Da si ja ulovis hranata

Go down

Da si ja ulovis hranata Empty Da si ja ulovis hranata

Пишување by Гостин on Саб Jул 18, 2015 12:04 pm

samo na gotovo cekate.....grujo da vi dadel.......ovoj onoj da vi dadel........aj potrudete se sami...........

Храна во природата

-Собирање и подготовка

-Подготовка на одделни продукти

Поднебјето на Република Македонија изобилува со продукти од дивата флора и фауна кои можат да се послужат за исхрана во природа. Во понатамошниот текст ќе се задржиме на продуктите кои се пронајдени и се користени за исхрана во природата.

1.ЕЖ

Da si ja ulovis hranata Images?q=tbn:ANd9GcQPEuNH6qQsqZ8GK5rVMnWW2u9zdP5Z6Z_5HoxR472lhrv6EK3M

Сите ежови кои се наоѓаат на подрачјето можат да се користат за исхрана. Ежовите можат да се најдат во шума,во грмушки или во близина на вода. По пронаоѓање на ежот, тој се фаќа со заштитни средства заради заштита на рацете од неговата кожа која е покриена со бодликави иглички со коишто ежот се штити од неговите непријатели.

Начин на подготовка:
Ежот се превртува на грб и со нозете се гази од двете страни со цел да се отвори внатрешниот мек дел од неговото тело. По отварањето на мекиот дел,се утврдува каде се наоѓа главата и притоа со движење на ножот во правец од вратот кон врвот на главата (носот) се врши колење. По колењето ежот се остава да искрвари. Откако ќе искрвари ежот се фаќа за предните и за адните нозе и се развлекува за да се појави помекиот дел од кожата,односно делот каде што нема иглички. Потоа се засекува кожата од предните и од задните нозе по средината на стомакот, а потоа се започнува дерење, при што се одвојува кожата од телото. Откако ќе се одере ежот,од телото се вадат внатрешните органи и се фрлаат. Пред употреба на месото задолжително се вари,а потоа се подготвува по желба.

2.Желка

Da si ja ulovis hranata Images?q=tbn:ANd9GcSeCV1XFZp_LIwYvYYO_AYUDnW-zsJvAIN1Bg7KcWsnfExJBM40

Сите сувоземни желки кои можат да се најдат на подрачјето на Република Македонија се користат за исхрана (водните желки не се користат за исхрана). Желките можат да се пронајдат во дабова шума,во грмушки или во близина на вода.
Начин на подготовкa:
Се повлекуват предните нозе од желката кон надворешната страна од оклопот со цел да се појави главата на желката која е скриена во оклопот. Се фаќа главата се истегнува надвор од оклопот и се сече. Се остава желката да искрвари. По искрварувањето желката се поставува на грб и со секирче се сече оклопот од двете страни помеѓу предните и задните нозе. Долниот плочест дел од оклопот на желката се истргнува кон надворешната страна,  се засекува со нож и се остранува од телот. Горниот дел од оклопот на желката останува на телото. Се одделуваат задните и предните копани од телото и од оклопот кои се употребуваат за исхрана. Црниот дроб се користи за исхрана ако неговата површина е рамна и мазна. Доколку на неговата површина или во внатрешноста има дамки или цисти не е за употреба. Пред употреба на месото задолжително се вари,при што првата вода се фрла, а потоа месото се подготвува по желба.Доколку желката е женка,од нејзиното тело се вадат и јајцата така што и тие можат да се искористат за јадење.

3.Змија

Da si ja ulovis hranata Images?q=tbn:ANd9GcSEVQa__eZ8aG6jwUhAJp8KF6W_Kgaqm6mZcziSSQjn17_3H1BQ

Сите кои можат да се најдат на подрачјето на Република Македонија без оглед дали ти се отровни или неотровни можат да се користат за исхрана. При фаќањето на змиите потрено е да се внимава на мерките на безбедност поради можноста од каснување доколку змиајта е отровница.

Постапка при фаќање:
Кога ќе се најде змијата,внимателно се приближуваме до неа при што се нагазува со чизма непосредо позади главата и со нож се одсечува главата а телото за еден до два прста зад главата. Отсечената глава задолжително се закопува во земјата ил исе гори заради тоа што отровот е активен и до 6 месеци по нејзиното убивање и може да загорзи животот на луѓето ако се згазне.
Начин на подготовка:
Дерењето на кожата од телото започнува од вратот на змиајта,а потоа кожата се влече во правец на опашката. При влечењето на кожата заедно со неа излегуваат и внатрешните огани –цревата. Змијата се сече во близина нааналниот отвор, при што делот од опашката до аналниот отвор се отфрла. Одраното тело на змиајта се мие,а потоа месото се подготвува по желба.

4.Жаба

Da si ja ulovis hranata Images?q=tbn:ANd9GcTqi6uhM_jIs5XGKIET6g8nRGv9X0K_L0xQwytBOXtEW6RFs8aCdgQ4PR9EJA

На подрачјето на Република Македонија за исхрана може да се користи таканаречената зелена жаба којашто живее во вода река, езеро, бара и слично. Зелената жаба може да се лови на повеќе начини, и тоа со помош на јадица на која е ставен мамец мушица или мало крпче, во вечерните часови со помош на буре кое има примитивна светилка, при што жабите скокаат по мушичките кои се собраат на светлината и паѓаат во бурето.

Начин на подготовка:
По ловењето на жабата и се одсекуваат двете задни нозе кои се употребуваат за јадење,додека останатиот дел се фрла. Од нозете се оделува стапалото и се свлекува кожинката, а потоа тие делови се мијат и се подготвуваат по желба.

5.Зелен гуштер

Da si ja ulovis hranata Images?q=tbn:ANd9GcRBK2PpvkhyLHUOSV-Y3BN1HZia2YPN_jbJSdwXdeXV_uLCW2k_qg

За исхрана може да се користи и таканареченито зелен гуштер кој живее во пониските делови на дабовата шума и во грмушките. Сивиот (кафеавио)ттгуштер кој се наоѓа на истите места не се користи а исхрана зарари неговата недоволна содржина на место.

Начин на подготовка:
На претходно уловениот гуштер му се отсекуваат глава,нозете и опашката. Му се засечува кожата од коренот на опашот кон вратот, а потоа се дере. Се вадат внатрешни органи од телото на гуштерот, а потоа се мие телото и се подготвува на ист начин како рибата.

6.Полжави

Da si ja ulovis hranata Images?q=tbn:ANd9GcSYo3isK1kVn6J6OZykuB0mtcWtZgZsDWAPat0IyXCiHIetkKh5MRoBq2y6

Полжавите можат да се најдат низ целата територија на РМ, најчесто на места во близина на водени текови или на влажни места, на површини обраснати со трева или подножјето на грмушките и на места каде што има коприви. Полжавот е најактивен и може лесно да се најде во рано напролет пред да почне да се исхранува и разможува. Во подоцнежниот период,со оглед на тоа дека тој еден од главните преносители на заразни болести, кога се користи за јадење треба задолжително термички да се обработи.

Начин на подготовка:

Собраните полжави се ставаат во сад со вода и се варат додека не се умрвтват и додека телото не излезе од оклопот. Потоа се вади делтото од оклопот и се одсрануваат внатрешните органи од полжавот. По чистењето полжавите се ставаат во сад со вода и се превриуваат додека не испадне сета нечистотија. По завршување на предходната оработка полжавите можат да се припремат со печени, варени или да се стават во чорба. Доколку немаме доволно време или немаме садови полжавот може да се приготви со печење, така што се крши неговиот оклоп и се става на жар. По печењето му се одстранува оклопот и може да се консумира.

Скакулци

Da si ja ulovis hranata Images?q=tbn:ANd9GcS5CuonutohKd6YMobOySQj7b6JBgvlamqmuEd31-K1Y2Z-SODExBssP_gPjQ

Се пронаоѓаат насекаде по нашите ливади. По нивното собирање се ставаат во сад и се подготвуваат со пржење во врела маснотија.

Речни школки

Da si ja ulovis hranata Images?q=tbn:ANd9GcTj6dOb8HIMfhclhXBa4N-uIkQQ8IMjB5tK2U4qcqrzouo0q6dXvA

Ги има во сите наши води обично се скриени во калта или блиску до брегот закопани ако е бистра водата и дното песочно лесно се пронаоѓаат бидејќи се познаваат нивните траги каде имат одено.

Начин на подготовка:
Кога ќе ги фатиме школките следува да се отворат со нож или нешто слично потоа вадење на цревата и оделување од самата школка и ни останува едно мало парче месо. Ги ставаме во сад со вода и ги ставаме на огат убаво да се провријат бидејќи тие се речни филтери мора убаво да се сварат за сите нечистотии во нив да изумрат одкако убаво ќе се сварат ги пржиме на масло.

Речен рак

Da si ja ulovis hranata Images?q=tbn:ANd9GcTZi_WmYHoLcoiOKkfK9bLW1j1MUvDYYD7FuIpLhiDp-k51BTvP

Лесно се пронаоѓаат во сите наши реки обично се скриени до или под камењата во водата. Кога ракуваме со ракот треба да сме претпазливи бидејќи има две канџи кои можат да донесат голема штета ако не фати за прст или слично затоа при ракување со ракот најдобро е го фатиме од грбот неколку прсти над опашот со тоа ќе бидеме сигурни и ќе избегнеме канџите.

Начин на подготовка

Кога ќе го фатиме ракот канџите ги кршиме доста лесно и ги оделуваме од ракот исто така на крајот на опашот се фаќа самиот крај и се завртува еднаш лево потоа десно потоа повлекуваме и излегуваат цревата во вид на една провидна цевка одкако ќе ги исчистиме ракот го ставаме во сад со вода и го оставаме убаво да се свари додека не добие убава црвена боја потоа месото го зачинуваме по своја желба.

http://www.ribar.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=614%3A2012-04-23-20-33-53&catid=41%3A2010-05-05-11-37-52&Itemid=224

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Da si ja ulovis hranata Empty Re: Da si ja ulovis hranata

Пишување by reiter on Саб Jул 18, 2015 10:39 pm

околу ежот и желката да надополнам..да нема потреба од повеќе времена борба за припрема за јадење најдобро и најбрзо се спрема ..за ежот(има две врсти,кучешки и свински се разликуваат по њушката),се дави во вода каде главата ја вади кон површината(за да земи воздух) со што се дава можност за употреба на колење или пак само да се удави во вода...сличен начин е и желката каде има можност за да се спаси од давење во вода да излезе целата надвор од оклопот(нема потреба од кршење со секирче оклопот).Змијата(доколку е отровна) по можност на дрво или друг предмет се иритира со забите да исфрли што повече отров од себе,после тоа два сантиметри под главата се засекува и со двата палца се впикуваат во нејзината кожа и со влечење надоле(до анусот) се лушти и пресекува,во ист момент со показалецот се впикува на нејзиното подглавје каде се извлекува цревото(кое голта)и се влечи до доле ..во истото црево и се сместени сите внатрешни органи..се мие со вода и се печи..(главата се закопува).Околу ежот,може и жив во оѓин да се фрли каде после тоа има малку подруг начин на употреба за јадење.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот