СЕ УРНА АВИОН ВО РУСИЈА ...

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

СЕ УРНА АВИОН ВО РУСИЈА ...

Пишување by osa on Саб Окт 31, 2015 11:19 pm

[size=48]Пронајдени телата на околу 100 патници на рускиот авион што се урна на Синај[/size]


Телата на околу 100 патници биле пронајдени на местото каде што во сабота се урна руски патнички авион, што летал од Шарм ел Шеик кон Санкт Петерсбург, соопштуваат спасувачките служби.

Според истите извори, леталото се распаднало на два дела.

„Извлековме околу 100 тела, а уште други (жртви) се наоѓаат внатре“, вели претставник на египетските спасувачки служби, цитиран од France Presse.

Претходно еден од спасувачките служби соопштил за Reuters дека под остатоците од авионот се слушаат гласови на патниците.

Во авионот Ербас А320 на компанијата Kogalmavia, што летал од Шарм ел Шеик кон Санкт Петерсбург, имало 217 патници и седум членови на екипажот.

Авионот се урнал во планинското подрачје во централен Синај, а лошите временски услови го отежнуваат пристигањето на спасувачките екипи на местото на несреќата.

Воздухопловните власти во Египет загубиле контакт со рускиот авион веднаш по полетувањето. Според руските медиуми, пред исчезнувањето од радарот рускиот авион побарал слетување на најблискиот аеродром.

Како што рекоа извори од аеродромот во Каиро, авионот бил на височина поголема од 9.000 метри, кога пилотот побарал слетување заради дефект на радио уредот. Потоа врската била прекината.

Нема индикации дека леталото било соборено, рекле извори во египетските безбедносни служби.

Инаку, исламските милитанти се активни во делови од Синај.

Рускиот претседател Владимир Путин побарал од премиерот Дмитриј Медведев итно формирање на комисија која ќе ги истражи околностите што довеле до падот на леталото.

_________________
Кога некој премногу паметно зборува,
малкумина го разбираат

avatar
osa

Број на мислења : 12184
Join date : 2015-01-11

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот