ГАЛИЧКА СВАДБА

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ГАЛИЧКА СВАДБА

Пишување by osa on Чет Jул 09, 2015 9:41 pm

Галичка свадба 2015“ Младоженци - Билјана Гегоска и Филип Белчев



Советот на Месната заедница Галичник, од неколкуте пристигнати апликации на Конкурсот за избор на зет и невеста на годинешното 42. издание на атрактивната културолошка и туристичка манифестација „Галичка свадба - 2015“, ги избра Билјана Гегоска, со длабоки корени од Галичник и Филип Белчев од Скопје.

На 11 јули годинава, во попладневните часови, од Укален ќе одекне екот на зурлите и тапаните, со што ќе го најават почетокот на вековната традиционална Петровденска галичка свадба. Вечерта, автентично пред куќата на младоженецот и пред куќата на невестата и низ Галичник, автентично ќе бидат изведени десетина свадбарски обичаи, ќе бидат испеани и многу свадбарски и обичајни песни. Следниот ден, на Петровден, младите ќе се венчаат во импозантниот храм „Свети Петар и Павле“, каде што пред Бога ќе си ветат долговечен, верен, заеднички живот исполнет со многу дечиња.

Кандидатите за годинешна невеста и зет на „Галичката свадба“ , Билјана Гегоска и Филип Белчев, во апликацијата на конкурсот што го имаше распишано Советот на Месната заедница, својата желба за да бидат избрани ја образложија со следните податоци:„ Галичник, Мајовци, црквата „Св. Петар и Павле“ од клепан камен и местоположбата која се издигнува среде Галичник и му дава посебен белег: бајракот и горското цвеќе со кој е накитен, коњаници, петлици, факли, чешма упија, „Тешкото“, „Невестинското“... , не се само зборови кои се зборуваат кога се споменува манифестацијата „Галичка свадба“, туку се длабоко врежани во нашите души и со нив живееме. И ние сме оние што ја продолжуваат традицијата како фамилија со галичко потекло, со корен од Геговци, Крсте, Ѓорѓи, Крсте....

За нас „Галичката свадба“ не е манифестација, туку е овековечување на нашата љубов, како што и учеството наше и на нашите фамилии, нема да биде улога, туку ќе претставува чекорење по стапките на нашите предци“.

Годинешната невеста Билјана со посебно чувство на гордост и со големи емоции го опишува настанот кога облечена во невестинска галичка носија на снимањето на рекламниот спот за „Галичка свадба 2013“ ја изговори реченицата: „Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам“. Исто така, Билјана не може да го заборави и снимањето на спотот со легендата на македонската народна песна, галичанецот Александар Сариевски, кога на шестгодишна возраст беше облечена во девојчинска галичка носија. Сето тоа и постојано учество на манифестацијата, заедно со татко и' Крсте Гегоски, кој на импровизираните Галички свадби од 1980 до 1990 година, кога немаше вистински зет и невеста, беше незаменливиот галички бајрактер.

„Конкуренцијата за избор на зет и невеста за годинешното 42. издание на единствената и неповторлива Галичка свадба беше големо, сепак, Советот беше едногласен во одлуката бидејќи фамилијата Гегоски и невестата Билјана имаат дадено голем придонес во негувањето на обичаите, традициите, песните, ората, фолклорот и се постојано во нивниот омилен Галичник“, ни изјави Митре Ажиевски, претседател на Месната заедница Галичник.

Претседателот Ажиевски не' информира дека и на другите заинтересирани парови, кои сакаат да се венчаат во црквата „Св. Петар и Павле“ во Галичник, ќе им го овозможи тоа задоволство и ќе им ја пружи неопходната организациска помош.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ГАЛИЧКА СВАДБА

Пишување by osa on Чет Jул 09, 2015 9:46 pm

Да ве поканам на традиционалната галичка свадба и тоа со оваа песничка ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ГАЛИЧКА СВАДБА

Пишување by osa on Чет Jул 09, 2015 9:54 pm

za da bide potpolna informacijata okolu ovaa prekrasna tradicionalna svadba ke ve informiram deka na samata svadba ke bidat izvedeni i tradicionalnite ora " nevestinsko "  i  sekako ona bez shto nemoze da se zamisli nitu edna galichka svadba ,nasheto makedonsko oro po koe ne prepoznavaat vo cel svet ,a toa e oroto "teshkoto"
I ovaa godina ,kako i predhodnite godini ovie  tradicionalni ora ke gi izvede Ansamblot za narodni pesni i igri "Folklorni biseri " od Skopje....

Veruvam deka i Vie ke imate moznost i zelba da prisustvuvate na ovaa manifestacija vo prekrasniot ambient na galichnik..... povelete  dojdete ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ГАЛИЧКА СВАДБА

Пишување by defo on Чет Jул 09, 2015 11:29 pm

Не сум бил никогаш, ама ке направам викендов напори да се шетна до таму..убаво е некој ама има податоци како се одвива сообракајот на таму, услови на пат нешто да сподели.

defo

Број на мислења : 1863
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ГАЛИЧКА СВАДБА

Пишување by osa on Чет Jул 09, 2015 11:34 pm

najubavite pesni i ora ke bidat izvedeni del vo sabota del vo nedela spored obichaite ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ГАЛИЧКА СВАДБА

Пишување by osa on Чет Jул 09, 2015 11:44 pm

defo напиша:Не сум бил никогаш, ама ке направам викендов напори да се шетна до таму..убаво е некој ама има податоци како се одвива сообракајот на таму, услови на пат нешто да сподели.

patot e dobar ,malku e guzva no ne e neshto strashno ,...mora da se patuva so kola ,nema prevoz do tamu ,samo do Mavrovo , no i za da prenokish ke treba da si so kola zatoa shto nema nekoi kapaciteti za smestuvanje ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ГАЛИЧКА СВАДБА

Пишување by osa on Саб Jул 11, 2015 7:32 am

se nadevam deka poleka se podgotvuvate za pat ...se nadevam deka i vie ke bidete na tradicionalnata GALICHKA SVADBA gosti ....manifestacijata zapochnuva denes ,vo popladnevnite chasovi so ubava pesna i oro za ubava druzba ....
prekrasniot ambient i tradicionalnite obredi ke bidat dovolen povod da pominete prekrasen vikend vo chistata zelena priroda na galichnik .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11953
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ГАЛИЧКА СВАДБА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот