Форум Мелница
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

ДАЈКОН

Go down

ДАЈКОН Empty ДАЈКОН

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:02

Дајкон - јапонска трупка

Лековитоста на дајконот - јапонска трупка!
Дајкон (Јапонска трупка - Raphanus sativus L) е коренест зеленчук за кого се вели дека потекнува од Медитеранот, а е донесен во Кина за одгледување околу 500 п.н.е. Зборот Daikon всушност доаѓа од двата јапонски зборови: dai (што значи голем) и kon (што значи корен), што во буквален превод значи „голем корен“.

Дајкон или како што уште го нарекуваат Jапонска трупка е многу здрав и лековит зеленчук, кој често се наоѓа на трпезите на вегетаријанците и макробиотичарите. Во последно време се повеќе го има и нашите пазари и се почесто се користи во секојдневната исхрана.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ДАЈКОН Empty Re: ДАЈКОН

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:02

Како изгледа дајконот?

Тоа е бела трупка со задебелен корен (но може да биде и црн или кремаст) со светлозелена пигментација. Постојат три различни форми - сферични, триаголни и цилиндрични. Може да израсне од 12 до 30 см, па и повеќе, додека пречникот му е од 4 до 6 см. Одредени примероци можат да достигнат и пречник на фудбалска топка. Тежината на одредени примероци достигнува и до 40 килограми. Сепак, се препрачува да се извадат од земја пред да достигнат таков гигантски раст.

Коренот на Јапонската трупка е сочен, крцкав, со бела боја и со малку сладок вкус. Свежиот дајкон има ненабрчкан корен и свежи зелени листови. Најдобро е да се чува во пластична кеса и во фрижидер, за да остане подолго време свеж и крцкав.

ДАЈКОН Daikon

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ДАЈКОН Empty Re: ДАЈКОН

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:02

Што содржи дајконот?

Дајконот има мала енергентска вредност, 18 kcal во 100 g, но содржи многу различни витамини, минерали, ензими и други корисни нутритиенти. Освен коренот, се користат и младите листови на дајконот, кои се богати со витамин Ц, бета-каротин, калциум, калиум, железо.

Содржи многу фруктоза, скробни состојки, пектин и целулоза, кои го потпомагаат варењето на храната, па затоа често им се препорачува на лицата кои имаат проблеми со варењето.

Од минерали содржи калиум и калциум, а е богат извор и на витамин Ц (обезбедува 34% од дневната препорачана доза на овој витамин). Богат е со гликозиди и специфични материи со бактерицидно дејство.

Коренот се јаде сиров во вид на салата, исечен како гарнир (прилог на јадењето) или термички обработен на разни начини (кратко пржење со малку масло). Може да се пече и на скара, во рерна, да се вари и додава во разни супи и чорби од зеленчук. Сепак, најдобро е да се јаде свеж како салата, зачинета со лимон и маслиново масло.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ДАЈКОН Empty Re: ДАЈКОН

Пишување by Гостин Чет Мар 31 2016, 19:03

Лековито дејство

Во народната медицина дајконот се користи како природен лек кај пациентите со дијабет, па дури може да го намали и ризикот од појавување на оваа хронична болест. Исто така, може да раствори и одредени врсти на кеменчиња во жолчната кеса, како и ротквицата и ренот. Бидејќи не ги апсорбира тешките метали, дајконот може да се одгледува и на загадено земјиште.

Дајконот помага при варењето на храната, ги одстранува масните наслаги и слузта акумулирани во организмот. Свежиот изрендан дајкон помага при варењето на масната храна, ги прочистува крвните садови, го намалува ризикот од атеросклероза, срцев и мозочен удар. Поради присуството на железо и витамин Ц, дајконот е многу корисен и во лекувањето на анемијата.

Поради богатството на витамини, минерали, ензими и други антиоксиданси, дајконот има и антиканцерогено дејство и е одличен за исфрлање на токсините од организмот т.е. за детоксикација на организмот.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

ДАЈКОН Empty Re: ДАЈКОН

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот