ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Страна 2 of 19 Previous  1, 2, 3 ... 10 ... 19  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 1:02 pm

Izbran timot specijalni obviniteli...

Специјалната обвинителка Јанева избра тим од 14 обвинители

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева,соопшти дека до Советот на јавни обвинители на Република Македонија, ќе достави листа на 14 обвинители кои таа ги предлага да бидат дел од нејзиниот тим во специјалното јавно обвинителство.

Се работи за Артан Ајрo, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов и Фатиме Фетаи.

Кандидатите се редовни обвинители кои работат низ различни градови во Македонија.

Јанева истакна дека оваа бројка на обвинители е неопходна за успешно исполнување на обврските на обвинителството со кое таа ќе раководи.

Таа посочи дека се работи за истакнати професионалци, и надополни дека се преземаат сите активности за да се обезбедат услови за непречена работа на јавното обвинителство.

Предметите, рече Јанева, ќе бидат преземени кога специјалното обвинителство ќе добие свое седиште.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 5:45 pm

Interesna, bi rekol i po malku chudna ekipa...Mozhebi jas sum preskeptichen...

КОИ СЕ ОБВИНИТЕЛИТЕ НА КАТИЦА?

Неколкумина се познати по водење на предмети со политичка димензија.

Најпознатото име во тимот на Каатица Јанева е обвинителката Лиле Стефанова. Таа работи во одделот против организиран криминал и корупција и затоа застапувала исклучително важни предмети во последните неколку години. Таа ги застапуваше обвиненијата во „Шпион“, „Ликвидација“„Фаланга 2“„Машинопромет“„Кражба во музејот“, а сега го има и досието „Маѓар Телеком“. Поголем дел од нејзините случаи се со политичка димензија, или барем така беа коментирани во јавноста. Дополнително, како помошник обвинител таа се појавила и во процесот „Пуч“.

Трајче Пеливанов бил обвинител во случајот против очниот хирург Дејан Ставриќ, во кој лекарот беше обвинет дека примил мито од 2000 евра. Дарко Јакимовски од скопското јавно обвинителство, за јавноста е познат како обвинител во процесот против 20-годишниот Насер Ештрефи осуден за убиството на матурантот Ангел Петковски од Ѓорче Петров. Елизабета Јосифовска од Гостивар, го водеше предметот за опожарување на Бигорскиот манастир.

Снежана Бундалевска од скопското основно обвинителство била во предметот за „Тајванските кредити“ во кој ексдиректорот на Агенцијата за обнова и развој, Васил Тупурковски, и неговиот тогашен заменик, Јован Андонов-Реган се товарат  за злоупотреба на службената положба.

Останатите обвинители од тимот на Јанева не и се толку познати на јавноста. Повеќе се познати во средините во кои живеат и работат. Од познатите и поангажираните обвинители се очекува да ги надминат притисоците со кои се соочувале до сега, да застанат зад објективна и професионална истрага.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by трендафил on Чет Окт 01, 2015 10:00 am

Веројатно би сакал обвинителите да бидат Зоран Заев или странските платеници од платниот список на Џорџ Сорос. Рамадан Рамадани на пример.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин on Чет Окт 01, 2015 11:06 am

Добри се и овие да ја суредат фамилијата. А таквите како тебе покрај нив.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by tmoro on Чет Окт 01, 2015 11:24 am

Тео напиша:Interesna, bi rekol i po malku chudna ekipa...Mozhebi jas sum preskeptichen...

КОИ СЕ ОБВИНИТЕЛИТЕ НА КАТИЦА?

Неколкумина се познати по водење на предмети со политичка димензија.

Најпознатото име во тимот на Каатица Јанева е обвинителката Лиле Стефанова. Таа работи во одделот против организиран криминал и корупција и затоа застапувала исклучително важни предмети во последните неколку години. Таа ги застапуваше обвиненијата во „Шпион“, „Ликвидација“„Фаланга 2“„Машинопромет“„Кражба во музејот“, а сега го има и досието „Маѓар Телеком“. Поголем дел од нејзините случаи се со политичка димензија, или барем така беа коментирани во јавноста. Дополнително, како помошник обвинител таа се појавила и во процесот „Пуч“.

Трајче Пеливанов бил обвинител во случајот против очниот хирург Дејан Ставриќ, во кој лекарот беше обвинет дека примил мито од 2000 евра. Дарко Јакимовски од скопското јавно обвинителство, за јавноста е познат како обвинител во процесот против 20-годишниот Насер Ештрефи осуден за убиството на матурантот Ангел Петковски од Ѓорче Петров. Елизабета Јосифовска од Гостивар, го водеше предметот за опожарување на Бигорскиот манастир.

Снежана Бундалевска од скопското основно обвинителство била во предметот за „Тајванските кредити“ во кој ексдиректорот на Агенцијата за обнова и развој, Васил Тупурковски, и неговиот тогашен заменик, Јован Андонов-Реган се товарат  за злоупотреба на службената положба

Останатите обвинители од тимот на Јанева не и се толку познати на јавноста. Повеќе се познати во средините во кои живеат и работат. Од познатите и поангажираните обвинители се очекува да ги надминат притисоците со кои се соочувале до сега, да застанат зад објективна и професионална истрага.

А зошто не и дозволија сама да ја форнират екипата?

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин on Чет Окт 01, 2015 12:18 pm

Ване Цветанов до СЈО.

Цветанов: Почитувана обвинителке, како да Ви веруваме кога во тимот зедовте монструм?!



Почитувана Специјален Обвинител,

Дадовте заклетва за почитување на законите.

Лиле Стефанова многу пати ги скрши законите со тоа што слугуваше на тимот од МВР кој монтираше процеси и затвараше невини луѓе.

Со потпис на Лиле се апсеа невини луѓе. Со потпис на Лиле се притворија многу невини луѓе.

Лиле БЕЗ ДОКАЗИ, напиша обвинителни акти! Без докази зацрни судбини на многу луѓе.

Како последица на теророт и обелоденување на Вистината за Македонија, се случија протести. На 17-ти мај граѓаните бараа ПРАВДА!

Како последица на протестите пред влада и заради нефункционирање на правниот систем заради криминални интереси на власта, легализирани од некои обвинители и судии, се случи договорот од пржино.

Како резултат од тој договор, Вие конкуриравте и бевте избрана за Специјален Обвинител. Ви верувавме, со надеж дека ќе ја спасите Македонија.

Во материјалите кај вас има разговори на Лиле кои докажуваат како слугува на оние кои местат невини луѓе.
Лиле е во категоријата на ОСОМНИЧЕНИ.

Нели е судир на интерес, ОСОМНИЧЕН ЗА ЗЛОСТОР ДА БИДЕ ОБВИНИТЕЛ?

Ве молам одговорете како да Ви веруваме дека ќе работите законски и правично, кога во тимот земавте монструм, како?

Ване Цветанов – Фејсбук статус

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by трендафил on Чет Окт 01, 2015 2:28 pm

Ајде кажете барем едно име од тие многу што наводно ги зацрнила обвинителката за организиран криминал и кандидат за соработник со специјалната обвинителка.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин on Чет Окт 01, 2015 5:45 pm

Trendafile ti si beznadezhen sluchaj... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Гостин on Чет Окт 01, 2015 6:18 pm

ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА МОЖЕ ДА НЕ ПОМИНЕ

Членовите на Советот на јавни обвинители на седницата што најверојатно ќе се закаже за вторник поединечно ќе гласаат за секој предложен кандидат за тимот на специјалната пбвинителка Катица Јанева. Се очекува обвинителката Лиле Стефанова, единствената од Одделот за организиран криминал на листата на Јанева да биде тема на дискусија, бидејќи како предлог била спорна. Проблемот е во случајот Пуч каде таа е помошник-обвинител и сe уште во притвор го држи Зоран Верушевски, еден од осомничените за шпионажа и неовластено прислушување. Овој случај сега преминува во надлежност на специјалната обвинителка.


Специјалната обвинителка Катица Јанева денес претпладне беше сликана како пазарува во еден супермаркет и објавена на социјалните мрежи.
Фото: Младен Дамев

Стефанова, како обвинител во случајот против новинарот Томислав Кежаровски, побара притвор и доби одобрување од Судот за да го притворат Кежаровски додека течеше кривичната постапка против него. Притворот на новинарот Кежаровски во случајот "Ликвидација" беше оценет како директен атак на правосудниот систем врз слободата на говор. Овој случај не само што ја брануваше македонската јавност туку влезе и во извештајот на Стејт департментот и во прогрес извештајот за Македонија на Европската комисија, а Македонија, според слободата на говор, падна на историски најниското место од нејзината независност.
"Ние ќе имаме седница и ќе расправаме за 14-темина предложени обвинители за Специјалното јавно обвинителство за гонење на криминалот од прислушувањето. Ќе се разгледува кандидат по кандидат посебно, нема да се гласа за тимот во пакет. Ние ќе ги имаме предвид овие две околности за кои ме прашувате. Кога ќе дојде на ред обвинителката Стефанова, ќе се дискутира за ова. Можеби некој од колегите мене или некој друг што ќе земе збор и ќе ги постави овие дилеми за Стефанова ќе нe разубеди, може некој мисли поинаку за неа или за тие две обвиненија кои ги водела, ќе се сослушаме на седницата. Секој од нас поединечно ќе гласа за секој од кандидатите, ништо отсега не може да се предвиди", изјави вчера за "Вест" Петар Аневски, претседател на Советот на јавни обвинители на РМ.
Во Советот членува по функција и гласа и републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Советот брои 11 членови.
Името на обвинителката Стефанова јавноста го знае и по случаите "Фаланга 2", во кој беше обвинет поранешниот директор на Управата за заштита на културно наследство Паско Кузман, како и предметот за кражбата во Музејот на Македонија. Потписот на Стефанова стои и на обвинителниот акт во случајот "Шпион", првата афера за шпионажа во Македонија која влезе во судница. Во моментот обвинителката Лиле Стефанова е актуелна во предистражната постапка за случајот корупција во Маѓар телеком, кој Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори по допрен глас откако Њујоршкиот суд го објави сведочењето на ексразузнавачот Слободан Богоевски.
На листата помошници на Јанева се најдоа уште 13 основни јавни обвинители. Петмина од нив се млади и надежни професионалци што излегле од Академијата за судии и обвинители и се избрани за основни обвинители во периодот од 2008 до 2012 година, што се поклопува со времето на прислушуваните разговори од бомбите на СДСМ.
Вчера го прашавме Јавното обвинителство на РМ дали има конфликт на интереси со предлогот Лиле Стефанова да биде во тимот на Специјалното обвинителство, со оглед на тоа што го водеше случајот со Кежаровски, а сe уште го застапува и обвинението за случајот "Пуч", но оттаму ни беше одговорено дека надлежна за прашањата околу тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева е само таа.
Обвинителката Јанева вчера не одговори на прашањата од "Вест", испратени по електронска пошта. Ја прашавме дали Стефанова е најсоодветниот предлог, со оглед на тоа дека работеше на неколку случаи, кои не само што ја брануваа македонската јавност туку влегоа и во извештајот на Стејт департментот и во прогрес извештајот за Македонија на Европската комисија.

С. К. Делевска

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by reiter on Вто Окт 13, 2015 9:09 pm

кога нешто конкретно ќе слушнеме од кејт за што е назначена..

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Окт 13, 2015 9:11 pm

Gledaj 24 vesti - momentalno
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by reiter on Вто Окт 13, 2015 9:12 pm

Hamad bim Khalifa напиша:Gledaj 24 vesti - momentalno
тенкју

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Окт 13, 2015 9:53 pm

Pandelovski se raspadna ! govnar!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by osa on Вто Окт 13, 2015 10:09 pm

Hamad bim Khalifa напиша:Gledaj 24 vesti - momentalno

jako mnogu ....a i ekspertov politichki e mnogu jak .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by reiter on Вто Окт 13, 2015 10:45 pm

гледав неколку минути(5-7мин.) и сменив канал...

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by osa on Вто Окт 13, 2015 10:48 pm

reiter напиша:гледав неколку минути(5-7мин.) и сменив канал...

ne si trebal da propushtish ...jako go shamarashe tortevski ...ke ja stavime (mozesh i ti) na forum celata emisija ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by reiter on Вто Окт 13, 2015 10:51 pm

osa напиша:
reiter напиша:гледав неколку минути(5-7мин.) и сменив канал...

ne si trebal da propushtish ...jako go shamarashe tortevski ...ke ja stavime (mozesh i ti) na forum celata emisija ...
не не..пандов не е за гледање...не сакам да губам време на лица кои се изгубени во сопствениот превод а се кажуваат дека се под капата на вмро

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Окт 13, 2015 10:59 pm

Pokusa da se izvadi, demek ne e dpbne - samo Vmro !?!?!? !@!$#!%$!!^!^!
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by reiter on Вто Окт 13, 2015 11:05 pm

па добро,денешниве дпмне-овци милуваат да се кажуваат вмро дпмне иако нема ништо вмровско...па неспорно и старите односно старото членство се уште во некаков занес од далечната 91-ва се кажуваат како вмро-дпмне иако нема ништо денес од тоа вмро-дпмне..нели?

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by osa on Вто Окт 13, 2015 11:14 pm

reiter напиша: се под капата на вмро

i toa debelo


_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by osa on Сре Окт 14, 2015 4:21 pm

dobra e "malava"...samo shto ja slushnav nejzinata izjava na TV 24 vesti ...nakratko veli : se nadevam brzo ke se koregiraat i ke go izberat i ostanatiot del od timot koj sum go predlozila ....bravo

p.s.ke go pobaram orginalniot tekst i ke go stavam

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Hamad bim Khalifa on Сре Окт 14, 2015 7:56 pm

Uste cekame na "originalnioy tekst"......!?
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by osa on Сре Окт 14, 2015 8:04 pm

Hamad bim Khalifa напиша:Uste cekame na "originalnioy tekst"......!?

само критика поради критика ...ај не чекај на готово ,земи и ти заврши некоја работа ...и ти можеш да постираш од ТВ 24 вести од самите вести ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by osa on Сре Окт 14, 2015 8:21 pm

eve shto ke se sluchi dokolku ne se sprovede dogovorot od przino ....



Спроведување на политичкиот договор на Пржино никако да излезе од ќор –сокак. Вчерашната средба на четирите политички партии помина во деструктивен дух и заврши само неколку минути по почетокот.

Како што најавуваат од опозициската СДСМ, уште на почетокот на средбата, меѓународниот посредник Петар Ванхауте го ставил на маса неговиот предлог за Изборниот законик, кој главно се темелел на предлозите на партиите. Веднаш по објавувањето на предлогот, претставниците на ВМРО –ДПМНЕ побара пауза на неопределено време за консултации во рамки на партијата.

По долго чекање, до 02 часот и 30 минути, останатите учесници беа принудени конечно да го откажат состанокот. Како што дознава Алсат М од дипломатски извори, поради таквото однесувањето на претставниците на ВМРО – ДПМНЕ, од две релевантни европски амбасади имало закани дека седум претставници на тесното раководството на партијата на Груевски, ако Договорот на Пржино не се примени, ќе им се забрани влез во нивните земји.

Разговорите продолжија повторно денеска, но со помала веројатност да успее, бидејќи политичките партии се разидуваат речиси за секое прашање. Единственото прашање сега е прочистување на Избирачкиот список, кој ќе биде комбинација на база на податоци од државните органи и целосна контрола на терен. Меѓу главните пречки останува дијаспората.

„Преостанаа само неколку прашања. Едно од нив е за Дијаспората, за која имаме некаква согласност. Друго прашање е начинот на одлучување во ДИК, кој е многу важен орган за организирање на изборите. Предложивме да има еден механизам за консултации, наместо блокада на работата. Предложивме да има консултација пред донесување одлука, каде администрацијата го врши најголемиот дел од работата. Сметам дека ова треба да биде прифатливо за сите партии, но да почекаме и да видиме како ќе одлучат партиите следните часови“, рече Питер Ванхауте, посредник.

Како што дознава Алсат М, предлог на Ванхауте вклучува две можности, поставување на праг кој треба да се надмине за да се избере пратеник од дијаспората или иселениците да гласаат за мандати во земјава. И двете опции за ВМРО – ДПМНЕ се неприфатливи.

Друго прашање кое е сериозна пречка меѓу двете најголеми македонски партии се ограничувањата на трошоците за изборна кампања. Сегашниот закон предвидува дека партиите можат да потрошат најмногу до 180 денари по гласач, додека СДСМ бара намалување на прагот за повеќе од половина. Овој предлог категорично беше одбиен од ВМРО – ДПМНЕ, иако податоците од последните избори покажуваат дека партијата на Груевски потрошила далеку помалку од дозволениот максимум.

ВМРО ДПМНЕ за секој гласач потрошила 46,7 денари, ДУИ 20,3 денари, додека СДСМ 6,7 денари, додека пак ДПА и 0.003 денари за секој регистриран гласач. Од СДСМ велат дека не им е јасно одбивањето за трошоците на ВМРО – ДПМНЕ, освен ако за изборите во април не планираат да потроши милиони.

Додека партиите се уште не се согласуваат за Изборниот законик, се доближува рокот и за другите прашања кои мора да се решат. Тоа е изборот на новите министри и заменици министри, усогласување на Закон за забрана за објавување на нови прислушувани разговори и Законот за заштита на свиркачите, како и прашањето за медиумите треба да се договорат до 20 октомври. Партијата на Заев, 20 октомври го смета како втор тест за успех или пораз на политичкиот договор.

Бењамин Арифи


http://alsat.mk/News/216598/vmro--dpmne-sinokja-povtorno-go-napushti-sostanok-na-rabotnata-grupa


Ако ги саботира преговорите, раководството на ВМРО-ДПМНЕ на европска црна листа?



Две релевантни европски амбасади им се заканиле на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ кои учествуваат во преговорите, дека ако Договорот од Пржино не се примени, на седум претставници на тесното раководството на партијата на премиерот Никола Груевски ќе им се забрани влез во нивните земји, дознава Алсат-М од дипломатски извори.  

Ова предупредување дошло во понеделникот по полноќ откако меѓународниот посредник Петар Ванхауте го ставил на маса неговиот предлог за Изборниот законик, кој главно се темелел на предлозите на партиите. Веднаш по објавувањето на предлогот, претставниците на ВМРО –ДПМНЕ побара пауза за консултации во партијата и до 02.30 часот не се врати

http://plusinfo.mk/vest/43485/ako-gi-sabotira-pregovorite-rakovodstvoto-na-vmro-dpmne-na-evropska-crna-lista

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by osa on Сре Окт 14, 2015 8:59 pm

Јанева: Советот го прекрши договорот од Пржино



Советот на јавни обвинители денеска донесе одлука специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да има седум соработници - јавни обвинители. Станува збор за обвинителите Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатмир Фетаи. Според планот за работа и финансискиот план, Јанева бараше да се формираат седум тима. Затоа ние прво донесовме одлука тие да бидат седум обвинители на број, изјави претседателот на Советот на јавни обвинители на Македонија, Петар Аневски.

- Имаше некои чудни барања, меѓутоа, ние одлучивме за нивниот број и составот. Во скоро време ќе ги кажеме нашите аргументи. Спрема бројот на предмети кои ги имаме предвид, предмети кои ќе ги добијат тие, сметаме дека е доволен тој број на обвинители. Во иднина бројот на обвинители може да се зголеми или намали. Бројот на предмети ги одредивме по разни параметри, а гласањето беше тајно - нагласи Аневски.

Тој обелодени дека екипата на Јанева ќе брои 90 вработени, од кои 30 телохранители, 30 од правосудната полиција и 30 стручни соработници.

- Мислиме дека тоа е сосема доволно. Но мора да имате предвид дека одредени јавни обвинителства се пред колапс. На пример во Кичево, Битола, Гостивар и скопското Јавно обвинителство се во многу лоша состојба. Многу пати барав да се подобри тоа, до Правда пратив низа писма и алармирам дека се пред колапс. Оваа сета состојба е причина што и тука моравме да го намалиме бројот на јавни обвинители. Ова е стара работа и стар проблем - тврди Аневски.

Марко Зврлевски е член на Советот на јавни обвинители и затоа тој денеска присуствуваше, но беше зафатен кога неа ја избравме и кога таа даваше заклетва, појасни претседателот на Советот на јавни обвинители.

Специјалната обвинителка Катица Јанева изјави дека си останува на својот тим кој треба да биде избран од Советот.

- Со оваа денешна одлука Советот го прекрши законот за Специјално јавно обвинителство и го узурпира самиот договор од Пржино. Се надевам дека во скоро време ќе се корегира оваа одлука. Се надевам дека Советот ќе го избере целиот мој тим. Јас освен што го образложив мојот план, не присуствував потоа на седницата. Реков дека ако некој од мојот тим не работи, јас сум таа што ќе му покаже затворена врата. Ова што го направија е само непочитување на законот. Јас сега пред вас новинарите ги слушнав имињата на мојот тим. Сметам дека мора да се почитува законот кој е донесен од политичките партии и договорот од Пржино. Собранието го донесе законот, знаете дека леташе авионот за да се потпише указот и јас другиот ден бев избрана од сите партии и затоа ја прифатив оваа одговрна задача за која знам дека имам капацитет да ја извршам - рече Јанева.

Таа нагласи дека предложените се нејзини луѓе и тоа е нејзиниот тим.

- Не очекувам ништо мазно да иде, но јас цел месец работам сама во просториите на Правда. Понатаму ако треба ќе работам и секој ден ќе барам од Советот да ми го избере цел тим. Ќе видиме кога Советот ќе закаже да дадат заклетва. Мислев дека ова мојот тим кој треба да работи на овие прислушкувани материјали. За се друго се изјаснија позитивно - тврди Јанева.

Запрашана за масивната негативна кампања во провладините медиуми таа вели:

- Секој си има право што сака да каже, јас сум позната и приватно и службено каква сум и дека су, професионалец. Сите ме охрабрувате, јас сум отворена личност и мислам дека ќе помогнете да го изберам мојот тим. Се трудам да ја истерам правдата до крај. Еден аргумент ќе ви дадам: Во обвинителството од Скопје никој не е избран, а има од Гостивар, ако таму имало проблеми и минус на кадри зошто од таму избраа?. Вие толкувајте зошто никој од скопското ОЈО не е избран.... Не чуствувам опструкции, јас го сакам мојот тим и ве барам вас медиумите да бидете дел од мојот тим за да го избереме тимот. Се надевам дека ЕУ и САД ќе слушнат за ова. Ние не знаеме колку предмети има, колку ќе ни достават. Треба за секоја пријава до нас да одговориме дали е наша надлежност, тоа е голема работа и јас тоа го сфаќам како предизвик. Јас верувам во Македонија и се надевам дека еднаш овде ќе завладее правото. Но засега не знам коку предмети имам - рече Јанева.
http://vesti.mk/read/news/6756734/2528809/janeva-sovetot-go-prekrshi-dogovorot-od-przhino

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 11952
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ОБВИНИТЕЛ СПЕЦИЈАЛЕН -КАТИЦА ЈАНЕВА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 19 Previous  1, 2, 3 ... 10 ... 19  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот