за чистење на белите дробови

Чадот од тутунот можат да нанесе сериозна штета на општото здравје, особено за здравјето на белите дробови. Затоа, ви претставуваме еден рецепт за домашен лек кој ефикасно ги чисти белите дробови и го подобрува здравјето.

Состојки:
400 грама лук, излупете ги чешнињата или исечете ги на четвртини
парче ѓумбир
2 лажички куркума
400 гр кафеав шеќер
1 литар вода

Ставете ја водата во тенџере, додадете шеќер и ставете да се загрее. Кога ќе почне да врие, додадете рендан ѓумбир, лук и куркума и варете додека смесата не проврие.

Тргнете го тенџерето од оган и оставете да се излади до собна температура. Лековитата смеса би требало да се чува во фрижидер.

Земете 2 лажици од оваа мешавина секое утро на празен стомак и уште 2 во вечерните часови по последниот оброк.

Пред употреба на природни лекови не заборавајте да се консултирате со вашиот лекар.

http://boza.mk/2016/unikatna-meshavina-za-chistenje-na-belite-drobovi/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Саб Фед 20, 2016 10:28 am

cadot od tutun, cadot od odzacite, cadot od avtomobilite. A kaj da ja najkdam taa krukuma?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Саб Фед 20, 2016 10:33 am

КУРКУМА

Сè што треба да знаете за куркумата: Златен зачин кој заменува 14 лекови

Куркумата е билка која потекнува од семејството на ѓумбирот. Но, нејзините бројни лековити својства сè уште не се целосно откриени.



Куркумата се користела уште пред 2.000 години во ајурведската медицина. Тогаш било откриено нејзиното тераписко дејство врз низа патолошки состојби како што се заболувањето на кожата, белите дробови и органите за варење.

Интензивните научни проучувања се спроведени во последните 50 години, од кога е дојдено до заклучок дека оваа билка може да замени точно 14 апчиња за лечење различни болки.

Лековитоста на куркумата

Богата е со витамини B6, B3, фолна киселина, калиум, железо, манган, а се смета и за добар извор на влакна.

Докажано е дека билката куркума има благотворно дејство во случај на рак, затоа што го спречува растот и формирањето на туморот. Потврдено е дека е одличен природен чистач на белите дробови и го спречува настанувањето на меланом.

Поволно и благотворно делува кај Алцхајмеровата болест, а најдобри резултати постигнува кај ревматските заболувања.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Саб Фед 20, 2016 10:33 am

Ова се главните 15 причини заради кои вреди да ја користите куркумата:

- Ја подобрува работата на срцето

- Ги чисти крвните садови

- Ги зајакнува коските и е одлична превенција за остеопороза

- Ги регенерира зглобовите и ги намалува воспаленијата кај артритисот

- Го намалува чувството на подуеност во стомакот

- Одлично се бори против бактериите и габичните инфекции

- Сојузник е во борбата со ракот

- Ја подобрува работата на тироидната жлезда

- Го нормализира менструалниот циклус

- Нуди одлична детоксикација на белите дробови

- Позитивно влијае на кожата и сите кожни заболувања

- Ги елиминира цревните паразити и ја обновува цревната флора

- Ја намалува кашлицата и помага кај бронхитисот

- Помага во намалувањето на килограмите

- Го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Саб Фед 20, 2016 10:34 am

Лековити рецепти од куркума:

Чај од куркума - Идеален во случај на настинка и главоболка


1 лажичка рендана куркума прелијте со ½ литар зовриена вода и оставете ја на кратко да врие.

Додајте малку изрендан ѓумбир. Засладете по желба и пијте додека е топло.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Саб Фед 20, 2016 10:34 am

Златно млеко со куркума

Во 2-3dl млеко ставете ½ лажичка куркума, малку ким, сол и ½ лажица путер. Ставете ја течноста на оган додека не проврие.

Пијалакот се пие топол, а познат е по тоа што ја смирува кашлицата.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Саб Фед 20, 2016 10:34 am

Куркума и мед

Комбинацијата од куркума и мед ќе го намали црвенилото на кожата, а воедно и ќе ја направи помека и почиста.

Промешајте 1 лажица мед со 1 лажичка куркума. Смесата нанесете ја на лицето, а по 20 минути измијте со млака вода.

Исто така, оваа комбинација се консумира ако имате недостаток на железо во организмот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Саб Фед 20, 2016 10:34 am

Куркума и алое вера

Оваа мешавина е одлична за лечење на сите изгореници на кожата или алергиски реакции.

Потребно е да измешате малку куркума со гел од алое вера. Количината приспособете ја според површината.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Саб Фед 20, 2016 10:35 am

Каде да купите куркума?

Зачинот куркума денес е достапен во речиси секоја билна аптека или продавница за здрава храна. Неретко и во самите продавници можете да побарате бројни лековити рецепти.

http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/26373-se-sto-treba-da-znaete-za-kurkumata-zlaten-zacin-koj-zamenuva-14-lekovi

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Пон Фед 22, 2016 6:06 pm

Кои се предностите на секојдневните прошетки?

1. Го намалуваат ризикот од Алцхајмерова болест


Прошетката е добра за умот и менталното здравје воопшто. Според последните истражувања на Универзитетот во Вирџинија, мажите помеѓу 71 и 93 години, кои оделе повеќе од половина километар дневно имале значително помала зачестеност на деменција и Алцхајмерова болест.

2. Ги зацврстуваат мускулите

Познато е дека со вежбањето се оформуваат мускулите, а ова има посебно значење кога е во прашање прошетката. За време на одењето се зајакнуваат мускулите на нозете, задникот и стомакот. Доколку внимавате и на својот став и начинот на кој пешачите, ќе можете да ги зацврстите и стомачните мускули и половината.

3. Го подобруваат здравјето на срцето и го намалуваат крвниот притисок

Секој којшто имал срцеви проблеми најпрвин треба да се посоветува со доктор. Меѓутоа, прошетката може многу да помогне во подобрувањето на здравјето на срцето и има позитивен ефект врз притисокот.

4. Го подобруваат здравјето на дебелото црево

Според некои експерти, прошетката може да го намали ризикот од добивање на рак на дебелото црево дури до 31% кај жените. Секојдневните прошетки во времетраење од 10-15 минути помагаат во правилното функционирање на целиот дигестивен систем бидејќи вежбите се особено важни за варењето на храната во цревата.

5. Го подобруваат расположението

Ако се чувствувате лошо и депресивно, решението за проблемот можете да го најдете во прошетката. Според едно истражување, луѓето кои пешачат помеѓу 30 и 40 минути секојдневно, 5 пати во неделата имаат подобро расположение и намалени депресивни мисли.

6. Го победуваат глаукомот

За оние кои имаат ризик од глауком или висок очен притисок, прошетката е препорачана помош за ослободувањето од притисокот во очите. Истражувањата покажуваат дека умереното вежбање, како трчањето и прошетките минимум 3 пати неделно, може да го намали очниот притисок.

Покрај сите овие наведени придобивки на прошетките, секојдневните излегувања исто така можат да ви помогнат во слабеењето, зацврстувањето на коските, намалувањето на ризикот од дијабетес и подобрувањето на здравјето на белите дробови. Затоа се препорачува што почесто да шетате за да си обезбедите здрав и квалитетен живот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:03 pm

10 намирници за чистење на телото од никотин

Покачен крвен притисок, зголемен ризик од удар, блокада на нерви и мускулните клетки се само дел од негативните последици на внесувањето никотин во телото.

Ние нема да зборуваме за штетните страни на пушењето, да објаснуваме зошто треба да престанете да пушите и слично, туку ќе ви понудиме листа на намирници што можете да си ги дозволите, и тоа во секојдневната исхрана, а го прочистуваат телото од никотин.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:03 pm

Брокула



Брокулата содржи високо ниво на витамин Ц, Б и Б5, одговорни за регулирање на многу важни процеси во вашето тело. Недостатокот од витамини може да предизвика вашето тело да не може да одговори на одредени реакции онака како што треба. Консумирањето брокула ќе ви помогне во снабдувањето на организмот со витамин Ц, на метаболизмот силен, како и во заштитата на белите дробови од токсини.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:04 pm

Портокали



Уште еден природен извор на витамин Ц, кој ќе ви помогне во „борбата“ со никотинот. Портокалите исто така помагаат во намалувањето на стресот и нервозата, која желбата за никотин знае да ја предизвика.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:05 pm

Спанаќ



Спанаќот содржи липонска киселина или Б9 витамин, што помага во отстранувањето на никотинот од телото. Пушачите често патат од нарушен сон, што е последица на внесувањето на никотин во организмот. Спанаќот ќе помогне и во одржувањето на виталноста на организмот, вклучувајќи ги и емотивната и менталната состојба.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:06 pm

Ѓумбир



Ѓумбирот помага во отстранувањето на мноштво симптоми предизвикани од пушењето и никотинот. За поголеми резултати, подобро е ѓумбирот да се консумира непреработен. Ќе ви помогне во намалувањето на желбата за пушење, за намалувањето на тежината, како и редуцирањето на токсините во крвта, предизвикани токму од никотинот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:06 pm

Брусница



Киселината што се содржи во брусницата помага во отстранувањето на никотинот од крвта побрзо од било што друго. Никотинот го зголемува и шеќерот во крвта, а брусницата помага и во неговото намалување. Исто така, помага во откажувањето на цигарите, бидејќи ја намалува желбата за истите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:07 pm

Лимони



Доколку сте пушач, никотинот останува во вашето тело до три дена. Ги оштетува клетките на кожата и порите, а лимонот го поттикнува здравјето на кожата, обезбедува витамин Ц и ги намалува штетните влијанија од пушењето.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:07 pm

Моркови



Внесувањето на витамините А и Ц неколку пати дневно е она што ви е потребно, доколку сте редовен пушач. Зголемувањето на нивото на овие витамини, заедно со витаминот К, придонесува за зајакнување на одбрамбениот механизам на телото и тоа по природен пат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:08 pm

Калинки



Калинките се особено добри за поттикнување и подобрување на циркулацијата на крвта. Помагаат во продуцирањето на повеќе црвени крвни зрнца, а со тоа го регулираат и срцебиењето, крвниот притисок и кислородот во организмот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:09 pm

Пченични никулци



Никулците од пченица содржат витамин Е, кој ќе ја подобри еластичноста на кожата и на системот за циркулација. Исто така, ги намалува ризиците од срцеви заболувања во поодминати години.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Чет Фед 25, 2016 8:09 pm

Кељ



Кељот е мешункаст зеленчук и според некои истражувања, една од оние намирници што помагаат при превенцијата од рак. Кељот е природен извор на антиоксиданси, што помагаат во ослободувањето на телото од несаканите талози на никотин.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Нед Фед 28, 2016 12:32 pm

Домашни средства против кашлица



И најбаналната кашлица е резултат на воспаление на слузницата на грлото.

Се што треба да направите е да истискате сок од црна ротквица. Кон добиениот сок додадете една лажица мед. На два часа пијте по една лажица од засладениот сок додека се смири кашлицата.

Доколку имате акутен ларингит изрендајте половина глава целер. Додадете мед по вкус. конзумирајте по една лажица наутро околу половина час пред појадок.

За одстранување на болката во грлото и кашлицата измешајте една жолчка од свежо јајце со една лажица шеќер и една лажица рум.

http://grid.mk/read/news/511961706/11110456/domashni-sredstva-protiv-kashlica

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Саб Мар 12, 2016 7:55 pm

ОРЕВИ

Постојат повеќе причини за да ги вклучите оревите во вашата секојдневна исхрана. Со вклучувањето на само 5 ореви дневно во вашата секојдневна исхрана, можете да допринесете за целокупното здравје.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Саб Мар 12, 2016 7:56 pm

Здравствените предности кои можете да ги добиете со внесување на ореви во дневната исхрана се следните:

» ја намалуваат големината на половината за повеќе од еден сантиметар
» ги намалуваат шансите за развој на болести на срцето
» го поддржуваат здравјето на мозокот
» го намалуваат холестеролот
» го зголемуваат бројот на сперматозоиди кај мажите
» го намалуваат ризикот од дијабетес
» претставуваат превенција за рак
» ги зајакнуваат косата, кожата и ноктите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот