PARI vs. UBAVINA

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

PARI vs. UBAVINA

Пишување by Гостин on Пет Сеп 25, 2015 7:55 pm

Оглас на една девојка: Убава сум и барам богаташ - Богат банкар убаво и' покажал каде и' е местото

На портал за барање партнери една девојка напишала писмо дека идниот маж мора да заработува многу пари и објаснила зошто. Добила неочекуван одговор.



„Младата и убава девојка“, како што самата се опишала на форумот побарала совети што треба да направи за да се омажи за богат човек.

Ова било нејзиното барање:

„Ќе бидам искрена во она што ќе го напишам. Имам 25 години и сум многу убава. Имам стил и добар вкус. Мојата желба е да се омажам за човек кој заработува најмалку 500.000 долари годишно. Можеби сметате дека претерувам, но според мене, заработката од милион долари годишно во Њујорк спаѓа во средната класа. Моето барање е сосема нормално. Има ли некој на овој форум кој годишно заработува 500.000 долари, а воедно, е и неоженет? Ако има некој таков, за него имам едно прашање: Што треба да направам за да се омажам за тебе? Оние кои досега ги запознав имаа годишна плата од најмногу 250 илјади долари и изгледа дека тоа е мојата горна граница. Но, за некој кој сака да се пресели во луксузен кварт на западот од Њујорк, 250.000 долари едноставно не се доволни.

Затоа, ги поставувам следниве неколку прашања:


Каде најчесто се движат богатите ергени? Наведете ми адреси од баровите во кои тие излегуваат!

На која возрасна група треба да и се посветам?

Зошто поголемиот дел од сопругите на богаташите се со просечен изглед?!

Како одлучувате која ќе биде ваша сопруга, а која само девојка?

Со почит,

Госпоѓица Убава“

До Госпоѓицата Убава набрзо пристигнал и одговор и тоа од страна на директор на една банка:

„Го прочитав твоето писмо со големо внимание. Постојат многу девојки кои имаат слични прашања како твоето. Дозволи ми да ти одговорам на истото од професионална гледна точка. Мојот годишен приход моментално е поголем од 500.000 долари, што ги задоволува твоите потреби.

Од деловна гледна точка, одлуката да се оженам со тебе би била лоша. Игнорирајќи ги одредени податоци, да се обидеме да го гледаме тоа како размена на „убавина“ за „пари“. Личноста А нуди убавина, додека личноста Б таа убавина ја плаќа со пари. Меѓутоа, тука постои еден сериозен проблем. Твојата убавина ќе исчезне, но моите пари нема, не барем без влијанието на некој надворешен фактор. Факт е дека мојот приход може да се зголеми со текот на годините, додека речиси и невозможно е од година во година ти да стануваш поубава.

Затоа, од економска гледна точка, јас сум сопственик на имотот, а ти си амортизација на имотот. Доколку твојот имот е само убавината, таа за десетина години нема да вреди ништо. Со речник од „Wall Street“, секое тргување има почетна точка, а состанокот со тебе би бил „почетната точка на нашата меѓусебна трговија“.

Така, ако вредноста на нештото опаѓа, истото ќе биде продадено затоа што не е добра идеја нешто кое што пропаѓа да се чува подолг временски период. Можеби ова ќе звучи грубо, но со пропаѓањето на твојата убавина, бизнисменот ќе те продаде или барем ќе те даде под „закуп“. И внимавај девојко, секој кој заработува по 500.000 долари годишно, веројатно не е будала! Можеби ќе излезе со тебе, но нема да те ожени. Би те советувал да се откажеш од својата потрага за богат човек. Инаку, можеш и самата да станеш успешна и да заработуваш по 500.000 долари годишно. Во тоа имаш поголеми шанси отколку да се ожениш со богата будала!“

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: PARI vs. UBAVINA

Пишување by defo on Пет Сеп 25, 2015 9:04 pm

реално и одговорил дечкото..што е и многу блиску до вистината, во секоја трговија секој сака добивка........Very Happy

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PARI vs. UBAVINA

Пишување by tmoro on Пет Сеп 25, 2015 9:50 pm

Go citav ova pred godina ili dve odgovorot sto go dobi devojkata e na mesto.

tmoro

Број на мислења : 545
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PARI vs. UBAVINA

Пишување by reiter on Пет Сеп 25, 2015 10:37 pm

хм,ако биде паметна како што вели дека е убава може и десет пати да се збогати во однос господинот кој има пари.Едноставно се треба среќа,и прави потези.Секогаш некој добива а некој губи.Без разлика на однос убавина со споредба на пари.И едното и другото се губи со времето.Важно е кој по прв ќе има среќа и знае добро да изменаџира.Исто како што вели дека може да купи за пари многу,зошто да не може и младата дама да ќари повеќе богаташи.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: PARI vs. UBAVINA

Пишување by Hamad bim Khalifa on Саб Сеп 26, 2015 6:49 am

reiter напиша:хм,ако биде паметна како што вели дека е убава може и десет пати да се збогати во однос господинот кој има пари.Едноставно се треба среќа,и прави потези.Секогаш некој добива а некој губи.Без разлика на однос убавина со споредба на пари.И едното и другото се губи со времето.Важно е кој по прв ќе има среќа и знае добро да изменаџира.Исто како што вели дека може да купи за пари многу,зошто да не може и младата дама да ќари повеќе богаташи.

Spored nejziniot oglas .....za pamet koga stanuva zbor - TESHKO! Evil or Very Mad
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PARI vs. UBAVINA

Пишување by reiter on Саб Сеп 26, 2015 8:15 am

па мене ми личи паметна затоа што таа ја фрлила јадицата Smile,демек бара каде се богаташите,и ете ОП овој паметен и одговорил и не слутејќи дека одговара(прифанал) размислување на една потрошена роба со тек на времето Smile.Секоја роба си има свој купувач.Море итри се денешниве девојки.

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: PARI vs. UBAVINA

Пишување by osa on Саб Сеп 26, 2015 9:35 am

ako dozvolish reiter da te ispravam ...ovoj javuvajki se ,odgovarajki i na devojkata
ne prifanal kako shto velish ti ,tuku se izdal vo smisla eve jas sum bogatiot ili da recheme se prijavil kako kandidat na oglasot so koj devojkata bara bogatashi ....navistina i spored mene e pametna

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PARI vs. UBAVINA

Пишување by Hamad bim Khalifa on Саб Сеп 26, 2015 10:25 pm

Abe, koj pameten so polno pari ke se zheni/mazhi ???
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PARI vs. UBAVINA

Пишување by osa on Саб Сеп 26, 2015 11:05 pm

Hamad bim Khalifa напиша:Abe,  koj pameten so polno pari ke se zheni/mazhi ???

ме изнасмеа ...имаш право

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PARI vs. UBAVINA

Пишување by Гостин on Саб Сеп 26, 2015 11:27 pm

Bravo kalifu...ova za tebe...


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: PARI vs. UBAVINA

Пишување by osa on Нед Окт 18, 2015 11:05 pm

mislite deka parite ne se vazni za sreka vo zivotot ?????
jas mislam deka samo ljubovta e taa shto go diktira nachinot na zivot .....

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: PARI vs. UBAVINA

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот