Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

НЕВЕН

Go down

НЕВЕН Empty НЕВЕН

Пишување by Гостин Саб Јун 20 2015, 10:49

Невен (Calendula officinalis) – природен лек за многу заболувања

НЕВЕН Neven

За што се употребува невенот?
Невенот традиционално се користи во вид на маст за рани кои бавно зараснуваат, за посекотини, гребнатинки, изгореници, брадавици и за сите други состојби во кои е потребно да се регенерира кожата. Невенот има антисептично, антибактериско и антигабично дејство, па затоа се применува при инфекции на кожата. Често се применува кај различни кожни заболувања: екцем, акни, дерматози...

Се употребува и кај проширени вени, хемороиди, рани на потколениците, чиреви на кожата...

Исто така, невенот ги обновува и заздравува слузниците. Затоа се користи при чир на желудникот и дванаестопрсното црево, кај ранички во устата, како и за вагинално испирање.

Цветовите на неветот се со јака жолта боја поради присуството на каротиноидите, кои во организмот се претвараат во витамин А. Витаминот А е антиоксиданс кој го спречува оштетувањето на клетките, а често се применува и за зачувување на видот и подобрување на функцијата на очите.

Невенот делува на релаксацијата на мускулатурата, т.е. ги намалува грчевите. Затоа наоѓа примена при болки во стомакот, болки во жолчната кеса, менструални болки...

Невенот често се наоѓа во состав на чајните мешавини кои се користат како природен додаток во борбата против малигните заболувања.

Чајот од невен се употребува и при астма, бидејќи ги релаксира дишните патишта и ги намалува симптомите на болеста.

Ладен чај од невен се применува за испирање на очите, при воспаленија на очите, за испирање на устата при постоење на афти, ранички, или после стоматолошки интервенции.

Вагинални испирања се користат при вагинални инфекции и оштетувања на вагиналната слузница.

Маста од невен успешно се користи при габичните заболувања или како чај за испирање на кожата и слузницата зафатени со габична инфекција.

Чајот од невен се применува и кај заразната жолтица и заболувањата на црниот дроб и жолчната кеса.

Како делува невенот?
Докажано е дека невенот го стимулира создавањето на нови клетки во површинските слоеви на кожата и со тоа помага за побрзо зараснување на раните. Невенот го стимулира зараснувањето на загноените рани.

Невенот делува и како благ седатив, па често се применува за смирување, при несоница, нервоза и психичка напнатост.

Невенот ги релаксира мазните мускули околу крвните садови, па затоа често се користи при тахикардија, ангина пекторис и други срцеви заболувања.

Невенот често влегува во состав на мастите, кремите, геловите, вагиналетите и супозиториите (чепчиња), кои го стимулираат побрзото зараснување на раничките на кожата и слузниците и го смирува воспалението и инфекцијата.

Благодарение на благото естрогено дејство, невенот помага и во регулирањено на менструалниот циклус и во намалувањето на менструалните болки. Често се користи и за намалување на симптомите кои се јавуваат во климаксот.

Што велат научните истражувања?
Цветот на невенот е одобрен од страна на германската комисија E како лек, кој се дава без рецепт за лекување на рани кои споро зараснуваат и за испирање на устата и грлото.

Како се користи невенот?
Невенот се користи како чај, течност за испирање и за облоги, како тинктура и како маст.

Како се приготвува чај од невен?
Од невенот се прави многу вкусен и лековит чај.

Чајот од невен се приготвува така што една полна лажица невен се прелива со една шоља врела вода, а се пие 3-4 пати дневно.

Вода за испирање, за гаргара, за облоги од невен се прави така што една голема лажица цветови од невен се прелива со пола литар вода.

Како се подготвува домашна тинктура од невен?
Домашна тинктура од невен се прави така што во едно литро ракија се става една шака цретови од невен и се оставаат да стојат 14 дена на сонце или на топло место (преку 20°C).

Маслото од невен се користи за заболувања на кожата, за заранување на раните, посекотините, изгоретините...

Како се припрема традиционалната маст од невен?
Најпознат производ од невен е сигурно невеновата маст. Кај чиревите и раните, маста од невен се намачкува на газа во слој од еден милиметар, газата се става на раната и се прицврстува со завој или фластер.

Традиционалната маст од невен се припрема од чиста свинска маст и восок, но таа може да се ужегне на високи температури. Денес постојат постабилни препарати со висока концентрација на екстракт од невен.

Во кои случаи не смее да се користи невен?
Невенот не треба да го користат лица кои се алергични на камилица, ехинацеа, лутиче и другите билки од фамилијата Asteraceae, бидејќи може да постои вкрстена алергија и на невен. Затоа на тие лица им се советува внимателна употреба на невенот и неговите препарати.

http://www.rak.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2156:neven-calendula-officinalis-priroden-lek&catid=33:alter-dodatoci&Itemid=116

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот