Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Орхидеја

Go down

Орхидеја Empty Орхидеја

Пишување by Гостин Пон Aвг 03 2015, 11:51

ОДГЛЕДУВАЊЕ НА ОРХИДЕИ

Орхидеја Orhideja%201

Читајќи ги текстовите за одгледување на орхидеи во многу веб сајтови, можеме да откриеме повеќе тврдења околу начинот на одгледување.

Уште пред да почнете да се занимавате со одгледување орхидеи треба да се знае дека тие апсорбираат тоа што им е потребно, а не тоа што им нудиме ние. Едно од најважните работи е ѓубривото за орхидеи не смее да содржи уреа и да се користи во текот на целата година.

Растението ќе апсорбира супстанца за неговите потребни количини, корисни за него во тој момент. Можно е ѓубривата, кои се продаваат да содржат премногу Фосфор, кој е исклучително корисен за подлогите кои се користат при одгледување растенија за сечено цвеќе, но е исклучително бескорисен за нашите типови подлоги.

Како препорака некои екперти предлагаат додавање на калциум нитрат. Покрај ова, имајте во предвид дека не е логично да се изложува растението на периодична исхрана, а потоа да не се храни во останатото време. И ние се храниме секој ден, не еднаш во месецот!

Орхидеја Orhideja%202

За да се пресмета колку ѓубриво се дава на растенијата, може да се користат две методи:

1. Употребата на кондуктометар. Станува збор за еден мал апарат, кој ни овозможува да дознаеме, колку јони им нудиме на нашите растенија. Секако податоците од кондуктометарот ни покажуваат само електрични соли растворени во водата во форма на подвижни јони, а не ни даваат квалитетна карактеристика на овие јони. Покрај тоа, не може да измерат органските соли, и уреата воопшто не може да биде фатена. Во пракса, треба да ја измериме прво водата со која ќе вршиме наводнување на орхидеите, па потоа почнуваме да додаваме ѓубрива, така што ќе ги постигнеме саканите вредности. Во зависност од потребата и од периодот може да се смета за оптимална електрична спроводливост од 300-400 microSiemens. Но, ако сакаме да побрз напредок на растението, можеме да достигнеме дури до вредности 600-800 microSiemens.

2. Постои и еден економичен и лесен начин да се пресметаат количините на ѓубрива во нашиот раствор. Станува збор за пресметување на честички во ppm (делови на милион). На пример, кога користиме 5 грама од ѓубриво со NPK 20-20-20 за 10 литри вода и сакаме да се пресмета Азот како ppm: - 5 * 20/100/10/0, 001 = 100 ppm.

Истата пресметка може да се направи и за фосфор и калиум, но прво треба да се пресмета која е точната вредност (а не да се зема онаа на оксиди). Лично јас ставам 100-150 ppm N со секое напојување за време на вегетативна раст, имам информации дека големи производители применуваат постојано по 200-250 ppm N, со неколку "напумпани" дози до 400 ppm N. Што значи дека во зависност од нашите потреби се користи Азот во концентрација од 100 до 200 ppm. Секако во периодите на активна вегетативна раст, може да го зголеми вредноста и соодветно да се намали во зима.

Напомнувам дека од склучителната важност е врската помеѓу светлината, температурата и ѓубрењето. Овие параметри мора да се секогаш избалансирани меѓусебно. Голема грешка може да се направи доколку се хранат растенијата со многу Азот во зима. Откако има помалку светлина и е ладно, растението може да развие слаби и стебла и листови, и да биде нападнато од инсекти и други болести.

Запомнете ги Јин и Јанг за воспитување на орхидеите! Секогаш земајте ги во предвид одделните делови во равенката - светлина, температура, вода, ѓубриво и циркулација на воздухот! Тие се директно меѓусебно поврзани! Треба секогаш да останете во совршена рамнотежа помеѓу овие параметри!

Конечно, не заборавајте дека растенијата имаат исклучителна потреба од магнезиум (Mg). Тој е важен за растенијата, како Железото што е за нас самите. Бидејќи многу од ѓубривата на пазарот не содржат магнезиум или пак содржат екстремно малку, потребно е да се додава магнезиум сулфат.

http://gradina.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=103:2011-08-27-20-59-33&catid=97:2011-08-26-08-38-07&Itemid=501

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот