Shto navistina se sluchva vo fudbalot

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Shto navistina se sluchva vo fudbalot

Пишување by Гостин on Сре Јун 24, 2015 1:19 pm

Posle navodite za mito i korupcija vo FIFA i ostavkata na BBlater, se javi i Maradona...

Марадона: Финалето на СП 1990 беше ’наместено’



Легендарниот аргентински фудбалски ас Диего Марадона откри неверојатен податок, дека финалето на Светското првенство во 1990 година било ’наместено’. Аргентинците загубија од Германија со 1-0, со голот на Андреас Бреме од пенал во 85.минута од мечот.

Марадона за „Билд“ откри дека тогашниот претседател на федерацијата, Хулио Грондона, притискал репрезентацијата на Аргентина да го загуби финалето.

„Се видовме пред финалето. Тој ми го кажа следново: ’Браво, вие сте јунаци. Стигнавте толку далеку, но сега е време да сопрете’. На тоа јас му одговорив дека немаме намера да сопреме и го предупредив да не си дозволува да ми кажува што да правиме на теренот. Играв со болки, но го дадов својот максимум на теренот. Судијата постојано ги поддржуваше Германците, но за Грондона тоа не беше проблем. Тој не имаше предадено“, изјави Марадона.

http://ekipa.mk/maradona-finaleto-na-sp-1990-beshe-namesteno/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Shto navistina se sluchva vo fudbalot

Пишување by Гостин on Чет Јун 25, 2015 12:16 pm

Odime ponatamu...

Седуммина уапсени во Италија поради местење натпревари

Италијанската полиција соопшти дека уапси седум лица осомничени за местење натпревари во Серија Б.

Уапсените се обвинети за измама во спортски натпревари со цел местење резултати во Серија Б во што е вмешан и клубот Катанија, соопшти полицијата од Катанија не наведувајќи конкретно за кои натпревари се работи.

Катанија минатата сезона заврши на 15.место со само три бода повеќе над зоната на испаѓање. Претходно, во сезоната 2013/14 тимот од Сицилија испадна од најквалитетната италијанска фудбалска лига – Серија А.

http://24vesti.mk/sedummina-uapseni-vo-italija-poradi-mestenje-natprevari

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Shto navistina se sluchva vo fudbalot

Пишување by Гостин on Сре Jул 01, 2015 12:53 am


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Shto navistina se sluchva vo fudbalot

Пишување by Гостин on Чет Jул 09, 2015 11:15 am

Stignavme do selektorot na italijanskata fudbalska reprezentacija...

Конте ќе оди на суд заради местење натпревари



Селекторот на Италија Антонио Конте мора да се појави на суд заедно со уште 104 осомничени лица за местење натпревари во Италија.

Поранешниот тренер на Јувентус е осомничен дека како тренер на Сиена во 2011 г. знаел за два наместени меча заради што беше суспендиран на четири натпреари.

Постоеше можност Конте да го напушти кормилото на Италија заради случувањата со местенките, но претседателот на Федерацијата Карло Тевкија најави дека тој ќе ги води Азурите до крајот на квалификациите за ЕУРО 2016.

Мечевите за кои e oсомничeн се Сиена - Новара, односно Сиена - Албинолефе од сезоната 2010/11 во Серија Б.

Тој за цело време тврди дека е невин и дека не бил свесен за нерегуларноста, но беше суспендиран на 10 месеци бидејќи не пријавил можно местење кај властите. Конте не е обвинет за учество во нелегални активности туку „затоа што не го зачувал моралот на своите играчи“.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Shto navistina se sluchva vo fudbalot

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот