ИНОВАЦИИ
Страна 1 of 1
ИНОВАЦИИ
Го видов ова, па помислив дека е добро да имаме тема каде ќе постираме нови работи кои можат да го олеснат животот. Новиот велосипед ми изгледа интересен посебно за оние кои немаат доволно простор.
ВИДЕО Хит иновација: Бугарскиот полу-велосипед веќе го обиколува светот
Полу-колело е проект на двајца бугарски архитекти Мартин Ангелов и Михаил Кленов кој уште од 2009 година стои во фиока, а дури минатата започна да се произведува. Станува збор за хибриден тип на урбано превозно средство кое е всушност половина од обичниот велосипед и со тоа зафаќа многу помалку простор, се склопува во уште помала верзија, лесен е за транспорт и складирање, а може да ви ја заврши истата работа, па можеби и подобра, ако има метеж, како и обичните велосипеди.
Освен тоа, неговиот дизајнот му е чисто „лудило“, со интересно свиен рам, едно поголемо предно тркало и две мали задни, и многу мали рачки за управување. Управувањето на ова превозно средство не е со вртење на рачките лево и десно, туку со наведнување на целото тело.
Идејата за овој полу-велосипед се развила откако Мартин се преселил во многу мал стан за живеење па морал неговиот велосипед да го остава во подрум. Тоа му било крајно непрактично. Двајцата дипломирани архитекти започнале со скиците и обмислувањето на полу-точакот уште во 2009 година, а првиот прототип го изградиле од стар велосипед и тој воопшто не бил погоден за возење.
Двајцата архитекти својата замисла за овој проект ја објавиле на интернет- платформата „Кикстартер“ во април оваа година и низ целиот свет таа наишла на голем интерес. Во моментот Мартин и Михаил имаат собрано речиси милион долари од пред-нарачки и донации со што производството на полу-колелото е веќе отпочнато, а некои луѓе веќе ги добиле првите испорачи на полу-велосипедот.
Гостин- Гостин
Re: ИНОВАЦИИ
и ова е доста интересно со лебдечки скејтборд...
http://dnevnik.hr/showbuzz/mladi_i_neizbjezni/leteci-skateboard-iz-filma-povratak-u-buducnost-sada-je-stvarnost---395642.htmlDaska iz hit filma postala stvarnost! Ne vjerujete? Doista LEBDI! напиша:
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Re: ИНОВАЦИИ
Пет технолошки иновации кои засекогаш ќе го променат транспортот
Во наредната деценија транспортот значително ќе се промени благодарение на новите технологии кои ќе го олеснат секојдневниот живот на луѓето. Автомобилите ќе возат без помош на возач, со однапред определени рути, возовите ќе користат магнетни шини, а возот hyperloop ќе достигнува брзина од 1.287 километри на час.
Сите овие иновации треба да се појават во идните 10 години, а новите технологии би требало да ги направат транспортните системи побезбедни, поефикасни, поприфатливи и еколошки.
1. Hyperloop
Овој проект на Елон Маск е една од највозбудливите иновации во транспортниот систем. Станува збор за воз што ќе ги превезува патниците од Лос Анџелес до Сан Франциско за само 30 минути.
2. Маглев воз
Возовите што користат магнетна левитација не се повеќе сон за кој луѓето мечтаеја во минатото. Тие веќе функционираат во Шангај и Јапонија, а Кина го развива вториот маглев воз.
Магнетното поле го подигнува и придвижува возот со помош на минимална енергија во споредба со возовите на струја или дизел.
3. Автономни возила
Возачот во вид на робот е во состојба побрзо и попаметно да размислува од човекот како возач, а исто така може истовремено да гледа во сите правци, пишува Fox News.
Ова е идејата зад автономните автомобили, каде автомобилот сам си ја извршува работата. Ford веќе работи на ваков проект, исто како и Google.
Автомобилите од ваков вид би можело да се појават за две години, доколку не постојат одредени правни проблеми поврзани со безбедноста во сообраќајот.
4. Паметни автомобили
Веќе постојат така наречени „паметни автомобили“, а многу производители нудат компактни електрични автомобили.
5. Капсули за урбан превоз
Замислете да можете да патувате во подвижна капсула кон другиот крај на градот. Оваа идеја се планира во Лондон.
Капсулите ќе имаат место за една личност и ќе се движат по однапред определена рута, а патниците ќе комуницираат со возилото преку екран чувствителен на допир.
Слични капсули веќе се во употреба во Аби Даби и аеродромот Хитроу во Велика Британија.
http://hl.mk/1334267/indexed.html

Жеден бетон впива 600 литри вода во минута
Порозниот бетон може да впие 600 литри вода по квадратен метар за една минута, а во иднина тоа може да спречи голем број поплави и губење на човечки животи.
Природните катастрофи или во конкрентиот случај поплавите претставуваат проблем буквално насекаде во светот, особено поради запушување на одводите, кои дополнително придонесуваат за излевање на водата. Токму затоа ваквиот порозен бетон е одлично решение, а од видеото во продолжение, погледнете за колку кратко време ја впива водата во себе.

џетмен,
_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|