Фисташка

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Фисташка

Пишување by Гостин on Пет Jул 10, 2015 9:36 am



Фисташката како култура се води од многу одамна. Веројатни центри од каде потекнува оваа култура се: Средна Азија, северозападна Индија, Авганистан, Иран, Задкавкаскиот регион и Сирија. Во денешниот средоземно морски регион позната е уште од III век п.н.е. каде и денес е широко рааспространета, и тоа во Грција, Сицилија, Шпанија, Северна Африка и други. Подоцна е пренесена во југозападниот регион на Соединетите Американски Држави, каде денес масовно се одгледува во плантажни насади. На север фисташката оди до јужна Молдавија каде се одгледува во насади. Кај нас како фисташка е пренесена пред 40 години. Овие овошки се калемени на Пистација теребинтхус во арборетумот на Шумарскиот Факултет во Скопје.

    Пред 50 години се инпродуцирани и други садници од Грција и се посадени на неколку места во Македонија. Според досегашното однесување на овошките може да се констатира дека фисташката кај нас може да вирае. Климатските и почвените услови за неа се особено погодни во средниот и јужниот дел на Македонија. Во дворовите топлотниот режим е подобар и може да се одгледува и во други региони.

  Фисташката е најквалитетно и највкусно јаткасто овошје со висока енергетска, хранлива, диетална и лековита вредност. Со големите сјајни листови, гроздестите плодови и убавата круна фисташката го разубавува дворот. Спаѓа во јаткасто овошје кое успешно се култивира во суптропска и умерено континентална климатска зона. Таа е типично ксерофитно растение и нејзиниот природен ареал се аридните, полупустински па и пустински реони на Средна Азија и Блискиот Исток. Фисташката е топлољубиво растение, кое бара долги, суви и жешки лета.

    Денешното светско производство на фисташка се движи околу 500 илјади тони. Најголемо производство има во Иран,потоа во Соединетите Американски Држави, Турција, Сирија, Кина, Грција, Авганистан, Италија и итн.

    Во овие места спаѓаат во аридни топли реони со континентална па и пустинска клима. Во граничните пустински реони преживува и со 30 до 50мм годишна сума од врнежи. Живее со векови. Некои Азиски народи ја сметаат за свето дрво и не ја селат. Тоа е единствено широколисно дрво со смолни канали. Смолата има пријатен мирис и во некои земји се екстрахира и користи. Јатката од фисташката содржи од 47 до 56% масти, 17.4 до 24% протеини, 4 до 19% јаглехидрати, 4 до 6.5% целулоза, 2.5 до 3% пепел. Плодот од фисташката се користи за свежа конзумација и за разни видови кондиторски производи. Мастите се користат во кознетичка индустрија, додека смолата се користи во фармацевската индустрија. Дрвото е многу квалитетно и се користи за правење на мебел.

    Кај нас во диви форми расте само еден вид од овој род Pistacia terebinthus L., позната како смрдлика, смрдулка, заради мирисот на смолата. Кај нас фисташката е преспективен овошен вид кој брзо треба да се шири во производството особено во јужните потопли региони.

Фисташката спаѓа во фамилија Anacardiaceae, род Pistacia, во кој се застапени околу 20 видови. Од сите нив најголемо значење има само видот Pistacia vera чии плодови се користат во исхраната на луѓето. Фисташката е долгогодишно листопадно растение кое достига старост и до 500 години. Во првите години формира долг неразгранет коренов систем. По неколку години се развиваат голем број на скелетни корени кои за неколку пати се подолги од радиусот на круната. Благодарение на моќниот, широкиот и длабоко рааспространетиот коренов систем фисташката расте и обилно плодоноси во исклучително суви услови. Надземниот дел се развива како средно бујно стебло, со јако разградена круна, со висина до 6м. Расте многу бавно. Во првите 2 до 3 години надземниот дел достига висина од само 50 цм. Лисните пупки се мали, листовите се развиваат по цветовите, тие се сложено перести.

   Фисташката е дводомно растение. Цветните пупки кај машките растенија се покрупни од женските и цветаат 4 до 5 дена порано. Цветањето започнува во првата половина на април, а во поладно време цветањето се одвива подоцна и продолжително. Цветовите се соберени во гроздовидни реси, машките имаат од 1 до 2 околуцветни ливчиња и 3 до 5 прашници, а женските имаат 2 до 5 околу цветни ливчиња и еден плодник си триделно столбче. Опрашувањето се врши со помош на ветер. Заради обезбедено опрашување во насад на десетина женски треба да има едно машко растение. Плодовите зреат во втора половина на септември. При созревањето мезокарпот се распукува, и се оделува од коската. Кај многу сорти коската распукува по шавот.

    Фисташката се развива најдобро на типични карбонатни, длабоки и отцетни почви. Поднесува доста и чакалести, каменливи почви. Подобро се развива на источни, јужни и југозападни експозиции, со наклон до 12° и надморка висина од 600 до 700 м. Овој вид е исклучително отпорно растение на суша што се должи на јако развиениот коренов систем но и на изобилството на смола која за време на сушниот период постепено се разградува при што ослободува вода. Заради оваа особина фисташката се развива одлично и во услови каде годишните врнежи изнесуваат и од 100 до 250 мм и со долготрајни летни сушни периоди. Во текот на летото без штети поднесува високи температури и над 42°C и зимски ниски температури до -30°C. Фисташката е многу светлољубиво растение, поради ова не поднесува засенчување кое се јавува во густ насади. Заради тоа растенијата во насади се садат на поголемо растојание 6х6 или 6х5 м.

Досега се создадени мал број на сорти од фисташката. Како главни земји кои селекционираат сорти фисташки се земјите од реонот на Средоземното Море, Азербеџан, Турција, Иран, Сирија и Соединетите Американски Држави. Кај нас е инпродуцирана грчката сорта Аегина која во наши услови дава задоволителни резултати.

Фисташката во природата се размножува со семе, но на овој начин не ги пренесува верно особините на мајчиното растение. Половите до новото растение се машки. Семенците многу бавно растат. Порано, а делумно и сега фисташката се садеше со семе дирекно во насад, а после неколку години сменците се калемат со питоми сорти. Во Сирија најдобра доплога за фисташката се покажала сортата Батоопс која брзо расте и во првата година до септември стеблото е дебело од 8 до 10 мм, и може да се окулира на заспана пупка. Во Калифорнија како подлога се користат семенци од Пистациа атлантица, каде фисташката може да се калеми на повеќе начини. Најдобар начин на калемење е окулирање на изрез кога младите подлоги ќе достигнат дијаметар од 6 до 15 мм. Најдобро време е мај - јуни на будна пупка со зрели питомки. Во јули може да се калеми на будни или заспани пупки со питомки од тековната вегерација. Во август се калеми на заспана пупка. Може да се калеми и Т зарез но примањето е нешто послабо. При калемење на будна пупка подлогата се свиткува, а кога ке потера леторастот се отсранува над калемот.

http://zemjodelie-ovostarstvo.com/fistaska-i-rasad-na-fistaski-vo-makedonija.html

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот