Разни вести од македонија

Страна 1 of 28 1, 2, 3 ... 14 ... 28  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Разни вести од македонија

Пишување by Гостин on Чет Јан 15, 2015 11:08 am

Prodlzhil shtrajkot vo Eurokompozit.Pa ke prodolzhi, lugjeto treba da zhiveat i da plakjaat smetki...

ПРОДОЛЖИ ШТРАЈКОТ ВО ПРИЛЕПСКИ „ЕУРОКОМПОЗИТ“
Вработените во прилепската фабрика „Еурокомпозит“, продолжуваат со штрајкот. Бараат да им биде исплатена ветената ноемвриска плата и заостанатите придонеси.



Тврдат дека секој од нив има во просек по 1.500 до 2.000 евра побарувања. Очекуват владата да одлучи што ќе се случува со фирмата во наредниот период. Менаџментот на компанијата тврди дека платата ќе ја исплатат, но имаат проблеми со наплата на сработеното.

„Еурокомпозит“ има побарувања над 300.000 евра кои според менаџментот требале да бидат исплатени пред неколку дена , но тоа не се случило. На крајот на минатата година вработените од „Еурокомпозит“ протестираа и во Скопје, пред владата и Собранието.

Побараа и средба со премиерот никола Груевски,но наместо нив им беше понудена средба со вработени во неговиот кабинет, но тие одбија да сесретнат со нив. „Еурокомпозит“ е во целосна државна сопственост, а во него работат 296 работници, претежно на 50-годишна возраст.

http://grid.mk/read/article/9505711/prodolzhi-shtrajkot-vo-prilepski-eurokompozit


Последната промена е направена од luxor на Пет Јан 16, 2015 12:04 pm. Мислењето е променето 1 пати

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Гостин on Чет Јан 15, 2015 1:50 pm

Surovost kon zhivotnite na Vevcanskiot karneval.Ako ova e tochno, togash vednash treba da se prezemat merki za sproveduvanje na zakonot za zashtita na zhivotnite...

ГАЛЕРИЈА Здруженија за заштита на животните бараат одговорност за садизмот на Вевчанскиот карневал



Згрозени сме од фотографиите и информациите добиени за Вевчанскиот карневал, кои без дилема покажуваат дека за време на истиот се овозможил садизам и толерирало насилство врз животните!, порачуваат Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ и уште неколку други здруженија од истата област.

„Најостро го осудуваме злоупотребата, мачењето на животните кое се случи на улиците на Вевчани, за кое ни сведочат бројни потресени граѓани и приложуваат слики.Кокошки наденати на вили, живи преплашени кокошки врзани за екстремитетите и фрлани во воздух како да се топки а не живи битија; обезглавена живина; труп на убиено куче заврзано за екстремитетите како плен, влечкано и мавано од толпата за да се прикаже пагански ритуал; живо куче со заврзани очи влечено (приморувано) да оди во толпата народ, иако од превезот не гледа ништо и јасно покажува паника, стрес и уринира од страв; натоварени магариња, коњи приморувани да одат во толпата, тепани доколку не сакаат да продолжат; обезглавени зајаци!“, порачуваат здруженијата.

Тие бараат одговорност од учесниците на карневалот кои приредиле вакви грозоморни сцени, велејќи дека такво нешто не прават „здрави луѓе туку девијантни лица – со тоа карневалот не прикажа како дивјаци и насилници кои не се користат со уметност и маски туку во недостиг од имагинација посегаат по животи, стојат инертни пред стравот, болката на животните, смртта на животните, се подсмеваат!“

„Ние, Анима Мунди заедно со здруженијата Анималиа од Охрид, Гласот за животните од Велес, Animal world од Струга, Втора шанса од Кочани, Мали херои од Битола и Фауна од Куманово, се обраќаме до организаторите на Вевчанскиот карневал, Министерството за култура, министерката Елизабета Канческа-Милевска, општина Вевчани, градоначалникот Цветомир Угриноски и бараме да јавно го осудат насилството врз животните кое непречено се случуваше за време на карневалот во Вевчани - да се оградат и осудат истото како манифестација, зошто во спротивно ќе бидат соучесници“, порачуваат здруженијата.

Тие фотографиите ги доставиле и до Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот Зоран Поповски и Секторот за заштита на благосостојбата на животните, со барање итно да се постапи согласно Законот за заштита и благосостојба на животните а кој вели дека е забрането предизвикување на болка, патење или повреди, сурово или нехумано однесување.

„Бараме да ги откријат поединците кои стојат зад овие злодела и најстрого и без исклучок да ги казнат!“, порачуваат здруженијата.



http://plusinfo.mk/vest/11377/galerija-zdruzenija-za-zashtita-na-zivotnite-baraat-odgovornost-za-sadizmot-na-vevcanskiot-karneval

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Гостин on Пет Јан 16, 2015 12:08 pm

Kriminalcite od vlasta prodolzhuvaat so nasilstvoto nad narodot i drzhavata.Dojde redot i na Makedonskata Pravoslavna Crkva...

СО СИЛА ПРАВДИНА НЕ БИДУВА!

„Оваа Влада, ако сака и ако така решила, и куќата ќе ви ја земе!“, вели владиката г.Тимотеј. В сабота е закажан нов собир на жителите во Љубаништа, во организација на Координативното тело. Најавуваат граѓанска непослушност, отпор, блокирање на меѓународниот пат Охрид-Свети Наум-Албанија

Веле Митаноски

Охрид – „Оваа Влада, ако сака и ако така решила, и куќата ќе ви ја земе!“, вели надлежниот архијереј на Дебарско-кичевската епархија, владиката г. Тимотеј. Владата, пак, односно државата, решила да гради во атрактивната туристичка населба Љубаништа и покрај тоа што се спротивставуваат црквата и локалното население, во чија сопственост е најголемиот дел од земјиштето на овој потег. Станува збор за 285,5 хектари во Љубанишко поле, од кои за 170 хектари, Владата уште пред нова година донесе одлука за пренамена на земјиштето од земјоделско во градежно. Попрецизно, станува збор за 1,7 милиони квадратни метри земјиште каде што треба да никне туристичка развојна зона.

Државата изврши пренамена за изработка на урбанистички план за изградба на уште една, втора туристичка развојна зона во охридско Љубаништа. Одлуката е објавена во Службен весник на 31 декември и опфаќа имоти на локалното население, дел од викенд населбата изградена покрај Охридското Езеро, како и земјиште на Дебарско-кичевската епархија.

Локалните жители велат дека за ништо не биле прашани. За оваа сабота, на 17 јануари, свикаа седница на Координативното тело што ќе ја одржат во населбата Љубаништа. Свикувачот, Наум Ристески, поранешен директор на Управата за приходи во Охрид вели:

„Ќе има отпор, ќе има граганска непослушност. Селаните не се информирани за ништо. Во игра е и блокада на меѓународниот пат од Охрид до граничниот премин Свети Наум и натаму за Албанија. Експропријацијата е присилна мерка, на сила се одговара само со сила. Нашето земјиште се' уште не е одземено. За црковното сметам дека не постои повеќе правен лек, за нашето ќе се жалиме пред Управен суд. Знам дека сега ќе ги повикаат сопствениците да дадат изјави пред Управата за имотно-правни односи, по што ќе добијат решенија со поука, која ништо нема да им значи. Цело поле, јавен имот, сега ни го земаат за развојна туристичка зона“, вели Наум Ристески кој е дипломиран правник.

Селаните и поранешните жители на Љубаништа сега се доведени пред свршен чин. Се' уште можат да разговараат за цената, но стравуваат. Велат дека ако Владата спроведе се' што замислила, ќе им го земе земјиштето за цена од едно евро за квадратен метар. Местото се наоѓа на многу атрактивен дел од охридското крајбрежје.

Претходно државата изврши експропријација на земјиште во атарот на Љубаништа, во најголем дел имот на црквата, за изградба на Туристичката развојна зона 1. Според Владата, овој проект ќе придонесе за развој на туризмот и ќе отвори нови вработувања од кои ќе имаат корист и локалната заедница и државата. Таа не гледа пречка за негова реализација и покрај отвореното противење на Дебарско-кичевската епархија и месното население, кое на собирот на жители, одржан во јули минатата година, донесе одлука со која се бара стопирање на започнатата експропријација.  

Според најавите, на брегот на Охридското Езеро во Љубаништа ќе се градат три туристички развојни зони. Во функција на овој амбициозен проект е најавена и изградба на придружна инфраструктура, како што е експресниот пат Охрид - Св. Наум, кој според најавите треба да минува низ Националниот парк „Галичица“. За таа цел минатата година почна постапка за промена на опфатот на националниот парк, за што беше изработена и студија за влијанието на најавените инфраструктурни зафати врз природата која изобилува со ендемски видови флора и фауна.



СЛУЧАЈ ВО СЛУЧАЈ



Жителите на Љубаништа, во маката, се најдоа на една страна со црквата и владиката Тимотеј, иако се' уште расчистуваат стари сметки. Имено, дел од земјиштето за кое сега се бори и не дава „ниту педа земја“ дедо Тимотеј, порано било на селаните. Во 2008 – 2009 година, со национализација е вратен имот на црквата од околу 50 хектари, што го користеле селаните и полагале право на сопственост. Познавачите велат дека случајот, правнички е многу замрсен. Селаните ја обжалиле денационализацијата, по две основи. Имено, тое тврдат дека земјата, од селаните на црквата е вратена од ненадлежен орган - Комисија за денационализација на верски имоти. Покренале четири предмети пред Управниот суд. Не очекуваат многу, но напоменуваат дека црквата, односно владиката Тимотеј имаат право на надомест, а не и на враќање на земјиштето.

Владиката Тимотеј, исто така, вели дека не е запознаен со најновата владина одлука, но не е изненаден. Тој повторува дека црквата не се откажува од земјиштето, поради што таа покрена постапка пред Управниот суд.

„Државата одамна го турка тој процес. На првостепен суд го изгубивме спорот, но сега решението го имаме обжалено на второстепен, па ќе видиме. Црквата останува на првичниот став дека не е заинтересирана за продажба на својот имот“, вели митрополит Тимотеј.

Тимотеј вели и дека ја обжалиле и одлуката за изградба на супер луксузен туристички комплекс во Љубаништа, каде што и црквата има свое земјиште, но не верува оти правдата може да ја истера до крај.

„Се знае - владина комисија, владина одлука. И на второстепен суд претпоставувам дека ќе биде истото, но ние ќе ги исползуваме сите законски можности. Да влезе во историјата дека не сме се согласувале. Инаку јас не сум толку наивен да мислам дека можам нешто повеќе да направам од тоа што решила оваа Влада. Ако сака куќа ќе ви земе“, вели владиката Тимотеј.

Луксузен туристички комплекс во Љубаништа требаше да гради индискиот бизнисмен-милијардер Субрата Рој кој заврши во затвор во неговата земја Индија. Владата, меѓутоа, најави дека проектот ќе се реализира, а ќе гради тој што ќе достави најдобра понуда на јавниот повик за изградба на туристичка зона во Љубаништа.

За проектот на Рој, што го планираше на најатрактивниот дел од Охридското Езеро, на најубавата плажа Љубаништа, со низа забелешки излегоа здруженија на граѓани, невладини организации и експерти кои испратија предупредување дека ваквите градби ќе претставуваат еколошка катастрофа за Охридското Езеро и за Националниот парк „Галичица“.



РЕАКЦИЈА



Во согласност со ЕСПО-конвенцијата, чиј потписник е Македонија, при изградба на туристичко развојните зони во Љубаништа, потребно е да се извршат анализи и стручни консултации за влијание на проектот врз животната средина, односно во случајов треба да се земат предвид забелешките и на Република Албанија. Според договорот меѓу двете земји, за секоја поголема градба, особено ако таа е блиску до границата, мора да биде информирана другата страна. Скопје не доставило таква информација до Тирана

Членот на билатералниот комитет од албанска страна, Аријан Мероли, вели дека за идејата на индискиот бизнисмен досега никој не ја контактирал албанската страна, на ниедно ниво, ниту официјално, ниту лично него.

„За жал, нема ниту една конкретна информација од македонска страна. Знам онолку колку што самиот сум се информирал во вашето Министерство за заштита на животната средина, Националниот парк ’Галичица‘, Хидробиолошкиот институт и од македонските медиуми. Имаме потпишано и ратификувано билатерални договори и меѓународни конвенции да се информираме меѓу себе за сите активности кои имаат влијание на квалитетот на водата, флората и фауната во литералната зона на езерото. Само меѓудржавниот договор бара почитување на осум меѓународни конвенции. Примена на сите стандарди и норми во ЕУ и нов статус на езерото“, нагласува Мероли.

Според Мероли, договорот за заштита на Охридско Езеро и неговиот слив од 2004 година е потпишан од двете влади и е ратификуван наредната година од двата парламенти. Македонија сака да стане членка на ЕУ, чека датум за почеток на преговори. Дел од поглавјата ќе биде и легислативата во делот на животната средина. „Македонија си отвора нов проблем, нов услов“, бенчмарк, вели тој.

Официјална Тирана, засега, не се произнесува, иако будно ги следи настаните. Нашиот соговорник Мероли, причината за молкот во Тирана го гледа и во потрошеното време за формирање на нова влада. Работите во двостраниот комитет во моментов, според наизменичниот распоред, ги води албанската страна.

„Јас испратив информација за плановите што ги најави македонската Влада до Националната комисија на УНЕСКО на Албанија, која е во рамките на Министерството за надворешни работи. Чекаме подетални информации и насоки, подготвуваме редовна седница на билатералниот секретаријат, на чиј дневен ред ќе биде и прашањето со изградбата на луксузниот хотелски комплекс веднаш до границата со Албанија“, вели Мероли.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=0595ADA14CAA4642B4576EDB75CBF1BC

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Hamad bim Khalifa on Саб Јан 17, 2015 8:34 am

Imam denovive gostincinja od stranstvo, pa taka vcera pominuvajki pokraj "Vladata" izrazija ispozacudena reakcija vo smisla "IIIIIIIIIjjjjj ! STO E BE OVA BELOVO???"
Pa im odgovaram: "Nisto strasno - snezen grad, dodeka drzi ladnovo, deca da se raduvaat.....naprolet ke se stopi"
A tie so olesnuvanje :" Kjuti si pomislivne deka e tvrda gradba!"
P.s. Kako da im objasnam deka e napraveno od meka gradba - t.e. stiropor, koj e daleku pomek od mrazot a nesto potvrd od taze snegot ..... Embarassed
Ehhhh, mojava cudesna Makedonija....
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Гостин on Пон Јан 19, 2015 10:35 am

Dpmne-ovcite na vlast izgleda se zafateni so nova boest "subratitis kastitis " pa mislat deka vo Makedonija lugjeto se podeleni na kasti, pa postojat nizhi kasti,koi se pod udar na idiotskite zakoni na dpmne-ovcite,i vishi kasti za koi zakonite ne vazhat...


ФОТО Жељко Јоксимовиќ пуши во кафеана во друштво на Бакрачески

Кумот на Богојавление во Охрид, српскиот пејач, Жељко Јоксимовиќ пали цигара во присуство на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, чија власт го донесе овој закон и казнува според него, објави Револуционер.мк.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Hamad bim Khalifa on Пон Јан 19, 2015 10:41 am

A ovoj napred so Marlborovo na masa? I on je od Srbija ili kolku za dekoracija mu e kutijata?....Abe patrioti, patrioti, pokrijte se!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by reiter on Пон Јан 19, 2015 10:41 am

па затоа можеа да ги казнат ZZTOP Twisted Evil за фрлен еден отпушок кога беа во Македонија.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by osa on Пон Јан 19, 2015 2:25 pm

luxor напиша:Dpmne-ovcite na vlast izgleda se zafateni so nova boest "subratitis kastitis " pa mislat deka vo Makedonija lugjeto se podeleni na kasti, pa postojat nizhi kasti,koi se pod udar na idiotskite zakoni na dpmne-ovcite,i vishi kasti za koi zakonite ne vazhat...


ФОТО Жељко Јоксимовиќ пуши во кафеана во друштво на Бакрачески

Кумот на Богојавление во Охрид, српскиот пејач, Жељко Јоксимовиќ пали цигара во присуство на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, чија власт го донесе овој закон и казнува според него, објави Револуционер.мк.


jel ovo iz srbije bracho ???

ili od nashata ni ubava Makedonija ,so ubavite em pametni vlastodrshci na lokalno nivo ,
i sega ushte ke me ubeduva nekoe govedo deka bil patriot ...ne mi se veruva

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by reiter on Пон Јан 19, 2015 3:00 pm

нешто тешко им оди пазарењето Smile

24vesti.mk/vranishkovski-ostanuva-vo-zatvor

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Hamad bim Khalifa on Пон Јан 19, 2015 4:14 pm

reiter напиша:нешто тешко им оди пазарењето Smile

24vesti.mk/vranishkovski-ostanuva-vo-zatvor

Imas pravo, ovoj nevozen, dzabe dovagjal od Belgrad, a i Jovana namkjuresta UPLM. Tenka ohridskava kasa....
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Гостин on Пон Јан 19, 2015 5:44 pm

Ovie veke navistina ne znaat shto pravat.Rekcijata na Direkcijata za civilno vozduhoplostvo na BiH,za posledniot izveshtaj za tragedijata so avionot na pretsedatelot Trajkovski,otvora interesni prashanja...

Кој зел 160.000 евра за плагиран извештај за несреќата на Трајковски?



Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ (БХДЦА) соопшти дека Завршниот извештај на Комисијата која ја предводел Омер Кулиќ е плагијат на „Завршниот извештај за испитување на несреќата на авионот Beechraft Super King Air 200, со регистарска ознака З3-БАБ, Мостар од 26 февруари 2004 година“, кој е објавен на 05 мај 2004 година, а утврдената причина е всушност онаа која ја утврдила комисијата во 2004 година, како и дека се направени низа материјални и процедурални пропусти, како при формирањето на комисијата, така и во нејзината работа и при презентацијата на Извештајот, објави новинската агенција Патриа, а пренесуваат босанските медиуми.

Дирекцијата смета дека не се претставени нови докази што е причина за нов извештај, туку дека последниот извештај е ревизија на оној од 2004 година. Според Дирекцијата, плагираниот Завршен извештај е направен со цел да се дискредитира Комисијата која претходно спровела истрага.

Затоа Дирекцијата прашува зошто е отворена нова истрага, зошто таа траела несоодветно долго од 13 мај 2013 фо 29 неомври 2014, зошто чини 160.000 евра, кој ја платил и кому му е платено.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by osa on Вто Јан 20, 2015 12:31 am

160 000 evra PAAAAA ,ubava suma ,a od makedonija li e toj shto gi zel ....da go pobaram da mu praam drushtvo ...
uuupppsss ,ma toj sigurno gi potroshil parite do sega ,badijala ...

da ne ima nekoj drug potaze bogatash

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by osa on Вто Јан 20, 2015 12:34 am

dobar potpis majstore ...jas odamna napishav post vo taa konotacija ,sega sme samo brojki ,od koi moze slobodno da se zeme SE shto ti dusha saka ....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Јан 20, 2015 6:33 pm

Tepaaaaaj.... firma (Mk) pred stecaj - sto ostana ostana.....sega mu e majkata!~
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by reiter on Пет Јан 23, 2015 1:05 pm

Фокус“ ја пласира и шпекулацијата дека можен премиер на идната техничка влада би бил Владимир Пешевски, а Никола Тодоров ќе го замени Груевски на лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ.
Tехничка Влада ќе има? Премиер Пешевски, Никола Тодоров прв вмровец, Груевски бега на Сејшелите???

Н.Тодоров претседател на вмро-дпмне...ова мора да е некоја шега..или вмро-дпмне заминува во историја...

http://www.dokaz.mk/fokus-shpekulira-tajni-sredbi-na-zaev-so-gruevski-za-bombite/

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by defo on Пет Јан 23, 2015 10:56 pm

reiter напиша:Фокус“ ја пласира и шпекулацијата дека можен премиер на идната техничка влада би бил Владимир Пешевски, а Никола Тодоров ќе го замени Груевски на лидерското место во ВМРО-ДПМНЕ.
Tехничка Влада ќе има? Премиер Пешевски, Никола Тодоров прв вмровец, Груевски бега на Сејшелите???

Н.Тодоров претседател на вмро-дпмне...ова мора да е некоја шега..или вмро-дпмне заминува во историја...

http://www.dokaz.mk/fokus-shpekulira-tajni-sredbi-na-zaev-so-gruevski-za-bombite/

хм, не сум баш среќен ако е се сведе работава, само на гола замена на власт без последици по никого.
Неделникот шпекулира дека и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретнал со Бранко Црвенковски, за преку неговото влијание во СДСМ да го спречи објавувањето на документите.
Ова веќе боли...за колку глупав народ не мислат.........јас се надевам и верувам дека народот памти (кожата на народот) и дека овај пат конечно правдината ке излезе на површина.

defo

Број на мислења : 1861
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Гостин on Пет Јан 23, 2015 11:07 pm

Vo meguvreme Zaev go demantirase pisuvanjeto na Fokus.I jas se nadevam deka navistina ke objavat se sto imaat.Inaku ke bidat isti kako i ovie.Pazarenje za smena na vlasta,bez da se pobara odgovornost od dosegasnite vlastodrsci, treba da bide vednas kazneto od narodot...

Заев демантира пазарење: Никој нема право да ја сокрие вистината од граѓаните

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава за Либертас ги демантира шпекулациите кои ги објави неделникот Фокус, за тоа дека имало тајни политички средби меѓу него и премиерот Никола Груевски чија тема била „бомбата“.




На ваквите информации Заев за Либертас кусо прокоментира дека очигледно е дека се нема трпение.

– Сто пати сме рекле и остануваме на тоа дека никој нема право да ја сокрие вистината од граѓаните – вели Заев за Либертас.

http://libertas.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%B4%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%80%D0%B5%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%BF%D1%80/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by defo on Пет Јан 23, 2015 11:33 pm

Уапсен Зоран Верушевски....
http://libertas.mk/%D1%83%D0%B0%D0%BF%D1%81%D0%B5%D0%BD-%D0%B5-%D0%B7%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%B2%D0%B5%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B5%D0%BA%D1%81-%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BE/
http://vest.mk/?ItemID=288059432F13E24F98D4752F8B86202F

Обвиненијава се пишти вришти.......

Неофицијално, според податоци од МВР, поранешниот прв човек на ДБК е уапсен под сомнение за нелегално поседување оружје, детска порнографија и за уште неколку други тешки кривични дела.


П.С   Бидете срекни ако во доцните или раните ноќни часови дојде полиција и ве однесе во затвор, тоа значи дека сеуште се при чиста совест и свест.

defo

Број на мислења : 1861
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Фири on Саб Јан 24, 2015 12:39 am

osa напиша:


ФОТО Жељко Јоксимовиќ пуши во кафеана во друштво на Бакрачески

Кумот на Богојавление во Охрид, српскиот пејач, Жељко Јоксимовиќ пали цигара во присуство на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, чија власт го донесе овој закон и казнува според него, објави Револуционер.мк.




Абе аjде како да не запалиш на маса? Не ке одам надвор да мрзнем. Коj идиот го примил овоj закон како се 250% знае дека при 50% пушачи нема како да биде спроведен реално? И каj нас е истото сранjе!

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by osa on Саб Јан 24, 2015 12:48 am

ako jas nesmeam da zapalam ,togash ni on nema da zapali ,mislam na gostinot od srbija

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by reiter on Саб Јан 24, 2015 8:36 pm

ете каде сме...за никаде
Македонија е 12. најмизерна земја од вкупно 108 држави во светот според најновата листа на институтот Като. Единствено Србија, која е на 8. место, е полошо рангирана од Македонија во однос на земјите од регионот. Најмизерни услови за живот се во Венецуела, покажува извештајот што е објавен на страницата на институтот Като.


[img][/img]
http://faktor.mk/2015/01/24/makedonija-pobedna-i-od-pakistan/

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Фири on Саб Јан 24, 2015 9:05 pm

Ние каде сме или сме представени само од помизерниот си дел? Smile

_________________
Андреј напиша: до почетокот на 19 век .... Бугарите си биле само турско племе ... Ништо повече ... ..
avatar
Фири

Број на мислења : 1003
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Гостин on Саб Јан 24, 2015 9:07 pm

Ve nema be.Vie ne postoite...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Гостин on Саб Јан 24, 2015 9:11 pm

reiter напиша:ете каде сме...за никаде
Македонија е 12. најмизерна земја од вкупно 108 држави во светот според најновата листа на институтот Като. Единствено Србија, која е на 8. место, е полошо рангирана од Македонија во однос на земјите од регионот. Најмизерни услови за живот се во Венецуела, покажува извештајот што е објавен на страницата на институтот Като.



http://faktor.mk/2015/01/24/makedonija-pobedna-i-od-pakistan/

Inaku eve go rezultatot od devetgodisnoto vladeenje na pastirot.Ne moze vecno da se laze za ekonomskite uspesi.Vreme e da si zamine i posledniot tranziciski politicar Gujokio.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Гостин on Нед Јан 25, 2015 12:04 pm

Не би ме изненадило доколку и ова се случи.Режимот во заминување отворено почна да се пресметува со своите политички противници.Малку фали да извадат војска и полиција на улиците, и да прогласат полициски час...

Миленко Неделковски најавува апсење на Заев и Црвенковски?

„Кристално е јасно на каде (кон кого) води ова апсење на Верушот. Редно беше. Сите кадри на БЦ завршија или ќе завршат пред суд и во затвор: Бучко, Велија, Веруш, Слободан Богоевски, Заев...“

Ова го напиша вчера водителот Миленко Неделковски на неговиот профил на Фејсбук. Дали Неделковски најавува нови апсења?

На неговиот профил тој ја објави и следнава фотомонтажа:



http://plusinfo.mk/vest/12463/milenko-nedelkovski-najavuva-apsenje-na-zaev-i-crvenkovski

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Разни вести од македонија

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 28 1, 2, 3 ... 14 ... 28  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот