ХРАНА

Страна 2 of 12 Previous  1, 2, 3, ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:42 pm

Pet de nonne. Монахињин прдеж. Француско колаче од жежено тесто со крем. Се нарекува и Блудничин прдеж и Монашка воздишка.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:42 pm

Библија. Коктел од порто, јајца и кондензирано млеко од Перу и Боливија.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:42 pm

Алелуја е словенечка супа од суви корки од репа.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:43 pm

Angels on horseback. Ангели на коњ. Англиски мини ражњичи од каменици замотани во сланина.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:43 pm

Moros y Christianos. Маури и христијани. Кубанско јадење од црн грав и ориз.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:43 pm

Jesuitas. Исусовци. Португалски колачиња од лиснато тесто.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:43 pm

Бискуп е вид пунч од црвено вино зачинет со корка од горчлив портокал.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:43 pm

Смрдлив бискуп е вид англиско меко, смрдливо сирење. Наречен е по истоимената сорта на круша (Stinking Bishop) бидејќи во текот на зреењето неколку пати се испира во крушковача.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:43 pm

Увото на Ван Гог. Коктел од апсинт, сируп од калинка и сок од грејп.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:44 pm

Лондонска магла. Шест делови џин и еден дел апсинт.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:44 pm

Земјотрес. Коктел на Тулуз-Лотрек. Се состои од апсинт и коњак, во иста мерка.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:44 pm

Смрт попладне. Коктел на Ернест Хемингвеј. Името го добил според негов истоимен расказ. Се состои од една доза апсинт надоточена со леден шампањ.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:44 pm

Зачини, вкусови и мириси

Првиот Европјанин кој пробал бибер бил Александар Македонски. Првиот Европјанин кој пробал ванила бил Кристофор Колумбо. Тоа се случило во Никарагва на 14 септември 1502.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:45 pm

Индиската традиција препознава шест вкусови: солено, слатко, кисело, горко, луто и трпко (или опоро). Кинеската традиција познава само пет: солено, слатко, кисело, горко и луто. Европа со векови признавала само четири вкусови: солено, слатко, кисело и горко. Во моментов се одлучува за масното како нов вкус бидејќи, се чини, на јазикот имаме таков тип рецептори.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:45 pm

Да имам само една паричка на светот, би ти ја дал да купиш колаче од ѓумбир.

Вилиам Шекспир

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:45 pm

Според некои научници, кога е храната во прашање човечките суштества се раѓаат само со две преференции ‒ сакаат слатко, не сакаат горко. Сето друго е научено и културно условено.


Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:45 pm

Спас од жарењето во уста предизвикано од чили, т.е. феферони, не треба да се бара во водата или овошниот сок бидејќи капсаицинот во вода нема да се истопи, туку само уште подобро ќе се распореди низ устата. Попрво треба да се земе млеко или јогурт, или парченце леб, кои ќе ги впијат пеколните молекули. Помагаат и ракија, текила, вотка, бидејќи капсаицинот одлично се топи во алкохол.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:45 pm

Во античко време по трговските патишта од Исток се движеле каравани со по дури 4000 камили натоварени со зачини.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:45 pm

Господ ја создал храната, ѓаволот ги создал зачините.

Џемс Џојс

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:46 pm

Снагата на фефероните се мери со единиците Scovilla. Во чистиот капсаицин ги има околу 16 милиони, а во слатката пиперка нема ниедна.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:46 pm

Долго се мислело дека најлутиот феферон е хабанеро, со двесте до триста и педесет илјади единици. (Просечниот феферон е лут само околу шесто единици.) И тогаш ја тестирале индиската сорта нага јолокиа и утврдиле 1,04 милиони единици Scovilla.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:46 pm

„Седум зачини“ се сечуански бибер, чили, мак, семки на сончогледова репка, бел и црн сусам и корка од мандарина.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:46 pm

„Пет зачини“ се сечуански бибер, цимет или семки на сончогледова репка, копар, ѕвездесет анис и каранфилче

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:46 pm

„Четири зачини“ се бибер, мушкатно оревче, каранфилче и ѓумбир.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Гостин on Вто Ное 10, 2015 4:47 pm

„Два зачини“ се сол и бибер.

Гостин
Гостин


Вратете се на почетокот Go down

Re: ХРАНА

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Страна 2 of 12 Previous  1, 2, 3, ... 10, 11, 12  Next

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот