Unikatno i lekovito

Go down

Unikatno i lekovito Empty Unikatno i lekovito

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:53 pm

Уникатно: Растенијата кои ги лекуваат човечките органи на кои личат

Оревот личи на мозокот и ја подобрува меморијата
Плодовите на оревот личат на мозокот. Оревот наликува многу во форма на левата или десната хемисфера на мозокот.
И за тоа не е изненадување дека оревите се нарекуваат „храна за мозокот“. Имаат висока содржина на омега-3 масни киселини, кои помагаат за подобрување на функцијата на мозокот.

Unikatno i lekovito Mozok

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Unikatno i lekovito Empty Re: Unikatno i lekovito

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:54 pm

Морковот е корисен за видот и личи на око
Пресечено кругче од морков, погледнете одблизу и ќе забележите дека личи на око. Но освен што изгледаат како око, морковите се и многу корисни за здравјето.
Тие се полни со витамини и антиоксиданси, како бета каротин, кој ги зголемува шансите за спречување на макуларна дегенерација, главната причина за загубата на видот кај постарите луѓе.

Unikatno i lekovito Morkov

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Unikatno i lekovito Empty Re: Unikatno i lekovito

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:55 pm

Целерот наликува на коските, а е корисно за нивно побрзо заздравување
Долгите стебленца на целерот изгледаат токму како коските, но тие исто така се и корисни за нив.
Целерот е ексклузивен извор на силициум, кој им дава цврстина на коските. Има една сличност помеѓу целерот и коските, а тоа е дека и двете содржат 23% натриум.

Unikatno i lekovito Koski

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Unikatno i lekovito Empty Re: Unikatno i lekovito

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:55 pm

Авокадото има лик како на матката и се препорачува за репродуктивното здравје на жената
Обликот на круша, која го има авокадото, наликува на матката и помага за репродуктивното здравје.
Авокадото е добар извор на фолна киселина, а преку неа се намалува ризикот од цервикална дисплазија, што е преканцерозна состојба.

Unikatno i lekovito Avokado

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Unikatno i lekovito Empty Re: Unikatno i lekovito

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:56 pm

Школките личат на тестисите и го подобруваат квалитетот на спермата
Досегашните истражувања направени од холандските научници покажуваат дека исхраната со фолна киселина и цинк, нешто што го има во големи количини кај школки, значително влијае за подобрување на квалитетот на спермата кај мажите.
Школките се познати и како еден од афродизијаците кои ја подобруваат сексуалната желба.

Unikatno i lekovito Skolki

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Unikatno i lekovito Empty Re: Unikatno i lekovito

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:56 pm

Грејпфрутот ја чува дојката од развој на рак
Сличноста помеѓу тропско овошје, како лимон и грејпфрут, и градите не е случајно.
Грејпфрутот содржи материи кои се нарекуваат лимоноиди кои се покажаа како одлични во потиснувањето на развојот на рак кај лабораториските животни.

Unikatno i lekovito Tsitska

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Unikatno i lekovito Empty Re: Unikatno i lekovito

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:57 pm

Доматот е како срцето и го штити
Пресечете едно парче домат и ќе забележите дека тој има комори, кои личат на структурата на срцето. Истражувањата утврдиле дека поради постоење на ликопен во доматите, има намален ризик за срцеви заболувања кај луѓето кои ги консумираат во големи количини. Приготвувањето на салата со маслиново масло и авокадо ја зголемуваат десеткратно можноста за апсорпција на ликопен од телото.

Unikatno i lekovito Domat

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Unikatno i lekovito Empty Re: Unikatno i lekovito

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:57 pm

Црвеното вино наликува на крвта
Црвеното вино (макар и да не е растение, но е растителен производ), кое е богато со антиоксиданси и полифеноли, вклучувајќи и ресвератрол, изгледа како крв. Кога ќе испиете чаша црвено вино, вие ќе се заштитите од LDL-холестеролот, кој може да предизвика болест на срцето. Исто така виното го намалува ризикот од згрутчување на крвта и така нè штити од мозочен удар и срцеви заболувања.

Unikatno i lekovito Vino

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Unikatno i lekovito Empty Re: Unikatno i lekovito

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:58 pm

Ѓумбирот личи на желудникот
Секој кој некогаш имал проблеми со желудникот, и користел ѓумбир, знае за борбата и за неговите ефекти.
Тој личи на дигестивниот систем. Ѓумбирот има способност да го спречи гадењето и повраќањето.

Unikatno i lekovito Dhumbir

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Unikatno i lekovito Empty Re: Unikatno i lekovito

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:58 pm

Слаткиот компир личи на панкреас
Слаткиот компир има сличен лик со панкреасот, а исто така е и моќен антиоксидант, кој ги штити сите ткива во телото, вклучувајќи го и панкреасот, од секакви штетни влијанија поврзани со рак или стареење.

Unikatno i lekovito Kompir

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Unikatno i lekovito Empty Re: Unikatno i lekovito

Пишување by Гостин on Сре Сеп 30, 2015 9:59 pm

Печурките и увото
Исечете една печурка на половина и ќе забележите колку многу наликува на човечкото уво. Печурките го подобруваат слухот и се едни од ретките хранливи плодови кои содржат големи количини на витамин D, кој е важен за здравјето на коските, дури и на малите, кои се наоѓаат во уво.

Unikatno i lekovito Uvo

http://faktor.mk/2015/09/30/unikatno-rastenijata-koi-gi-lekuvaat-chovechkite-organi-na-koi-lichat/

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Unikatno i lekovito Empty Re: Unikatno i lekovito

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот