AMNESTIJA

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

AMNESTIJA

Пишување by Гостин on Сре Сеп 23, 2015 11:17 pm

Denovive, aktuelni se protestite na rodninite na zatvorenici, osudeni za razlichni dela...Baraat amnestija...Pobaraa i referendum za poddrshka...Koj deneska vladata go odobri...

Владата попушти, референдум за амнестија ќе има

Со солзи радосници роднините и пријатели на затворениците ја дочекаа веста дека Владата доставила одлука до Државната изборна комисија за распишување на референдум за измени во Законот за амнестија.

Најблиските на осудените, се надеваат дека на референдумот ќе успеат да ги добијат потребните 10 илјади потписи, со кои ќе предложат намалување на казните за 40 отсто, освен за оние кои се однесуваат на геноцид и за оние кои се во бегство, а казната за доживотен затвор ќе се преиначи во казна затвор до 20 години. Дел од барањата се и похумани услови во затворите.

-Добивме информација дека одговорот од Владата стигнал до ДИК и се дозволи распишување на референдум. Презадоволни сме, многу беше тешко до тука, а уште потешко не чека, изјави за НОВА Мери Николова од Граѓанската иницијатива за измени во Законот за амнестија.

Пред да ја добијат информацијата, граѓани речиси два часа со жив штит ја блокираа улицата пред Владата на Република Македонија, во очекување на одговорот од премиерот.
Во тоа време, роднини, пријатели и цели семејства на осуденици бара од полицајците кои се надлежни за обезбедување на зградата, кој било од службите да им достави писмена копија за да можат мирно да заминат дома.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: AMNESTIJA

Пишување by Гостин on Сре Сеп 23, 2015 11:18 pm

No, vo javnosta mozhat da se slushnat i drugi mislenja...Sprotivni na onie od semejstvata na zatvorenicite...

Не смее да има амнестија за затворениците

Читам и неможам да си поверувам што читам,убијци,криминалци и извршители на тешки кривични дела да се амнестираат целосно и да се ослободат.До каде оди лудилото,до каде ќе не одведи сето ова што се случува ? Дали некој нормален може да помисли такво нешто,убиецот што го масакрираше телото на жртвата во Прилеп,што дури и на таванот имаше крв распрскана само за да му ги одземат неговите пари, да се шета слободен,или убиецот на детето,или убијците на невините деца,или педофилите или наркодилерите или……..Во Македонија има многу причини да се протестира,во Македонија има многу проблеми за кои треба да се блокираат улици,но не за осудени убијци,монструми,криминалци,педофили,не за нив.Во Македонија треба да се протестира за да се врати смртната казна а не доживотниот затвор да им се намалува,во Македонија треба да се протестира за сите оние кои се извршители на тешки кривични дела а се шетаат слободно затоа што се под „заштита“на некои моќници и продадени суштества кои се нарекуваат судии.Може да побараат да се подобрат условите во Казнено поправниот дом,но не и да се ослободат,не слобода за такви монструми,затоа што во Македонија има доволно слободни неевидентирани криминалци,не и требаат и други.Освестете се ова веќе ги преминува сите мерки на нормалност……ние одамна сме многу далеку од нормалното.Кога ќе помислите на оваа самоубиствена идеја,помислете дека и на вас или вашите деца може некој монструм,убиец,педофил да ви направи нешто што ќе го паметите цел живот.Затвор за криминалците и враќање на смртната казна во Р.Македонија.

Влатко Ристески, активист

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: AMNESTIJA

Пишување by Гостин on Сре Сеп 23, 2015 11:20 pm

Znaeme daka vladata i Grujoshesku vo situacijata vo koja se naogjaat bi napravile se, samo da ja zgolemat popularnosta...No shto e so onie koi se oshtetenata strana...Semejstvata na koi nekoj od onie za koi se bara amnestija im ubil nekoj blizok...Ili im siluval nekoj blizok...Kade vo ovoj sluchaj kje bide pravdata za zhrtvite???

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: AMNESTIJA

Пишување by osa on Чет Сеп 24, 2015 12:38 am

kolku jas shto slushnav po mediumite mislam deka se bara izmeni vo zakonot no ne za site osudenici komplet ,tuku samo za lesni krivichni dela ...eden od organizatorite kaza: ima nekoj shto lezi za 10 eura ....na toj moze da mu se pomogne da se resocijalizira so pomala kazna...za takvi i nemu slichni se bara ovaa amnestija ne i za teshki krivichni dela kako na primer ubistvo so umisla ,siluvanje ,pedofilija i slichno

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: AMNESTIJA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот