Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

"КУМАНОВСКИ МЕЗАЛ'К"

Go down

"КУМАНОВСКИ МЕЗАЛ'К" Empty "КУМАНОВСКИ МЕЗАЛ'К"

Пишување by osa Нед Jул 12 2015, 16:23

Kako so koi zborovi da se prenese ovaa ubava vest ...veruvam deka naslovot e SOODVETEN na sodrzinata vo natpisot .....



Пука рафал… ништо, пука бомба… ништо, дели флаери на граница, сензација…

јул 11, 2015Доказ.МкКолумни, Топ2

Незнам дали некој живее во комедија или пак сака од сите нас да прави кловнови? Навистина и по се што ни се случи во Куманово и Македонија, иако сеуште нема одговор од обвинителството и МВР кој е дестабилизатор на државава, кои се всушност луѓето кои контактирале со терористите, зошто се гледале и слушале толку често, дали сеуште истите се на платен список на државава, дали некој превзеде нешто против нив, зошто никој за сериозни не ги земал информациите и анализите на искусните оперативци од УБК, новиот Министер Чавков мува не го лази. Човекот дели флаери за безбеден сообраќај при транзитирање низ Македонија, дали им објасни на странците министре дека е подобро да ја платат патарината во денари бидејќи во евра им е поскапо 30%, им даде ли извинување дека автопатот е во катастрофална состојба и дека можат да возат нормално единствено по левата лента бидејќи десната е целосно уништена и истиот автопат го изгради народот во Титово време со копач и лопата додека Вие заедно со Груевски со багер веќе 10та година го ништите и пак безуспешно, “комуњарите” граделе здраво полни со елан и се од нивно време е неуништиво.
Дали Митко кога помина покрај Куманово денеска се праша себе си кој тоа пред два дена пукаше рафали повторно во Диво Насеље, а па да, тоа била наводно некоја семејна веселба на која што твој припадник на МВР велат Мевљан се викал си играл херој и “изрокал” некој рафал во воздух и додека целиот град беше во паника полициската интервентна група се врати од терен со став дека некој се веселел и фрлал петарди ама овие биле некои специјални и пукале како калаш… Смешно, посмешно одамна не било… А кој тоа кого лаже, кој тоа ги држи Кумановчани под тензија?
И се ќе беше во ред да не се случи сношти уште една “контролирана” експлозија од за сега непозната експлозивна направа, и повторно цела Македонија не само Куманово расправа што било и како било но токму Чавков мува не го лази… господинот безбедни флаери дели на колони цели…
Го чекам и началникот на СВР Куманово Моме да излезе со став и да даде овјаснување кој повторно го дестабилизира Куманово и дали овој пат ќе биде повнимателен бидејќи последниот пат кога се однесуваше како професионалец а не партиски војник, во градот ни се инфилтрира ни помалку ни повеќе туку една цела чета милитанти и терористи кои што убија 8 и ранија 40 полициски специјалци. Најбитно за властодршците е дека беа успешни, ја разбија групата, се сликаа и наградуваа а најголем дел од наградите ги земаа вечити полициски бирократи кои што и 2001ва а и на 9ти и 10ти Мај годинава беа под Јорган планина и координираа со активности, додека нашите момци крвареа до колена.
Ве гледам и ви се чудам, што луѓе нелуѓе ќе да бевте?
Кога и да биде а ќе биде, ќе одговарате за се! Ние сме тука и одиме до крај… ГОТОВ СИ!!!

фб статус на Максим Димитриевски претседавач во општина Куманово

Maksim Dimitrievski

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

osa
osa

Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот