Grujo i Gjole

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Grujo i Gjole

Пишување by Гостин on Пон Сеп 28, 2015 5:41 pm

Spored nekoi za slava...

ГРУЈО МУ ЈА ЗЕДЕ СЛАВАТА НА ЃОЛЕ СО БУШ

Премиерот Никола Груевски го одликуваше со орден поранешниот американски претседател Џорџ Буш, место претседателот Ѓорге Иванов. Иако е практика Претседателот да врачува државни одликувања и признанија, овој пат тоа го стори премиерот.

No spored nekoi drugi...

За кого лобира Груевски во САД - за Македонија или за сопствената глава?

Според неофицијалните информации, пак, целта на посетата на Груевски на Америка воопшто не е поврзана со привлекување на странските инвестиции и со Генералното собрание на ОН, туку е негов обид да лобира и да најде пријатели меѓу високите претставници на американската администрација кои може да му помогнат во време кога специјалната обвинителка треба да го одмота клопчето од прислушуваните разговори и кога се доведува во прашање и неговото останување на власт, но и неговата слобода. Дипломатски извори брифираат и дека актуелната власт давала високи суми на фирми блиски до актуелната администрација во Белата куќа, во обид да ја добие наклоноста на Викторија Нуланд или некој од нејзиниот или повисок ранг.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Grujo i Gjole

Пишување by трендафил on Пон Сеп 28, 2015 10:05 pm

Очигледно е дека имате бујна мечта. Сега ја обвинувате американската администрација за корупција, како да е Обама ист како Зоран Заев. Или сметате дека е криминал наводното давање пари на американската администрација од македонска страна, а дека не е криминал истите да се примат. Како што сметате дека не е криминал ако Заев на едно евро за општината зима две евра за себе. Патем, Џорџ Сорос не е дипломат, па тоа што извира од неговата опоганета пирамидална организација, не е дипломатски извор. Истовремено ја обвинувате САД за мешање во македонскиот правосуден систем, односно дека тие сакаат да ја срушат македонската власт и да ни наметнат вазалска. Не сакам да се трудам да го следам линкот и да видам која будала од новинар напишала ваква глупава вест. Ме изненадува што уште има луѓе што лекоумно примаат вакви информации. Иако стилот личи на тој на првото соросписко перо - Геровски.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2681
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Grujo i Gjole

Пишување by Гостин on Пон Сеп 28, 2015 10:31 pm

Полека бе Трендо. Релаксирај се малку. Многу се вознемируваш кога ќе ти го фатат пастирот со спуштени гаќи. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Grujo i Gjole

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 12:45 pm

Konechno i DUI da predlozhi neshto so shto se soglasuvam...Na ova jas bi dodal i da im se ukine dozhivotnata plata na poraneshnite i idnite poraneshni pretsedateli...Nitu ja zasluzhuvaat nitu pak imaat ne znam kakva uloga vo upravuvanjeto so drzhavata...Premnogu e da gi penzionirame na 45 godini samo za ulogata na angliska kralica...

ДУИ во преговорите побарала претседателот на државата да се избира во Собрание

Претставниците на ДУИ во работната група вчера за време на дискусиите за измена на Изборниот законик побарале во изборниот пакет да влезе нивното барање претседателот на државата  да се избира во Собранието и со Бадинтер, јави 24 Вести.

Ова барање на ДУИ е од минатите избори, но сега го повторуваат. Тоа би значело и уставни измени, бидејќи изборот на шефот на државата е  регулиран со највисокиот правен акт.

Од ДУИ тврдат дека кога се отвора изборното законодавство логично е сите отворени прашања да се решат.

Изборот на претседателот на државата официјално беше причината поради која Ахмети побара предвремени парламентарни избори лани заедно со претседателските. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ засега не коментираат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Grujo i Gjole

Пишување by Гостин on Пет Мар 04, 2016 9:12 am

Molchenjeto e zlato...Eve i dokazi...Horhe stana popularen i vo Germanija...

Ѓорге Иванов: сервилен претседател без идеи и амбиција

Германскиот ФАЦ денеска објавува портрет на македонскиот претседател во кој го опишува Иванов како „најнерелевантниот претседател во историјата на Македонија“.



„Кога македонскиот претседател ќе каже нешто, тоа не значи и дека имал нешто да каже“, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг во денеска објавениот портрет за македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Во него, Иванов се портретира како политичар „без идеи и амбиции“ кој, за разлика од неговиот претходник Борис Трајковски, повеќе „сака да отвора мостови и фестивали за колбаси“ отколку да ја претставува земјата во странство.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Grujo i Gjole

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот