ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by osa on Вто Окт 06, 2015 10:27 pm

денес во јавноста се "врти" предлог закон за забрана на поседување и реемитување на таканаречените бомби ....предлагач на овој закон е ДУИ и ДПМНЕ ....се надевам дека СДСМ овој пат ке изреагира токму како што треба ...веке еднаш направиа ГОЛЕМА грешка што прифатиа да се ПРЕКИНЕ СО ОБЈАВУВАЊЕТО НА БОМБИТЕ ДОДЕКА ТРААТ ПРЕГОВОРИТЕ ....
денес еве власта бара се да се избрише и да не се објавува од бомбите .....се надевам дека СДСМ овој пат ке настапи така што КЕ ГИ ПРЕКИНЕ ПРЕГОВОРИТЕ ДОКОЛКУ ВЛАСТА ГО ИЗГЛАСА ОВОЈ ПРЕДЛОГ ЗАКОН ::::
доколку не ги прекинат преговорите нема што да бараат и да преговараат и да одат на избори ....ако ништо несмее да објават од бомбите ,што ке КАЖУВААТ ВО ИЗБОРНАТА КАМПАЊА ?????????????????????
еве прост пример :ке кажат дека се украдени толку и толку пари ...ако немаат доказ со содржина од бомбите кој ке им верува ...едноставно иле ке излезе и ке каже :гледате дека Заев лажеше ,ако содржината на бомбите е вистинита ,тие никогаш немаше да се откажат од пуштање на бомбите ...со ова признаа дека лепеле и прелепувале !
затоа ке повторам :ако власта го донесе законот ,СДСМ треба да ги прекине преговорите и да не оди на избори !

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by osa on Вто Окт 06, 2015 11:08 pm

Еве што предвидува предложениот закон:

(1) Со овој закон се утврдува забраната за поседување, обработка, јавно објавување преку медиуми, социјални мрежи, веб портали и било која друга форма на јавно објавување и располагање на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес.

(2) Со овој закон покрај забраната од ставот 1 на овој член се утврдува и обврска за предавање на материјалите од незаконско следење на комуникации на надлежен јавен обвинител, како и кривичната одговорност за непредавањето на материјалите и за нивно неовластено објавување и пренесување.

Член 2

Се забранува поседување, обработка, објавување и располагање на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации.

Член 3

Тој што неовластено поседува, обработува и располага на било кој начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.

Член 4

(1) Тој што неовластено на било кој начин ќе објави или пренесе прислушкувани или тонски снимени разговори или делови од нив или нивни транскрипти на територијата на Република Македонија или во странство, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.

(2) Доколку делото од ставот 1 на овој член доведе до настанување на правни, материјални или други штетни последици на лице кое е инволвирано во објавените или пренесените аудио снимки или транскрипти од аудио снимки или нивни делови од незаконското следење на комуникациите, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку пет години.

(3) Доколку делото од ставот 1 на овој член доведе до нанесување на тешки телесни повреди на лице кое е инволвирано во објавените или пренесените аудио снимки или транскрипти од аудио снимки или нивни делови од незаконското следење на комуникациите, или на нему блиско лице, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку осум години.

(4) Доколку делото од ставот 1 на овој член доведе до смрт на лице кое е инволвирано во објавените или пренесените аудио снимки или транскрипти од аудио снимки или нивни делови од незаконското следење на комуникациите, или на нему блиско лице, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години.

(5) Ако делото од овој член го стори правно лице ќе се казни со парична казна, а одговорното лице во правното лице ќе се казни согласно ставовите (1), (2), (3) и (4) на овој член.

Член 5

Секој кој поседува или има пристап до материјали од незаконско следење на комуникации е должен во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги предаде материјалите на надлежниот јавен обвинител.

Член 6

Овој закон влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Предлог законот во целост можете да го прочитате на следниот линк.

Инаку, власта се повикува на договорот од Пржино од 2 јуни, но тој договор единствено ја обврзува СДСМ да не објавува НОВИ снимки, а не се однесува на веќе објавените снимки, а ни најмалку нивно бришење од медиумите! Тоа е директна цензура на медиумите односно кршење на Уставот кој ја забранува цензурата!

Еве го член 16 од Уставот:

Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.
Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.
Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
Цензурата е забранета.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by osa on Вто Окт 06, 2015 11:13 pm

ајде бре СДСМ бидете еднаш ХРАБРИ И ОДЕТЕ ДО КРАЈ ...
ако го изгласаат законот ,веднаш продолжете со објавување на таканаречените бомби и ПРЕКИНЕТЕ ГИ ПРЕГОВОРИТЕ :::
народот ја сака ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ::
НАРОДОТ ГИ САКА ТИЕ ШТО КЕ МУ ЈА КАЖАТ ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА
НАРОДОТ ГО САКА СДСМ АМА ХРАБАР И БЕЗ КОЛЕБАЊЕ

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Гостин on Вто Окт 06, 2015 11:13 pm

Nema da go donesat zakonot...SDSM se protivi, a imaat mozhnost da go sprechat...Edna od tie mozhnosti e i prekin na pregovorite...Koj li glupak smislil deka so zakon treba da se zabrani objavuvanje na kriminalot na vlasta???

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Гостин on Вто Окт 06, 2015 11:35 pm

Bravo Osichke...SDSM konechno pochnale da ja chitaat Melnica, i vednash te poslushale...

ОБНОВЕНО Ако Груевски не го повлече законот, Заев утре ќе го бомбардира ко Дрезден!

Амбасадорите на САД и на Европската Унија, Џес Бејли и Аиво Орав, не биле запознати со идејата на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ да се предложи скандалозниот закон за цензура на „бомбите“. Тие во текот на денот побарале објаснување од премиерот Никола Груевски, но не добиле задоволувачки одговор. Доколку предлагачите самите не го повлечат законот и не се согласат за судбината на „бомбите“ да се преговара дополнително, Бејли и Орав ќе бидат принудени јавно да се огласат.

Во моментов, во Клубот на пратениците не се разговара за изборната регулатива, туку за скандалозниот закон. За десетина минути се очекува на преговарачите да им се обрати и еврокомесарот Јоханес Хан, со барање законот да се повлече. Претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ претходно итно биле повикани во амбасадата на САД, за да им биде кажано дека ваквиот закон не смее да помине и дека текстот содржи неверојатно скандалозни одредби.

Според извори на Плусинфо, Груевски најверојатно ќе попушти, бидејќи Заев најавил дека ако не добие уверување дека законот ќе биде повлечен, тој утре ќе ги објави сите преостанати „бомби“. Утре во 18 часот против законот ќе протестира и платформата „Ајде“, а за протести се спремаат и новинарите, кои се вџашени од иницијативата на владејачките партии.

НАЈНОВО: Никола Груевски предложил законот да се повлече на доработка, веројатно во насока на договореното во Пржино бомбите да не се детонираат во иднина, а не да се заведува цензура. Амбасадорите Бејли и Орав биле недоверчиви и барале гаранции. Во Клубот на пратениците бил повикан и Трајко Вељановски.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Гостин on Вто Окт 06, 2015 11:39 pm

I bravo za Aco Kabranov...Vakov stav treba da imaat site koi i sakaat dobro na Makedonija i makedonskiot narod...

Либертас нема да го почитува цензорскиот закон! Нема да ги бришеме „бомбите“!

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by reiter on Вто Окт 06, 2015 11:39 pm

преговори,договори,спогодби...народот е уморен од вакви работи...дали не е кршење на правото ако се забранат бомбите како што бара учк и дпмне?Прашање:Дали сме ние држава со сите нишани или сме банана држава..

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Гостин on Вто Окт 06, 2015 11:40 pm

Dpmne-ovcite bi sakale da sme banana drzhava Reiter...NO se nadevam deka narodot nema da go dozvoli toa...

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by reiter on Вто Окт 06, 2015 11:46 pm

дпмне-офците се во аут и тие веќе не им веруваат на фамилијата,во прашање е кримогената група од неколку луѓе во дпмне..јас сум за по екстремно...доста е со демократски средства,ако може учк,ана или она да се заканува кон првите од власта зошто да не може и некоја вистинска македонска струја која сака да ја виде и донесе македонија да биде правна и демократска земја не рокне некоја права бомба...за почеток некој контејнер Smile

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Гостин on Вто Окт 06, 2015 11:48 pm

Ne se ONA nitu ANA tie shto se zakanuvaat...Toa bate Sashe i pastirot si go krevaat rejtingot...Demek zhivotot im e vo oposnost oti se golemi patrioti... Twisted Evil Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by reiter on Вто Окт 06, 2015 11:53 pm

КОЈ Е ОВДЕ ЛУД, ЗБУНЕТ или (НЕ)НОРМАЛЕН? напиша:
1. Граѓаните на Р. Македонија кои го гледаат овој мизерен циркуз со поднесениот предлог Закон за забрана за реобјавување и објавување на прислушуваните материјали. 2. Политичарите кои го предлагаат Законот или 3. Пратениците кои ќе треба да го изгласаат Зошто страв во коски кај осомничените криминални структури во ДПМНЕ и ДУИ кои се главни актери во снимките, кога се работи за креирани, сечени, лепени и монтирани материјали?. Па за такви изнесени материјали во јавноста лесно се добива кривична пријава а казната е сериозна за оние кои ваквите материјали ги изнеле во јавноста. Доста бре со ваква демагогија и манипулација. Ви нема спас, дури и кожни гаќи да облечете. Фб статус на Јове Кекеновски напиша:
http://www.dokaz.mk/koj-e-ovde-lud-zbunet-ili-ne-normalen/

_________________
====================================================================
Они нас јуре као пизде, а ми бјежимо као соколове Very Happy
avatar
reiter

Број на мислења : 2409
Join date : 2015-01-14

Преглед на профилот на членот https://www.cia.gov/index.html

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by трендафил on Сре Окт 07, 2015 12:50 pm

За жал кај нас има повеќе преседани, па во таква ситуација е тешко да се однесува човек нормално. Мене не ми е познато дека некаде во светот опозицијата има вршено масовно криминално прислушкување на власта и дека после тоа масовно ги објавувала материјалите. СДСМ не се држи до договорот од Пржино, но и до важечките закони дека материјалите треба да ги предаде до соодветна установа. Ако до сега велеше дека нема доверба во другите обвинители, требаше да ги предаде сите материјали на специјалната јавна обвинителка. И до сега е кривично дело поседување на нелегално снимани приватни разговори и нивно објавување. Може да има јавен интерес доколку се утврди дека во разговорите има вистина. Но што ако се утврди дека се монтирани, на пример?
Инаку се работи за предлог на закон, кој е е изгласан и веројатно нема ни да биде. И јас мислам дека не треба да одат во затвор новинарите што ќе објават материјали веќе објавени јавно, но не треба да има ист однос и кон криминалците што прислушкувале (без разлика од која партија се) и кон тие што снимените разговори ги чуваат кај себе. Очигледно е дека власта го предложи овој закон во овој облик од тактички причини. И за да се види кој се поседува и крие прислушкувани материјали.
Очигледно е дека вие не сакате преговори, па чекате било каков повод да предложите нивен прекин. Знаејќи дека немате шанси да победите на избори. Па очекувате во случај на прекин на преговорите странци да ве донесат на власт. Да имаме реприза на арапската пролет, како македонска пролет. СО познат резултат кој го гледаме на нашата северна и јужна граница и во сите европски земји.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Гостин on Сре Окт 07, 2015 8:18 pm

трендафил напиша: Мене не ми е познато дека некаде во светот опозицијата има вршено масовно криминално прислушкување на власта и дека после тоа масовно ги објавувала материјалите.

Ne ti e poznato zaoa shto i nemalo...Toa jasno kazhuva deka si zapoznaen so vistinata...Tvojot pastir prislushkuval... Twisted Evil Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by osa on Сре Окт 07, 2015 11:45 pm

eve ushte eden predlog : ajde ZAev izlezi i pochni da gi objavuvash bombite ..site trista iljadi ke gi slushame ...SITE KE NE UAPSAT ?????

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by трендафил on Чет Окт 08, 2015 9:28 pm

За волја на вистината и СДСМ сака да ги замолчи новинарите. На пример со предлогот медиумите да не смеат да еми8тираат бесплатна политичка пропаганда, односно да ги спонзорираат партиите во предизборниот период. Такво нешто не може да се бара од приватните програми, односно некој со закон да ја уредува нивната програма. А нормално, ако народот не сака да ја гледа некоја политичка програма има избор и ќе гледа нешто друго. Зошто милите дека кога вие сакате да ги замолчите новинарите тогаш тоа е демократија, а кога сака некој друг, иако сте прифатиле со договор, дека тоа е фашизам?
Патем Заев може да го раскине договорот, да почне да објавува бомби, но тоа може да значи да нема предвремени избори, да нема оставка од премиерот и некои министри, затворски казни за тие што поседуваат и емитуваат нелегално снимени разговори, недобивање препорака за почеток на преговори (иако ова е формално поради непочитување на нашите човекови права од страна на меѓународната заедница) и многу други работи.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Гостин on Чет Окт 08, 2015 9:52 pm

Toa ne e zamolchuvanje Trendafile...Toa e sprechuvanje da se korumpiraat mediumite so narodni pari... Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by трендафил on Чет Окт 08, 2015 10:07 pm

Долги години имавме корумпирање на медиумите со соросови и други странски пари. Тоа мораше да се компензира со наши, македонски. Иначе ако некој приватен медиум емитува бесплатно политичка програма за некоја партија (или за повеќе партии како што правеше А1 телевизија, Бог да ја прости)  си губи свои, а не народни пари. Ако СДСМ, ОМ и партијата на Имер Селмани и платеа на телевизијата, таа ќе си го исплатеше долгот и ќе постоеше. Но изборот беше на газдата, Велија Рамковски. Како сопственик го има тоа право. Ако на приватен медиум со закон му забраниш да емитува програма по сопствен избор, тоа е цензура.
Што се однесува до преговорите тие веројатно ќе продолжат. Заев не ќе може да ви објасни зошто го прифатил тоа што го прифатил, па полесно му е да ви ја продаде приказната дека решението го наметнале странците. На кои и онака гледате како во Господ.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Гостин on Чет Окт 08, 2015 10:11 pm

Doseka parite se Sorosovi Trendafile, voopshto ne mi e grizha...No koga tvojot pastir za svoi lichni potrebi gi korumpira mediumite so moi pari, e togash nastanuva problemot... Twisted Evil Twisted Evil Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by трендафил on Чет Окт 08, 2015 10:18 pm

Кога твоите пари ќе влезат во буџетот, за нив одлучува мнозинството. Државата не ги дава парите на медиумите без врска, туку за промовирање на различни национални интереси. Против семејно насилство, безбедност во сообраќајот и слично. Нормално е повеќе ваква програма да се емитува на најгледаните телевизии. А нормално е мнозинството да биде тоа што ја подржува власта. Затоа и е власт.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Hamad bim Khalifa on Саб Окт 10, 2015 1:36 pm

трендафил напиша:Кога твоите пари ќе влезат во буџетот, за нив одлучува мнозинството. Државата не ги дава парите на медиумите без врска, туку за промовирање на различни национални интереси. Против семејно насилство, безбедност во сообраќајот и слично. Нормално е повеќе ваква програма да се емитува на најгледаните телевизии. А нормално е мнозинството да биде тоа што ја подржува власта. Затоа и е власт.

Najverojatno tvojata rabota e da ja vlecesh diskusijata na Melnicava!
Kolku da ti kazham .... mi ja ogadi i diskusijava i tvoite maloumni verglanja. Kako Tale od Prilep ili Kavrakov od Scip da go citam .... Evil or Very Mad
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by трендафил on Пон Окт 12, 2015 7:51 pm

Тоа што не си спремен да прочиташ мислење различно од твоето и што не прифаќаш дека мнозинството одлучува за тоа што ќе се прави во државата е твој проблем. И проблем на многу симпатизери на опозицијата. Времето на едноумие е иначе одамна поминато, а јас сум еден од ретките поради кој на овој форум не владее едноумие. И покрај тоа што не ми се допаѓа дискусијата на многу учесници на форумов баш поради неспремноста да дискутираат по одредени проблеми, туку се обидуваат да го наметнат своето мислење. Дури и со користење на недозволени средства како што се говорот на омраза, лични навреди и слично.
Ајде да се обидам да се вратам на темава. Колку што гледам за прв пат ВМРО=ДПМНЕ не се однесува како исполнувач на желби, туку цврсто стои во одбрана на гласањето на дијаспората. Патем, не е ли чудно тоа што дијаспората гласа за партијата на власт, а сигурно е дека не е поткупена со државна служба, социјална помош или нешто друго од тврдењето на опозицијата што наводно било причина за гласовите на сегашната власт. Демек не било важно тоа што во времето на СДСМ немавме ниту една гринфилд инвестиција, а сега имаме повеќе десетици. Или не е важно што тогаш не ги исполнувавме условите за членство во ЕУ и НАТО, а сега ги исполнуваме.

_________________
Негација на негативното.

трендафил

Број на мислења : 2769
Join date : 2015-04-23

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Гостин on Вто Окт 13, 2015 6:01 pm

Трендо, дпмне не стои ни цврсто ни право, само се препелка додека му го затегаат свилениот гајтан. Twisted Evil

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Hamad bim Khalifa on Вто Окт 13, 2015 7:14 pm

Na dpmne mu ja svirat "zajd, zajdi, tiFko poleka", ........ama nesto pocma da gi stega pa im tece na site strani Twisted Evil
avatar
Hamad bim Khalifa

Број на мислења : 2745
Join date : 2015-01-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 1 of 2 1, 2  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот