Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ХОРОСКОП

+3
kiBik
osa
reiter
7 posters

Страна 6 of 40 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 23 ... 40  Next

Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:22

Близнаци

Тебе ти давам прашања без одговори за да ги споделиш со останатите со цел да го сфатат сѐ она што ги опкружува. Ти никогаш нема да знаеш што луѓето зборуваат или слушаат, но во нивната потрага по одговори ти ќе го најдеш мојот подарок – знаење.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:23

Рак

Тебе те задолжувам да ги научиш луѓето за чувствата. Благодарение на мојата идеја, ти кај нив ќе предизвикаш смеење и солзи за да би сфатиле дека сѐ што гледаат и помислуваат настанува однатре, од длабочината на душата. Ти подарувам семејство за да можеш уште повеќе да ја покажеш својата исполнителност.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:23

Лав

Твојата задача ќе биде да му укажеш на целиот свет за моето постоење во полн сјај. Сепак, морa да бидеш внимателен, не премногу горд и никогаш не заборавај дека јас сум оној кој го создаде светот и сѐ во него, а не ти. Доколку заборавиш, луѓето ќе те презираат. Работата која ти ја доделувам е забавна и радосна, но под услов да ја работиш правилно. Затоа ти подарувам чест.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:24

Девица

Тебе ќе ти дадам задача да истражиш што направило целото човештво со она што го имам создадено. Треба да ги надгледуваш сите луѓе и да ги потсетуваш на нивните грешки. Заради тоа што ќе го направиш во мое име ти подарувам чистина на мислите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:24

Вага

Твојата мисија ќе биде да служиш како пример на кој луѓето би се огледувале и според кој би се однесувале обѕирно кон останатите. На тој начин ќе научат дека сите мора да соработуваат заедно, но и да размислуваат како она што го прават може да влијае на другите. Ќе те поставам негде каде што има неслога, но за возврат ќе ти подарам љубов.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:24

Скорпија

Ќе имаш многу тешка задача. Ќе знаеш што мислат другите, ќе можеш да продреш во нивниот ум, но јас нема да ти дозволам да зборуваш за она што тие го знаат. Ќе има многу случаи кога ќе те заболи она што ќе го видиш и во таа своја болка ќе се свртиш против мене и ќе заборавиш дека тоа не сум јас, туку некој изопачен облик на моите идеи кој предизвикува болка. Ќе видиш многу нешта, како луѓето се однесуваат како животни, па и самата ќе се бориш со она животинското во себе и ќе се изгубиш, но кога конечно ќе се вратиш на вистинскиот пат, и ќе се свртиш повторно кон мене, ќе ти подарам возвишена цел.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:24

Стрелец

Од тебе барам да ги научиш луѓето да се смеат како не би постанале огорчени бидејќи не ја разбираат мојата идеја. Благодарение на насмевката ќе им подариш надеж, а таа надеж ќе ги поттикне својот поглед повторно да го свртат кон мене. Ќе влијаеш на многу животи, макар и на момент, но ќе спознаеш и немир, кој постои во секој човек. Затоа ти подарувам бесконечна благосостојба која ќе можеш да ја шириш насекаде и со светлина да го допреш секое ќоше во кое владее мрак.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:24

Јарец

Твојата задача нема да биде ни малку лесна бидејќи ќе мора да ги подучиш луѓето да работат. Често ќе ја носиш сета грижа на светот на своите рамена, бидејќи тој товар ја содржи одговорноста на твоите браќа и сестри, која ја ставив во твоите раце.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:25

Водолија

Тебе ти го подарувам концептот на иднината како луѓето би увиделе дека имаат неколку можности во животот. Ќе чувствуваш болка заради твојата осаменост, бидејќи не сум ти дозволил да ја персонифицираш мојата љубов. Но, затоа што на луѓето ќе им обрнуваш внимание на фактот дека постојат нови можности за нив, ти подарувам слобода да можеш да продолжиш да му помагаш на човештвото каде што твојата помош ќе биде потребна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Ное 11 2015, 18:25

Риби

Тебе ти ја давам најтешката задача од сите. Ќе ја собираш сета тага на овој свет и ќе ми ја враќаш мене. Твоите солзи на крајот ќе бидат само мои. Благодарение на тие солзи ќе го апсорбираш влијанието на човековото неразбирање на моите идеи, но ќе сочувствуваш со нив и ќе ги натераш сепак да се обидат да ги сфатат. Бидејќи ја имаш најтешката задача, тебе ќе ти го дадам најголемиот дар – ти ќе бидеш единственото дете од дванаесетмината кое ќе ме разбере. Овој дар на разбирање ти го давам бидејќи ќе ти значи кога ќе се обидеш да го рашириш меѓу луѓето и кога тие нема да сакаат да слушаат.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:04

Време за неделниот хороскоп. Да знаете што ве чека. ХОРОСКОП - Page 6 Happy-smiley21

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:05

Овен
21.03-20.04


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Довербата и стабилноста во личните односи ќе ви бидат важни во љубовниот живот. Својата енергија ќе ја насочите кон постигнување на спомнатото. Партнерот ќе биде пријатно изненаден. Оние што се уште сами ќе бараат сериозна љубов верувајќи дека тоа е можно веднаш.

Работа: Повеќето идни денови повеќе ќе сакате да се излежувате. Некои ќе земат и одмор. Оние што работат ќе гледаат што побргу да си отидат од работа. Претпоставените и нивната контрола тешко ќе им паѓа, но ќе издржат со својата смисла за хумор. Ќе бидат силни со духот.

Здравје и совет: Со задоволство ќе го истражувате непознатото.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:05

Бик
21.04-20.05


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Каде и да одите ќе забележите дека многумина ве гледаат пријателски. Ќе бидете интересни и привлечни, па ова се денови кога би можеле да најдете друштво. Ако сте сè уште сами, немојте да седите дома. Оние што се во врска ќе бидат скромни во очекувањата, но затоа и задоволни.

Работа: Силата и уверливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да делувате на другите. Ако треба некого да придобиете многу е веројатно дека во тоа ќе успеете над своите очекувања. Покажете што знаете сè додека не ја постигнете целта.

Здравје и совет: Некои ќе бидат премногу сигурни во себе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:06

Близнаци
21.05-20.06


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Повеќето сè повеќе ќе се држат до својот скриен свет и фантазиите. Оние што се уште сами ќе почнат да сонуваат на јаве и нема многу да се ангажираат во стварноста. Оние што се во врска ќе уживаат во друштвото на саканата личност, но и гледајќи некој љубовен филм.

Работа: Што и да се најде на дневен ред, вие ќе бидете главен координатор на работата или дипломат кој својата вештина за комуникација ќе ја насочи точно таму каде што треба. Вашите потези ќе добијат на значење, па внимавајте што правите.

Здравје и совет: Добро би било да отидете во природа и таму да ги наполните батериите.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:06

Рак
21.06-20.07


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Ако сте сè уште сами и барате љубов, веројатно ќе мечтаете. Ова се денови кога повеќето од вас ќе пребаруваат по некои дамнешни љубовни сеќавања или ќе читаат меѓу редови гледајќи ја својата најсакана личност. Нема да биде здодевно, но ни сензационално.

Работа: Оние што барат работа може да бидат повикани на разговор кој ветува. Не е исклучено и да добијат работа. Оние што веќе работат ќе покажуваат емоции на работното место или вистински ќе уживаат во работата. Ќе бидат задоволни.

Здравје и совет: Побарајте хоби поврзано со луѓе.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:06

Лав
21.07-21.08


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Сè повеќе ќе се занимавате со својот приватен живот и ќе копнеете по љубов. Малите несогласувања или грешки во чекори ќе бидат со краткотраен карактер. Повеќето работи ќе ви одат од рака, па потрудете се да излезете и да побарате друштво ако сте сè уште сами.

Работа: Можноста креативно да се изразите ќе биде најдобриот дел од работата во оваа седмица. Сè останато ќе биде поврзано со стресови или мали борби во кои ќе се трошите. Ќе успеете некои работи да ги поставите на свое место, но на крајот ќе бидете многу уморни.

Здравје и совет: Наспијте се.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:06

Девица
21.08-22.09


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Во вашиот приватен живот ќе се наѕираат многу убави љубовни прилики, така што понекогаш нема да знаете што да одберете. Насочете се кон она што го сакате, освежете ги своите очекувања, па ќе знаете правилно да се поставите кон сè и секого.

Работа: Ќе пробувате различни опции во работата кои може да ви донесат заработувачка. Некои дури ќе експериментираат. Оваа игра ќе ви донесе одредена радост затоа што нема да ви биде здодевно. Сепак, важно е да ги штедите силите, ќе ви недостасува енергија.

Здравје и совет: Ќе поработите на својот стил.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:07

Вага
23.09-22.10


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Оние што се сами ќе се двоумат дали да излезат или да останат дома каде се чувствуваат заштитено и добро. Сепак, ако се движат меѓу луѓе, постои можност таму да се чувствуваат уште подобро. Затоа, штета би било да се пропушти можноста за ново познанство.

Работа: Веројатно ќе ве поддржат комуникативни и отворени луѓе кои ќе го согледаат вашиот труд. Ќе ви биде мило, иако ќе чувствувате благи последици од стресовите. Сега можете полесно да работите, без притисоци. Потпрете се на оние што ве поддржуваат.

Здравје и совет: Опуштете се со јога.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:07

Скорпија
23.10-22.11


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Во текот на оваа седмица ќе се зголеми довербата во вашиот приватен живот. Најпосле ќе можете да разговарате со другата стана поотворено, иако ќе ви се одмерува секој збор. Подобрувањето ќе ве охрабри и повеќе да излегувате, па оние што се сами ќе се додворуваат.

Работа: На работното место ќе има сè повеќе случувања. Не само на тема редовни задачи, туку ќе се активираат и случувања поврзани со меѓучовечките односи, условите за работа, услугите кои ги добивате или пружате. Некои ќе бидат преоптоварени со работа.

Здравје и совет: Направте подобар план и ред. Потоа применете го.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:07

Стрелец
22.11-21.12


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Ќе се замислувате во улога на голем заводник, но тоа ќе биде повеќе во вашата фантазија отколку во реалниот живот. Сепак, она што ќе го уловите, ќе биде добро. Затоа дотерајте се и излезете помеѓу луѓе. Обидете се очекувањата да ви бидат пореални.

Работа: Ви се отвора врата за една соработка која финансиски ветува. Ќе бидете весели поради тоа. Ќе ги анализирате сите можности и ќе почнете со разработка на добар план. Понекогаш ќе бидете збунети, но тоа ќе помине. Проверете ги деталите.

Здравје и совет: Верувајте во подобро утре без разлика на сè.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:08

Јарец
21.12-19.01


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Полека влегувате во динамична фаза кога љубовните прилики ќе ве изненадуваат. Ако сте веќе во врска може да дојде до взаемно заведување што може да се претвори во фестивал на љубовта. Понекогаш ќе претерувате, но ќе бидете задоволни.

Работа: Шефовите може да ја сменат тактиката и да затегнат таму каде што најмалку сте се надевале. Ова тешко ќе ви падне. Сепак ќе мора да го прифатите она што ви се нуди и да се прилагодите најдобро што знаете. Имајте на ум дека подоцна ќе биде полесно.

Здравје и совет: Релаксацијата е императив.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:08

Водолија
20.01-18.02


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Она што ќе го замислите во љубовта е посилно од стварноста, иако ни стварноста не е лоша. Некои затоа повеќе ќе сакаат да живеат во фантазиите гледајќи љубовни филмови или сонувајќи на јаве. Ќе има и такви кои ќе ја почувствуваат убавината на платонската врска.

Работа: Не само што вашите претпоставени ќе го зголемуваат притисокот кон вас, туку и ќе ве провоцираат. Најдобро ќе биде да се повикате на правилата за работа и стриктно да ги почитувате. Ако не оди така, не влегувајте во расправии, победата во овој период ќе изостане.

Здравје и совет: Секојдневната релаксација ви е потребна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Пон Ное 23 2015, 19:08

Риби
19.02-20.03


23 до 29 ноември 2015

Љубов: Преокупираноста со домот и семејството ќе биде голема, а вие подготвени да се борите за сè до крај. Оние што се во стабилна врска ќе го обноват својот еротски живот на разни начини. Оние што сè уште бараат сродна душа ќе бидат упорни во додворувањата и ќе одат до крај.

Работа: Вашата голема желба за работа, овој пат ќе има крилја. Меѓутоа ќе има многу детали кои ќе мора да ги проверите во старт. Тоа малку ќе ве забави, но и ќе ве умори. Штедете ги силите и подобро организирајте ја работата.

Здравје и совет: Вежбајте јога или медитирајте.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Дек 02 2015, 10:16

Неделен хороскоп.

Овен

30 ноември до 6 декември 2015

Љубов: Во личните односи сè поважно ќе ви биде прашањето за заедништво и токму тоа ќе ве однесе чекор понапред. Некои ќе размислуваат да почнат заедно да живеат. Ќе има и такви кои ќе ја освежат својата врска и секако ќе се откажат од приговори.

Работа: Ќе имате потреба да финиширате некои работи и малку да се дистанцирате од напорната работа, но новите задачи ќе пристигнуваат. Како да им нема крај. Бидете позитивни и среќни што е така. Дајте сè од себе за да ги сработите посветено и квалитетно.

Здравје и совет: Човек за човека е лек.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Гостин Сре Дек 02 2015, 10:17

Бик

30 ноември до 6 декември 2015

Љубов: Веројатно ќе оганизирате интересни забави. Оние кои сè уште бараат сродна душа така би можеле да најдат љубов, додека оние што се во врска секој ден сè повеќе ќе откриваат колку се добри малите работи. Сепак не реагирајте на критиките од саканата личност.

Работа: На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции, па ќе ги сработувате со носталгија или лутина. Ќе имате спротиставени чувства и нема да ви биде јасно на што сте.

Здравје и совет: Немојте да пиете студени пијалаци.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ХОРОСКОП - Page 6 Empty Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 6 of 40 Previous  1 ... 5, 6, 7 ... 23 ... 40  Next

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот