Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Бранители 2001

5 posters

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by reiter Пет Aвг 07 2015, 20:15

Карпалак
Повторно 8-ми август е уште едно потсетување, дека пред 14 години од заседа на автопатот Скопје - Тетово беа убиени десет припадници на АРМ кај месноста Карпалак. напиша:
Бранители 2001 - Page 2 Mkd-67492


Годишнината од погибијата на бранителите кај Карпалак е добар повод да споделам со јавноста еден момент кој побудува сериозно сомневање дека некој сепак ги местел овие бранители.

За жал, повеќе од една деценија ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на македонските бранители кај Карпалак, осуммината мачени и живи палени кај Вејце, осуммината убиени во заседа кај Љуботенски пат, загинувањето на тројцата припадници на МВР од граната на АРМ за време на акцијата за ослободувањето на Арачиново...

Дотолку повеќе што, преживеаните бранители, роднините и семејствата на загинатите бранители по повод чествувањето на годишнината од трагичните настани, покрај тоа што го изразуваат незадоволството од нерешениот социјален статус, истовремено го изразуваат незадоволството од институциите, како се однесуваат спрема нив, бидејќи и по 14 години не знаат како загинаа нивните најблиски, посочувајќи дека сега многу повеќе од трагичните последици ги боли тоа што не ја знаат вистината.

Засега, 14 години по крвавиот настан кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат, Арачиново... едно е сигурно: Ниту кај СДСМ до 2006 година, ниту, пак, кај ВМРО-ДПМНЕ после 2006 година кога дојде до промена на власта, нема интерес за вистината за сомнителните загинувања на македонските бранители.

Затоа, како припадник на МВР за време на војната во 2001 година, имам силна обврска да се залагам да излезат на виделина непријатните вистини околу местењето на бранителите, кои загинаа во одбраната на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Загинувањето на бранителите кај Карпалак можело со сигурност да биде спречено, доколку некој не пропуштил да преземе одредени дејствија, кои бил должен да ги преземе во интерес на безбедноста на конвојот. Време е да се каже зошто е направено тоа.

Имено, во почетокот на јули 2001 година, значи, четириесетина денови пред крвавиот настан кај Карпалак, во македонската Служба за државна безбедност постоеја два службени документи со податоци врз основа на кои се знаеше дека на ридот од каде се пукаше врз конвојот, се наоѓа вооружена група од 10-15 лица, кои преку ден беа присутни во ископаните ровови, а ноќта се повлекуваа кај свои јатаци во едно соседно село. Државната безбедност добро го работела овој случај и успеала дури да уфрли свој човек - соработник во терористичката група. При едно нивно вообичаено ноќно повлекување кај јатаците, комбиниран тим на припадници од државната и јавната безбедност при МВР, дури и го посетиле ова место и извршиле снимање и увид на локацијата. Преку вградениот соработник се извршила и комплетна идентификација на терористичката група, по што од оперативните евиденции на МВР можело да се види дека овие лица се всушност поранешни криминалци, претходно добро познати на македонската полиција. По ова, СДБ при МВР, согласно правилата за соработка на безбедносните органи во државата, преку МВР ги доставила овие информации за понатамошно постапување до Секторот за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана.

Врз основа на оперативните податоци содржани во споменатите два службени документи од кои произлегува дека се се знаело за терористичката група кај Карпалак, дополнително од аналитичката служба е изготвена информација уште во јули 2001 година како да се запоседне просторот околу автопатот кај Карпалак, заради безбедно минување на редовните конвои со бранители, кои во тоа време одеа накај Тетово. Од текстот на аналитичката информација може да се види дека полициските службеници професионално си ја извршиле работата и дале прецизни анализи и насоки, што да се преземе за безбедно движење на воено-полициските конвои во правец на Тетово.

Оттука, верувам дека сега на секој му станува јасно дека трагедијата сигурно ќе беше избегната, доколку, на пример, само со еден хеликоптерски прелет била решена оваа вооружена група, бидејќи прецизно се знаеле сите битни елементи, како локација, време и начин на движење, вооруженоста, распореденоста, бројноста на терористичката група и слично.

Значи, сознанија имаше, а ништо не се презеде. Наспроти ова, загинаа припадници на безбедносните сили од испукана граната токму од кај Карпалак, иако, замислете, македонските безбедносни органи знаеле се за Карпалак речиси 40-тина дена, а, како што споменав, постоела и аналитичка проценка како да се запоседне автопатот кај Карпалак.

Меѓутоа, не само што не е постапено во контекст на добиените оперативните податоци и аналитичката информација, туку некој дури се погрижил пред трагедијата да го отстрани и безбедносниот пункт на автопатот Скопје - Тетово во близина на Карпалак, а, после трагичниот настан, бранителите се оставени сами на себе без никаква помош да горат во торпедираните возила, иако на армиските хеликоптери по воздушна линија од аеродромот Александар Велики до Карпалак им било потребно само пет минути да им пружат соодветна помош.

Како заклучок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ги навредуваат македонските граѓани со нивното секојдневно натпреварување, за да докажат, кој од нив повеќе лажел и крадел во изминатите дваесетина години. Односно, пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, веднаш после годишните одмори, во име на македонскиот народ да се согласат Собранието да донесе политички документ (декларација или заклучоци) со кои ќе побараат расветлување на перфидното местење на македонските бранители во Татковинската војна во 2001 година. Ова од причина што, да се дојде најпосле до официјален одговор, како, од кого и зошто беа нарачани и договорени масакрите кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат, Арачиново... во кои бранителите беа испратени во заседа и мораа да загинат.

Јанко Бачев

(Авторот е универзитетски професор и претседател на Народно движење за Македонија)

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by трендафил Пон Aвг 10 2015, 19:31

Имам само мала исправка. Во времето на трагичниот настан кај Карпарлак македонските хеликоптери не смеева да носат вооружување. Така беше на инсистирање на сојузниците на ОНА, САД и НАТО. Се сеќавате претпоставувам дека бевме ставени и под ембарго за купување на оружје. Од истите тие земји кои нагалено ги викаме меѓународна заедница. И кои на сите можни начини се трудеа да не натераат да ја прифатиме Рамковната спогодба. И коии во секој спор што го има Македонија со некој од соседите се на страна на нашите непријатели. Иначе се работи за напад во време на примирје, кое наводно беше потпишано тогаш. Во времето на примирјето се случија и Љуботенски бачила кога загинаа 8 македонски војници од страна на 114 бригада на ОНА. Таа што учествуваше на протестите на СДСМ пролетоска.
Не можам иначе да се оттргнам на впечатокот дека овие два масакри можеби не беа дел од играта на меѓународната заедница во содејство со македонски кодоши, не знам дали во тоа има учествувано и Џорџ Сорос, за да помине полесно Рамковната спогодба кај македонскиот народ. Со сите фашисоидни делови во неа. Во кои малцинство може да побие одлука на мнозинство или кандидат со полоши резултати да биде вработен. Само затоа што е припадник на етничка заедница што е прогласена за УБЕР АЛЕС.

_________________
Негација на негативното       Смрт на фашизмот, слобода на народот!         Слобода или смрт

Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?
трендафил
трендафил

Број на мислења : 11144
Join date : 2015-04-23
Местолокација : Скопје

Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by Гостин Вто Aвг 11 2015, 14:11

Знаев јас дека вие дпмне-овците сте предавници. Гледај што се ни направиле и ни прават ЕУ и НАТО (тоа според тебе) а ти и твојот пастир упорно трубите дека иднината ни е во ЕУ и НАТО, и дека по секоја цена ќе не внесете во тие организации.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by Гостин Сре Сеп 30 2015, 19:01

Od fejsbuk stranata na Jasminka Angelova, soprugata na general Stojanche Angelov...

ПРОСТИ МИ ГОСПОДЕ, ДЕФИНИТИВНО СЕ ЛУДИ!!!

Бранители 2001 - Page 2 Jank-cav

Не можам да премолчам. Прости ми Господе, дефинитивно се луди!!!

„Прва панихида во чест на бранителите на Македонија (после 14 години) и ќе настојувале да стане традиционална!!! Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка, денеска (26.09.2015 година) се одржа панихида за сите загинати бранители на Република Македонија од воениот конфликт во 2001 година до денес“.

Лицемерно до болка и понижувачки до дно!!!
Спроти Крстовден, празникот на постот и покајанието.

Разбирам дека нечистата совест во нивните души длабоко копа!!! Нагризува и гризе ли гризе и не пушта затоа што валканите умови не се смируваат и покрај стотици илјадници евра што ги фрлија за наградените…а колегите загинаа… сирачиња оставија…

Покајание…наредба …пи-ар стратегија… уште едно мачкање на овој напатен народ………… И во Манастир да се преселите вашите гревови веќе ниту Господ ги простува! Нема спасение!!!

Арам да ви е!!! Ај доста е, тргнете се од очите на јавноста!!!

П.С. Ти благодарам Ставревски за признанието „Ние сме лудаци“. Јас веднаш би те зела за заштитен сведок…

Фејсбук  статус на Јасминка Ангелова

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by reiter Саб Окт 31 2015, 13:39

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ поднесоа предлог за измена на законот за служба на АРМ напиша:
Се надевам дека ова решение е на задоволство на ова категорија на луѓе кои што за нас е значајна бидејќи извршувале исклучително важни работи за државата и дека решаваме човечки судбини на 140 семејства“, рече Димитриев.
Сето е убаво ама им ебавте мамата на оние од 2001-та кои ја ставија главата во торба за Македонија за да денес грујо ја ограби...
http://www.mkd.mk/makedonija/politika/vmro-dpmne-i-dui-podnesoa-predlog-za-izmena-na-zakonot-za-sluzhba-na-arm

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by Гостин Пет Мар 11 2016, 18:27

СПАСОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ДОСТОИНСТВО

Бранители 2001 - Page 2 Angelov-i-spasovski

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оддржа средба делегација на партијата на македонските бранители Достоинство, на која тие го информираа министерот за постапките за обештетување што се воделе од страна на семејствата на загинатите бранители и воени инвалиди.

„На средбата беше истакнато дека за 12 семејства на загинатите бранители од МВР за сите овие години од страна на државата не постоел слух да им се излезе во пресрет, односно да бидат обештетени. Министерот Спасовски истакна дека се работи за голема неправда кон овие семејства, кои освен што доживеаа голема семејна загуба, мораа да се соочат и со исцрпувачка правна битка со МВР. Министерот Спасовски изрази подготвеност максимално да се заложи, како човек и како министер, оваа неправда да биде исправена“, стои во соопштението на МВР.

http://fokus.mk/spasovski-se-sretna-so-delegatsija-od-dostoinstvo/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by Гостин Чет Апр 28 2016, 14:41

Da ne se zaboravi...

„ДОСТОИНСТВО“ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА МЕСТОТО КАДЕ ЗАГИНАА БРАНИТЕЛИТЕ ВО ВЕЈЦЕ

Бранители 2001 - Page 2 Stojance-angelov1-604x272

Делегација на „Достоинство“  предводена од Стојанче Ангелов денеска положи цвеќе и запали  свеќи на местото каде загинаа осуммина припадници на АРМ и МВР по повод 15-годишнината од масакрот кај Вејце.

На 28 април 2001 година во Вејце од заседа беа убиени Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Костески, Миле Јаневски, Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски.

Во нивна чест министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, денес ќе ги посетат припадниците на полкот за специјални операции (ПСО) во касарната „Илинден“ во Скопје.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by Гостин Пон Aвг 08 2016, 18:45

Да не се заборави...


Одбележани 15 години од загинувањето на бранителите на Карпалак

15-годишнината од нападот на армискиот конвој за време на кризата во 2001 та година денес беше одбележана со парастос што го извршија свештеници од тетовското архиерејско намесништво на МПЦ – ОА и полагање букети цвеќе на местото од загинувањето на десетте прилепски бранители во месноста Карпалак на автопатот Тетово-Скопје.

http://tocka.com.mk/1/203955/odbelezani-15-godini-od-zaginuvanjeto-na-branitelite-na-karpalak

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by Гостин Сре Aвг 10 2016, 12:16

Да не се заборави.

Петнаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила

Бранители 2001 - Page 2 %d0%b1%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%bb%d0%b0

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенсковски мини.

Денеска се одбележуваат 15 години од загинувањето на осуммината припадници на резервниот состав на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила. По тој повод владина делегација ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на загинатите во касарната „Илинден“ во Скопје и пред спомен - обележјата во село Љубанци.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенсковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

http://plusinfo.mk/vest/81706/petnaeset-godini-od-zaginuvanjeto-na-branitelite-kaj-ljubotenski-bacila

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by reiter Сре Aвг 10 2016, 22:49

до таму втасавме,ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ..тоа е,толку трае, карванот си врви

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by osa Сре Aвг 10 2016, 22:53

reiter напиша:до таму втасавме,ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ..тоа е,толку трае, карванот си врви
......se dodeka ne se najdat " HRABRI ' da go zastanat karvanot i da go nasochat vo vistinski pravec

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16495
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by reiter Сре Aвг 10 2016, 22:56

има храбри оса,туку нивните плодови од храброста ги збираат други,како онаа народната после војната сите се генерали

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
reiter
reiter

Број на мислења : 2411
Join date : 2015-01-14

https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by osa Сре Aвг 10 2016, 22:58

reiter напиша:има храбри оса,туку нивните плодови од храброста ги збираат други,како онаа народната после војната сите се генерали
ma ne me zezaj ...tolku se HRABRI shto im e strav da se registriraat na forum i da pishuvaat ...zatoa zakluchuvam deka nema hrabri ??!!

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16495
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Бранители 2001 - Page 2 Empty Re: Бранители 2001

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 2 Previous  1, 2

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот