SRCE

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

SRCE

Пишување by Гостин on Сре Окт 07, 2015 10:44 pm

КАКО СПИЕЊЕТО ПРЕКУ ДЕН, МОЖЕ ДА ВИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ?

Дневната кратка дремка може „да спаси животи“, бидејќи благодарејќи нему кај луѓето се намалува ризикот од срцев удар, велат истражувачите од грчката клиника „Asklepieion Voula“.



Според доктор Манолис Калистратос, кој раководел со истражувањето, високиот крвен притисок во помал степен ги оштетува крвните садови и срцето на оние кои сакаат да подремат во попладневните часови.

Грчките научници испитувале околу 400 жени и мажи чија просечна возраст била 61 година, кои страдале од висок крвен притисок. Утврдиле дека кај оние кои одделуваат извесно време да одремат преку денот, притисокот им се намалилподоцна за околу пет проценти.

Тоа е доволно за да има значително влијание врз бројот на срцевите удари, сметаат научниците. Другите показатели, особено за пулсот, кај дневните спијачи биле подобри отколку кај оние коишто претпочитаат целиот ден да останат на нозе. Кај оние чијашто дневна дремка траела подолго време, на пример по повеќе од еден час дневно, резултатите биле најоптимални.

Калистратос дневната дремка ја нарекува „навика од минатото“, којашто, според неговото мислење, траба да се интегриран во современиот начин на живеење.

- Дневната дремка стана привилегија за елитата поради работната култура, што подразбира нормиран графикон на дневни активности и интензивна работа секојдневно - вели докторот.

http://grid.mk/read/news/511076065/10565951/kako-spienjeto-preku-den-mozhe-da-vi-go-spasi-zhivotot

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: SRCE

Пишување by Гостин on Сре Окт 07, 2015 10:45 pm

Предупредување: 4 знаци дека ќе доживеете срцев удар!



Голема е заблудата дека срцевиот удар ги погодува луѓето како „гром од ведро небо“. Денови, недели, па дури и месеци претходно, телото ни испраќа сигнали за предупредување кои би требало да ги сфатиме сериозно.

За жал, во моментот кога личноста ќе сфати дека започнал срцевиот удар, би можело да биде веќе доцна за да се спречи смртен исход или трајно оштетување на срцето.

Таканаречениот „тивок“ срцев напад, со знаците и симптомите кои се умерени или делуваат тотално неповрзано со срцето, долго време го загрижувале кардиоваскуларниот експерт доктор Чонсија Крандал.

Затоа, тој составил листа од четири предупредувачки симптоми на инфаркт на кои треба особено да обрнеме внимание.

1. Болка во градите, иако секоја болка во градите не мора да значи и срцев удар. Може да се почувствува болка во вратот, рацете, грбот, па дури и вилицата.

2. Потење и мачнина

3. Проблеми со дишењето

4. Проблеми со желудникот

Статистиките покажуваат јасна врска меѓу одложувањето на лечењето на симптомите на срцевиот удар и смртта или заболувањето. Поради тоа, многу е важно да се внимава на симптомите и да знаете да препознаете што сака да ви каже вашето срце.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот