ШНИЦЛИ

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ШНИЦЛИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:10 am

ЛОВЕЧКИ ШНИЦЛИ

потребно:

4 шницли по желба
лук, масло, моркови
500 мл сок од домати
брашно, сол, црн пипер, магдонос


подготовка:

Шницлите се зачинуваат со сол. Извалкајте ги во брашно од двете страни и испржете ги во жешко масло. Во истото масло ставете го сокот од домати, додадете 200 мл вода и морковите кои претходно сте ги исекле на парчиња. Сите состојки нека се динстуваат, додека не омекнат морковите. Потоа вратете ги шницлите во сосот, ставете цели чешниња лук и динстувајте сè заедно уште 30 минути. На крај ставете магдонос.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ШНИЦЛИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:12 am

Свински шницли во сос

1,2 кг свинска удина
3 големи главици кромид
1-2 морков
1 коцка за супа
по вкус сол и зачини (предлог- црн бибер, мајоран, енибар, куркума, сумак)
2 ловорови ливчиња
1 чаша суво бело вино
2-3 чаши вода
1 полна лажица прашок од крем супа од печурки со маслиново масло

Исечете го месото на шницли со дебелина од околу 1 см.
Во широка и длабока тава ставете малку маслиново масло и испржете го месото од двете страни.
Извадете го на страна и во истата мрснотија ставете го кромидот покрупно исецкан да се пржи со половина чаша вода. Морковот исецкајте го на ситни тркалца и ставете го да се пржи заедно со кромидот. Откако ќе стани стаклест, посолете и додадете ги зачините. Налејте го виното и водата и кога ќе затоплат издробете ја коцката за супа. Вратете го месото повторно во садот и додадете ги ловоровите ливчиња. Оставете да крчка на умерена температура со полупокриен капак се додека не згусни течноста и месото убаво омекни. Доколку ви е брза температурата, додадете уште малку вода, па приварете.
Тргнете го месото на страна. Прашокот за супа растворете го во половина чаша вода и додадете го во јадењето. Нека крчка додека се згусти сосот.

Јадењето послужете го со варен или печен компир и некоја свежа салата.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ШНИЦЛИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:14 am

Шницли од риба и компири

600гр ослич
4 компири
1 јајце
1 кромид
2 лажици брашно
1 лажиче зачин,сол,црн бибер

Во тенџере во зовриена вода ги ставаме рибите да се варат. Исто ги вариме и компирите.
Кромидот го сецкаме многу ситно и го ставаме да се запрже. Го вадиме од оган и го додаваме компирот изрендан или згмечете со вилушка. Сварените риби ги чистиме, ги ситниме со раце и ги додаваме во тенџерето. Додадете го и јајцето и брашното. Посолете, ставете зачин и бибер. Промешајте смесата да се соедини.
Со раце ги формираме шницлите, ги набрашнуваме и пржиме во поголема количина загреано масло.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ШНИЦЛИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:15 am

Поховани јунешки шницли

1кг јунешко месо
3 јајца
150-200гр брашно
2лажици рузмарин
100мл зејтин +за пржење

Месото се става меѓу најлонска фолија и се чука на потенко околу пола сантиметар. Откако ќе се исчука добро се реди во поголем сад каде што може да одседи барем 4-5 часа. Најдоле во садот се премачкува зејтин, над него се става шницла која исто се премачкува со зејтин ,се поросува со вегета, црн бибер и ситно сецкан рузмарин.Ова се повторува се додека не се наредат сите шницли. Шницлите треба да одседат во фрижидер да месото впие од зачините и од зејтинот, а потоа секоја шницла прво се става во брашно, потоа во матени јајца и се пржи на средна температура. Овие шницли се омилени кај нас и за жал говедско само вака се јаде кај мене. Многу е вкусно и меко и пробајте нема да зажалите за подготовка на овој едноставен, а вкусен рецепт


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ШНИЦЛИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:16 am

Шницли со сос од праз

4 свински шницли
2 лажички сенф
по потреба мешан сув зачин и црн бибер
Сос
1 помал страк праз
150мл. неутрална павлака за готвење
1 сува пиперка
по потреба сол, масло,вода
И уште
200гр. свежи шампињон

Премачкајте ги шницлите со сенф, посипете со мешан сув зачин и црн бибер и ставете ги да се пржат во малку масло.
Откако ќе бидат скоро готови додајте ги исецканите шампињони.
Во друга тава ставете малку масло и додајте ги сецканиот праз и сецканата сува пиперка.
Посолете и оставете да се запржи, а потоа додавајте постепено вода додека празот убаво омекне.
Испржениот праз префрлете го во блендер, додајте ја павлаката и убаво изблендирајте.
Во чинија за сервирање ставете ги шницлите, премачкајте ги со сосот и ставете од пропржените печурки.
Послужете ги со свежа или компир салата.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ШНИЦЛИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:18 am

Ролувана шницла

1кг свинска шницла од бут
300гр печурки
300гр кашкавал
1 лажица мешан зачин
1 лажица буковец
1 лажичка оригано
бешамел сос
1/2мл млеко
2 лажици брашно
50гр путер
1/2 лажичка мешан зачин
1/2 лажичка буковец
1/2 лажичка бибер

Еве уште еден предлог за едноставен но многу вкусен ручек, морам да кажам дека ролатчињата се преубава декорација и за некоја прослава.

Подготовка
Од кило добиваме пет шницли кои малку ги чукаме за да формираме убави ролати. Секоја шницла ја посолуваме со мешан зачин, буковец и оригано, потоа ставаме кашкавал и по малку печурки. Шницлата ја ролуваме ја ставаме во фолија и ги редиме во пекач, полеваме до половина на шницлите со вода, затвараме и печеме половина час на 220степени.

Подготовка на бешамел сос
Путерот го загреваме и го додаваме брашното малку пропржуваме и постепено го сипуваме млекото, сосот го зачинуваме по желба.
Сите шницли ги вадиме од фолија повторно ги враќаме во пекачот, полеваме со бешамел и печеме уште половина час.
Сечете одкако ќе се изладат...послужете ги со свежа салата.
Добар апетит!!!


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ШНИЦЛИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:19 am

Сочни шницли со павлака

Со овој рецепт веќе не треба да се жалите дека шницлите ви испаднале премногу суви! Благодарение на овој рецепт ќе добиете сочно и ароматично јадење, кое ќе го обожаваат вашите дома и вашите гости.

Состојки:

2 главици кромид
чешне лук
4 свински шницли (по 160 грама)
3 лажици масло
сол, бибер
2 дл павлака
2 гранчиња мајчина душица

Подготовка:

Рерната загрејта ја 80 степени. Излупете го кромидот, па едната главица исечете ја на кругови, а другата на коцки. Излупете го и лукчето и исечете го на коцки. Месото испржете го на врело масло, во голема тава за пржење 3-4 минути од секоја страна. Кога ќе бидат при крај со пржењето, во тавата додајте ги круговите кромид и кратко пропржете ги. Сето тоа извадете го и држете го во загреаната рерна.
Во истата тава додајте ги коцките од лукот и кромидот и пржете околу две минути, потоа посолете и зачинете со бибер. Додајте ја павлаката и сокот од лимон, па сите состојки добро испасирајте ги. Измијте ја мајчината душица и додајте ја во сосот, па оставете да се врие 5-10 минути, а потоа зачинете го. Послужете го сосот заедно со шницлите и круговите кромид.
Време на подготовка: 45 минути.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ШНИЦЛИ

Пишување by osa on Сре Сеп 30, 2015 9:53 pm

golema ponuda ...koga si gladen se ti se jade ....a jas sega sum gladna i toa mnogu ...shto da odberam ...koi se pravat najbrzo ...mislam za najkratko vreme ...

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ШНИЦЛИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 10:02 pm

Не знам. Но гладен сум и јас. И бидејки немам време да спремам шницли ќе јадам баничка со сирење и јогурт.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ШНИЦЛИ

Пишување by osa on Сре Сеп 30, 2015 10:09 pm

nazdravje ...jas nemam banichka Sad Sad Sad Razz Razz Razz

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ШНИЦЛИ

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 10:12 pm

Ќе ја поделиме мојата, ама во меаната. Не знам само што би пиеле после баничка и јогурт за вечера.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ШНИЦЛИ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот