Egzotichno ovoshje Asimina

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Egzotichno ovoshje Asimina

Пишување by Гостин on Чет Jул 09, 2015 11:13 am

Егзотично овошје барано на на американскиот пазар



Индијанска банана или Asimina е листопадно дрво од северниот умерен појас. Таа е од семејството јаболка Annonaceae со потекло од Северна Америка, сродник на Graviole Anone Muricate. Таа е интересна како единствено и необично овошје со пирамидален облик. рамно стебло, со бујни темнозелени висечки листови, кои наесен стануваат златно-кафени.
Македонската почва одговара за одгледување на индијанската банана која може да се сади масовно и тоа со 13-годишни садници кои се веднаш плодоносни. а потенцијалот е таков што ова егзотично овошје би можело да се извезува во САД, каде што постои абнормален интерес за нив поради нивните лековити својства. Едногодишните билки потребно е добро да се полеваат и да се држат во делумна сенка, а потоа растот се забрзува. На дрвјата по правило им треба повеќе сонце и за 5-7 на инсекти и други штетници кои во нашите краишта и ги нема. Не е нужно редовно полевање завреме на сушните периоди во водата додајте од хранливите ѓубрива. За здрав и интензивен раст применете компост. ѓубриво од компост или некое друго ѓубриво наесен или во рана пролет. Забрзувањето за плодоносноста е за 1-2 г.
ЛЕКОВИТОСТ НА БИЛКАТА
Индијанската банана е одличен извор на храна. Плодот е најдобро да се јаде свеж. кога е потполно зрел, а тогаш има тропски сладок. сочен вкус и овошен и цветен мирис. Лушпата на плодот е тврда. зелена, а при дозревање станува жолта и црвена. Кога ќе го пресечеме плодот во внатрешноста се наоѓа месо со бело-жолта боја, меко и слатко. содржи многу витамини. минерали, аминокиселини. особено калциум и железо, како и голема енергетска вредност. Внатре во плодот се наоѓаат два реда кафеавкасти семки кои се долги и до З cm. Семките содржат алкалоид кој е еметик. Ако семките се џвакаат влијаат на варењето на цицачите. но ако се проголтаат цели само проаѓаат низ дигестивниот тракт. Листовите и гранчињата содржат активна состојка која се вика апAcetogenins-asimicin кој е антикацерогена состојка и се користи за производство на лекови против рак – 10.000 пати појак од хемотерапија. Примарната намена на плодовите е консумација во свежа форма. Може да се користи како додаток во разни слатки десерти и рецепти со малку топлина, т.е. варење или печење (овошни напитоци. сладолед, овошна салата).

http://agroalternativa.info/egzotichno-ovoshje-barano-na-na-amerikanskiot-pazar/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот