Корисни совети за подобро здравје

Страна 4 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Вто Окт 04, 2016 12:07 pm

Ги намалуваат алергиите
Против-воспалителните својства на маслиновото масло се одлични за оние кои се подложни на алергии. Екстрактот од маслинките делува како антихистаминик. Оттука маслинките се препорачуваат на дневното мени на секој што пати од алергии или има астма.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Вто Окт 04, 2016 12:07 pm

Здрав метаболизам
30-на црни маслинки содржат 17 отсто од дневната количина на влакна, односно помагаат во одличната работа на цревата и забрзувањето на метаболизмот. Затоа се препорачуваат за сите оние кои имаат „запек“.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Вто Окт 04, 2016 12:07 pm

Одличен извор на железо
Маслинките, особено црните, се богати со железо. Ако патиме од недостаток на железо, нашиот организам не добива доволно кислород и може да чувствуваме студ или слабост. Железото игра важна улога и во производство на енергија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Вто Окт 04, 2016 12:08 pm

Здрав вид
30-на маслинки содржат 10 отсто од препорачаната дневна вредност на витамин А, а овој витамин е најважен за здравјето на очите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Гостин on Вто Окт 04, 2016 12:08 pm

Зголемено ниво на глутатион во крвта
Зголемениот глутатион во крвта е поврзан со подобрувањето на антиоксидативниот капацитет на организмот. Доколку нивото на глутатион во крвта е пониско, изложени сме на зголемен крвен притисок и воопшто на полоша здравствена состојба.

http://www.makmoda.com/10-dobri-prichini-da-jademe-maslinki/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:03 am

13 начини да го победите утринскиот замор

Не сте утринска птица? Наутро тешко ви паѓа разделбата со перницата? Недостатокот на енергија наутро најмногу зависи од начинот на кој сте си легнале претходната вечер. Постојат 13 едноставни начини да се разбудите полни со енергија.

Според листата која ја направи Huffington Post, постои начин да профункционирате и без неопходните огромни количини на кофеин во шолја и неколку часови прозевање. Еве што да правите:
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:03 am

1. Добра ноќ: Кога го изгаснавте светлото вчера вечер?

Иако веќе многупати повторувано, морате да запомните дека на возрасен човек му се неопходни седум до девет часа спиење. Никому помалку од шест. Не одете на спиење плански, легнете си кога ќе ви се приспие, и ако може неколку дена пробајте без да местите аларм. Така најдобро ќе видите колку часа ви се неопходни.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:03 am

2. Добра ноќ: Кога вечеравте вчера вечер?

Без разлика на возраста и телесната тежина кај сите луѓе важи истото правило: обилната вечера е обратно пропорционална со добриот сон. Тоа е така поради тешкото чувство во желудникот, организмот е зафатен со варењето, а чести се и ноќните мокрења. Избегнувајте да вечерате доцна, непосредно пред легнување.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:03 am

3. Добра ноќ: Испивте чашка повеќе синоќа?

Колку и да сметате дека подобро ќе заспиете со некоја чашка алкохол, верувајте дека алкохолот не е пријател на добриот сон. Не само што често ќе го посетувате тоалетот, туку и ќе го тера вашиот мозок да се буди на секои три до четири часа. Ако веќе сте наумиле да пиете алкохол, направете го тоа најмалку четири часа пред заминувањето во кревет.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:04 am

4. Добра ноќ: Фатете ритам на легнување и будење

Несоницата е поретка кај оние кои го наоѓаат своето време за спиење и будење. Ако не отстапувате од правилото кое самите ќе си го создадете, или отстапувањето да биде најмногу 30 до 60 минути, будењето ќе биде многу полесно, но инаку.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:04 am

5. Добра ноќ: Добро затемнете

Исклучете ги сите извори на светлина, вклучувајќи го и мобилниот, компјутерот, телевизорот, па дури и дигиталниот часовник. Спуштете ги ролетните. Светлината може да ги наруши вашите внатрешни процеси.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:04 am

6. Добро утро: Пијте повеќе

Иако не можете да забележите, наутро организмот ви е благо дехидриран. Дофатете ја чашата, напијте се вода. Така ќе вратите течност во организмот и ќе ја подобрите циркулацијата. Денот е добро да го почнете и со свежо цеден сок од овошје или чаша јогурт.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:04 am

7. Добро утро: Никако без појадок

Иако веќе добро познато, не смеете да заборавите дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тој му дава на мозокот глукоза и го буди за дневните активности. Исто така, појадокот помага за стабилизација на шеќерите во крвта, кои ако се снижени даваат чувство на замор.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:05 am

8. Добро утро: „Сонце, ти благодарам што излезе!“

Пронајдете сонце барем за 15-20 минути од вашите дневни активности. Сончевата светлина го спречува нашето тело да произведува мелатонин, а кога паѓа неговото ниво се чувствуваме побудни и посилни. Пропешачете до работното место, испијте кафе надвор или прочитајте весник под сонцето. Неверојатна моќ има.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:05 am

9. Добро утро: Природа

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои практикуваат дваесет-минутна прошетка во природата секој ден, се чувствуваат многу подобро од останатите луѓе. Шетајте доколку имате можности и време. Ако не, донесете ја природата на работа или дома. Бидете опкружени со цвеќиња.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:05 am

10. Добро утро: Медитација

Медитацијата е моќен начин да го поттикнете протокот на крв во мозокот, а дури и кога со затворени очи седите мирно таа ќе го активира мозокот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:05 am

11. Добро утро: Движете се

Зошто? Физичката активност ја поттикнува циркулацијата и дава моментална енергија. Не мора да истрачате маратон, доволно е неколку круга џогирање, шетање на кучето или неколку вежби јога.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:05 am

12. Добар ден: Внимателно со кофеинот

Не се налевајте со кафе ако сте поспани наутро. Дневните препорачани дози на кофеин се 200 до 300 милиграми, што е 2 до 3 шолји кафе. Кофеинот е природен стимуланс кој го зголемува производството на адреналин.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:06 am

13. Добар ден: Внимателно со енергетските пијалоци

Многу од тие напитоци содржат премногу стимулирани супстанци кои водат до ниски нивоа на шеќер во крвта и предизвикуваат замор.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:06 am

11 начини да го подобрите здравјето за 1 минута

За само 60 секунди можете да го подобрите вашето здравје! Еве неколку начини на кои можете да останете здрави низ на едно минутна дневна рутина.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:07 am

1) ЗЕМЕТЕ ДЛАБОК ЗДИВ

Во најстресните моменти не заборавајте да користите метод за смирување : дишење.

Неколку длабоки и контролирани вдишувања може да бидат трик до забавување на работата на срцето. Ова го намалува крвниот притисок и го намалува производството на хормоните на стресот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:07 am

2) ПРЕГРНЕТЕ ЈА ЛИЧНОСТА КОЈА ЈА ЉУБИТЕ

Нема ништо подобро од прегратката. Топлината и задоволството кои ние ги чувствуваме додека прегрнуваме некој близок, не прави да се чувствуваме посреќни и порелаксирани. Исто така, прегратката доведува до физичка благосостојба, како што е намалување на крвниот притисок.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:07 am

3) СМЕА

Постои добра причина зошто смеата е најдобриот лек. Не само што ги елиминира стресот, но, исто така, ги согорува калориите!
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:07 am

4) ЦРНО ЧОКОЛАДО

Какао помага многу, од намалување на крвниот притисок, до подигнување на нивото на ХДЛ холестеролот. Црното чоколадо помага во заштита од дијабетес и ја штити кожата.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Teo on Вто Дек 20, 2016 10:07 am

5) ОПТИМИЗАМ

Малку оптимизам многу дава. Погледот на светлата страна на животот е поврзана со поздраво срце и посилен имунолошки систем. Следниот пат кога ќе се свртите кон песимизмот, сетете се на добрите нешта и тргнете ги оние црни облаци.
avatar
Teo

Број на мислења : 3193
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Корисни совети за подобро здравје

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 4 of 7 Previous  1, 2, 3, 4, 5, 6, 7  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот