ЛАДЕН КОЛАЧ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ЛАДЕН КОЛАЧ

Пишување by Гостин on Пет Jул 10, 2015 9:43 am

Вкусен колач, без печење



Брзиот колач што не се пече е идеален за сите љубители на слатко.

Состојки:
250 г. бисквити

150 г. млечно чоколадо

100 г. благ путер

150 г. мед

100 г. суви кајсии, исецкани

75 г. суво грозје

60 г. сецкани ореви

Подготовка:
1. Обложете ја тепсијата со хартија за печење

2. Иситнете ги бисквитите, користејќи толчник, а претходно ставете ги во пластична кеса, за да не летаат насекаде.

3. Стопете ги чоколадото, путерот и медот на пареа. Повремено мешајте.

4. Тргнете ги садовите од оган и измешајте ги мелените бисквити, сувото грозје, оревите и сувите кајсии.

5. Смесата ставете ја во тепсија и израмнете ја одозгора.

6, Оставете да се олади, а потоа ставете чоколадо врз неа и ставете во ладилник на 1-2 часа.

7. Пред сервирање исечете го колачот на 12 коцки и уживајте во вкусот.

ТАГОВИкујнапечењерецептичоколаден колач

http://grid.mk/read/news/510587851/10228775/laden-i-chokoladen-vkusen-kolach-bez-pechenje

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот