ХОРОСКОП

Страна 37 of 40 Previous  1 ... 20 ... 36, 37, 38, 39, 40  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:24 pm

Скорпија

Овде сте за да изградите правилен систем на вредности и да научите да преземете одговорност за сопствените постапки. Во минатиот живот многу сте се грижеле за блиските, па во овој живот имате изразена потреба за грижа за другите, иако тоа никој не го бара од вас.

На вас останува да ги откриете сопствените граници и границите на другите луѓе. Проценливи сте и во се одите до крај.

Во претходниот живот сте научиле што е зло, па во овој живот ви е лесно да го препознаете. Интуитивно знаете што е добро, а што лошо, па затоа мора да научите да му верувате на внатрешниот глас.

Не се обидувајте да манипулирате со другите. Мора да сфатите дека константното контролирање е невозможно и дека таквиот чин не ве прави добри и посакувани.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:24 pm

Стрелец

Дојдени сте на овој свет за да ги разбиете сите предрасуди околу вас. Незаситни сте, сакате да истражувате, да го проширувате знаењето и жедни сте за информации.

Во оваа инкарнација мора да и се спротивставите на минатата. Некогаш сте биле традиционални и со ограничени видици, па на сите сте им се објаснувале за секој чекор во животот. Затоа, во овој живот претрпувате многу конфликти околу вашиот систем на вредности и работи во кои верувате.

Во минатиот живот сте знаеле само една вистина, а сега сте жедни да ги проширите хоризонтите.

Си поставувате најразлични прашања и сакате да откривате мистерии. Истражувањето на туѓите култури е најдобрата работа која може да ја направите како би ги зацврстиле своите верувања.

Кога ќе утврдите дека вие не сте мерка, туку сите прават како што сакаат и веруваат во што сакаат, тогаш ќе започнете мирно да спиете.

Во постојана потрага сте за вистините, чекате одговори, и имате мал проблем со идентитетот. Преку анализирањето на секој и сешто најлесно ќе откриете што ви е потребно лично вам.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:25 pm

Јарец

Тука сте за да ја научите вредноста на добрата репутација. Како да се вклопите во друштвата, како да станете одговорни за своите постапки и како да им бидете корисни на другите. Доколку не ја научите оваа лекција, очекувајте долги периоди на изолација.

Во минатата инкарнација не сте ги сакале луѓето од некоја причина, па пред вас е задача да ги засакате. Престанете да ја одбивате понудената помош и поддршка. Ако сте ладни и безобразни, луѓето можеби ќе ве почитуваат и ќе ви се плашат, но сигурно нема да ве сакаат.

Неопходно е да остварите позитивни контакти со луѓето. За да напредувате, поработете и на трпеливоста. Бидејќи во минатото околината ве контролирала вас, сега настојувате вие да ја контролирате. Внимавајте, контролирањето на другите е тешко и непотребно.

Научете да бидете корисни и да им бидете на располагање на другите. Доаѓате од инкарнација во која сите биле авторитети и над вас, но тоа не значи дека сега вие треба да ја имате таа улога.

Оние кои погрешно ќе ја сфатат задачата, може да станат претерано амбициозни и да веруваат дека сите средства се дозволени за да извојуваат победа. Не му се препуштајте на бескрупулозното однесување.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:25 pm

Водолија

Предизвик ви е да ги одвоите посесивноста и љубомората. Големи се шансите во минатото да сте растеле во некое богато, кралско семејство во кое постојано ви се повторувало „ова мораш да го направиш - во спротивно некој подобар од тебе ќе го направи.“

Мора да научите да го разбиете сопственото его, за да размислувате што е добро за другите.

Задачата која ја имате во овој живот е повеќе да размислувате на луѓето околу вас, отколку на себе и своите блиски. За да напредувате, мора да сакате и почитувате.

Ако сметате дека работите се однапред утврдени и не може да се променат, тогаш нема напредок. Затоа собирате посесивност и љубомора. Чувајте се од предрасуди и верувајте во променливиот тек на настаните.

Да сакате без да барате љубов за возврат е уште една важна, но тешка лекција за вас. Во минатиот живот сте биле сакани затоа што сте имале добра положба, но во овој живот мора сами да ја стекнете.

Во овој живот имате идеална шанса да откриете како изгледа кога човекот е сакан заради она што навистина е. Кога ова ќе го постигнете, тогаш може да уживате во вашите нескротлив дух.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:25 pm

Риби

Во оваа инкарнација сте за да научите како да излезете на крај со емоциите. Во минатиот живот сте биле посебно критични и сте сакале се да биде на свое место. Сега сте тука за да сфатите дека работите се убави и кога се хаотични.

Мора да научите да го слушате внатрешниот глас, но да го разликувате од фантазијата. Не би требало да се плашите од емотивноста и да ги одвоите прстите од земјата.

Важно е и да бидете селективни околу луѓето во ваша близина. Негативно ви влијаат и најситните кавги, бидејќи во минатото сте биле сведоци на бурни недоразбирања. Вие сте луѓе - сунѓери и ја впивате енергијата од околината.

Луѓето родени во Риби го имаат најизразениот и најточниот внатрешен глас, па затоа не смее да го игнорираат. Така може да се повредите и себеси и другите.

avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:26 pm

Без навреда: Кој дефект го има вашиот хороскопски знак?

Луѓето се навикнати да читаат на интернет само фини работи и пофалби за својот знак. Но, постои и саркастичен приказ на Зодијакот.

Иако сето ова е забавно, размислите, колку од тоа е вистина?

Можеби и не е сосема случајно се само за забава:
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:27 pm

Овен

Припадниците на овој знак се болно посесивни и сакаат да ја одземат целата слобода на партнерот, а себеси да се задоволат со харем на љубовници. Несредени се и мозокот им лета од работа на работа, а истите мора веднаш да бидат задоволени. Немаат нежност, себични се и нападни, не се препуштаат на партнерот, а не го ни слушаат.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:27 pm

Бик

Безгрижни, молчаливи личности кои се неверојатно здодевни. Нивниот најголем психолошки проблем е што немаат проблеми. Сè им е супер и не се обидувајте да ги мачите со вашите проблеми, бидејќи тие ги немаат. Нив треба да им создадете проблем за животот да им биде поинтересен. Но, внимавајте, нивниот мир може да се претвори и во манично лудило.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:27 pm

Близнаци

Тие се главните озборувачи и трачари во друштвото, превртливи „издаици“ со дволични аршини кои ги менуваат на секој 10 до 15 минути. Близнаците се вечни актери и нарциси со површни погледи кон животот. Суровата реалност е дека се повеќе личности истовремено и никогаш не можете да знаете на што сте.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:27 pm

Рак

Посесивни лудаци кои се навредуваат ако „доброто утро“ не сте им го посакале со правилна интонација. Ако ги навредите или обвините за нешто ќе се навредат и ќе плачат и кукаат со години. Својата личност ја менуваат од крајност во крајност, а ако сакате да имате темпирана бомба покрај себе кој редовно експлодира на неколку денови, само напред.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:27 pm

Лав

Арогантни, вообразени и напорни потценувачи. Лавовите веруваат дека нивното влегување во просторијата го следат рефлектори и дека во истата се наоѓа најмалку една личност која ги обожава. Па, ако сте со Лав, ќе морате да научите да бидете итри како лисица, секогаш при рака со комплименти, да се согласувате со сè што ќе каже и да го обожавате без причина.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:28 pm

Девица

Опсесивно компулсивни невротици кои се ослободуваат од стресот со чистење на домот, со местење на облеката и полирање на порцеланот. Незаситени се и упорни и никогаш, дури и совршеното не им е доволно. Припадниците на овој знак не знаат за љубов, а можете да бидете сигурни за една работа, кога тогаш ќе ви забијат нож во грбот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:28 pm

Вага

Нарцисоидни шизофреници на кои огледалото им е најдобар пријател, потполно се нестабилни и им треба недела дена да одлучат што сакаат, Coca-Cola или Pepsi. Толку се мрзливи што е чудно како воопшто стануваат од кревет. Знаат да сакаат, но треба да сте финансиски моќни или на некоја функција. Не очекувајте реципроцитет.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:28 pm

Скорпија

Самосожалувачки автодеструктивци кои својата тага не можат да ја поднесат сами па мораат да повлечат уште 100 луѓе со нив. Да е утре крај на светот, не би се шокирале, туку би го пречекале со радост. Знаат да бидат и љубоморно опсесивни психопати, па не ви препорачуваме да бидете невнимателни. Знаат без причина да избувнат.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:28 pm

Стрелец

Уживаат да „солат“ памет на другите, а ентузијазмот им е толку голем што се убедени дека можат да ги оживеат и мртвите ако сакаат. Може да е убеден дека ве сака, а тоа да му пројде за месец дена, освен ако не сте доволно богати или да имате статус и моќ. Нивниот систем на вредности во животот е тотално наивен, неприкладен и заради него често патат.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:29 pm

Јарец

Вистински Јарци со рогови кои веруваат во судбината до последна буква, зборот „извини“ не постои во нивниот речник. Можете да живеете цел живот покрај нив, а никогаш да не знаете што имаат да кажат. Емотивно неписмени, па колку и да се обидувате да газите по нив, нема да успеете. Јарците не се способни да ги покажат своите емоции, а често се и мрачни.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:29 pm

Водолија

Разуздани личности кои животот ко минуваат најмалку 500 пати со губење на себе. Водолиите би биле пријатели со секого, но на крајот тоа не им поаѓа од рака, па најчесто ги изневеруваат оние кои најмногу се грижеле за нив. Вечно го пикаат носот таму каде не им е работа, а склони се да излажат и за работи за кои не би очекувале некој да лаже.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Вто Ное 29, 2016 5:29 pm

Риби

Здодевни личности кои само се жалат за тоа колку им е тежок животот и чекаат некој да дојде и да ги утеши. Не можат ништо без туѓа помош, а и најмалите ситници ги доживуваат како најтрагични, а често ги заморуваат другите околу нив. Кога се доби, се занимаваат со туѓите проблеми, ама брзо пак, паѓаат во депресија и така повторно во кругот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Саб Дек 10, 2016 7:42 pm

Најточен љубовен хороскоп за 2017 година

Овен

Сите Овни уште од 2011 година влегоа во седумгодишен период кој им носи големи промени. Тоа не значи промена на партнерот или драми во љубовниот живот, меѓутоа факт е дека кај некои Овни во 2017 година ќе има разни случувања – преселување, потомство, менување на навиките и односите. Потомството е важно за Овните и иако во претходните неколку години не сте направиле ништо ново, оваа година може да ви донесе проширување на семејството. За здрав приватен живот важно е во меѓувреме да изградите здрав однос со вашето семејство, да им простите на вашите родители, себеси и да пронајдете заеднички јазик. Младите Овни и понатаму ќе имаат повеќе емоционални проблеми, а постарите сега треба да започнат да се грижат за оние со кои најмногу се нервираат. Април ви донесува леснотија во односите, нови познанства и возбудувања, додека од втората половина на октомври станувате поумерени и тоа трае се до декември.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Саб Дек 10, 2016 7:42 pm

Бик

Со излегувањето на Сатурн од вашата куќа која се однесува на љубовните односи, сериозните врски и постојаните заедници – ќе се почувствувате како да се споиле сите мостови во светот. Долгите транзити ја имаат моќта работите да ги направат напорни до откажување, па токму тука голем број луѓе потклекнуваат, ги спуштаат критериумите, прават компромиси или го прифаќаат минимумот – но не и вие. Бикот никогаш не се откажува и упорно може да го чека своето, бидејќи најдобро од сите ги познава сопствените вредности и јасно знае што заслужува. Промените ги мразите од дното на душата, а секогаш тежнеете кон квалитет и стабилност. Затоа и во љубовта доаѓа во предвид личност со која можете да изградите постојан однос а не привремена романса. Биковите кои се веќе во заедница преминуваат на ново ниво на односи, со оглед на тоа што во претходните неколку години покажале трпение и разбирање кон партнерот.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Саб Дек 10, 2016 7:42 pm

Близнаци

За Близнаците најчесто се вели дека со себе носат леснотија, нивната насмевка, разиграност, љубопитност и раздвиженост прави да остават одличен впечаток. Меѓутоа, не е се’ совршено. Секогаш постои онаа другата интровертна страна – која во своите четири ѕидови смислува каде да пронајде смисла и како конечно да биде задоволен во љубовта. Во изминатите три години постојано се враќавте на старата љубов, бевте со партнери со кои се задржувавте кратко, и сето она што би требало да биде блискост и препознавање – се претвораше во конфликт и предизвикувач за потсвесна траума. Со влегувањето на Сатурн во вашето седмо поле кое астролошки се однесува на заедницата и врските, ситуацијата е следна: ќе го добиете она и што го очекувавте, партнер со кој ќе се разбирате.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Саб Дек 10, 2016 7:44 pm

Рак

Вашиот романтизам и навиката да мечтаете можат да ве одделат од реалноста. Уште од влегувањето на Плутон во Јарец (во 2008 година), што е вашето природно поле на партнерски односи, започнаа да се случуваат големи промени, границите на вашето адаптирање се некако намалени, па фрустрациите се се’ почести – не затоа што повеќе ги има, туку затоа што сте се осудиле да ги почувствувате, а не да ги потиснувате. Во текот на април ќе се чувствувате особено заљубени, и покрај тоа што на повидок нема да има некој потенцијален партнер. Во овој период ќе бидете заљубени во самата идеја за љубовта, па токму поради тоа ќе се чувствувате свежо, убаво и секако, романтично. Околу средината на септември ве очекува интересна љубовна средба. Од вас зависи дали ќе прерасне во нешто повеќе или ќе биде само обично пријателство.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Саб Дек 10, 2016 7:45 pm

Лав

Партнерства на пат, со странци или стари пријатели. Уран кој владее во вашата природна 7 куќа односно сега е во Овен, вашата 9 куќа за патувања, далечини, нови визии, филозофија и поглед кон животот, ќе ви донесе нова филозофија, па сликата за брачните односи радикално ќе ви се промени. Се’ повеќе ќе ја цените довербата која отсекогаш била на место број еден. Љубовта на голем број Лавови ќе започне или заврши на аеродроми во 2017 година. Бившиот партнер исто така повторно се појавува бидејќи Сатурн од 2017 ќе се најде во вашето 5 поле, кое се однесува на љубовта и на вашата младост. Октомври ви донесува пренасочувања. Кризните месеци се јануари, февруари и март, така што на самиот почеток на годината потребно е да внимавате на љубовните односи.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Саб Дек 10, 2016 7:45 pm

Девица

Во потрага по вашиот идентитет преку партнерот – би гласел насловот на вашата љубовна приказна и во 2017 година. Зошто? Затоа што ќе се изгубите себеси во љубовниот однос, ќе заборавите што сакате и што не сакате и како да ги исполнувате сопствените желби. Ова е доста заморно и напорно. Во текот на летото ќе имате мали показатели на ситуации кога ќе почувствувате јасна потреба да бидете сами, па добро би било доколку се одлучите сами да отпатувате на одмор – потребно е да се слушнете себеси. Повеќе не знаете кој е кој, и кој што сака. Затоа 2017 година е најдобро да ја поминете со самите себеси, без многу амбиции во врска со љубовта. Април може да биде интересен, меѓутоа внимавајте да не се повредите или да не останете изневерени.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Teo on Саб Дек 10, 2016 7:45 pm

Терезија

Можеби Терезијата е единствениот знак за кој секоја година е љубовна. Во 2017 година Терезиите се враќаат на младешката љубов, во смисла на романтиките, авантурите, заинтересираноста за забава и излегувањата. Од 2011 година Терезиите се наоѓаат во љубовна треска – Уран, кој на неколку пати досега, повторно носи интензивни, кратки средби и врски кои не успевале да се одржат и покрај почетната обострана заинтересираност. До 2017 година претставниците на овој знак ќе успеат да се осветат од својата желба за љубов, и ќе сфатат дека најубавата е онаа која е лесна и спонтана. Со самото навлегување на Венера во Лав, вие ќе бидете природни, насмеани и среќни.
avatar
Teo

Број на мислења : 3171
Join date : 2016-11-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ХОРОСКОП

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 37 of 40 Previous  1 ... 20 ... 36, 37, 38, 39, 40  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот