ФУДБАЛ

Страна 1 of 6 1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ФУДБАЛ

Пишување by osa on Вто Јан 13, 2015 4:59 pm

eh ova e ubavina ,da ima koj da ne informira   za sportskite sluchuvanja ...bravo majstore ,samo napred ...moram da si kazam deka MESI bi sakala da bide privilegiran ,go obozavam ....pozdrav

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11824
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Fudbal

Пишување by Гостин on Сре Јан 14, 2015 11:24 pm

MESI ..... affraid Ajde pogledni poubavo koj e majstorot...

„Златната топка“ втора година по ред во рацете на Роналдо

Втора година по ред и трет пат о својата кариера престижното признание Златната топка која ја доделува Светската фудбалска асоцијација за најдобриот фудбалер за годината која изминала замина во рацете на ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо.



Португалскиот репрезентативец признанието го освои во конкуренција на Лионел Меси од Барселона и голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер.

За најдобар тренер очекувано наградата замина кај предводникот на Германија, Јоаким Лев, кој со оваа селекција го освои Светскиот шампионат во Бразил.

Најдобар тренер во женска конкуренција е Ралф Келерман додека признанието за најдобра фудбалерка замина во рацете на Надин Кеслер.

Наградата за најубав погодок ја освои Хамес Родригес.

Во изборот за најдобриот состав за 2014, Ноер е на голманската позиција, неговиот соиграч Филип Лам заедно со
Давид Луиз и Тијаго Силва, двајцата од Пари Сен Жермен, како и Серхио Рамос од Реал Мадрид се во одбранбената линија, Андрес Иниеста од Барселона, Тони Крос од Реал и Анхел Ди Марија од Јунајтед се во средниот ред и Роналдо, Меси и Робен се во нападот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Вто Јан 20, 2015 5:05 pm

Ke ostane li Izaghi bez angazhman, a Milan bez izlez vo Evropa ovaa sezona...

Се тресе клупата на Инзаги во Милан



Милан загуби од Аталанта на „Сан сиро“ со 0-1, а веќе четири кола не знае за победа во Серија А, и тоа секако знак за аларм во редовите на „росонерите“. Се преиспитува работата на тренерот Филипо Инзаги, а италијанските медиуми пишуваат дека клупата на која седи сериозно е разнишана. Може да се очекува и негова смена во наредните неколку дена, а прв знак за тоа е итниот состанок што Инзаги го имаше утрово со потпретседателот на клубот, Адријано Галијани.

Најавено е дека Галијани во текот на денот ќе има средба и со првиот човек на клубот, Силвио Берлускони, по што ќе бидат познати и следните чекори на раководството на Милан. „Тутоспорт“, весникот кој сепак важи за близок до Јувентус, најавува дека Кларенс Сидорф би можел повторно да се врати на клупата на „росонерите“.

http://ekipa.mk/se-trese-klupata-na-inzagi-vo-milan/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Јан 20, 2015 6:40 pm

Ke ostane li Izaghi bez angazhman, a Milan bez izlez vo Evropa ovaa sezona...
I to me zabole! Very Happy Very Happy Very Happy
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Вто Јан 20, 2015 6:42 pm

Ne si po fudbalot?

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Јан 20, 2015 6:45 pm

Ic...od 1991!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Вто Јан 20, 2015 6:47 pm

E , a shto taka?Padna na kladilnica? Very Happy

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Јан 20, 2015 7:03 pm

Nemam vlezno u kladilnica...nego mi ispadna interesna sluckava za Inzagi..... na seta maka i za nego da go mislime?
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by osa on Вто Јан 20, 2015 10:07 pm

YAS напиша:MESI ..... affraid Ajde pogledni poubavo koj e majstorot...

„Златната топка“ втора година по ред во рацете на Роналдо

Втора година по ред и трет пат о својата кариера престижното признание Златната топка која ја доделува Светската фудбалска асоцијација за најдобриот фудбалер за годината која изминала замина во рацете на ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо.



Португалскиот репрезентативец признанието го освои во конкуренција на Лионел Меси од Барселона и голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер.

За најдобар тренер очекувано наградата замина кај предводникот на Германија, Јоаким Лев, кој со оваа селекција го освои Светскиот шампионат во Бразил.

Најдобар тренер во женска конкуренција е Ралф Келерман додека признанието за најдобра фудбалерка замина во рацете на Надин Кеслер.

Наградата за најубав погодок ја освои Хамес Родригес.

Во изборот за најдобриот состав за 2014, Ноер е на голманската позиција, неговиот соиграч Филип Лам заедно со
Давид Луиз и Тијаго Силва, двајцата од Пари Сен Жермен, како и Серхио Рамос од Реал Мадрид се во одбранбената линија, Андрес Иниеста од Барселона, Тони Крос од Реал и Анхел Ди Марија од Јунајтед се во средниот ред и Роналдо, Меси и Робен се во нападот.

odi kaj sin mu na ronaldo ke ti kaze ,on samo so ZVEZDI se slika ha ha ha Very Happy Very Happy Very Happy

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11824
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Пет Јан 23, 2015 7:53 pm

Овде нема да коментирам ништо,но најсилен впечаток ми остави графитот...

Протестите биле оправдани: Бразил потроши 15 милијарди, а од ФИФА доби само – сто милиони?!



Светската фудбалска федерација (ФИФА) потресена од сите скандали околу корупциските афери во последните две години, уште повеќе го навлече гневот на Бразилците, откако им рефундираше сто милиони долари за организацијата на Светското првенство летоска, на кое Германија по 24 години стана светски првак.

Бирократската организација, која за многу фудбалски легенди е „дувло на криминал“, од СП во Бразил заработи околу четири милијарди долари, Бразил инвестираше преку 15 милијарди, градејќи стадиони и инфраструктура, и на крај од ФИФА доби – трошки. Со тоа, големите и насилни протести во најфудбалската земја, кои започнаа уште една година пред Мундијалот на Купот на конфедерации, се покажаа како исправни.

ФИФА го искористи Бразил, а земјата од ништо посебно не профитираше. Дури и економските проценки за приходите на национално ниво од туристите, не ги исполни очекувањата.

Колку Бразил „загуби“ доволен податок е дека ФИФА заработи четири милијарди, а само стадионите чинат три, од кои неколку „бетонски убавици“ ќе пропаднат. Четири од нив, не организираат повеќе фудбалски мечеви, туку само свадби и детски веселби.

„Почекајте малку, ќе видите дека стадионите ќе бидат исплатливи“, им велеше Жером Валке на Бразилците.

Но, шест месеци подоцна, гневот во најфудбалската земја кулминира. Но, приказните од Женева и понатаму продолжуваат.

„Доста ни е од приказни дека дојдовме во Бразил, ги земавме парите и со првиот авион побегнавме во Европа. Тоа не е вистина. Ние и понатаму ќе вложуваме и ќе се грижиме за вашиот фудбал“, порачал Валке.

http://sportmedia.mk/protestite-bile-opravdani-brazil-potroshi-15-milijardi-a-od-fifa-dobi-samo-sto-milioni/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Пон Јан 26, 2015 7:55 pm

Злоупотреба на малолетници во фудбалот ???

ФИФА започна истрага над Реал Мадрид

Светската фудбалска асоцијација покрена истрага над Реал Мадрид поради трансфери на малолетни лица.



ФИФА ги истражува договорите на клубот кој се засили со Мартин Едегор, Минк Питерс и Марко Асенсио со оглед на тоа што федерацијата забранува трансфери на фудбалери под  18 години и за истите се потребни посебни околност и дозволи.

ФИФА побарала од Шпанската федерација да ја предаде документацијата за трансферите на Реал и доколку се пронајдат нерегуларности „Кралскиот клуб“ најверојатно го очекува истата казна како и за нивниот најголем ривал во Примера –Барселона, односно забрана за трансфери на одреден временски период.

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=88691#.VMaNKv7F-uI

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Сре Фед 04, 2015 2:00 pm

Јапонскиот селектор сменет поради сомневања за местење натпреваери



Фудбалскиот сојуз на Јапонија го смени селекторот Хавиер Агире поради сомневања за негова вмешаност во местење натпревари во Шпанија.

Првиот човек на јапонскиот фудбал Куни Диани рече дека е донесена таква одлука со цел спречување да биде загрозено учеството на Јапонија во квалификациите за Светското првенство.

Диани наведува дека Агире кој е поставен за селектор на Јапонија во август 2014 година, е известен за таа одлука и дека се согласил за неопходноста на неговата смена.

-Бев среќен што работев во Јапонија. Им посакувам многу среќа на репрезентацијата и јапонските навивачи, соопшти Агире.

Мексиканскиот стручњак е меѓу осомничените за местење на натпреварот Сарагоса – Леванте одигран во мај 2011 година на кој Сарагоса победи и избегна испаѓање во втора лига.

http://plusinfo.mk/vest/13621/japonskiot-selektor-smenet-poradi-somnevanja-za-mestenje-natprevaeri

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Пон Фед 09, 2015 10:56 am

Дрогба се пензионираше, "слоновите" ја освоија титулата



Два пати во последните девет години играше во финале, но дури денеска, репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска ја освои својата втора титула на Купот на африкански нации, прва по пауза од 23 години.
За тоа, на "слоновите" им беа потребни 120 минути игра во финалето против Гана и 22 пенали бидејќи по регуларниот дел и продолженијата резултатот беше 0:0. На крајот, по пеналите, Брегот на Слоновата Коска победи со 9:8 и со тоа стигна до титулата.
Јунак на мечот беше голманот на "слоновите" Бубакар Бари кој во 11. серија го одбрани ударот од белата точка на својот колега од селекцијата на Гана, Разак Бримах, а потоа со сигурен шут и ја донесе победата на својата репрезентација.

Интересно е тоа што и четвртото финале на Брегот на Слоновата Коска во Купот на африкански нации е завршено со пенали со тоа што два пати "слоновите" триумфираа, а два пати загубија. Најголем трагичар од сето ова е Дидие Дрогба кој имаше огромна желба во својата кариера да се закити со титулата од континенталното натпреварување, но два пати беше запрен во финалето, а неполна година откако се откажа од националниот тим, тој го освои драгоцениот трофеј.

http://derbi.mk/index.php/fudbal/svet/item/22771-drogba-se-penzionirase-slonovite-ja-osvoija-titulata

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Чет Фед 12, 2015 11:29 am

Koga odi...odi...nadolu...Makedonija so nov pad na listata na FIFA...

Нов пад на Македонија на ФИФА листата: Сега сме на 104. место



Македонската фудбалска репрезентација доживеа нов пад на февруарската ФИФА листа, сега сместувајќи се на 104. место со 320 бода на своето конто.

Македонија на најновото рангирање назадуваше за три позиции во однос на јануарскиот ранкинг, сега останувајќи позиции и зад селекции како Етиопија и Бахреин.

Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на ЕП 2016, Белорусија е на 101. место, додека Луксембург е на 129-та позиција. Најдоброрангирана е Шпанија, која назадуваше за една позиција, па сега е на 10. место, Словачка е на 22. место а Украина на 27-та позиција.

Нема промени на водечките седум позиции. Прва е Германија, пред Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил и Португалија. На осмото место е Франција пред Уругвај и Шпанија.

http://ekipa.mk/nov-pad-na-makedonija-na-fifa-listata-sega-sme-na-104-mesto/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by reiter on Вто Фед 17, 2015 1:29 pm

ПСЖ ЌЕ МУ СЕ ОДМАЗДУВА НА ЧЕЛЗИ напиша:

Тимот на ПСЖ никогаш не влегол како фаворит во дуелите со Челзи во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ). Така ќе биде и вечерва (20,45 ч.) на „Паркот на принцевите“ во првото осминафинално соочување меѓу францускиот и англискиот претставник во воведната нокаут-фаза. Во контекст на тоа, овој пат оди и каталогот со повреди меѓу „светците“, што дополнително ја отежнува мисијата за составот на Лоран Блан. Тоа беше една од причините за прокоцканата победа во саботата против Каен во Лига 1. ПСЖ водеше со 2:0, меѓутоа поради повреди остана со девет фудбалери на теренот, прими два гола и на крајот мораше да се задоволи со бод. Во ростерот се враќаат Маркињос и Лукас кои се најавени дека ќе бидат и меѓу стартните 11 против „сините“ од „Стемфорд бриџ“ вечерва. Затоа, пак, надвор од комбинација се Грегори ван дер Вил, Езекил Лавеци, Јохан Кабае и Серж Орие. „Бевме во вакви проблеми и пред првиот дуел со Барселона во групната фаза, но успеавме да се справиме со предизвикот“, вели Блан кој изразува надеж дека од повредените ќе може да смета барем на Блас Матуиди. Во септември лани, ПСЖ ја совлада Барселона со 3:1 во отсуство на Лавеци и Ибрахимовиќ. „Мурињо е гениј. Загуби во Купот и си обезбеди една недела повеќе време за подготовки за реваншот“, во шега истакна менаџерот на „светците“. Иако Ибрахимовиќ е далеку од својата најдобра сезона, како впрочем и целиот тим на ПСЖ, Жозе Мурињо, сепак, упатува на внимателност, иако нема проблеми од здравствена природа во составот. Иако Швеѓанецот против Каен во саботата го постигна само четвртиот гол во сезоната, Португалецот е претпазлив, а тоа ќе го бара и од своите играчи. Дека тие го примиле предупредувањето од „специјалниот“, се гледа од изјавата на Диего Коста. „Златан е ѕвер. Тој е меѓу најдобрите напаѓачи во фудбалската историја“, порача напаѓачот на Челзи за „Спорт магазин“. Вечерва ги носи и воведните 90 минути од осминафиналниот двомеч меѓу Шахјтор и Баерн Минхен. Украинците се домаќини и дуелот со германскиот гигант се чини доаѓа во најнезгоден момент за нив. Баварците во саботата, како што и самите порачаа, конечно ја пронајдоа формата што ја посакуваа, ги наместија нишанските справи при што „настрада“ Хамбургер и со огромна самодоверба отпатуваа на првата шампионска задача во 2015 година. Средбата е закажана во Лвов бидејќи Доњецк е во центар на воениот конфликт на истокот на земјата. Затоа и подготовките на тимот во јануари се одвиваа во Бразил. Притоа се надеваат дека завршиле добра работа и целосно се фокусирани на предизвикот преку кој ќе се обидат да стигнат и до прва радост над германски ривал на домашен терен по пауза од 35 години. напиша:

http://www.utrinski.mk/?ItemID=46A6B4F948587A4582854596BB78B27A

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2405
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Пон Фед 23, 2015 10:45 am

Изгледа Меси ја губи битката со Роналдо.

Тешко, но заслужено – Реал веќе е на 4 поени пред Барса



Реал Мадрид го победи со 2:0 како гостин Елче и ја зголеми на 4 поени предноста пред Барселона, откако во саботата каталонците сензационално загубија дома од Малага.

Карим Бензема и Кристијано Роналдо ги одбележаа погодоците за кралскиот клуб, кој генерално во првото полувреме не успеаја да го загрозат голот на еден од аутсајдерите во Примера.

Бензема отвори во 56-тата минута, искористувајќи одбиена топка од телото на голманот Пжемислав Тито, а четвртина час подоцна Роналдо пресретна со глава центрирање на Иско и го постигна 29-тиот гол во сезоната.

Успехот е и подарок заголманот на Реал, Икер Касиљас, кој го забележа својот натпревар број 500 во шпанската елита.

http://lokalno.mk/teshko-no-zasluzheno-real-vekje-e-na-4-poeni-pred-barsa-video/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=teshko-no-zasluzheno-real-vekje-e-na-4-poeni-pred-barsa-video

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Пон Мар 09, 2015 6:12 pm

Kje go prodade li Barsa Leo Mesi???

Браида: Манчестер сити или ПСЖ можат да го купат Меси



Директорот на Барселона, Ариедо Браида, отвори нова дилема во фудбалската јавност со изјавата дека финансиски моќните европски клубови како Манчестер сити или ПСЖ би можеле да го купат Лионел Меси. Тој има договор до 2018 година со каталонскиот клуб и откупна клаузула од 250 милиони евра.

„Мислам дека е речиси неверојатно Лионел Меси да си замине од Барселона, но тоа сепак би можело да се случи, со оглед дека Манчестер сити и ПСЖ се финансиски моќни клубови кои можат да си дозволат да потрошат многу пари“, изјави Браида.

Аргентинецот Лионел Меси игра во неверојатна форма и оваа сезона, најновиот хет – трик го постигна против Рајо Валјекано во триумфот од 6-1.

http://ekipa.mk/braida-manchester-siti-ili-pszh-mozhat-da-go-kupat-mesi/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by tmoro on Пон Мар 09, 2015 9:54 pm

Teo напиша:Kje go prodade li Barsa Leo Mesi???

Браида: Манчестер сити или ПСЖ можат да го купат Меси



Директорот на Барселона, Ариедо Браида, отвори нова дилема во фудбалската јавност со изјавата дека финансиски моќните европски клубови како Манчестер сити или ПСЖ би можеле да го купат Лионел Меси. Тој има договор до 2018 година со каталонскиот клуб и откупна клаузула од 250 милиони евра.

„Мислам дека е речиси неверојатно Лионел Меси да си замине од Барселона, но тоа сепак би можело да се случи, со оглед дека Манчестер сити и ПСЖ се финансиски моќни клубови кои можат да си дозволат да потрошат многу пари“, изјави Браида.

Аргентинецот Лионел Меси игра во неверојатна форма и оваа сезона, најновиот хет – трик го постигна против Рајо Валјекано во триумфот од 6-1.

http://ekipa.mk/braida-manchester-siti-ili-pszh-mozhat-da-go-kupat-mesi/
Изгледа Барса правит повторно грешка.Пред 4-5 години Роналдињо вредеше 120 миљони евра и Милан сакаше да го купи не го пуштија после не беше во форма па за 1-2 години го дадоа за 15 миљони евра,плу грешката што ја направија со Ибра од 65 миљони евра .Сега ако го продадат Меси ке заработат 250 миљони евра и ке потполнат неколку дупки во спротивно не верувам и тие долго да одат во минус

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Чет Мар 12, 2015 8:04 pm

ФИФА РАНГ ЛИСТА
Македонија 108-ма!

Од противниците во квалификациите за Европското првенство само Луксембург е зад Македонија - 136-ти, нашиот следен противник Белорусија е 98-ма, Словачка 22-ра, Украина 31-ва, а Шпанија веќе не е во Топ 10 и е единасета...



Четирите месеци без натпревар придонесоа македонската фудбалска репрезентација да падне пет места и тоа на 108-то на ФИФА ранг листата.

Од противниците во квалификациите за Европското првенство само Луксембург е зад Македонија - 136-ти, нашиот следен противник Белорусија е 98-ма, Словачка 22-ра, Украина 31-ва, а Шпанија веќе не е во Топ 10 и е единасета. На нејзино место е Италија.

Најдобрата светска тројка ја предводи Германија пред Аргентина и  Колумбија.

http://grid.mk/read/news/509849846/9746822/makedonija-108-ma

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by tmoro on Вто Мар 17, 2015 9:00 pm


tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Сре Мар 18, 2015 6:25 pm

ЦРНОГОРЦИТЕ ПОЧНУВААТ АКЦИЈА ПРОТИВ МЕСТЕЊЕ НАТПРЕВАРИ
Апсења во Црна Гора поради местење натпревари
Пет фудбалери во Црна Гора се приведени поради сомневање дека учествувале во лажињаре на резултати во Првата лига на оваа земја.

http://www.mkd.mk/sport/fudbal/apsenja-vo-crna-gora-poradi-mestenje-natprevari

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Чет Мар 19, 2015 10:47 am

Шпанија со три претставници во четвртфиналето на ЛШ, Англичаните во криза

По комплетирањето на листата учесници во четвртфиналната фаза од фудбалската Лига на шампиони, за најмногу места се изборија шпанските екипи. Помеѓу осумте најдобри во елитното натпреварување се најдоа Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Најголемото разочарување го направија екипите од Островот. Со синоќешната елиминација на Манчестер Сити од Барселона, Англија остана без свој претставник уште во четвртфиналната фаза, што за тамошните аналитичари е потврда дека англискиот фудбал е во криза. Претходно, Челси доживеа елиминација од Пари Сен Жермен, Арсенал од Монако, а Ливерпул не ја помина ниту групната фаза.

Француските тимови Монако и ПСЖ и донесоа две места на својата земја во следната фаза, додека по еден претставник ќе имаат Германија (Баерн Минхен), Португалија (Порто) и Италија (Јувентус).

http://grid.mk/read/news/509889909/9774854/shpanija-so-tri-pretstavnici-vo-chetvrtfinaleto-na-lsh-anglichanite-vo-kriza

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by tmoro on Чет Мар 19, 2015 6:21 pm

Според мене германската лига е најака во светот ,но имаат еден преставник во четвртфиналето,Англиската лига иако имаат четири добри екипи не успејаа,мегутоа добро е за фудбалот кога имат изненадувања.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Гостин on Пет Мар 20, 2015 6:53 pm

Chetvrt finale vo ligata na shampioni...

Лига на Шампиони: Познати дуелите во четврт-финалето, повторно градско дерби



ПСЖ – Барселона
Париз со Барса се сретнаа оваа сезона од ЛШ во групната фаза, каде ПСЖ победи дома со 3-2, додека каталонците беа поуспешни на Ноу Камп со резултат 3-1.

Двата тима се сретнаа исто така во четврт-финалето во 2012/13, каде Барселона продолжи понатаму благодарејќи на повеќето постигнати голови на гости бидејќи вкупниот резултат беше 3-3. Исто така се имаат сретнато во 1997-мата во УЕФА Купот на победниците на куповите, каде Барса победи со 1:0 со голот на Роналдо.

Атлетико Мадрид – Реал Мадрид
Повторно градско дерби во Лигата на Шампионите, и повторно меѓу овие два тима.

Реал го победи Атлетико со 4-1 во минато-годишното финале на ЛШ во Лисабон, иако во регуларните 90 минути во последен момент се спасуваа со голот на Серхио Рамос, кој го анулира водството од 1:0 на Атлетико. Герет Бејл, Марсело и Кристиано Роналдо постигнаа голови во продолжението за Реал да ја освои 10-тата европска титула.

Овие два тима оваа сезона имаат играно дури шест пати во Шпанскиот Супер Куп, Шпанската Лига и Копа дел Реј. Атлетико победи на 4 од овие дуели, додека 2 завршија нерешено.

Порто – Баерн Минхен
Порто го има совладано Баерн од Минхен со 2-1 во 1987-мата година во финалето на Европскиот Куп на победниците на куповите во Виена, постигнувајќи 2 погодоци во последните 13 минути за да ја освои својата прва европска титула. Баерн му се одмазди на португалците, и тоа 2 пати, елиминирајќи го тимот на Порто во четврт-финалето во 1990/1991 и 1999/2000-та година.

Јувентус – Монако
Јувентус и Монако се имаат сретнато само еднаш и тоа во полуфиналето на Лигата на Шампионите во сезоната 1997/98, и со вкупен резултат од 6-4 Јувентус заврши како победник и се пласира во финалето. Алесандто Дел Пиеро постигна хет-трик во победана од 4-1 на Бјанконерите.

http://www.themen.mk/liga-na-shampioni-poznati-duelite-vo-chetvrt-finaleto-povtorno-gradsko-derbi/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by osa on Нед Мар 22, 2015 10:19 pm

dobra utakmica ...Barsa -Real ...momentalno 2:1 za Barsa ....ima dosta za igranje ,samo shto pochna vtoro poluvreme ...mislam deka ke pobedi Barcelona ,more mora da pobedi ,jas gi obozavam ,posebno Mesi i Neimar ....
reiter stavi li neshto na kladilnica ...koj naviva za barsa ,de pofalite se tuka da navivame zaedno ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11824
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ФУДБАЛ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 6 1, 2, 3, 4, 5, 6  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот