Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ljube Boshkovski

4 posters

Go down

 Ljube Boshkovski Empty Ljube Boshkovski

Пишување by Гостин Сре Апр 22 2015, 19:51

(ЕКСКЛУЗИВНО) ОБРАЌАЊЕ НА ЉУБЕ БОШКОСКИ: БОЖЕ, СОЧУВАЈ НИ ЈА МАКЕДОНИЈА!

 Ljube Boshkovski Ljube-Valentina

Отворено писмо на Љубе Бошкоски, напишано од затворот „Идризово“ кон неговиот близок соработник Раде Милосовски. Потресното сведоштво на Бошкоски за сето тоа низ што поминува тој и како што пишува, неговата Македонија, Ви го пренесуваме во целост.

Брату Мој, кон Раде Милосовски

Во ова наше македонско време, во ова окрутно општество во кое живееме кога е заборавен човекот заради трка по материјалното,

Ти голем Брату Мој остана да веруваш во повисоките цели, продолжувајќи ја одамна започнатата верба за Македонија.

Дозволи ми ген. сек. на ОМ, Ратко наш, ова писмо напишано во овој македонски „Сибир“ ти го посветувам тебе, а преку Тебе до сите, а како што ти знаеш на преубавиот кичевски дијалект да кажеш (лубат), Македонија.

Оваа посвета сакам да ја завршам со стиховите на големиот поет Гане Тодоровски од песната „Македонски монолог“, која по повеќе од 50 години звучи предупредувачки за нашата „патрија“ Македонија презаситена од лицемерни фрази.

„Кого ли турнавме, кого ли качивме на престол?

И дали не ни е нужен некој си дедо Фројд за да ги одгатне нашите нејасни гестови?

Толку страхувам, некоја јанѕа ме јаде, да не би одново да те раздадеме!

Толку го демне срцево голомразица

Да не би да те запретаме во фрази,

Па, како сите јунаци на светот

Што саможивништвото за верују го прифатија, да се извикаме грдо и клето

UBI BENE PATRIA!

Затвор Идризово, 10 тревен, Велики петок, Лето Господово 2015,

твој Брат Љубе Бошкоски

 Ljube Boshkovski Ml203-620x772

По една година од моето писмено обраќање кон Вас со февруарското писмо „Време е на стравот да му кажеме збогум“, замислен и загледан од прозорот во мојата ќелија, во која ја минувам четвртата и влегувам во деветтата година на моето робување за Македонија, ја повикувам мојата совест пред Господ, пред моето семејство и мојот народ, сопартијците мои од Обединети за Македонија, најискрените кои веруваат во мене, во нашиот сон, кој будни го сонуваме.

Си го поставувам прашањето: Имам ли сила, моќ во немоќта? Можам ли по сите овие конструкции, лажни обвинувања и клевети, повторно да се исправам пред Вас, пред мојата и наша заедничка судбина, која нераскинливо нѐ поврзува.

Чувствувајќи ја искрената поддршка што ја имам, а не престанува во ова мое децениско прогонување и затворање, одлучив да стојам исправен и да ја продолжам мојата борба за Македонија. Барајќи од Вас да ми простите за сите грешки мои и мани што ги имам и сум ги направил од позиција на дадена доверба од Вас.

Во долгите бессони ноќи, кога човек ја преиспитува својата совест, поставувајќи прашања, дали е поголема мојата желба за останување или за повлекување од политичката сцена како претседател на од режимот не „сотрената“ наша ОМ.

Во ова мое писмено обраќање, ќе направам напор да одговорам на предизвиците со кои сме соочени. Како се очекува политичарот, а тоа е и мое тежнение да има одговор на секое прашање. Но, тоа што сме успеале и сме одговориле е само скала кон остварувањето на нашата програмска цел.

Загледан повторно во овие редови што ги испишувам, се прашувам колку можам да бидам реален, кога непризнасно ме притиска болката од моите најблиски, болката на моите сопартијци, моите обесправени, отпуштени од работа и илјадниците мои сестри браќа кои верувале и веруваат дека го избравме вистинскиот пат. Затоа не можам докрај да бидам ослободен од субјективизам зборувајќи за состојбите во Македонија.

ГОДИНИ НА ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН

Пред мене повторно се поставува едно прашање: Како е можно во овие години на политички прогон, години на самување, ако нешто делев со Вас, не се ситнеше, распарчуваше, сфатив дека со болката и љубовта не било така. Чинам дека што повеќе ја споделувам со Вас, сѐ поголема е кај секоја личност, кај секој поединец, индивидуа. Кога болката е голема, во мене доаѓа таа невидлива енергија која ми ја испраќате преку зборовите на утеха и охрабрување, посебно од најблиските, посебно од Тебе Брату Мој Ратко и од многумина од мојата ОМ.

На Тебе, на тие поединци сум им благодарен што во овие години мачни не сум сам, Господ ми е сведок.

Затоа ова писмо ти го посветувам Тебе за нив, него поединецот за толку изговорениот збор низ сите епохи за човештвото за зборот „Слобода и човекови правдини“. Кога ја слушам химната наша, најизразен е стихот „Македонците се борат за своите правдини“, затоа таа наша борба за слобода и човекови права не можеме да ја гледаме како нешто што е само денес актуелно или, пак, нашата јасна историска, но реформирана од ОМ „Слобода или смрт“.

Слободата на поединецот гледана низ затворските решетки има своја специфика, своја тежина.

Но, тоа не е актуелно само денес, туку како илјадагодишен долг и трновит пат по кој чекориме.

За слободата се зборува и во сите познати митови и митологии, во сите религии што ги создал човекот низ историјата, зборови преексплоатирани, кои иако звучат реторички, со силна суштина се.

Но, каде е Македонија денес? Кој кај нас треба да ги заштитува и да ги брани човековите права? Можат ли овие кои со узурпирана власт се издигаат над законите и Уставот за кои кршењето на правата и достоинството го спроведуваат и го издигаат на степен на национална најважна „Партиска стратегија“, враќајќи ја на тој начин Македонија во епохите мрачни, како што ќе напише поетот бунтовник во времето на Сталин „Поединецот е ништо, партијата е сѐ“!

Затоа од нив не може да се очекува да почитуваат закони и други власти е нереално, тие на дневна основа водат беспоштедна борба против поединецот, неистомисленикот прогласувајќи го како во Орвеловата 1984 за „предавник“, велепредавник, странски платеник, шпион, криминалец, преговарач и продавач на името и сѐ друго што тој ден како идеја се родило во нивните глави за поединецот да ги сноси сите консеквенции.

На тој начин докажувајќи пред своите, пред партијата како нивно покритие дека партијата е сѐ, поединецот ништо не е (nula est).

Затскривајќи се зад партиската завеса, ги вршат ужасните злоупотреби, удирајќи на најсветиот семакедонски код ВМРО, успеваат да го инсталираат тоталитаризмот како краен облик на она што го нарекуваат „Грижа за сите во општеството“.

Замислете истите тие кои поединецот го уценуваат, приведувајќи го на силуваните митинзи „без негова вина“ за да мора да го слуша здодевниот, пред сѐ, криминален говор на „Вождот“ за пред нив оваа фигура да манифестира моќ која притиснат од „Вистината за Македонија“ ја губи и затоа „Вождот“ на собирите го демонизира секое друго мислење и силните факти на опозицијата зашто аргументите против него се против Македонија… ужас…

РАСЧЕКОР МЕЃУ ЗБОРОВИТЕ И ДЕЛАТА НА ВОЖДОТ

Да се прогласи некое сфаќање на човековиот разум во кој било историски период за апсолутен закон (вистина) значи да се оневозможи развој на човештвото (окупација, узурпација) на умот.

На оваа булумента ВМРО им стана фолклор традиционализам, само средство за остварување на овие сомнителни, криминални политички цели, кои преку ВМРО-ДПМНЕ номинално (формално) ја промовираат секојдневно идеологијата, ама содржајно (суштински) ја негираат.

Огромен е расчекорот меѓу митингашките зборови на Вождот и делата кои остануваат во сферата на нереализираното, невозможното.

Но, овие креатури никогаш немале идеологија, тие не знаат дека ние Брату Мој, вистинските вмровци почнуваат да умираат во искрено не веруваат во идеологијата на ВМРО.

Во една таква состојба во која се наоѓа поединецот изложен на мрачни сценарија имплицирајќи неречено, ампутирајќи речено, им ги претворија животите во пекол.

Оваа темнина на тоталитаризмот отиде дотаму правејќи го максимумот во занемувањето на инвентивноста на академиците, професорите, новинарите, интелигенцијата, лустрирајќи гиганти во уметноста, културата, книжевноста, новинарството, нафрлајќи се како хиени на срна, на Јадранка Костова, Серафимовски, Божин Павловски и на многу други што оставиле жиг на своето и наше време денес.

Се прашувам, немаше ли овие хиени да го лустрираат и Петре М. Андреевски ако за нив напишеше што за мене напиша  во книгата „Сегашно идно време“, силни навреди со кои јас не се согласувам. Но, јас длабоко му се поклонувам и засекогаш ќе го почитувам овој гениј на македонската книжевност.

Почивај во мир и простено нека ми е што морав да го споменам бесмртниот Петре М. Андреевски, како парадигма за живо жигосаниве денес.

Тие се спремни во уништувањето на критичката мисла на поединецот да применат сѐ само да го занемат, затворат, а најнепослушните, ако е потребно и убијат.

Тука се крие одговорот на прашањето зошто нашите животи стеснети и живееја во страв.

Но, ја гледаме и чудната решителност да избереме и избориме да не ја прифатиме длабоко во нас дефинираната трагична судбина постојано да се жалиме или да бидеме сожалувани или како денес да дигнеме глас за слободата давајќи силен отпор на овие мали, умислени, безначајни суштества, колку и да е нереално тие одлучуваат за нашите животи, одредувајќи ги нашите судбини.

Тие сакаат да се толку важни и „значајни“ што својата моќ ја префрлија на уште помалите од нив локални функционери, кои манифестираат моќ како „големите“ пресликувајќи го вождот. Но, кога ги гледаат овие политички фигуретки посебно (поединечно) се една голема празнина никој и ништо, ама со Вождот заедно СЕ!

Инсталираниот тоталитаризам „опиен“ и опоен од неограничената моќ почна да казнува за општопознати природни работи, како на пример, власта е минлива и менлива, сите последни изборни циклуси 2011, 2013, 2014 година се фалсификувана избирачка волја и затоа имаме нелегитимна и нелегална власт, а со тоа и криминална. Најстрашно од сѐ ако не се велича оваа креатура, тогаш се случува најстрашното, тоа го наплатуваат со силни страдања на поединецот, индивидуата, слободномислечкиот ум.

Овие прогонители исполнети со бесчувствителност, духовно празни, наоѓаат задоволства во страдањата на другиот, мазохисти кои посебно уживаат ако „некого легнат како говедо“, други со трап „за уши на гласање водат“, непослушниот во ендек ќе го фрлат.

Историјата бележи дека во 20 век, сто милиони луѓе се убиени, а уште толку се осакатени и затворени, како последица на два тоталитарни режими, комунизмот и фашизмот, кои се повикуваа на големи „дела“. Затоа поединецот денес во Македонија го крева гласот за заедно да ја растуриме оваа машинерија, која враќа опасни ретроградни процеси (а други за тоа обвинува), како „modus operandi“ за да престане да нѐ заплашува будни и да нѐ вознемирува, штрекнува во сон.

ПРИДОБИВКИТЕ НА ТОТАЛИТАРИЗМОТ

Да видиме кои се „придобивките“ на тоталитаризмот кај нас. Уништени животи, невработеност, сиромаштија, масовно иселување на младите претворајќи ја Македонија во старски и затворски дом, презадолженост, уништена економија, земјоделие, индустрија, испишувајќи нови истории, заробена култура, прогласувајќи го животот на поединецот за безвреден, киднапирајќи ја слободната мисла, наметнувајќи „еден ум“ за сите, сите во еден строј, барајќи сѐ што се прави да биде патриотски, преродбенички, да се велича злосторството во 100 и кусур чекори… парадокс на тоталитаризмот. На тој начин, баналностите и лагите се издигнаа на стадиум на национална државна политика.

Убавината на Македонија е во различните погледи на поединецот, на различните култури на народите, на заедниците што живеат во неа.

Јас поинаква Македонија не можам да замислам, сѐ друго би било голема заблуда. Може ли мојот Челопек без ѕвоната на камбаните од „Св. Богородица“ и „Св. Никола“ или без молитвената песна на минарињата. Едноставно не може, така било низ столетијата, така е денес, а како би изгледала Македонија без Старова, Биљали, Хоџиќ, Рамадани, Беџети и многу други интелектуалци, кои не се Македонци, а се борат за својата Македонија. Човештвото уште од Платон, 2.400 години до денес бара одговор на идејата за еднаквоста, значењето на човековите права наидувало низ историјата на разни отпори, притисоци и прашања. Кога во 1990-та година на минатиот век го возобновивме ВМРО преку ВМРО-ДПМНЕ, идејата беше конечно да се напушти една идеологија, комунистичка, да се ослободиме од стегите на едноумието, на тоталитаризмот. Тогаш ни најголемите песимисти не можеа да го замислат ова што ни се случува по 25 години од формирањето. Каде е денес слободна, самостојна Македонија, земја на слободни луѓе и слободни идеи, напуштајќи го едноумието како начин на живеење и напредување. Каква е нашата реалност денес? Пред нас е кобна вистина, што за нив е дозволено, за народот забрането. Земајќи ги работите целосно во нивни раце на хиерархијата, па до месниот комитет, „државата е партија, а партијата држава“. Затоа се прашувам кои и какви реформи се возможни во ВМРО-ДПМНЕ по овој пустош што го оставија (ќе го остават зад себе). Затоа уште во 2009 година ја формиравме ОМ,  не можејќи да се помириме со таквото верување во ВМРО само како потпросечност и хипокризија, која завладеа и се рашири низ сите слоеви.

Ние се дигнавме од седмоноемврискиот „бунт“ 2010 година одлучно и спремно да ја платиме цената на едноумието. И ја плаќаме. Кога требаше да избирам и тогаш, а и денес, сѐ појасно е, Бог ми е сведок, побргу би избрал, не девет, туку 99 години самотија отколку заедно во ова друштво да бидам со овие политички чудовишта, народни страшила. Дали знаат овие политички страшила дека народот во Македонија има една древна изрека, човечка „Умирам од срам“, некогаш, а и денес, но под услов да си човек. Ти го земаат достоинството, чесноста, од срам се умирало… Но, овие се „сотирачи“, монтирачи на грозни монструозни процеси, кои се спремни во „Арената на смртта“ да го однесат секој користејќи ја апсолутната моќ. Но, како што ќе рече еден мој голем пријател од 1990-тите години, филозоф, робијаш и маченик за оваа категорија луѓе: „Таквите како нив срам немаат, нивните души одамна се мртви, без чувство, без човечност“. За овие од власта народот често прашува: „Kаде ќе им одат душите?“. Но, тие души немаат, слично како во Гогољевото дело „Мртви души“, овие властодршци како оние велепоседници од „Мртви души“ ги бројат, не како луѓе, но како души, а овие како „јадни душички“, живи или мртви, битно да останат на власта манипулантски.

Сѐ што нема во празните души, овие „политички страшила“, со помош на медиумите, со најбруталната пропаганда го прикажуваат како да имаат душа. Како поинаку да разбереме, ќе рече мојот пријател: „Kога мајки немаат, за мајки зборуваат, за деца зборуваат деца немаат, за љубов зборуваат, но љубов немаат, да имаа, немаше туѓи деца да страдаат, туѓи мајки со копнеж за своите да боледуваат, да умираат“. Но, едно знам дека овие страшила на власта кои пустош зад себе оставаат, ќе се срамат нивните мајки, нивните жени, мажите нивни, децата, поколенијата, а денес свесна иселена и татковинска Македонија. Ние не сме изненадени, ова не е ништо ново и специјален изум на „нашиот режим“. Ако се вратиме назад низ историјата, во некогашна Галилеја ќе сретнеме како Ирод, убиецот на Св. Јован Крстител, го оправдува убиството… Заради постоење заговор, создавајќи амбиент на заговор однатре (внатрешни непријатели) и однадвор (надворешни непријатели), типично за секој ум болен за власт. Неслучајно денес страдаме од такви поединци, како овие денес кои го повикуваат народот за во нивно име да го направи злоделото. Не, затоа не останавме со нив за и моето, како и нивното срце да не биде мртво, пусто и без љубов. Народот, граѓаните на Македонија ги слушаат нивните разговори, ги гледаат нивните „дела“, купуваат имоти, станови, рушат туѓи имоти, присвојуваат сѐ што сакаат. Но, народот знае, сѐ што имаат, туѓо е, народно е! И становите и куќите и јахтите, колите од тие што ги присилувате да маршираат со вас, нивно, од народот е.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ ОД СУРОВАТА РЕАЛНОСТ

Сѐ што јадете, пиете, прославувате милиони и милијарда смеејќи му се в лице на граѓанинот, народно е! Ќе ве остави тој ист народ на кого се повикувате. Вашето членство измамено, со она што донесовте кога власта ја узурпиравте, поголемиот дел од најбучниве ништо не донесе, со тоа ќе ве испрати. И пак ги гледаме бесрамно овие „политички страшила“ како митинзи организираат пред народот, нови невистини кажуваат, како луѓе се претставуваат. Но, кога нив ги споменуваме, длабоко, искрено да се извиниме, народот човечки. Овие случајно да беа луѓе, по првата бомба на пресот од опозицијата ќе заминеа од власт за да се предадат, да заминат на судење и да заминат од политиката. Случајно да беа луѓе, од срам ќе умираа, но ова луѓе не се! Сѐ што се трудат да постигнат во оваа деценија на власт, да стават знак на еднаквост меѓу нив и останатите нас, создавајќи, наметнувајќи искривена перцепција, сите сме исти. И затоа тоа што сѐ на нас препишуваат, со името цела деценија тргуваат, за пари го продаваат, нас нѐ обвинуваат. Убиваат, нас за убиство нѐ обвинуваат и нѐ осудуваат. Предолга е листата на злодела што ги прават, а нас ни ги припишуваат. Затоа ние со такви ѕверови и демони политички, исто така не можеме да бидеме! Ние нив ги оставаме во пустошот на нивните мртви души, мртви срца. А нам ни останува да докажеме дека има и политичари со душа спремни за поинаква Македонија.

Македонија на поединецот, за што се залагаме како политичка партија ОМ и како свесномислечки луѓе, каде што во центарот на нашето политичко дејствување, тој, поединецот е сѐ, партијата и државата без него ништо, спротивно на тоталитаристичката теорија, реоформирана од режимот денес во Македонија. Антирежимското движење денес во Македонија е глас на поединецот, на средношколецот, студентот, глас на различните по религија и образование, ова е крик на слободномислечките луѓе, на новинарите, ова денес е борба на животот за слобода, ослободувајќи ја Македонија од ова, не само противчовечно, но и противприродно владеење на оваа врхушка. Но, мораме да се вратиме во реалноста, мора да потсетиме дека денес во светот, во Европа кон која сериозно тежнееме и припаѓаме дојде крајот на „големите водачи“, на лажните идеологии, колку и да сакаме да побегнеме од реалноста. Сепак, ова е време на плурализам и на глобализацијата позната како научно-техничко, информатички пазарно консумеристичко време. Може ли надвор од оваа реалноста? Навраќајќи се кон поединецот, сакам да потсетам на Библијата кога Господ му дава десет Божји заповеди на Мојсеј за да ни ги предаде нам.

И Исус кој се обврзува на голгота за нас, за поединецот. Затоа ја продолжуваме нашата борба за поединецот, за да се отстранат сите насилства кон него и физичко и психичко, кое е перфидно и се крие зад големи зборови, типично за режимот кој манипулира на тој начин со несреќните луѓе. Присилувајќи ги да останат со нив, во миговите на загрозеност и потреба за власта, а потоа ги оставаат злоупотребени без нивна лична самостојност и слобода. Ние во ОМ продолжуваме да ја афирмираме чистата и јасна идеологија на ВМРО, како нешто што е наша задача. Ние чекориме по тој пат, кој повторно и повторно треба да се открива за да не зараснат трње и дрвја. Продолжуваме да веруваме и да се бориме за нашите цели за да не залутаме и да не зачекориме на друг пат поради залутаноста типична за режимот денес, кој со залутаност и идеолошки мистификации се одржува во членството цели девет години. Но, јас знам, Македонија има храбри поединци, луѓе кои можат да го издржат и да го носат овој товар. Тоа го можат само најхрабрите. Јас силно верувам во Македонија, знам дека ќе излезе од оваа сурова реалност, од овие темни облаци и силни ветришта, кои сакаат да избришат и суредат сѐ што не е нивно. Но, ние како нејзини чеда ја гушкаме и не ја даваме. Дигајќи го уште еднаш гласот за да ја претвориме оваа присутна завист, лицемерие политичко, оваа љубомора и страшна омраза што ја „гуши“ Македонија. Да го отстраниме од политичкиот живот за да можеме целата наша љубов да ја упатиме кон Бога, кој е универзален и вечен како што ни е вечна и бесмртна Македонија…

Боже сочувај ни ја.

Затвор Идризово, тревен, лето Господово 2015

Ваш Брат Љубе Бошкоски

 Ljube Boshkovski Ml204-620x773

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

 Ljube Boshkovski Empty Re: Ljube Boshkovski

Пишување by osa Саб Мај 09 2015, 02:17

dali sum smeshala lonchinja ...bratot go tovarat i za dime poshtarot ili ne ?
a shto beshe toa so poshtarot shto pravea muabet goca i sashe vo bombite ,ako znae nekoj neka pishe ?

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

 Ljube Boshkovski Empty Re: Ljube Boshkovski

Пишување by Гостин Пет Апр 08 2016, 11:07

Стравот од Бошковски е голем. Иако нема никакви пречки, сепак тој не може да ги искпристи позитивните законски прописи и да излезе до затвор. Охрабрува што судиите, барем дел од нив, почнаа и јавно да зборуваат.

(ВИДЕО) Судијата во „Ровер“: За Бошкоски нема притвор, процесот не е пречка да биде пуштен од затвор



На денешното рочиште за „Ровер“, судијата кој го води процесот кажа дека ја известил управата во затворот во Идризово дека нема притвор за Љубе Бошкоски во овој предмет и дека оваа постапка не е пречка за негово пуштање од затворот.

– На барање на адвокатот го известив затворот во Идризово дека ниту имало, ниту ќе има притвор за Љубе Бошкоски во предметот „Ровер“.

Со тоа, „падна во вода“ неколку пати повтореното од директорот на Идризово, Живко Пејковски дека не може да го ослободи Бошкоски поради рочиштето за Ровер на 8. април, односно зошто против него се водел друг процес.

Сега се очекува со какво оправдување и изговор ќе настапи Пејковски со цел да го задржи Љубе Бошкоски во затворот во Идризово, иако по сите правила досега требаше да му го потпише решението за денови што му следуваат и со тоа да излезе од затвор.

Пејковски од страна на партијата на Бошкоски беше обвинет дека е еден од учесниците на тортурата која се спроведува кон екс министерот за внатрешни работи и најавена е кривична пријава против него. Според партијата, Пејковски за да ги зачува сопствените привилегии, постапува по наредба на власта да го држи Бошкоски во затвор, а во меѓувреме потпишува решенија и на 90 дена за други затвореници.

„Ровер“ беше одложен за 22. април, поради тоа што еден од обвинетите е болен.

http://a1on.mk/wordpress/archives/599689

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

 Ljube Boshkovski Empty Re: Ljube Boshkovski

Пишување by Гостин Пет Јун 03 2016, 17:28

Teche niz nogavicite Trendafile???

Бошковски излезе од затвор

 Ljube Boshkovski 0,,4073901_4,00

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски попладнево излезе од затвор, три дена пред истекот на затворската казна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

 Ljube Boshkovski Empty Re: Ljube Boshkovski

Пишување by defo Пет Јун 03 2016, 20:24

Тече, тече.....Љубе е човек кој не простува и заборава....
defo
defo

Број на мислења : 3476
Join date : 2015-01-13

Вратете се на почетокот Go down

 Ljube Boshkovski Empty Re: Ljube Boshkovski

Пишување by трендафил Пет Јун 24 2016, 22:25

Teo напиша:Teche niz nogavicite Trendafile???

Бошковски излезе од затвор

 Ljube Boshkovski 0,,4073901_4,00

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски попладнево излезе од затвор, три дена пред истекот на затворската казна.
Дури и вашите газди не го симнаа Бошковски од црната листа на САД. Колку што гледам рејтингот на Обединети за Македонија е непроменет по излегувањето на Бошковски од затвор. И понатаму е нула. Бадијала на вас ви протекува низ ногавици кога свршувате од радост во гаќи затоа што и Љубе Бошковски и контролорот во ЈСП кој метеорски стана по налог на Љубе полициски генерал - Стојанче Ангелов исто како и вие преминаа на петоколонашка страна.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

 Ljube Boshkovski Empty Re: Ljube Boshkovski

Пишување by osa Саб Јун 25 2016, 01:06

трендафил напиша:
Teo напиша:Teche niz nogavicite Trendafile???

Бошковски излезе од затвор

 Ljube Boshkovski 0,,4073901_4,00

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски попладнево излезе од затвор, три дена пред истекот на затворската казна.
Дури и вашите газди не го симнаа Бошковски од црната листа на САД. Колку што гледам рејтингот на Обединети за Македонија е непроменет по излегувањето на Бошковски од затвор. И понатаму е нула. Бадијала на вас ви протекува низ ногавици кога свршувате од радост во гаќи затоа што и Љубе Бошковски и контролорот во ЈСП кој метеорски стана по налог на Љубе полициски генерал - Стојанче Ангелов исто како и вие преминаа на петоколонашка страна.

ke ti pisham samo kolku da znaesh deka prochitav no nema shto da ti odgovoram ...ne deka nemozam ,tuku deka nesakam ...ti ja utnale dijagnozata ,na pogreshen lekar si bil ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

 Ljube Boshkovski Empty Re: Ljube Boshkovski

Пишување by трендафил Саб Јун 25 2016, 22:51

Дали сите што не мислат дека Бејли наместо гласачите треба да избира власт во Македонија ги сметаш за на лекар. Треба ли да се правам на удрен и дека не знам дека Љубе е и на последната црна листа на САД за да бидам здрав. Или декана ОМ и е зголемен рејтингот по излегувањето на Љубе од затвор по издржувањето на заслужената казна. Или да го пофалам Тео што мисли дека сега по излегувањето на Љубе сите што не се дел од куртон револуцијата треба да им протече низ ногавици од страв наместо на безобразие да одговорам соодветно - безобразно. Информирај се и ќе видиш дека Стојанче Ангелов беше метеорски унапреден од контролор во ЈСП во полициски генерал од страна на Љубе. Не собра ли Енрике Иглесијас ист број на луѓе колку куртон револуционерите на последниот собир кога сакаа да го урнат Прометеј. Значи ли тоа дека Енрике е претставник на граѓаните на Македонија и сега може да ја уценува Македонија. Напомена и дека симпатизерите на шпанскиот пејач платија за собир под негово водство, а куртон револуционерите се платени со повеќе од 5 милиона евра годишно само од Џорџ Сорос. Плус добиваат пари и од некои амбасади. Се разбира тие пари не се рамноправно поделени на сите протестанти.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

 Ljube Boshkovski Empty Re: Ljube Boshkovski

Пишување by osa Нед Јун 26 2016, 00:50

трендафил напиша:Дали сите што не мислат дека Бејли наместо гласачите треба да избира власт во Македонија ги сметаш за на лекар. Треба ли да се правам на удрен и дека не знам дека Љубе е и на последната црна листа на САД за да бидам здрав. Или декана ОМ и е зголемен рејтингот по излегувањето на Љубе од затвор по издржувањето на заслужената казна. Или да го пофалам Тео што мисли дека сега по излегувањето на Љубе сите што не се дел од куртон револуцијата треба да им протече низ ногавици од страв наместо на безобразие да одговорам соодветно - безобразно. Информирај се и ќе видиш дека Стојанче Ангелов беше метеорски унапреден од контролор во ЈСП во полициски генерал од страна на Љубе. Не собра ли Енрике Иглесијас ист број на луѓе колку куртон револуционерите на последниот собир кога сакаа да го урнат Прометеј. Значи ли тоа дека Енрике е претставник на граѓаните на Македонија и сега може да ја уценува Македонија. Напомена и дека симпатизерите на шпанскиот пејач платија за собир под негово водство, а куртон револуционерите се платени со повеќе од 5 милиона евра годишно само од Џорџ Сорос. Плус добиваат пари и од некои амбасади. Се разбира тие пари не се рамноправно поделени на сите протестанти.
eve ti kontra prashanje :

kolkav ke mu bide na gujo koga ke izleze od idrizovo posle dozivotnata kazna zatvor za pljachkanje na drzavata?
kolkav ke i bide rejtingot na dpmne otkako ke go stavat nejziniot vodach zad reshetki ?

za tvoja informacija Stojanche ima vistinski fakultet ,a tvojot moron go vraboti kako kontrolor vo JSP poshto za drugarchinjata od dui morashe da ima mesto vo ARM .... Twisted Evil Twisted Evil Twisted Evil

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16506
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

 Ljube Boshkovski Empty Re: Ljube Boshkovski

Пишување by трендафил Пон Јун 27 2016, 10:57

А кога твоите морони беа на власт Стојанче беше без работе. Како и повеќе десетици илјади други. Што се однесува до затворите ајде повторно да напишам дека немам против тоа било кој криминалец да отиде во затвор. Во моментов против Груевски нема обвинение. Иако СЈО постои веќе скоро една година. Не знам дали сакаш Груевски да биде ставен во затвор без судење. Такви затвори се викаат концентрациони логори. Како што бил Голи Оток во минатото или Аушвиц порано. Време е еднаш да ги зауздате фашистичките манири кои ви ги пренесуваат странците. Добро е што кога ја забранивте Македонската енциклопедија не ги запаливте отпечатените примероци, но тоа е само затоа што глумевте демократија. Денес гледам десетина студенти фашисти сакаат да го спречат изборот на ректор затоа што така им текнало.
Треба ли да потсетувам дека единствениот аболициран криминалец кој уште е активен политичар е Зоран Заев за Глобал. Груевски не е аболициран. Дали е виновен ќе каже правосудниот систем, а не фашистите од куртон револуцијата.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11172
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

 Ljube Boshkovski Empty Re: Ljube Boshkovski

Пишување by reiter Саб Aвг 13 2016, 21:25

каде е Љубе?го нема нешто,говореа дека му било понудено позамашна сума на пари од груевски да не учествува во следните избори..да не ги има земено?

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

 Ljube Boshkovski Empty Re: Ljube Boshkovski

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот