Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

КРУША

Go down

КРУША Empty КРУША

Пишување by Гостин Сре Сеп 16 2015, 08:55

Круша и расад на круши во Македонија

Крушата спаѓа во родот Pyrus. Во овој род се детерминирани 15 видови кои се предци на 6000 културни сорти круши. Меѓу овие видови како родоначалници на голем борој сорти позначајни се: Дива шумска круша (Pyrus communis L.), Горница (Pyrus amygdaliformis Vill.), Снежна круша (Pyrus nivalis Jacg.), Маслинолисна круша (Pyrus eleagrifolia Pal.), Песочна - пустинска - кинеска круша (Pyrus sirotinia Rehd.), Брезолисна круша (Pyrus betulifolia Bun.), Усуриска круша (Pyrus usuriensis Maxim.), Сириска круша (Pyrus syriaca Boiss.) и други.

Според податоците на ФАО, светското производство на круши изнесува околу 17 милиони тони. Кина е држава со најголемо производство на круши, со над милион тони годишно. Тренд на зголемување на производство се забележува во сите поголеми производители. Значителен порас на површините и производите на круши се забележува во Западна и Јужна Европа. Многу битно и интересно е да се истакне дека овој пораст е поради појавата на бактериската племеница на крушата, која во овие региони успешно се контролира. Голем пораст на производството на круши се забележува во јужната хемисвера. Индексот на пораст на производството во Аргентина и Чиле изнесува над 2.8%, каде преовладува концептот на интералното и органското производство.

    Во нашата држава во 1975 година имало вкупно 800 илјади стебла, во 1988 бројот бил зголемен на 1488 илјади стебла. Во 1980 година имавло 433 ха плантажни насади а во 1990 година се достигнал максимумот од 660 ха. Со стапувањето на род на плантажните насади, производството се зголеми од 16 до 22 илјади тони, кое околу половина бело во општествениот сектор. По 1990 година бројот на стебла, насади со круши и производство нагло се намалило. На пазари круши речиси немало, многу мал број на продавачи нуделе круши. Повремено се увезувале круши од Србија, Грција, Италија, Турција па дури и од Чиле и Аргентина. Крушата во Република Македонија се наоѓаше пред целосно уништување. Крушата може да се ревитализира и да биде високо рентабилна со употреба на отпорни сорти и подлоги. Исто со преминување во интегрално и органско производство со крајна редукција на агрохемикалиите.

За крушата може да се употребат генеративни и вегетативни подлоги.Во нашите краишта од големо значење се генеративните подлоги: дивата шумска круша, горница и семенци од диплоидни културни сорти на круши.

1. Дивата шумска круша - или обична дива круша е распространета скоро во цела Европа, Мала Азија и Северна Африка. Во Македонија се среќава насекаде до 1 500 м надморска височина. Дивата круша најдобро вирае на повлажни почви. Најразноврсни и најдолговечни диви круши се среќаваат на алувијални почви покрај реки, долови, потоа во увалите помеѓу ридовите. На такви локалитети се среќаваат џиновски диви круши со обем на стеблото преку 3.5 м и висина преку 20 м, стари и по неколку векови. Одовде може да заклучите дека дивата круша како подлога треба да се користи за терени обезбедени со вода за наводнување. Дивата круша се смета како бујна подлога за крушата.

2. Семенци од диплоидни културни сорти круши - се во широка употреба во некои земји. Особено се истакнале виљамовката, гелертовата масловка, кајкушката и др. Тие даваат повоедначени семенци, кои побрзо се развиваат и имаат поразгранет корен.

3. Горницата - спаѓа во медитеранска географско-еколошка подгрупа на круши. Горницата е изразито ксерофитно и термофитно растение, кое расте по најсувите и најсиромашните каменливи и скелетни терени, а често и во пукнатините на карпите. Во Македонија е често застапена во средниот и источниот дел, во Мариово, на Галичник, Жеден и други места. Во Македонија исклучиво се користо само за калемење. Има одличен афинитет со сите сорти на круши. Можат да ја третираат како среднобујна подлога за круши.

Најпозната сорта круши е Виљамовка. Се карактеризира како кралица на крушата. Потекнува од Англија, пронајдена како случајно семе. Таа е најраширена светска сорта, водечка во сите овоштарски земји. Созрева прикрајот на август, но треба да се бере 2 недели пред да пожолти. Плодовите се крупни и доста уедначени. Плодот е неправилно издолжен и по површината нерамен. Покожицата е тенка, нежна, сјајна со зеленкаста боја, со слабо руменило, од сончевата страна. Понекогаш целата покожица е испрскана со густи и ситни кафеави флеки кои плодот го прават многу убав на изглед. Месото е жолтеникаво, нежно, сочно, топиво и многу фино, со слатко накиселен освежителен вкус и инзворедна арома. Квалитетот му е одличен и се смета за најквалитетен не само во крушите туку воопшво помеѓу сите видови овошјето. Најквалитетна светска сорта за универзална употреба - за свежи конзумации,  преработка во копмоти, сокови, сушење, ракија. Осетлива е на ервинија и на псила.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот