Sirija

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Sirija

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 5:47 pm

Русија ги започна воздушните напади во Сирија



Русија започна со воздушните напади во Сирија против опонентите на претседателот Башар ал-Асад, соопштил претставник на американското Министерство за одбрана, објави BBC.

Нападите биле изведувани на западниот дел на земјата околу градот Хомс, а Вашингтон бил информиран однапред дека нападите ќе се одвиваат.

Граѓанската војна во Сирија се одвива веќе четири години, а започна откако вооружени бунтовници започнаа иницијатива да го симнат ал-Асад од претседателската фотелја.

Во борбата против сиријскиот претседател подоцна се вклучија и џихадистите од Исламската држава.

Како што соопштило американското безбедносно биро, тие биле известени од руски претставник присутен на терен во Багдад утрово, кој исто така од САД побарал да не се меша во воздушниот простор за време на нападите кои ги изведува Русија.

Американскиот претставник пак, потенцирал дека коалицијата која ја предводи САД во борбата против ИСИС ќе продолжи и изразил критика за потегот на Русија.

- Добредојден е конструктивен пристап од Русија, но денешното дејствување нема да ги запре нашите намери. Потребно е наскоро да разговараме за ова, изјавил тој.

http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=5&vest=24657

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Sirija

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 6:43 pm

Убиени 12 деца-војници во француските воздушни напади во Сирија



Сириски активисти велат дека во првите воздушни напади на Франција против групата на Исламската држава во Сирија, убиени се најмалку 30 луѓе, вклучително 12 деца-војници. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека околу 20 милитанти биле повредени при нападите врз камп на ИД на 27 септември во источна Сирија. Франсцускиот претседател Франсоа Оланд соопшти дека шест авиони го уништиле кампот и оти во следните денови би можело да одржат нови напади. Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан, рече дека е погоден „стратешки центар“ за милитантите кои патуваат меѓу Сирија и Ирак. Тој додаде дека Франција има докази дека странски борци биле тренирани во камповите во Сирија за да вршат напади во Европа.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Sirija

Пишување by Гостин on Чет Окт 01, 2015 11:00 pm

Merkel za sojuz so Rusija, za kraj na vojnata vo Sirija...

Меркел: Војната во Сирија може да заврши со помош на Русија



Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека на граѓанската војна во Сирија може да и се стави крај само со помош на Русија, која од вчера започна со напади врз цели на исламистите на сириска територија.

Во обраќање на собир по повод 25-годишнината од обединувањето на Германија во источногерманскиот град Хале, Меркел нагласи дека приливот на белаци во Европа може да биде запрен само ако се решат проблемите кои ги тераат тие луѓе да бегаат од нивните домови. „Тоа посебно важи за Сирија, каде сите со години знаеме дека решение е можно само со помош на Русија“, истакна Меркел.

Втор ден Русија бомбардира цели на џихадистите во Сирија, а изрази подготвеност да преземе воздушни напади и во Ирак, но откако ќе стигнела молбата од ирачката влада. Иако Москава и Техеран се уште не разговарале на оваа тема ирачкиот премиер Абади изјави дека ќе ги поздрави руските напади врз ИД во неговата земја.

Денеска, по пат на видео конференција, министерствата за одбрана на САД и Русија водеа разговори за начините како руските и американските сили кои вршат воздушни напади во Сирија, случајно да не отвора оган едни на други. Информациите на некои западни медиуми за цивилни жртви во Сирија Путин ги нарече „информативен напад“. Тој се надева дека Русија и САД ќе изградат механизам за размена на информации за борбата против тероризмот во Сирија.

- Што се однесува до информациите во медиумите дека се погодени цевили, подготвени сме за таков „информативен напад“ и сакам да ви го свртам вниманието на фактот дека првата информација дека има жртви меѓу цивилите беа објавени пред да полетаат нашите авиони, рече пред новинарите Владимир Путин, руски претседател.

- Амбициите на Путин очпигледно се запрепастувачки, мои пријатели, тој сака да го поддржи Асад, да биде главен во транзицијата, а ја поткопува американската политика и делување со цел да ја прошири руската моќ на Блискиот исток, како што реков, невидено од 1973, смета Џон МекКеин, републикански сенатор.

Белата куќа предупреди и дека „неселективните“ напади на руските сили може да претставуваат ризик за продолжување на конфликтот или за вовлекување на Москва во воениот судир во Сирија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Sirija

Пишување by Гостин on Пет Окт 02, 2015 9:20 am

Тоа веројатно за да можат ИСИЛ кој тие го снабдуваат со оружје непречено да уништува и убива.

САУДИСКА АРАБИЈА БАРА РУСИЈА ДА ПРЕСТАНЕ СО ВОЗДУШНИ НАПАДИ ПРОТИВ ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА

Саудиска Арабија е вознемирена од дејствијата на Русија во Сирија, изјави постојаниот претставник на земјата во ООН Абдала ал-Муалими.




Саудиска Арабија бара да запрат воздушните напади на Военото воздухопловство на Русија во Сирија, го цитира телевизијата „Ал Арабија“ постојаниот претставник на таа земја во ООН Абдала Ал-Муалими.

„Бараме таа (операцијата на ВКС РФ) да биде запрена итно и да не се повторува“, го цитира постојаниот претставник агенцијата „Ројтер“ повикувајќи се на телевизијата.

Ал-Муалими изјави, настапувајќи на Генералното собрание на ООН, дека Саудиска Арабија е вознемирена од дејствијата на РФ во Сирија, пренесува телевизијата.

http://grid.mk/read/news/511043392/10543245/saudiska-arabija-bara-rusija-da-prestane-so-vozdushni-napadi-protiv-islamskata-drzhava

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Sirija

Пишување by defo on Чет Ное 19, 2015 11:10 pm



И овие деца имаа право на живот, јас ни најмалку не го одобрувам она што се случи во Франција..меѓутоа, големите момци(со мали куриња), треба да сфатат дека преку невини жртви не се доаѓа до целта.

defo

Број на мислења : 1924
Join date : 2015-01-13

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Sirija

Пишување by chargerburnout on Сре Дек 02, 2015 12:58 pm

Vo Sirija sekoj gazi nad kogo ke stigne, a najmnogu vrz nevinite civili, posebno mrazam sto toa se deca. Milo mi e sto Rusija trgna vo akcija, iako iskreno i Rusite imat nivni interesi, sepak najgolemiot interes e kraj na vojnata, za sto Rusija za razlika od drugite saka da mu stava kraj veke ednas dobro.
avatar
chargerburnout

Број на мислења : 89
Join date : 2015-12-01

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Sirija

Пишување by Гостин on Пет Фед 12, 2016 11:48 pm

Светските сили постигнаа согласност за прекин на насилствата во Сирија



Светските сили се договорија за спроведување на прекин на насилствата на целата територија во Сирија, кој треба да стапи на сила за една недела.

На разговорите во германскиот град Минхен, министрите за надворешни работи на САД и Русија, Џон Кери и Сергеј Лавров се договориле и за забрзување на хуманитарните активности и доставувањето помош во храна и други основни продукти во воените зони.

-Направивме напредок во хуманитарната сфера и прекинувањето на непријателствата.Прогресот во овие две области има потенцијал, доколку е целосно исполнет, да го промени секојдневниот живот на народот во Сирија. Прво, се договоривме да го забрзаме и прошириме доставувањето на хуманитарната помош, започнувајќи веднаш. Второ, се договоривме да воспоставиме прекин на насилствата на национално ниво, започнувајќи по една недела. Тоа е амбициозно но сите се цврсто решени да одиме што е можно побргу, во обид да го оствариме ова, изјави Кери.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изрази задоволство од постигнатиот дипломатски договор на САД, Русија и останатите сили, додавајќи дека тој за прв пат ја вклучува и потребата од целосна соработка не само за политичките и хуманитарните, туку и за воените прашања. Договорот за прекин на огнот нема да важи за припадниците на ал-Нусра и Исламската држава, против кои Русија и САД ќе ги координираат своите операции.

-Како што знаете, минатите месеци имавме многу емотивни разговори за тоа кој ги напаѓа вистинските цели, кој ги напаѓа погрешните цели. Со овој договор, заеднички ќе ги утврдиме регионите кои ги контролираат Исламската држава и ал-Нусра и ова е значаен чекор напред во овој правец. Подвлекувам дека за прв пат, документот кој го усвоивме ја потврдува потребата за соработка и координација не само во поглед на политичките и хуманитарните прашања туку и за воените прашања, изјави Лавров.

ОН соопштија дека се надеваат дека во наредните 24 часа ќе започнат со доставувањето хуманитарна помош во некои од најзагрозените подрачја во Сирија. Вечерва во Женева ќе се состане и тимот на светската организација задолжен за дистрибуција на помошта.

Некои градови во Сирија се без каква било хуманитарна помош повеќе од една година, заради жестоките судири.

Над 250 000 лица ги загубија животите а 13.5 милиони раселени во речиси 5 годишните крвави борби.

Сириската влада засега се уште нема официјална реакција, додека една од најзначајните бунтовнички коалиции го поздрави постигнатиот договор.

Никола Илиевски

http://telma.com.mk/vesti/svetskite-sili-postignaa-soglasnost-za-prekin-na-nasilstvata-vo-sirija

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Sirija

Пишување by Гостин on Пет Фед 19, 2016 6:06 pm

Ердоган е бесен на Американците: Да ја одобревте зоната за забрана на летови, сега руските авиони немаше да дивеат тука!

Реџеп Таип Ердоган е лут на Вашингтон - турскиот претседател не може да се помири со тоа дека не ја добива целосната поддршка од својот „стар пријател“ Соединетите Американски Држави.
Од Дамаск порачаа дека се изненадени од изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел која се сложи со ставот на официјална Анкара на просторот на северна Сирија да биде воспоставена зона на забранети летови.

Од сириското министерство за надворешни работи експресно реагираа и истакнаа дека во целост ја отфрлаат таквата идеја затоа што идејата сама по себе го прекршува суверенитетот на сириската држава и го прекршува меѓународното право.



„Во целост ја отфрламе таквата идеја. Целта на оваа изјава е само да се продлабочи кризата во Сирија, наместо да се придонесе кон пронаоѓањето на решение“, стои во соопштението на официјален Дамаск.

Во врска со идејата да бидат забранети летовите на авионите на северот на Сирија се огласија и Русите - портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Закарова истакна: „Воведувањето на зона за забранети летови ќе го создаде либиското сценарио, а никој не сака такво сценарио во Сирија“.

Закарова потсетува дека овие предлози не доаѓаат од германската канцеларка Ангела Меркел, туку од турскиот претседател Еродан: „Изјавата ја даде германската канцеларка, но ова не е нејзина идеја, туку станува збор за идеја која ја промовира Турција“.

http://tocka.com.mk/1/187138/erdogan-e-besen-na-amerikancite-da-ja-odobrevte-zonata-za-zabrana-na-letovi-sega-ruskite-avioni-nemase-da-diveat-tuka

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: Sirija

Пишување by reiter on Вто Aвг 02, 2016 9:44 pm

нечиста војна,а и која војна е чиста

Отровен гас испуштен во Сирија напиша:

Хеликоптер испуштил отровен гас во сирискиот град Сарагеб. Лекари и спасувачи тврдат дека околу 30 луѓе се погодени со отровниот гас, кој бил испуштен кон крајот на 1 август. Засега не се знае кој е одговорен за нападот. И двете страни во сирискиот конфликт се обвинети дека користат хемиски агенси напиша:

http://www.slobodnaevropa.mk/a/27896039.html

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: Sirija

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот