ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
5 posters
Страна 1 of 2
Страна 1 of 2 • 1, 2
ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Постојат многу теории на заговори што кружат наоколу. Некои од нив се покажале вистинити. За некои времето ќе покаже. Оваа тема ќе послужи за да ги постирате теориите на заговор за кои сте чуле како и за вашите коментари.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Некои од теориите сепак се покажале вистинити.
Пиштол за срцев удар
Теорија: Владата измислила пиштол што може да предизвика срцев удар.
Вистина: ЦИА во 60-тите и 70-тите години смислила тајно оружје. Од него можела да се испука мала отровна стрелка што предизвикувала срцев удар. Таа можела да ја пробие облеката и зад себе да не остави никаква трага освен црвена точка на кожата. Жртвата би имала чувство како да ја каснал комарец. Отровот бил брзо разградлив, па не можело да се открие на обдукција.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Операција Дрозд
Теорија: ЦИА ги шпионира американските новинари и ги контролира медиумите.
Вистина: Операцијата Дрозд била операција на ЦИА во која се шпионирале новинарите во Вашингтон во 1963, 1972 и 1973 година. Им биле прислушувани телефоните и се следело нивното движење. Освен тоа, им било плаќано да пишуваат позитивни написи за ЦИА. Барем одреден дел од операцијата бил изведен во соработка со главниот јавен обвинител, Министерството за одбрана и со шефот на ДИА (воената разузнавачка агенција).
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Затруен алкохол
Теорија: ФБИ го труел алкохолот за време на прохибицијата.
Вистина: Бидејќи луѓето наоѓале начини самите да направат алкохолни пијалаци, владата ја сменила формулата на индустрискиот алкохол. Било задолжително 10 отсто од производот да биде отровниот метил алкохол.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Фатална вакцина
Теорија: Вирусот што го предизвикува ракот луѓето го добиле преку заразена вакцина против детска парализа.
Вистина: Овој вирус е поврзан со многу видови рак (иако не е 100 отсто докажано дека тој го предизвикува). Набргу по откривањето на вирусот, научниците откриле дека со него била заразена вакцината. Се проценува дека 10 до 30 милиони луѓе биле изложени на овој вирус по добивањето на вакцината. Повеќе од 98 милиони луѓе ја добиле вакцината пред да откријат дека е контаминирана.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Геј-бомби
Теорија: Војската се обидела да направи бомба што непријателските војници би ги направила „сексуално неодоливи“ за нивните колеги.
Вистина: Во 1994 година американските воздухопловни сили ја разгледувале можноста за употреба на феромони во оружјето. На предлогот му биле одобрени шест години и 7,5 милиони долари, и требало да се открие дали е можно женските феромони да предизвикаат биолошка реакција меѓу војниците. На војниците што би биле под влијание нивните соборци би им биле „сексуално неодоливи“, што потенцијално би довело до хомосексуално однесување. Привлечноста што би била надвор од контрола би ги направила војниците помалку ефикасни во борба.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Има и теории на заговор кои се само тоа, теории.
Дигиталната телевизија ги шпионира луѓето
Во целиот свет се спроведува присилна транзиција од аналоген на дигитален ТВ сигнал. Приврзаниците на теориите за заговор тврдат дека со овој чин се проведува концептот глобален „Big Brother“ надзор на луѓе.
Според нив, во приемниците за дигитален сигнал се скриени микро камери и звучници. На тој начин сите луѓе се следат и преслушуваат.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Нападот на Њујорк го наредила американската власт
Многу теории за заговор настанаа врз база на 11-септемврискиот нападот на Њујорк. Претставниците на овие теории тврдат дека американскиот државен врв, вклучувајќи го и претседателот Џорџ Буш, го организирал нападот на Њујорк.
Според нив, целта на нападот било радикално да се измени надворешната политика на светот и да се создаде консензус за нова инвазија на Блискиот Исток.
Според овие теории „9/11“ е модерна верзија на Перл Харбор – напад на домашен терен кој ќе го оправда активирањето на американската војска.
Империјалистичката политика на САД, според овие теоретичари е дел од идејата позната како „New American Century“ (енг. Ново американско столетие), односно план за потполна доминација на САД врз остатокот од светот.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
НЛО е пронајдено кај Розвел
Теоријата се базира собраните тајни материјали од подрачјето Розвел (Ново Мексико, САД) во 1947 година. Американската армија и денеска тврди дека на таа територија е собран таен воен балон кој се урнал на ова место.
Познатите уфолози, Вилјам Мур, Карл Флок и други, до денеска разговарала со на 100 лица кои (според нивните изјави) биле поврзани со случувањата во Розвел.
Теоријата говори за тоа како во Розвел паднал вонземјански брод. Американската војска го превземала, а на бродот се наоѓале сè уште живи вонземјани. Целата операција е спроведена во најголема тајност.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Убиството на Џон Ф. Кенеди
Триесет и петтиот американски претседател Џон Ф. Кенеди е убиен 22-ри ноември 1963 година во Далас, Тексас. Кенеди е застрелан додека со сопругата Џеки се возел низ градот. Официјалната истрага го посочува Ли харви Освалд како убиецот на Кенеди, но многумина не веруваат во оваа приказна.
Освалд е уапсен во Далас поради убиство на полицаец, 40 минути после убиството на Кенеди. Полицијата веднаш го обвинила и за убиството на Кенеди. Освалд ги отфрлил и двете обвиненија. Два дена подоцна е однесен во затвор, каде врз него пукал и го убил Џек Руби.
Поради недостиг на докази и атентатот на самиот атентатор, развиени се многу теории за заговор за тоа кој навистина го уби Кенеди.
До денеска се шпекулира дека тоа би можела да биде ЦИА или ФБИ. Други теоретичари, зад убиството на Кенеди стои КГБ, според други Фидел Кастро или можеби кубанската емиграција.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Глобалното затоплување е заговор
Од самиот почеток на разговорите за глобалното затоплување, група научници ја отфрлија оваа теорија велејќи дека таа е политички мотивирана. Според нив, глобалното затоплување не е ништо друго освен план на американската власт да влијае врз обликувањето на светската економија според своите потреби. Оние кои сметаат дека глобалното затоплување е измама, исто така го истакнуваат наглиот пораст на популарноста на политичарот Ал Горе, чија политичка кампања се базираше исклучиво на борбата против глобалното затоплување.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Кралското семејство ја уби принцезата Дијана
Во 1997 година принцезата Дијана и Доди Фајед загинаа во сообраќајна несреќа во Париз, обидувајќи се да им побегнат на папараците. Доди фајед беше сопственик на Ritz хотелот.
Фајед беше муслиман, а Дијана христијанка. Теоретичарите на заговор истакнуваат дека ова веќе бил преголем скандал и оти кралското семејство решило да ја убие за да избегнат уште поголем срам.
Никогаш не е докажано, но некои од теориите велат дека Дијана била трудна и оти била спремна да го прими исламот.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Луѓето ја создале СИДА-та
Една од најсмртоносните болест на светот е СИДА-та, која ја пренесува ХИВ-вирусот. Приврзаниците на теориите за заговор тврдат дека СИДА-та е биолошко оружје кое го произвеле американските научници. Според некои, целта ана СИДА-та е да ја контролира популацијата или дури да го истреби црното население.
- Не знам кој ја создал СИДА-та, ниту дали е биолошко оружје. Но знам дека такви работи не паѓаат од небо. Сметам дека допрва треба да дојдеме до вистината, изјави добитничката на Нобелова награда Вангари Маатхаи.
СИДА-та денеска има статус на пандемија. Од СИДА секоја година умираат
1,8 милиони луѓе, а се заразуваат нови 2,6 милиони.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Слетувањето на Месечината е измама
Приврзаниците на оваа теорија тврдат дека НАСА и направиле една од најголемите измами во историјата – фабрикувале слетување на Месечината. Главниот аргумент за оваа теорија се фотографиите на НАСА на кои, според теоретичарите се гледа дека се монтирани во студио.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Перл Харбор намерно е допуштен
Според оваа теорија, претседателот Рузвелт намерно го испровоцирал јапонскиот напад врз американскиот Перл Харбор. Тој напад бил испланиран да послужи како повод за влегување на САД во Втората светска војна.
Британците, Холанѓаните и Русите го предупредиле Рузвелт за нападот на Перл Харбор. Комплетниот врв на неговата администрација знаел за нападот, но намерно не презел ништо.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Обида за интелекта. Това с две думи е отношението ми към теориите на конспирацията.
Естир- Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Тео напиша:No mora da priznaesh deka se interesni za gubenje vreme...
И за тва не стават
Естир- Број на мислења : 846
Join date : 2015-02-11
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Ej pak ti sega...Ponekogash e dobro da go pushtish mozokot na livada...
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
mene mi se interesni ovie teorii i gi prifakam kako takvi ...no ne gi propushtam ....sakam i gi sledam koga mi e ovozmozeno toa ..
_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат
малкумина го разбираат
osa- Број на мислења : 16500
Join date : 2015-01-11
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Набргу ќе додадам уште некои теории на заговор на темата. Што знаеш, народот вели каде што има дим има и оган.
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Jas znam za zagovorot koj Soros go pravi protiv makedonskata vlada. Toa ne e teorija tuku ziva vistina!
Ako ne mi veruvate prashajte go Trendolalakis!
Ako ne mi veruvate prashajte go Trendolalakis!
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Ne e samo Soros...Cel svet pa i podzemjeto pravat zagovor protiv pastirot. Ako go prashash Trendfil edinstveno mrtvite se von somnevanje...
Гостин- Гостин
Re: ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР
Ot kaj znaesh deka i mrtvite ne se plateni od Soros za urnisuvanje na prerodbenickava Mk vlada?
Hamad bim Khalifa- Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16
Страна 1 of 2 • 1, 2
Страна 1 of 2
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|